Tag Archives: Munich RE

Алианц купува три компании на ЕРГО, дел од Минхен Ре

ЕРГО Груп, дел од германски Минхен Ре, се договори да ги продаде своите подружници ДАС Швајцарија, ДАС Лукембург и ДАС Словечка на Алианц Груп. Вкупниот приход од премии на трите компании кои се предмет на продажба, во 2016 година, изнесувал €38 милиони. ДАС Швајцарија е најголемата од овие три компании и со приходи од премија во висина од околу €30 милиони е рангирана на седмото место според удел на швајцарскиот осигурителен пазар. Во 2016 година, ДАС Словачка, со удел од 85,1% беше водечка компанија на тамошниот осигурителен пазар во сегментот на правно осигурување, додека ДАС Луксембруг со удел од 18,2% бил на втората позиција истата година.

Транскацијата сѐ уште не е одобрена од регулаторното тело. Интересот на Минхен Ре да ја зајакне својата позиција во сегментот на осигурување на правна заштита во Швајцарија се должи на атрактивноста на овој пазар кој во 2016 година донесе раст од 5,3% премија од 550 милиони швајцарски франци.

Двете страни се договорени да не ги откриваат финансиските детали од трансакцијата.

Минхен Ре: Природните катастрофи во 2017 донеле штета од $135 милијарди

Минхен Ре објави проценка според која трите урагани, земјотресите во Мексико, поплавите во Азија и останатите природни катастрофи во 2017 година ја чинеле осигурителната индустрија рекордни $135 милијарди. Во однос на претходно регистрираните „најскапи“ години, 2005 и 2011, во 2017 година е забележана 8% поголема штета од природни катастрофи. Оваа бројка е речиси три пати поголема од просекот бележен во последните 10 години, кој изнесува $49 милијарди.

Германската реосигурителна компанија проценува дека околу 10.000 луѓе загинале во природните кататрсофи. Околу четвртина од нив се жртви на монсуните во јужниот дел од Азија. „Иако поединечните настани не може да се окфалификуваат како резултат на климатските промени, нашите експерти очекуваат вакво екстремно време да се појавува уште почесто во иднина“, вели Торстен Јеворек, член на бордот директори во Минхен Ре, одговорен за светскиот реосигурителен бизнис на компанијата. „Некои од катастрофалните настани, како серијата од три екстремно деструктивни урагани, или многу честите поплави по невообичаено силните монсунски дождови во јужна Азија, ни даваат предзнак на тоа што се очекува во иднина“, додава Јеровек.

Вкупната штета од $310 милијарди, вклучително и неосигураната штета, ја става на втора позиција во ранг листата на години со најголема штета гледајќи десет години наназад. „Продолжува да има голема разлика во осигураните и неосигураните штети, дури и на високо развиените пазари, како што е САД, каде на пример, поголемиот број домаќинства и мали бизниси не поседуваат осигурување од поплави“, вели Тони Кучински, претседател и извршен директор на Минхен Ре во САД.

Минхен Ре: Се очекува загуба од €1,4 милијарди на крајот од третиот квартал

По Свис Ре, уште една реосигурителна компанија објави дека на крајот од третиот квартал ќе оствари азгуба. „Според актуелните проценки, кои секогаш вклучуваат голема доза на неизвесност, Минхен Ре очекува осигурани штети од вкупно €2,7 милијарди“, се наведува во извештајот на оваа компанија кој го пренесува БиБиСи. „Ако се земат предвид и трошоците од другите природни катастрофи, посебно земјотресот во Мексико, и штетите предизвикани од човечки фактор, вкупните расходи поврзани со покритието на овие големи штети во третото тромесечие ќе изнесува €3,2 милијарди“.

Иако на крајот од третиот квартал загубата изнесува €1,4 милијарди, сепак од компанијата на крајот од годината очекуваат да бидат во „мала добивка“. Финансовиот директор на оваа германска компанија, Јорг Шнајдер изјавува „Високите загуби од неколкуте природни катастрофи се дел од нашиот бизнис, затоа и ние постоиме. Нашата капитална база останува цврста. Ние ќе продолжиме да нудиме на нашите клиенти реосигурување со целиот капацитет. Покрај тоа, Минхен Ре има доволно капитал за да ги искористи од можностите кои оваа специфична ситуација ги нуди во смисла на раст на профитот.“

 

Минхен Ре и Пик Ре заинтересирани да купат дел од Сава Ре?

Словенечки Дело објави текст кој се однесува на намерите на хрватската групација Адрис да откупи власнички дел од акциите на Сава Ре. Според тезите објавени во овој текст, во позадина на одбиеното барање од страна на словенечките инсититуции стои политичка одлука, а не економска или правна.

Авторот на текстот обелоденува дека интерес за откупување на Сава Ре пројавиле и германската Минхен Ре, како и Пик Ре од Хонг Конг. Имајќи предвид дека словенечко-хрватските односи не се на завидно ниво, полесно е да се каже „не“ на Поленкович, отколу на Ангела Меркел.

Во одлуката да не се прифати барањето на Адрис за зголемување на својот удел од 20 на 33%  учествуваа Агенцијата за надзор на пазарот за осигурување и Словенечкиот државен холдинг, кој управува со портфолиото на држацниот имот.

Адрис веќе два пати поднесе барање за откуп на 13% акции во Сава Ре. Првиот пат беше преку својата ќерка фирма, Кроација осигурување, а вториот пат настапи како групација.

 

Минхен Ре: Исплатени €19,5 милијарди за штети од природните катастрофи во 2017

Првата половина од 2017 година беше поволна за осигурувачите во светот од аспект на исплатени штети за природни катастрофи. Вкупната бруто исплатена премија изнесува околу €19,5 милијарди, што е за речиси 40% помалку во однос на првите 6 месеци во 2016 година.

Извештајот на Минхен Ре исто така посочува дека €21,5 милијарди штета не биле осигурани, споредено со 79-те милијарди претходната година.

Најголемата штета е предизвикана од страна на бурите во САД, чијашто економска штета е проценета на €18,5 милијарди, од кои €13,5 милијарди биле осигурани.

„Невообичаените атмосферски услови во САД во првата половина на 2017 ходина создадоа идеални услови за моќни бури, кои често се проследени со торнада и невреме со град. Бројот на торната оваа година е за два пати поголем од просекот во последните 10 години.“

Најскапа поединечна штета во првите два квартала од годината се смета поплавата од февруари и март во Перу, која предизвика €3,1 милијарда економски загуби, но само €380 милиони од нив беа покриени со осигурување.

 

GDV: Германскиот осигурителен пазар го очекува минимален раст од 1%

Германската асицијација на осигурувачи (GDV) ги објавија проценките за германскиот осигурителен пазар за 2017 година. Се очекува во неа да се оствари раст на премијата за најмалку 1%, што би било подобрување во однос на ланските 0,2%, кои беа најмалиот раст забележан во последните пет години. Од GDV анализираат дека и годинешниот ралативно мал раст и ланскиот најслаб раст се должи на ниските каматни стапки.

2017 треба да донесе успорување на падот на животното осигурување, односно намалувањето на премијата би требало да биде само 0,5%, споредено со ланските 2,2%. Вториот сектор, осигурувањето на домаќинства и незгоди, треба да донесе раст од 2,1% и тоа би значело успорување во однос на 2,9% од 2016.

2016 членките на GDV ја завршија со вкупна премија од €194,2 милијарди.

ЕУ и САД потпишаа спогодба за дефинирање на меѓусебните регулативи во осигурувањето

Неколку светски медиуми јавија за договорот помеѓу ЕУ и САД кој се однесува на регулативите за осигурувањето и реосигурувањето. Договорот покрива три области од оваа индустрија: реосигурување, групна супервизија и размена на информациии помеѓу регулаторите.

Договорот, кој е финале на четиригодишниот процес, се овозможи со помош на т.н. Dodd-Frank – реформите за кои Доналд Трамп најави дека ќе ги напушти. Според договорот ќе се ослободи голем капитал за европските реосигурителни компании, кој во моментов мора да биде депониран, ако сакаат да имаат свое присуство на америсканскиот осигурителен пазар. Од друга страна, на американските осигурителни друштва им е ветено дека нема да им биде потребен пост капитал за да ја извршуваат својата дејност во рамките на ЕУ.

Со овој договор, се проценува дека ќе се ослободат $40 милијарди, кои реосигурителните компании мора да ги имаат како гарантен фонд според побарувањата од американските регулативи. Заменик претседателот на Европската комисија Vladis Dambrowskis договорот го гледа како вин-вин зделка „од кој бенефит ќе имаат осигурувачите, реосигурувачите и осигурениците на двете страни од Атлантикот.“ Munich Re, Hanover Re, Scor и Lloyds повеќе нема да имаат потреба да чуваат капитал за покритие на американските полиси за реосигурување издадени на нивните локални пазари.

Америка обезбеди приоритет во контролата на работењето на нејзините осигурувачи на европски тло, лимитирајќи ги странските регулатори без оглед на солвентноста, извештаите за капиталот и управувањето. Исто така странските агенции може да добијаат информации за меѓународното работење на групациите, доколку постои сомнеж дека тоа може да е ризично за нивните локални осигурителни пазари и осигуреници. Leigh Ann Pusey, извршен директор на Американската асоцијација на осигурувачи, го поддржува договорот и го објаснува бенефитот и за членките на асоцијацијата. „Во последните неколку месеци, американските осигурителни групации, со свои испостави во ЕУ, постојано беа предмет на дискриминација со воведувањето на Солвентност 2. Со денешниот договор, супервизорите во ЕУ, дозволуваат американските осигурувачи и реосигурувачи да се натпреваруваат во своите пазари, без тоа да биде огромен трошок и контролирани од двојни регулативи според Солвентност 2“.

На оваа спогодба се чекаше две децении. Сепак, нејзината имплементација нема да биде веднаш и може ќе треба да поминат 5 години за целосно да се спроведе. Најнапред овој договор мора да биде одобрен од Парламентот на ЕУ и Конгресот во САД.

 

Осигурителната индустрија е сѐ уште жртва на штетите предизвикани од азбестот пред 30 години

По повеќе од 25 поминати години, откако беше откриено дека азбестот предизвикува рак и  Lloyd’s of London се најде пред колапс од побарувањата за исплата на отштети за клиенти на тема азбест, осигурувачите и денес се соочуваат со дополнителни $15 милијарди отштети кои се однесуваат на оваа канцерогена супстанца.

Новата студија направена од кредитната агенција AM Best открива дека побарувањата за отштета поврзани со азбестот „не покажуваат знаци на ублажување“. Последното пресметано покачување на вкупната сума за исплата, вклучувајќи ги и компаниите Berkshire Hathaway, Swiss Re и Munich Re, изнесува околу $100 милијарди.

Индустијата досега има исплатено околу 64 милијарди на име изложеност на азбест, што ова го прави една од најголемите штети на осигурителната индустрија во историјата. Компаниите се исто така обврзани да чуваат во резерва $21 милијарда заради идни побарувања.

Но, поскапите третмани и покачените животни очекувања и сеуште ги притискаат нагоре трошоците повеќе од очекуваното, се наведува во извештајот на AM Best, кои мораа да го повторат истото истражување завршено во 2012.

Новата генерација на тужители исто така се развиваат, објаснува Brian O’Larte, аналитичар од AM Best. Потомството на работниците кои во нивното детство биле изложени на азбест веќе созреваат.

До средината на 70-тите години од минатиот век азбестот беше масовно користен во градежништовото. Сепак, беше откриено дека вдишувањето на азбестна прашина може да предизвика сериозни болести. Денес токсичните состојки на азбестот се добро познати, но условите кои ги активира полисите денес носат просечна годишна исплата од $2,5 милијарди.

O’Larte заклучува дека исплатите поврзани со азбестот ќе се извршат во неколку години, што секако ќе биде апсорбирано во добро капитализираната и разноврсната осигурителна индустрија и нема да претставуваат отежнувачки фактор во функционирањето на компаниите.

 

Munich Re: Исплатени речиси двојно повеќе штети за природни катастрофи од лани

Munich Re во својот извештај објави дека осигурувачите ширум светот во 2016 исплатиле отштета од природни катастрофи во висина од $50 милијарди. Ова е речиси двојно повеќе од 2015 кога беа исплатени $27 милијарди. Осигурани биле $125 милијардни. Исплатената отштета ја прави најскапата година, по три години со релативно ниски исплатени суми за штети од природни катастрофи. Просекот од последните десет години изнесува $45,1 милијарда

Најскапите природни катастрофи за осигурителните компании беа земјотресите во Јапонија и катастрофалните поплави во Кина, иако само 2% од загубите беа осигурани. Според извештајот интересно е да се истакне дека во однос на бројот на човечки жртви ова е втората по ред година со најмалку изгуени човечки животи во последните 30 години. 2016 бележи 8.700 загинати, споредено со 25.400-те во 2015 и просекот во изминатите години од 60.600, може да се заклучи дека природата била милосрдна кон луѓето изминатата година.

Двата земјотреса во Kyushu во април причиниле вкупна штета од $31 милијарда, додека поплавите во Кина во јуни и јули оставиле зад себе штета од $20 милијарди. Северна Америка беше погодена од најголем број природни катастрофи од 1980, па навака. Вкупната штета преминува 10,2 милијарди. Најголема штета предизвика ураганот Matthew, од кој најмногу настрада Хаити, каде покрај материјалната штета беа регистрирани и 550 загинати.

„Загубите во една година се очигледно произволни и не може да се гледаат како тренд“, вели членот на бордот Torsten Jeworrek. Тој додава дека „останува загрижувачки високиот процент на неосигурани штети во земјите во развој“.

Реосигурувањето и понатаму е финансиска поткрепа за осигурителните куќи, плаќајќи дел од големите побарувања за бури или земјотреси во замена за дел од премијата. Исплатите за помалите побарувања го подигнуваат профитот на индустријата, но исто така имаат и негативна страна за реосигурувачите, кои поради конкуренцијата имаат побарувања со пониски цени за своите клиенти – осигурувачи.

„Нема многу индикатори дека конкретни настани – како одржлив временски систем или бруи кои носат обилни дождови и град – може да се појават во конкретен регион, како резултат на климатските промени“, изјави извршниот директор на оделот за истражување на геолошки ризици во Munich Re, Peter Hoeppe. Климатскиот феномент, познат како El Niño во 2015 помогна да се намали развојот на урагани во северниот дел од Атлантикот, што вообичаено предизвикуваат едни од најголемите побарувања за отштета од природните непогоди.

 

Најголемиот светски реосигурувач ја покачи прогнозираната годишна заработка

Munich Re ја покачи прогнозираната сума за годишна заработка како резултат на растот од 31%  во третиот квартал, откако имаше пад во побараувањата за големи штети. Најглемиот светски реосигурувач изјави дека ланскиот нето профит од 520 милиони во третиот квартал е покачен на €685 милиони за третиот квартал, што е близу до прогнозите на аналитичарите.

Германската фрупација започна со годишна проценка од €2,8 милијарди, за потоа во мај, поради лошиот прв квартал да ги намали бројките за половина милијарда. Сега по позитивните резултати од третиот квартал повторно излегуваат со предвидувања дека годината ќе ја завршат со значително повеќе од €2,3 милијарди.

Приходите на групацијата за третиот квартал е опаднат за 1,1% во споредба со ланските.  Jörg Schneider, шефот на одделот за финансии, бизнис опркужувањето го оценува како „предизвикувачко“, додека од групацијата очекуваат „стабилизација“ на пазарот. Тој додава дека притисокот врз цените, како и условите кои беа терет за индустријата во последните неколку години, започнаа постепено да се олабавуваат во некои од тековните рунди на обновување на полисите.

Во неговата изјава се наведува дека политиката на групацијата ќе продолжи „да се придржува до осигурителните бизниси затоа што за нас профитот има приоритет во однос на ширењето.“

Најдобриот оддел на групацијата беше реосигурувањето, со нето профит од €692 милиони, речиси удвојувајќи го ланскиот профиот за истиот период од годината. Приватното здраствено осигурување забележа нето профит од €44 милиони. Сепак, Ergo, примарната групација за осигурување, која е во тековна четиригодишна програма за реструктуирање ги нарушува позитивните бројки на групациајта, со загуба од 52 милиони.