Tag Archives: Swiss Re

Свис Ре: Природните катастрофи во 2017 предизвикаа штета од $306 милијарди

Според проценките изнесени во својот извештај, Свис Ре предвидува дека штетите предизвикани од природните катастрофи во 2017 година, ќе достигна $306 милијарди. Ова е за 63% повеќе во однос на миантата година и многу над просекот од последната декада.

Најголеми се штетите предизвикани на ураганите кои ја погодија Средна и Северна Америка, каде ситуацијата ја влошија пожарите во Калифорнија.

Според анализите, осигурани се загуби во износ од $136 милијарди, што е повеќе од двојно зголемување во однос на ланската осигурана штета. $136-те милијарди се третата најголема штета во историјата.

„Акумулацијата на економските и осигураните загуби порасна во втората половина од годината, првенствено поради трите урагани – Харви, Ирма и Марија- кои ги погодија САД и Карибите, како и пожарите во Калифорнија“, се наведува во извештајот на Свис Ре.

Поголем удел во вкупните осигурани загуби имаат трите урагани со вкупна сума од околу $93 милијарди.

Според извештајот на швајцарската осигурителна компанија, иако штетите се двојно поголеми, охрабрувачки податок е дека во природните катастрофи загинале или исчезнале нешто над 11.000 луѓе, слична бројка како и минатата година.

Свис Ре: Загуба на крајот од третиот квартал поради природните катастрофи

Последиците од трите разорни урагани и катастрофалните земјотреси во Мексико ги почувствуваа и во Свис Ре. Компанијата пријави загуба од $468 милиони во првите три квартала од годината. Загубата е остварена во третиот квартал каде осигураната штета од природните непогоди изнесувала $3,6 милијарди. Споредено со минатата година, на крајот од третиот квартал компанијата имаше остварено добивка од $3 милијарди.

Директорот на Свис Ре, Кристијан Мументхалер, изјави дека е очигледно резултатите во 2017 година се последица на големите природни катастрофи. „Во исто време сме во состојба да ги апсорбираме овие загуби и да ги здружиме силите со нашите клиенти како би помогнале на погодените луѓе и компании повторно да застанат на нозе“, вели Муменхалер.

Во однос првите девет месеци, споредено со минатата година, Свис Ре бележи полошо остварување компанијата и кај вкупната БПП која е во пад од 5,1% и достигнува $26,7 милијарди. Ова од швајцарскиот реосигурувач го објаснуваат како дисциплиниран пристап во преземање на ризикот во предизвикувачки пазарни околности.

 

Свис РЕ и Цирих ги објавија висините на осигураните штети од трите урагани во САД

Свис РЕ, вториот по големина реосигурувач во светот, објави дека осигураните штети од трите урагани во Харви, Ирма и Марија, како и двата земјотреси во Мексико достигнуваат висина од $3,6 милијарди. Тоа е само три посто од вкупната штета што овие природни катастрофи ќе ја чини целокупната осигурителна индустрија, која според проценките на Свис РЕ ќе достигне околу $95 милијарди. Од швајцарската реосигурителна компанија изјавуваат дека и покрај големите исплати дека „остануваат на цврста капитална позиција и висока финансиска флексибилност за да ги поддржат потребите на своите клиенти, да одговорат на развојот на пазарот и да ги извршат нивните капитални организациски приоритети“.

Уште една швајцарска компанија, Цирих Иншуранс Груп. излезе со проценка за штетите пред оданочување предизвикани од трите урагани на тероторијата на САД. Според нивната анализа компанијата во третиот квартал добила побарувања за осигурани штети во висина од $700 милиони. По оданочувањето тие може да изнесуваат $620 милиони. Од групациајта изјавуваат дека отштетите нема да влијаат на нивната општа финансиска стабилност и капитална флексиболност.

Овие природни катастрофи повторно го поставија за актуелно прашањето дали осигурителната индустрија треба да ги ревидира моделите за ризик од природни непогоди, имајќи предвид на климатските промени, затоплувањето и зачестената појава на урагани.

 

Свис Ре: Циклонот Деби го намали профитот за повеќе од третина

Циклонот Деби, кој пустошеше на источниот брег на Австралија во март, остави трага и врз профитот во првата половина од 2017 година  на швајцарскиот реосигурувач Свис Ре. Реосигурувачот соопшти дека бил изложен на €306 милиони побарувања за штети. Тоа, во комбинација со помалите премии и послабиот поврат од инвестициите, го намалија профитот на компанијата за повеќе од третина на вкупни €1 милијарда. Повратот на Свис Ре од акцискиот капитал за првата половина се лизна од 10,9% на крајот од јуни 2016 година, на 7% во првата половина од оваа година. Сепак, од компанијата велат дека добро се избориле со „предизвикувачкото“ пазарно опкружување и дека неговата разноврсност во животно и здраствено реосигурување помогнало да се пребродат повеќе тешки ситуации во реосигурувањето од имот и несречи. Извршниот директор, Кристијан Мементхалтер изјавува дека „во првата половина од 2017 година, објавивме солидни резултати, и покрај предизвикувачките пазарни пкружувања и значајните исплати на штети од природни катастрофи. Додека на кратки стази овие податоци, посебно притисокот врз цените, се загрижувачки, ние ја насочуваме компанијата на долгорочни вредности“.

Во Австралија поднесени 30.000 пријави за штета од циклонот Деби

Циклонот Деби зад себе остави големи материјални штети кои донесоа повеќе од 30.000 побарувања до осигурителните компании за исплата отштета. Според Советот на осигурувачи во Австралија, побарувањата стигнати до денешниот ден се со вкупна вредност од 386 милиони. Висината на отштетата се очекува да расте и според вториот најголем светски реосигурувач, Swiss Re, се очекува осигурителната индустрија да ја чини приближно $1,3 милијарди.

„Ние сме водечки реосигурувачи на овој пазар и нашата проценка е дека циклонот Деви предизвика повисоки комерцијални и корпоративни загуби споредено со слични непогоди во минатото“, изјави шефот на одделението за осигурување на Swiss Re, Matthias Weber.

Високите загуби се резултат на густата населеност на регионот, со стотоци поплавени комерцијални и објекти за домување, по што илјадници резиденти беа евакуирани од областа.

Голем процент од висината на штетата ќе отпадне на последиците што циклонот ги остави во пет рудници, кои пријавија лиизгања на земјиште и поплавени пруги за транспорт на јаглен.

Од вкупните $1,3 милијарди кои се очекуваат да бидат исплатени, повеќе од една четвртина ќе отпаднат на швајцарската реосигурителна куќа. Ова предизвика пад на акции за 0,9%.

 

Swiss Re објави веб страна – енциклопедија на осигурувањето

Swiss Re уште еднаш се покажа како компанија која не само што осигурува и реосигурува, туку и институција која сака да го доближи осигурувањето до секој еден без разлика на неговото познавање и интерацијата со оваа индустрија. Покрај редовните анализи на осигурителниот пазар ширум светот кои се објавуваат во нивната Сигма, неодамна оваа швајцарска реосигурителна куќа лансираши и веб страна во која се истакнати етапите на развојот на осигурувањето низ историјата. На интернет страницата, која е наречена калеидоскоп на осигурителната индустрија, прикажана е временската патека која хронолошки се движи од зачетоците 1772 п.н.е. и најстариот закон за осигурување во Бабилон до денес, со нагласување на одредени важни моменти што донеле до сериозни промени во целата индустрија.

Страната е многу прегледна и лесно може да се плови низ информациите кои може да се гурпираат по категории, по хронологија, по абецеда и т.н.

Интернет странта која може да се нарече и енциклопедија на осигурителниот бизнис се наоѓа на следниот линк.

 

Осигурителната индустрија е сѐ уште жртва на штетите предизвикани од азбестот пред 30 години

По повеќе од 25 поминати години, откако беше откриено дека азбестот предизвикува рак и  Lloyd’s of London се најде пред колапс од побарувањата за исплата на отштети за клиенти на тема азбест, осигурувачите и денес се соочуваат со дополнителни $15 милијарди отштети кои се однесуваат на оваа канцерогена супстанца.

Новата студија направена од кредитната агенција AM Best открива дека побарувањата за отштета поврзани со азбестот „не покажуваат знаци на ублажување“. Последното пресметано покачување на вкупната сума за исплата, вклучувајќи ги и компаниите Berkshire Hathaway, Swiss Re и Munich Re, изнесува околу $100 милијарди.

Индустијата досега има исплатено околу 64 милијарди на име изложеност на азбест, што ова го прави една од најголемите штети на осигурителната индустрија во историјата. Компаниите се исто така обврзани да чуваат во резерва $21 милијарда заради идни побарувања.

Но, поскапите третмани и покачените животни очекувања и сеуште ги притискаат нагоре трошоците повеќе од очекуваното, се наведува во извештајот на AM Best, кои мораа да го повторат истото истражување завршено во 2012.

Новата генерација на тужители исто така се развиваат, објаснува Brian O’Larte, аналитичар од AM Best. Потомството на работниците кои во нивното детство биле изложени на азбест веќе созреваат.

До средината на 70-тите години од минатиот век азбестот беше масовно користен во градежништовото. Сепак, беше откриено дека вдишувањето на азбестна прашина може да предизвика сериозни болести. Денес токсичните состојки на азбестот се добро познати, но условите кои ги активира полисите денес носат просечна годишна исплата од $2,5 милијарди.

O’Larte заклучува дека исплатите поврзани со азбестот ќе се извршат во неколку години, што секако ќе биде апсорбирано во добро капитализираната и разноврсната осигурителна индустрија и нема да претставуваат отежнувачки фактор во функционирањето на компаниите.

 

Дали однесувањето на социјалните мрежи може да ја диктира цената на осигурувањето?

Кога луѓето ќе напишат коментар на Твитер и Фејсбук за убаво помината вечер, тие не само што го споделиле тоа со своите пријатели, туку можеби си направиле поевтинување на полисата за животно осигурување. Дигитализацијата и анализата на големиот број податоци дава можност цените на индивидуалните полиси да се прават поединечно за секого. Врската помеѓу позитивните постови и намалената веројатност од срцев удар, за која луѓето не се свесни кога спиоделуваат со своите пријатели, е само една од техниkите која вештачката интелегенција ќе ги користи за да создаде уште поточни модели за предвидување на ризик.

Swiss Re изјавува дека технолошките иновации ќе ги намалат цените на осигурувањето и ќепомогнат на поединците и компаниите да донесат подобри одлуки за програмите кои имсе потребни. Овој пристап на  “сентиментална анализа“  од многумина ќе наиде на критика бидејќи може да се наруши приватноста на личноста. Исто така, одредувањето на цената на осигурувањето може да се направи индивидуално. со што би се нарушил основниот концепт на осигурувањето, а тоа е да се сподели ризикот.

Следењето на социјалните медиуми е само еден од неколкуте техники кои осигурителните друштва ги испитуваат во насока на подобро одредување на цената на осигурувањето. Во таа насока Swiss Re, вториот најголем светски реосигурувач, неодамна инвестираше во digi.me, старт-ап кој дозволува на корисниците да складираат лични податоци преку различни канали на социјални мрежи и истите да ги разменуваат во бизнис или лични цели.

 „За многу краток временски период, можеби за неколку години, поголемиот број од големите осигурувачи ќе имаат интегрирани податоци за истраженото однесување. Несомнено, тоаќе донесе до различна интеракција помеѓу осигурувачите и осигурениците“, изјави за Ројтерс Daniel Ryan, шефот на секторот за дигитална анализа.

Програмите како што се Discovery’s Vitality и Allstate’s Drivewise преку кои се мотивираат осигурениците на здрави навики, веќе се испитуваат нивните ефекти во пракса.

Виталното здравје и полисата за жицотно осигурување во иднина нема да зависат само од возраста на лицето и неговата моментална здраствена состојба, туку цената ќе зависи и од многу дополнителни информации од крвниот притисок до диета, кои ќе се собираат преку нивние активности на различни електронски преносни уреди. Здравите навики би подразбирале награда за клиентите, која може да биде изразена во попист на следната годишна премија, поврат на дел од парите за здрава храна или попусти при одредени аранжмани за патување. Веќе постојат два позитивни примера за овој начин на преветнивно делување на осигурувачите, тоа се американскиот Allstate и британскиот Drive Like a Girl нудат попусти за возачите кои не ги прекршувале сообраќајните правила, а анализата ја прават врз основа на податоци собрани од уред инсталиран на моторциклите

За очекување е дека дел од осигурителните куќи ќе воведат и казнени клаузули во своите полиси. Три пати проаѓање на црвено или  често возење со брзина над дозволената може да значи зголемување на цената на осигурувањето.

Како и секоја иновација, во било кој дел од животот, екеспертите се поделени во однос на нејзината корист и оправданост. Германската нациопнална организиција на потрошувачи (VZBV) во споделувањето на личните податоци гледа ризик при зголемувањето на бенефитите во личните осигурувања.

„Ако јас ја калкулирам премијата и ризикот за секоја индивидуа поединечно, повеќе не го споделувам ризикот“, е ставот на експертот за осигурување на VZBV Ларс Гатчке. Тој додава дека осигурувањето може да стане арбитар на социјално однесување, кои би ги казнувала личностите за пример конзумирање брза храна. Исто така следењеѕо врз база на само сирови податоци, во кои изостануваат околностите, може исто така да доведе до лажна слика.

Многу осигурителни компании како што е Swiss Re исто така се фокусирани и на колективни, како спротивност на индивудиалните, резултати од нивните бизнис модели. Еден од тие резултатите добиен од колективна анализа на податоците од Twitter, е дека тие се подобар индикатор за одредена срцева болест од сите стандардни здраствени и социјално економски мерења заедно. Анализата спроведена на корисници групирани според географски подрачја, покажале дека честата употреба на стикери и смајлија кои изразуваат негативна емоција, како и зборовите кои го изразуваат незадоволството на клиентите воделе до зачестена појава на смртни случаи од срцеви болесто во тие групи.

Анализата на Twitter податоците сепак ќе остане надвор од делокругот на Swiss Re’s. За истото да стане дел од пракса потребни се најнапред ригорозни етички проверки.

 

Осигурителни компании се здружуваат да ги испитаат потенцијалите на blockchain

Пет од групата најголеми европски осигурителни компании се договија со заеднички сили да се спроведе анализа на потенцијалите кои ги носи технологијата на blockchain. Групата составено од Aegon, Zurich, Allianz, Munich Re и Swiss Re ќе истражуваат дали оваа технологија може да помогне осигурителната индустрија да биде поефективна. Според нивната стратегија, првично евалуацијата ќе ја насочат во испитување на можностите во секторот на осигурување.

Blockchain  е технологијата која стои позади, во моментов, најмногу користената криптовалута bitcoin. Тоа е споделена и енкриптирана база на податоци која дозволува на корисниците безбедно да зачувуваат податоци од трансакции и договори на повеќе места одеднаш.  Осигурителната индустрија е изградена врз основа на централизирана база на податоци, која е гломазна. Овој начин на работење многупати е оценуван како скап и неефикасен, посебно во споредва со можностите кои ги нуди новата технилогија.

„Имаме голем број на потенцијални имплементации“ -за Financial times изјави Alessandro Spadoni, кој го води проектот од страна на Zurich. „На прво место е реосигурањето. Ние го проверуваме користењето на паметните договори за да се направи поефективна продажбата на реосигурањето и на процесот на побарувањата за штети“. Првите резултати од ова истражување од групата најавуваат дека ќе го објават на средината од следната година.

Паметните договори условите ги сместуваат во код, така што отвора можност автоматски да се активираат ако  кодот препознае случај на активација. Пример, паметниот договор може во одредени случаи автоматски да исплати отштета без да има побарување за неа, така што ќе препознае настанување на осигуран случај, и ќе провери дали условите од договорот дозволуваат исплата. Од друга страна паметниот договор ќе препознае и ќе може да одбие повеќекратни побарувања за ист осигуран случај. За осигурениците ова би значело заштеда на време, затоа што нема да има потреба да се внесуваат одново сите детали кои се потребни за полисите, а се разликуваат од осигурувач до осигурувач. Покрај оперативните придобивки, осигурителните компании би имале поточни пресметки за ризиците кои ги покриваат, затоа што актуарите ќе имаат огромен број на податоци за сѐ што е поврзано со ризикот кој треба да го обезбедат.

Од анализите на француската консултантска куќа Capgemini, кои беа неодамна објавени, се вели дека компаниите кои даваат финансиски услуги, можат да генерираат големи заштеди доколку ја користат технологијата на blockchain. Според нивните предвудувања, во секторот за осигурување од автоодговорност може да се заштедат 13% од оперативните трошоци за издавање полиси и обработка на поварувања за исплата на штета. Според друг независен извештај од страна на консултантската куќа Z/Yen и сметководствениот гигант PwC, имаплементацијата на blockchain на секторот за реосигурување може да му донесе заштеди од $5-10 милијарди. Заштедените пари копманиите може да ги пренасочат кај клиентите. Тоа би ја зголемила нивната репутација на пазарот и бројот на нивните клиенти.

Според Spadoni, европските осигурителни компании и покрај оваа иницијатива не брзаат за имплментација на оваа технилогија. „Ние не сме во целост убедени за бенефитите што blockchain технологијата може да ги донесе. Затоа испитувањата ќе бидат многу внимателно евалуирани“. Затоа и според него сеуште не постои компанија која во целост ја прифатила употребата на blockchain.

Од групата истакнуваат дека за да се искористи потенцијалот на blockchain технологијата потребно е и други компании да се вклучат во проектот. „Ако сакаме blockchain технологијата да биде масовно имплементирана во осигурителната индустрија, тогаш потребен ни е секој во неа. Потребен е мрежен ефект“.

Ова не е прва група на компании која се здружува за истражување на потенцијалот на blockchain технилогијата. Во 2014 AXA, Generali, Allianz, Lloyds of London, Mutual Insurance и MetLife започнаа со милионски инвестиции во тестирање на потенцијалот кој новата технологија да помогне да се елеминираат оперативните грешки што ќе допринесе во зајакнувањето на нивните врски со клиентите, регулаторите и нивните меѓусебни односи.

Иако blockchain е сеуште во рана фаза на имплементација во осигурителната индустрија, сепак одредени компании веќе го имплементираат во своите продукти. Allianz во соработка со Nephia Capital понудија пилот паметен договор за осигурување од природни катастрофи. Blem, IT компанија, понуди на пазарот  договори за реосигурување базирани на blockchain. Safeshare, британска старт-ап компанија, ја користи оваа технологија за осигурување на лица кои ги изнајмуваат своите слободни соби како канцеларии.