Tag Archives: Zurich

Цирих со екслузивно партнерство со Изиџет

Швајцарскиот осигурувач Цирих Иншуранс постигна договор со британскиот авиопревозник Изиџет за екслузивност во понудата на осигурувањето поврзано со летовите на оваа компанија. Со екслузивноста Цирих добива можност да ги дефинира продуктите и цените на полисите кои ќе се понудат преку авиокомпанијата.

Колнсон Груп е исто така дел од овој договор. Оваа компанија ќе треба да понуди асистенција на клиентите, а исто така ќе биде задолжена за услужување на клиентите како и за прифаќање на побарувања за штета. Клиентите ќе имаат можност да купат патничко осигурување и кое не е поврзано со летовите на Изиџет.

„Ние веруваме дека иднината на осигурувањето во клучните сегменти, како што е патничкото, е базирана на квалитетни партнерства какво што ние склучивме“, изјави Арслан Ханини, директор за маркетинг менаџмент во Цирих Велика Британија. „Партнерување со познат и почитуван бренд како Изиџет создава одлучни можности да се понуди осигурување на нивниот широк круг на клиенти“.

Свис РЕ и Цирих ги објавија висините на осигураните штети од трите урагани во САД

Свис РЕ, вториот по големина реосигурувач во светот, објави дека осигураните штети од трите урагани во Харви, Ирма и Марија, како и двата земјотреси во Мексико достигнуваат висина од $3,6 милијарди. Тоа е само три посто од вкупната штета што овие природни катастрофи ќе ја чини целокупната осигурителна индустрија, која според проценките на Свис РЕ ќе достигне околу $95 милијарди. Од швајцарската реосигурителна компанија изјавуваат дека и покрај големите исплати дека „остануваат на цврста капитална позиција и висока финансиска флексибилност за да ги поддржат потребите на своите клиенти, да одговорат на развојот на пазарот и да ги извршат нивните капитални организациски приоритети“.

Уште една швајцарска компанија, Цирих Иншуранс Груп. излезе со проценка за штетите пред оданочување предизвикани од трите урагани на тероторијата на САД. Според нивната анализа компанијата во третиот квартал добила побарувања за осигурани штети во висина од $700 милиони. По оданочувањето тие може да изнесуваат $620 милиони. Од групациајта изјавуваат дека отштетите нема да влијаат на нивната општа финансиска стабилност и капитална флексиболност.

Овие природни катастрофи повторно го поставија за актуелно прашањето дали осигурителната индустрија треба да ги ревидира моделите за ризик од природни непогоди, имајќи предвид на климатските промени, затоплувањето и зачестената појава на урагани.

 

Zurich вклучува робот во обработката на барањата за штети

Zurich Insurance направи исчекор во совето работење препуштајќи на робот дел од обврските за проценката за штети. Вклучувањето на вештачката интелегенција го оправдуваат со фактот дека времето за донесување одлука на основ на побарување за отштета за физички повреди на луѓето, се намалува од еден час на само неколку секудни.

„Неодамна промовиравме обработка на побарувања за отштета со користење на вештачка интелегенција…и заштедивме 40.000 работни часови, забрзувајќи го процесот за пет пати“, изјави за Ројтерс Tom de Swaan.  Zurich во март започна да ги користи роботите за преглед на формуларите, како што се медицинските извештаи.

„Ние планираме да ја прошириме примената на вештачката интелегенција од овој тип“, додава de Swaan.

Осигурувачите се во трка да ги кристализираат бенефитите од технологијата како што се големите бази на податоци и вештачката интелегенција вклучена во технички страт-апи. Ова не е прв случај една компанија да го забрза процесот на обработката на барањето за штето. Како што осигурајсе.нет неодамна објави, Lemonade може да исплати штета во најмногу три минути.

De Swaan нагласува дека петтиот најголем европски осигурувач, Zurich Insurance, и понатаму интензивно ќе го анализира и изучува користењето на вештачката интелегенција во обработката на барањата за штети. „Подобрена е точноста. Бидејќи е базирано на машина, секој нов случај води до понатамошен развој и подобрување.“

Користењето на вештачка интелегенција не само што го забрзува процесот, туку може и да заштеди пари. Јапонскиот осигурувач Fukoku Mutual Life  откако во јануари ја импелентираше вештачката интелегенција, изјавија дека тие замениле 34 вработени, со што компанијата очекува да заштеди €1,17 милиони годишно.

Вклучувањето на технологијата во секторот на осигурување може да ги инволвира технолошките гиганти, како што се Alphabet или Apple, во овој бизнис. Но, De Swaan нагласува дека во моментов не гледа конкуренција во нив иако дел од тие компании пројавиле интерес за соработка со Zurich. „Ниту една од технолошките компании не превземала осигурителен ризик во нивните бизнис планови. Билансната состојба треба да овозможува продажба на осигурување, но и превземање на ризикот од осигурувањето“, додава de Swaan.

 

Allianz group ја засилува својата позиција на афричкиот континент

Allianz group групацијата за €244 милиони ја комплетираше аквизицијата на Zurich Insurance group во Мароко, со што ја зајакна својата позиција на афричкиот континент. Со оваа аквизиција Allianz си обезбеди пристап на брзорстечкиот осигурителен пазар на Мароко, втор поголемина во Африка, по јужноафричкиот.

Подружницата на Zurich Insurance group има традиција од 65 години и повеќе од 600.000 клиенти, што ќе биде одлична основа на која Allianz може да ја искористи за да го искористи моментниот птенцијал на раст на пазарот во личните и комерцијалните типови на осигурување. Лансаката бруто полисирана премија изнесуваше €114 милиони.

Zurich Insurance Group го објави четвртиот годишен преглед

Според четвртиот годишен преглед на осигурителната групација Zurich Insurance Group „Потенцијалнтие ефекти врз бизнисот на малите и средните претпријатија поради климатските промени во 2016 – Глобален преглед,.речиси четири петини (78%) од малите и средни претпријатија се изложени на ризици поврзани со климатските промени, кои може да имаат значаен ефект на нивната работа.

Прегледот, го обединува мислењето на директори и менаџери на 2600  компании со повеќе од 250 вработени, анкетирани во 13 земји од Европа, Америка и Азиско-пацифичкиот регион. Повеќе од една третина (36%) одговориле дека материјалните штети како последица на климатските промени ќе биде најкритичниот ризик за нивните бизниси. Следниот ризик е прекинот на бизнисот (26%). Дополнителни ризици кои може да настанат поради климатските промени ги вклучува нарушувањето на ланецот на испорака, потенцијално зголемени трошоци за енергија и вода, како и влијанието на екстремната клима врз здравјето на вробетените (14%).

Ниту еден од лидерите на 2600-те компании кои беше запрашан да го пополни прашалникот за изработка на глобалниот годишен извештај, не укажал дека во климатските промени не гледа потенцијал за развој на својот бизнис.

Прегледот изнесе интересни факти за разликите во размислувањата и проценката на ризикот кој го носат климатските промени. Во САД, менаџерите претежно биле свесни за овие ризици и само 6% изјавиле дека не очекуваат влијание врз нивниот бизнис, а повеќе од три четвртини пројавиле загриженост за ударот што поројните дождови или сушите може да го нанесе во работењето на нивните претпријатија. Најмал процент на менаџерите кои гледаат ризик во климатските промени е забележан во Европа, иако 75% веруваат дека климатските промени може да влијаат врз продуктивноста на нивните претпријатија. Во Латинска Америка размислувањата се доста блиску до менаџерите од САД и нивната најголема загриженост се екстремните климатски услови. Најголема загриженост е регистрирана во азиско-пацифичкиот регион, каде најголем страв е нарушувањето на системот на работа на претпријатијата, за разлика од материјалните штети кои ќе настанат, кој беше најголем страв за латино американските менаџери.

Прегледот на размислувањата е во насока да се подигне свеста за осигурувањето од катастрофи и воедно да се укаже на значителното размислување во различни региони што носи по себе птореба за изнаоѓање глобално решение кое ќе може да се прилагоди на потревите на клиентите на локално ниво.

 

Осигурителни компании се здружуваат да ги испитаат потенцијалите на blockchain

Пет од групата најголеми европски осигурителни компании се договија со заеднички сили да се спроведе анализа на потенцијалите кои ги носи технологијата на blockchain. Групата составено од Aegon, Zurich, Allianz, Munich Re и Swiss Re ќе истражуваат дали оваа технологија може да помогне осигурителната индустрија да биде поефективна. Според нивната стратегија, првично евалуацијата ќе ја насочат во испитување на можностите во секторот на осигурување.

Blockchain  е технологијата која стои позади, во моментов, најмногу користената криптовалута bitcoin. Тоа е споделена и енкриптирана база на податоци која дозволува на корисниците безбедно да зачувуваат податоци од трансакции и договори на повеќе места одеднаш.  Осигурителната индустрија е изградена врз основа на централизирана база на податоци, која е гломазна. Овој начин на работење многупати е оценуван како скап и неефикасен, посебно во споредва со можностите кои ги нуди новата технилогија.

„Имаме голем број на потенцијални имплементации“ -за Financial times изјави Alessandro Spadoni, кој го води проектот од страна на Zurich. „На прво место е реосигурањето. Ние го проверуваме користењето на паметните договори за да се направи поефективна продажбата на реосигурањето и на процесот на побарувањата за штети“. Првите резултати од ова истражување од групата најавуваат дека ќе го објават на средината од следната година.

Паметните договори условите ги сместуваат во код, така што отвора можност автоматски да се активираат ако  кодот препознае случај на активација. Пример, паметниот договор може во одредени случаи автоматски да исплати отштета без да има побарување за неа, така што ќе препознае настанување на осигуран случај, и ќе провери дали условите од договорот дозволуваат исплата. Од друга страна паметниот договор ќе препознае и ќе може да одбие повеќекратни побарувања за ист осигуран случај. За осигурениците ова би значело заштеда на време, затоа што нема да има потреба да се внесуваат одново сите детали кои се потребни за полисите, а се разликуваат од осигурувач до осигурувач. Покрај оперативните придобивки, осигурителните компании би имале поточни пресметки за ризиците кои ги покриваат, затоа што актуарите ќе имаат огромен број на податоци за сѐ што е поврзано со ризикот кој треба да го обезбедат.

Од анализите на француската консултантска куќа Capgemini, кои беа неодамна објавени, се вели дека компаниите кои даваат финансиски услуги, можат да генерираат големи заштеди доколку ја користат технологијата на blockchain. Според нивните предвудувања, во секторот за осигурување од автоодговорност може да се заштедат 13% од оперативните трошоци за издавање полиси и обработка на поварувања за исплата на штета. Според друг независен извештај од страна на консултантската куќа Z/Yen и сметководствениот гигант PwC, имаплементацијата на blockchain на секторот за реосигурување може да му донесе заштеди од $5-10 милијарди. Заштедените пари копманиите може да ги пренасочат кај клиентите. Тоа би ја зголемила нивната репутација на пазарот и бројот на нивните клиенти.

Според Spadoni, европските осигурителни компании и покрај оваа иницијатива не брзаат за имплментација на оваа технилогија. „Ние не сме во целост убедени за бенефитите што blockchain технологијата може да ги донесе. Затоа испитувањата ќе бидат многу внимателно евалуирани“. Затоа и според него сеуште не постои компанија која во целост ја прифатила употребата на blockchain.

Од групата истакнуваат дека за да се искористи потенцијалот на blockchain технологијата потребно е и други компании да се вклучат во проектот. „Ако сакаме blockchain технологијата да биде масовно имплементирана во осигурителната индустрија, тогаш потребен ни е секој во неа. Потребен е мрежен ефект“.

Ова не е прва група на компании која се здружува за истражување на потенцијалот на blockchain технилогијата. Во 2014 AXA, Generali, Allianz, Lloyds of London, Mutual Insurance и MetLife започнаа со милионски инвестиции во тестирање на потенцијалот кој новата технологија да помогне да се елеминираат оперативните грешки што ќе допринесе во зајакнувањето на нивните врски со клиентите, регулаторите и нивните меѓусебни односи.

Иако blockchain е сеуште во рана фаза на имплементација во осигурителната индустрија, сепак одредени компании веќе го имплементираат во своите продукти. Allianz во соработка со Nephia Capital понудија пилот паметен договор за осигурување од природни катастрофи. Blem, IT компанија, понуди на пазарот  договори за реосигурување базирани на blockchain. Safeshare, британска старт-ап компанија, ја користи оваа технологија за осигурување на лица кои ги изнајмуваат своите слободни соби како канцеларии.