Tag Archives: VIG

Хрватска: ВИГ ги спојува двете друштва

Виена Иншуранс Груп (ВИГ) се одлучи за спојување на друштвото Винер Осигурање ВИГ да го припои Ерсте осигурање ВИГ. Фузијата на двете друштва треба да се случи на крајот од април следната година, откако ќе биде одобрена од страна на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги. Проширувањето на банкоосигурувањето е една од стратешките цели на ВИГ во рамките на програмот Агенда 2020, кој е насочен кон оптимизација на производите и продажбата. Во согласност со тоа, донесена е одлука максимално да се искористат поволностите за клиентите, Ерсте банка и осигурувачот, со поврзување на ресурсите и надлежностите на двете компании.

„Спојувањето на ресурсите и стручноста на двете друштва ќе донесе големи поволности за клиентите, банката и осигурувањето.“, стои во изјавата на претседателот на управата на ВИГ, Елизабет Стадлер.

Животното осигурување со раст на БПП од 14,88%

Националното биро за осигурување неодамна ги објави „Поважни показатели од статиситчките извештаи во третиот квартал 2017 година“. Од презентираните податоци може да се види дека вкупната БПП за првите три квартали изнесува 6,8 милијарди денари, што е раст од 2,66% во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, неживотното осигурување бележи раст на БПП од 0,92% и на крајот од септември изнесува 5,85 милијарди. На полисите за животно осигурување полисирана е бруто премија од 0,95 милијарди, што е за 14,88% повеќе во однос на првите три тромесечија од 2016 година.

Компаниите во овие три квартали исплатиле за 7,1% помалку бруто штета. Осигурителните компании кои нудат полиси за неживотно осигурување исплатиле 2,27 милијарди денари, што е 8,38% помалку во однос на минатогодишните први три квартали. Преку полиси за животно осигурување исплатена е бруто штета за 15,28% повеќе споредено со истиот период од минатата година, вкупно 0,16 милијарди денари.

Помеѓу друштвата за неживотно осигурување водечка компанија според уделот на пазарот и понатаму е Триглав осигурување со 17,54% (2016: 17,52%), пред Осигурување Македонија со 11,97% (2016: 12,98%) и Еуролинк со 11,63% (2016: 11,13%). И кај четирите компании кои нудат полиси за животно осигурување нема промена во рангирањето според застапеноста на пазарот. Кроација останува водечка и заедно со Винер и Уника имаат минимален раст во уделот, за сметка на Граве кој губи речиси 2% од пазарот.

На полисите за осигуравење од АО има полисирана е за 5,24% поголема бруто премија, но исто така е исплатена и за 13,78% поголема бруто штета. Осигурувањето на имот, како второ најголемо осигурување соиред БПП, има тенденција на опаѓање и кај бруто полисираната премија (-10,01%) и кај исплатената штета (-2,83%).

Кај сите компании се забележува варијација на техничките резерви. Најголем раст од 22,31% има кај Еуросиг, додека најмногу се намалени на Винер (-6,42%).

И во третиот квартал продолжува овогодинешната тенденција да се зголемува бројот на полиси склучени преку канали за директна продажба. На крајот од септември 56,62% од полисите се склучени преку овој канал (2016: 5008%). Овој раст е најмногу за сметка на застапниците во осигурување и друштвата за застапување каде намалувањето е 6,54% и 0,92% соодветно.

Осигурување Македонија со намалена добивка пред оданочување во првите три квартала

Осигурителната компанија Осигурување Македонија, членка на австриската Виена Иншуренс Груп, преку Македонска го објави неревидираниот биланс на работењето за првите девет месеци од годината. Во продолжение го пренесуваме Коментарот на билансот, во кои се истакнати дел од најважните параметри:

„Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп во периодот Јануари-Септември 2017 година оствари добивка пред оданочување во износ од 56,4 милиони денари. Во истиот период 2016 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 87,9 милиони денари.

Приходите од работењето во износ од 603,9 милиони денари бележат намалување од 1,9 % или околу 12 милиони денари во однос на 2016 година. Бруто полисираната премија бележи намалување во однос на истиот период од минатата година од 9% и тоа најмногу во класите на осигурување од незгода и каско осигурување на моторни возила.

Приходите од вложување бележат намалување во однос на 2016 од 6,9% најмногу заради намалените каматни стапки на депозитите, намалениот принос на државните хартии од вредност и 5.7 милиони денари помала капитална добивка во однос на претходната година.

Расходите од работењето во износ од 547,5 милиони денари се за 3,6% повисоки во однос на предходната година. Намалувањата на премијата се најмногу во класите на осигурување кои се со повисок однос на штети во однос на премијата и до крајот на годината сепак очекуваме отстапувањата во однос на планираната добивка да не бидат големи.“

VIG го купува Меркур осигурање во Босна и Херцеговина

Виена Иншуранс Груп (VIG) постигна договор со Меркур Ферзихерунг за аквизација на нивната испостава во Босна и Херцеговина, Меркур осигурање. Договорот потпишан на крајот од октомвир чека да помине низ ликалните регулаторни тела за да добие одобрение за реализација.

Меркур осигурање има седиште во Сараево и е основано во 2003 година. Уделот на вкупниот осигурителен пазар изнесува 4,4 % и портфолиото главно е сочинето од животно осигурување кое се нуди со посредништво на банки и брокери. Затоа уделот само на пазарот за животно осигурување е значајни поголем и изнесува 21%.

„Аквизацијата на Меркур ќе ни помогне во постигнувањето на нашите цели и ширењето на портфолиото на нашите производи во сегментот на животните осигурувања. Нашата постоечка компанија во БиХ претежно беше фокусирана на неживотно осигурување. Ние исто така ќе добиеме и вредно менаџерско искуство и значајно ќе го зголемиме присуството на пазарот. Нашиот пазарен удел речиси ќе се удвои и исто така ќе го зајакнеме и нашиот регионален профил“, изјави Петер Хојфингер, член на Управата на VIG задолжен за БиХ.

 

Standard & Poor’s: Потврдена оцената „А+“ на VIG

Меѓународната рејтинг агенција за оценување на кредитна способност, Standard & Poor’s (S&P), ја потврди оцената на Vienna Insurance Group (VIG) со „А+“ со стабилни изгледи, со што се потврдува оправданоста на високите очекувања во поглед на добивката и поцврста капитализација.

S&P го проценува ризикот на работа на VIG како „силен“ врз основа на водечките позиции во неколку земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), како и високата позиција на домашниот осигурителен пазар. Се истакнува како позитивно работењето во повеќе земји и разноврсноста на работењето. Позитивно се оценува и воспоставената стратегија за повеќе канали на диструбиција. Спогодбата на VIG со Erste групацијата во делот на банкоосигурувањето и стратегијата на присутност на пазарот со повеќе брендови се смета за конкурентска предност. VIG има голема корист од развојот на економијата во Австрија и ЦИЕ, иако потенцијалот на растот првенствено се гледа на пазарите од ЦИЕ.

Профилот на финансискиот ризик е оценет како „доста силен“.

Големата капитализација на групацијата достигна ниво од „ААА“ во 2016 година, темелено на интерниот модел на капитален ризик на S&P. Од агенцијата сметаат дека конзервативната стратегијата на вложување и реосигурување на групацијата се заслужни за релативната отпорност на групацијата на потенцијални флуктуации на капиталот и заработката.

Позитивно е оценета и финансиската флексибилнсот на VIG, а ликвидноста се опишува како „многу добра“. Претходно споменатите оцени, заедно со „адекватното“ управување со ризици и „силното“ раководење на групацијата, допринесоа за потврда на оцената на VIG.

 

VIG гледа голем потенцијал на пазарите од Централна и Источна Европа

Австриската Vienna Insurance Group (VIG), покрај домашниот осигурителен пазар, голем потенцијал гледа и во пазарите на источна Европа. Ова за виенскиот весник Стандард го истакна претседателката на компанијата Elisabeth Stadler.

„Луѓето таму сега прават работи кои во Западна Европа се стандардни. Со зголемувањето на богатството, леѓето не само што ќе имаат повеќе пари за куќи и автомобили, туку и за полиси за осигурување“, вели Stadler.

VIG како групација опфаќа околу 50 компании во 25 земји и речиси половина од своите приходи ги генерира на пазарите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Потенцијалнот е базиран на претпоставката дека пазарите во ЦИЕ ќе растат повеќе отколку домашниот австриски пазар, како и пазарите во Западна Европа. Дополнително во западноевропските пазари има силен притисок од големата и јака конкуренција.

За споредба, во Австрија за осигурување просечно по глава на жител се вложуваат €2.000, додека во Полска тоа е околу 345. Просекот на VIG во ЦИЕ е околу €170 по глава на жител. Силен раст, според Stadler, се очекува во балтичките земји, Унгарија, Хрватска, Србија и Полска. Целта на компанијата е да постигне удел на пазарот од 10% до 2019 година, со премии од €9,5 милијарди, т.е. €0,4 милијарди повеќе од 2016 година.

 

Осигурување Македонија доби согласност за нова класа на осигурување

Осигурување Македонија, една од трите компании кои се дел од Виена Иншуренст Груп во Македонија, преку Македонска берза издаде соопштение во кое се информира дека „по претходно спроведената постапка согласно одредбите од Законот за трговски труштва и Законот за супервизија на осигурување, Акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија Скопје – Виена Иншуренст Груп обезбеди согласност за измена и дополнување на Статутот на Друштвото и согласност за воведување нова класа на осигурување – здраствено осигурување. Предметните согласности се издадени од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија“.

Хрватска: прв продукт за осигурување на дебитни картички

Неодамна во Хрватска беше промовиран иновативен продукт кој може да биде доста атрактиван во период на сѐ почести хакерски напади и кражба на лични податоци. Во соработка со Винер осигурање, Erste&Steiermärkische Bank понуди продукт кој на осигурениците им нуди полиса за осигурување на дебитните картички. Со покритието од оваа полиса осигурани е штетата која би настанала во случај на кражба или губење на картичката и основи трошоци за издавање на нова картичка.

Покрај осигурувањето од злоупотреба или кражба на картичката, полисата покрива и штети во случај на отуѓување на пари поради разбојништво или разбојничка кражба на банкомат или на некое друго место за исплата. Полисата носи и дополнително осигурување кое покрива кражба и губење на клучеви и лични документи, во осигурани случаи кои се поврзани со губење или кражба на картичката.

Со осигурувањето на дебитната картичка, осигуреникот добива и осигурување од приватна одговорност за штети нанесени на трети лица, како што се случајно скршен прозорец, гребење на автомобил и слично. Лимитот на покритието во една осигурителна година и по штетен осигуран случај изнесува €2025. Годишната премија за ваков тип на полиса изнесува €11,5.

 

VIG со зголемен профит и намалена БПП во првиот квартал во Македонија

Vienna Insurance Group (VIG) објави дека нејзините три ќерки фирми, Осигурување Македонија, Винер осигурување и Винер Лајф, во првиот квартал оствариле зголемена добивка пред оданочување, иако е намалена БПП. Во однос на минатогодишната добивка од €500.000 во првиот квартал, овогодинешната изнесува €800.000.

БПП е намалена за 2,9% и изнесува €6,4 милиони. Премиите за осигурување од АО се во пораст за 16,8%, достигнувајќи €2,5 милиони, додека каско премиите се намалени за €100.000 во однос на ланските €700.000.

Имперсивен пораст на профитот пред оданочување, групацијата бележи во Србија. Првиот квартал од оваа година VIG го заврши со €1,4 милиони, споредено со ланските €600.000.

Ова во голема мера е резултат на зголемената БПП за 45,8%. Комбинираната нето квота е намалена за 9,1% и изнесува 99,5%.

Порастот на БПП најмногу се должи на порастот на полисираната премија за осигурување од АО, која е за 41,5% поголема во однос на првите три месеца од 2016 година. Во пораст е и БПП кај каско осигурувањето (15%) и имотното осигурување (33,3%).

Групацијата бележи пораст и кај животното осигурување. 6,5% (вкупно €6,1 милиони) повеќе БПП е остварена во првиот квартал од оваа година на полисите за животно осигурување со тековна уплата, додека кај тие со еднократна уплата БПП е четири пати поголема во однос на 2016 година (€5,6 милиони). Премиите за доброволното здраствено осигурување се удвоени и изнесуваат 1 милион.

Албанскиот и косовскиот осигурителен пазар на групацијата ѝ донесе профит пред оданочување од €600.000, што е за €100.000 повеќе од истиот период лани. БПП е зголемна за 2,4% и достигнвуа €8 милиони. И во двете земји групацијата е активна само во секторот неживот. Премиите од €5,4 милиони, за осигурување од АО се со минимален раст од 0,9%, додека каското бележи пораст 12% (€400.000). Осигурувањето на имот исто така има пораст поголем од 10% (11,3%) достигнувајќи €1,8 милиони. Групацијата потфрли во секторот на доброволно здраствено осигурување каде премијата е во пад од 15,4%, на €500.000.

Единицата на групацијата во БиХ, Винер Осигурање, ја зголеми БПП за 32,3% достигнувајќи €4,3 милиони. Животното осигурување расте и кај полисите со тековна уплата (21,7%) и кај еднократната уплата (од €100.000 на €500.000). Премиите за АО и каско се во пад од 5,3% и 4,5% соодветно, додека осигурувањето на имот е пораснато за 38,2%.

Добри резултати од групацијата објавија и во уште една земја од нашето соседство. Двете компании во Бугарија првиот квартал го завршила со 22,5% зголемена профит пред оданочување, достигнувајќи €2,4 милиони, како резултат на солидниот раст на премиите од неживотно осигурување.  Осигурувањето од АО е во пораст од 41,3%, каско премиите од 24,9% додека осигурувањето на имот е во скок од 35,8%.

Премиите во секторот на животно осигурување се исто така во пораст. Полисите со тековно плаќање достигнувајќи €9,6 милиони, 11,3% повеќе од првите три месеци минатата година, додека тие со еднократна премија се зголемени на €2,1 милиони од минатогодишните €400.000.

Групациајта е претставена исто така со две компании и на хрватскиот осигурителен пазар. Нивното работење донесе намалување на профитот пред оданпчување за 19% , за вкупни €2,2 милиони. Во пад е и вкупната БПП. €27,9-те милиони се за 2,9% помалку од истиот период лани.

Генерално групацијата има пораст на БПП од 0,5% достигнувајќи €2,72 милијарди за три месеци. Животното осигурување со тековна уплата на премијата е зголемено за 4,2%, додека еднократните премии на полисите за животно осигурување се намалени речиси за четвртина (-22,1%).

Кај осигурувањето на автомобилите, каското бележи значаен пораст на премијата (10,7%), додека премиите за имот и осигурување од одговорност растот е 6,8%. Здраственото осигурување, кое е дел од програмата „Агенда 2020“ оствари најголем раст од 12,5%.

Позитивните резултати од работењето се одразија на добивката пред оданочување, која е зголемена за 22,4% и изнесува €110 милиони, како и на комбинираната нето квота која од 96,9% е покачена на 97,8%.

 

TBI Bulgaria ги откупува преостанатите 0,62% акции од Bulstrad VIG

TBI Bulgaria, која е во сопственост на Vienna Insurance Group (VIG) соопшти дека испратиле понуда за откупување на преостанатите 0,62% од акциите на Bulstrad VIG, кои не се во нејзина сопственост. TBI Bulgaria понуди €15,9 по акција за вкупно 19.599 акции. Компанијата исто така размислува да ја тргне Bulstrad VIG од листата на компании на софиската берза.

Минатата седмица, од Bulstrad VIG изјавија дека оваа година нема да се исплаќа дивиденда. Наместо да се дели дел или целиот профит од €3,2 милиони да се подели на акционерите, компанијата реши целосно да го насочи во резервите. Оваа компанија последен пат исплати дивиденда од добивката во 2014 година, откако во 2015 оствари загуба од €6,12 милиони.