Tag Archives: Lloyd’s

Осигурителни компании и менаџерите на Канје Вест се тужат поради откажани концерти

Во 2016 година раперот Кенје Вест  откажа 21 настап на својата турнеја Сан Пабло, откако итно беше хоспитализиран поради влошена здраствена состојба. Тоа доведе до меѓусебни обвинувања и тужби од страна на компанијата задолжена да ја менаџира турнејата и осигурителниот сектор кој ја осигура истата.

Конзорциум на Лојдс составен од 4 синдикати и Алианц Глобал Корпорејт & Спесијалити ја обвинија компанијата која ја менаџираше турнејата на раперот Кенје Вест, дека се обидува да ја попречи истрагата поврзана со тужбата што компанијата ја упати поради неисплатена штета за откажан настан. Ова резултирало со контра тужба во Калифорнискиот суд, која според сознанијата на Иншуранс тајмс, се однесува на опструкциите во истрагата од страна на Very Good Touring (VGT).

Осигурувачите инволвирани во оваа тужба исто така негираат дека одбиваат да исплатат штета заради наводното користење на марихуана од страна на Вест, туку дека тоа го прават поради „суштински нерегуларности“ во медицинското досие на артистот. Во нивната контра тужба се наведува дека „според истрагата на осигурувачите VGT и нејзините правни, медицински и останати агенти и претставници одложуваа, попречуваа, кочеа и одбиваа да приложат неопходни и релевантни информации со цел да се комплетира истрагата околу побарувањата за штета“.

Во тужбата на VGT се побарува отштета од $10 милиони. Тие се решиле на тужба поради тоа шти „осигурувачите нити ја исплатиле штетата нити ја негирале. Нити проложиле соодветно објаснување зошто се уште не исплатиле, или индикации дали воопшто ќе исплатат целосно или делумно осигурително покритие, што подразбира дека користењето на марихуана од страна на Вест  може да им даде основа за одбивање на побарувањето и задржување на стотиците илјади долари од премијата кои VGT ги уплати“.

Lloyd: Пазарот за сајбер осигурување ќе вреди $7,5 милијарди до 2020 година

Според проценките направени од страна на тимот Class of Business на Lloyd, глобалниот сајбер пазар во моментот има вредност од $3 до $3,5 милијарди, а во следните три години неговата вредност може да порасне и до $7,5 милијарди.

Според извештаите од Fitch Ratings и A.M. Best, во 2016 остварена е премија на сајбер осигурување од $1,35 милијарди, што е за 35% повеќе од претходната 2015 година. Од друга страна, според неодамнешната студија на A.M. Best, може да се изведе заклучок дека договорите за сајбер осигурување мигрираат од packaging тип на stand-alone (осигурување направено по потребите на индивидуален осигуреник). Во првите 5 американски осигурителни компании кои нудат сајбер осигурување, 81% од покритието е базирано на stand-alone пакет. Од вкупните 1,35 милијарда премии, 68% се направени на овој тип на покритија.

Зголемената побарувачка на сајбер осигурување е во директна корелација со зголемената сајбер закана и интензивниот разбој на дигитализацијата. Ова ја прави глобалната економија доста ранлива на сајбер напади. Неодамнешниот извештај „Пресметка на трошоците – сајбер изложеноста е декодирана“, издаден од страна на Lloyd во соработка со Cyence, покажува дека „осигурителните и економските последици на сајбер криминалот се во пораст. Во 2016 година, беше очекувано сајбер нападите да предизвикаат глобална штета од $450 милијарди. Осигурувачите веќе им помагаат на носителите на полисите да се справат со овие настани, но за успешно да го направат тоа и да ги искористат придобивките што овој брзорастечки процес ги носи за нивните бизниси, тие мора да имаат подобро разбирање за ризиците кои се инволвирани и за можностите за агрегација на загубите кои зависат од сценаријата на овие настани.“

Ова е и најголемиот предизвик во сајбер ризикот. Како што дигитализацијата еволуира со голема брзина, се менува и опкружувањето, брзо промовирајќи нови предизвици. Врз основа на анализата на различни потенцијални сцентарија, со цел да се измери големата разновиднос на штети кои може да се појават како последица на сајбер напад, извештајот препорачува „економските загуби од сајбер нападите може да достигнат големина и како тие на големите урагани. Осигурувачите треба да извлечат корист од идејата за сајбер заштита и да дозволат соединување на катастрофите поврзани со сајбер ризиците. За да го остварат тоа, имајќи предвид дека сајбер ризиците постојано се менуваат, неопходно е континуирани и квалитетно собирање на податоци.“ Всушност  Lloyd предвидува дека екстремно голем сајбер напад може да предизвика загуби во висина од $53 милијарди, што е во рангот на загубите предизвикани од бурата Сенди, чии штети се проценија на $50-70 милијарди. Вкупната сума ќе зависи од типот на настанот (нарушување на облак услугите, масовна ранливост и т.н.). Само 7 до 17% од тоа е покриено со полиса во моментов.

Lloyd’s го избра Брисел за локација на својата подружница во ЕУ

Брегзит го примора специјализираниот лондонски осигурителен и реосигурителен пазар Lloyd’s, да отвори своја подружница во рамките на ЕУ. Како што претходно пренесе осигурајсе.нет, во Lloyd’s разгледуваа неколку опции за можна дестинација на својата подружница. Конечната одлука е тоа да биде Брисел. Според извршниот директор на Lloyd’s, Inga Beale, овие канцеларии ќе можат да започнат со своите бизниси од 01.1.2019 година. На овој начин лондонскиот осигурителен пазар ќе може повторно да работи во 27-те земји од ЕУ и трите Европски Економски Зони: Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Со излезот на Британија од ЕУ, им се скратува правото на британските осигурителни и реосигурителни компании да работат во границите на унијата користејќи го системот на passporting, систем кој ги ослободува од дополнителни лиценцирања и авторизации за секоја земја поединечно.

„Важно е дека по излезот на Британија од ЕУ ќе бидеме во можност да овозможиме пазар и ефективни решенија за бизнисите на нашите клиенти, кои ќе може да продолжат без прекини.“, изјави Beale. „Брисел ги исполни критичните елементи од понудените крупни регулаторни рамки во централна Европа и ќе му овозможи на Lloyd’s да продолжи да ги извршува своите дејности во специјализираното осигурување и експертиза“, додава Beale.

 

Hannover Re преку Argenta влегува во Lloyd

Hannover Re Постигна договор за аквизација на британската холдинг компанија Argenta Holdings, во чија сопственост се Argenta Syndicate Management и Argenta Private Capital, како и дел од уделот на еден од синдикатите на Lloyd, Argenta Syndicate 2121. Компаниите се договорени да не се објавува цената на оваа зделка.

„Веќе некое време се интересиравме за синдикат на Lloyd со цел за дополнителнен пристап на меѓународниот и лондонскиот бизнис пазар. Ние сме воодушевени дека најдовме партнер во Argenta“, изјави Ulrich Wallin, извршен директор на Hannover Re.

„Ние сме воодушевени дека постигнавме договор да станеме дел од толку моќна и високо респектирана реосигурувачка групација. Hannover Re беше значаен партнер на нашиот синдикат многу години наназад, и како реосигурувач и како добавувач на капитал и ние веруваме дека оваа трансакција е во најдобар интерест за Argenta,  нејзините клиенти и нејзиниот персонал“, дополни Alasdair Locke, претседател на Argenta.

 

Најкасно во април Lloyd’s ќе објави каде ќе отвори подружница во ЕУ

Lloyd’s of London најкасно до средината на април објават во која европска земја ќе отвори подружница, а отворањето се очекува да биде во мај. По изјавата на претседателот John Nelson, стана јасно дека Lloyd’s ќе биде првиот голем лондонски бизнис кој ќе започне со активности во странство како последица на брегзит. Најголемиот светски пазар специјализиран за осигурување, кој е осниван во 1688 година, е во фаза на избор од листа од пет кандидати и до крајот на февруари се очекува да даде понуда на земјата која ќе биде избрана. Nelson  во изјава за Ројтерс вели „Ние ќе бидеме спремни да ја објавиме веста за нашата подружница во ЕУ во првиот квартал, сигурно пред Велигден“. Една од најчесто шпекулираните дестинации, како за Lloyd’s, така и за останатите осигурувања, е Даблин. Експертите предноста на Даблин во однос на останатите ја гледаат во јазикот, локацијата, даноците, како и регулативите.

Осигурителниот пазар ќе бара јасни насоки за нејзината подружница, која ќе се користи за водење на бизнис во рамките на ЕУ со користење на т.н. passporting систем, кој овозможува користејќи само една локација да се извршат сите финансиски услуги во бизнисот за целата ЕУ.

Околу 15% од бизнисот на овој осигурителен пазар доаѓа од Британија, 11% од ЕУ и 40% од САД. „Осигурувањето е мобилен бизнис. Сакаме вистинско присуство во ЕУ со што осигурителите би имале вистинска можност да осигуруваат. Затоа ќе бидат анагажирани луѓе од сите одделенија, регулативи, согласности, менаџирање на ризик и т.н.“, додава Nelson .

Од Lloyd’s истакнуваат дека за нив секогаш приоритетна варијанта ќе биде Лондон да остане нивниот најмоќен финансиски центар, без разлика во која насока ќе се одвива одвојувањето на Британија од ЕУ. Затоа и отворањето на подружница во рамките на ЕУ ќе се случи само доколку ЕУ и Британија не се договорат околу регулативите поврзани со осигурителниот бизнис, посебно passporting системот.

Насоката на размислување е сосема разбирливо ако се знае дека новата подружница ќе го чини овој осигурителен бизнис десетици милиони евра, а секако стои и обврската да мора да депонира средства со цел да обезбеди капитализација на евроспкиот пазар.

 

ЕУ и САД потпишаа спогодба за дефинирање на меѓусебните регулативи во осигурувањето

Неколку светски медиуми јавија за договорот помеѓу ЕУ и САД кој се однесува на регулативите за осигурувањето и реосигурувањето. Договорот покрива три области од оваа индустрија: реосигурување, групна супервизија и размена на информациии помеѓу регулаторите.

Договорот, кој е финале на четиригодишниот процес, се овозможи со помош на т.н. Dodd-Frank – реформите за кои Доналд Трамп најави дека ќе ги напушти. Според договорот ќе се ослободи голем капитал за европските реосигурителни компании, кој во моментов мора да биде депониран, ако сакаат да имаат свое присуство на америсканскиот осигурителен пазар. Од друга страна, на американските осигурителни друштва им е ветено дека нема да им биде потребен пост капитал за да ја извршуваат својата дејност во рамките на ЕУ.

Со овој договор, се проценува дека ќе се ослободат $40 милијарди, кои реосигурителните компании мора да ги имаат како гарантен фонд според побарувањата од американските регулативи. Заменик претседателот на Европската комисија Vladis Dambrowskis договорот го гледа како вин-вин зделка „од кој бенефит ќе имаат осигурувачите, реосигурувачите и осигурениците на двете страни од Атлантикот.“ Munich Re, Hanover Re, Scor и Lloyds повеќе нема да имаат потреба да чуваат капитал за покритие на американските полиси за реосигурување издадени на нивните локални пазари.

Америка обезбеди приоритет во контролата на работењето на нејзините осигурувачи на европски тло, лимитирајќи ги странските регулатори без оглед на солвентноста, извештаите за капиталот и управувањето. Исто така странските агенции може да добијаат информации за меѓународното работење на групациите, доколку постои сомнеж дека тоа може да е ризично за нивните локални осигурителни пазари и осигуреници. Leigh Ann Pusey, извршен директор на Американската асоцијација на осигурувачи, го поддржува договорот и го објаснува бенефитот и за членките на асоцијацијата. „Во последните неколку месеци, американските осигурителни групации, со свои испостави во ЕУ, постојано беа предмет на дискриминација со воведувањето на Солвентност 2. Со денешниот договор, супервизорите во ЕУ, дозволуваат американските осигурувачи и реосигурувачи да се натпреваруваат во своите пазари, без тоа да биде огромен трошок и контролирани од двојни регулативи според Солвентност 2“.

На оваа спогодба се чекаше две децении. Сепак, нејзината имплементација нема да биде веднаш и може ќе треба да поминат 5 години за целосно да се спроведе. Најнапред овој договор мора да биде одобрен од Парламентот на ЕУ и Конгресот во САД.

 

Осигурителната индустрија е сѐ уште жртва на штетите предизвикани од азбестот пред 30 години

По повеќе од 25 поминати години, откако беше откриено дека азбестот предизвикува рак и  Lloyd’s of London се најде пред колапс од побарувањата за исплата на отштети за клиенти на тема азбест, осигурувачите и денес се соочуваат со дополнителни $15 милијарди отштети кои се однесуваат на оваа канцерогена супстанца.

Новата студија направена од кредитната агенција AM Best открива дека побарувањата за отштета поврзани со азбестот „не покажуваат знаци на ублажување“. Последното пресметано покачување на вкупната сума за исплата, вклучувајќи ги и компаниите Berkshire Hathaway, Swiss Re и Munich Re, изнесува околу $100 милијарди.

Индустијата досега има исплатено околу 64 милијарди на име изложеност на азбест, што ова го прави една од најголемите штети на осигурителната индустрија во историјата. Компаниите се исто така обврзани да чуваат во резерва $21 милијарда заради идни побарувања.

Но, поскапите третмани и покачените животни очекувања и сеуште ги притискаат нагоре трошоците повеќе од очекуваното, се наведува во извештајот на AM Best, кои мораа да го повторат истото истражување завршено во 2012.

Новата генерација на тужители исто така се развиваат, објаснува Brian O’Larte, аналитичар од AM Best. Потомството на работниците кои во нивното детство биле изложени на азбест веќе созреваат.

До средината на 70-тите години од минатиот век азбестот беше масовно користен во градежништовото. Сепак, беше откриено дека вдишувањето на азбестна прашина може да предизвика сериозни болести. Денес токсичните состојки на азбестот се добро познати, но условите кои ги активира полисите денес носат просечна годишна исплата од $2,5 милијарди.

O’Larte заклучува дека исплатите поврзани со азбестот ќе се извршат во неколку години, што секако ќе биде апсорбирано во добро капитализираната и разноврсната осигурителна индустрија и нема да претставуваат отежнувачки фактор во функционирањето на компаниите.

 

Disney направил полиса за Carrie Fisher од $50 милиони

Судејќи според некои извори на порталот Insurance Insider, следната 2017 ќе ја донесе најголемата отштета од индивудуална полиса за несреќа.  Неоадамна починатата актерка, Carrie Fisher, била осигурана во Lloyd’s of London од страна на Disney на полиса вредна $50 милиони, во случај актерката да не биде во можност да ги исполни своите обврски предвидени за снимањето на новите епизоди на Star Wars.

Иако покритието за полисата е направено со учество на 20-тина синдиката од лондонскиот осигурителен пазар, исплатата на штета од $50 милиони може сериозно да наштети на резултатите на овој пазар.

Актерката почина неколку дена откако се заврши снимањето на серијалот Star Wars VIII. Сега останува Disney да процени дали и како ќе ја активира полисата затоа што Fisher требало да биде дел од тимот со кој ќе се сними и деветтиот серијал.

Две независни анкети алармираат за слабата заштита на бизнисите од сајбер напади

92% од најголемите европски бизниси претрпеле пробивање на базата на податоци, но само 42% од нив се загрижени за можноста од уште еден напад, покажува анкетата на Lloyd под наслов “Facing the cyber risk challenge“.

Оваа анкета можеби внесува немир земајќи предвид дека овие денови скоро секој бизнис, без оглед на локацијата и големината, се базира на дигиталната технологија. Според Lloyd дигитализацијата е од корист во насока на намалување на трошоците, зголемување на ефективноста и освојувањето нови пазари, но исто така бизнисот го прави ранлив поради можноста од сајбер напад. Од Lloyd истакнуваат дека „додоавањето дополнителна итност е стапувањето на сила на Општите регулативи за заштита на податоци (ОРЗП), во 2018, која ќе постави ригорозни барања за секој бизнис кој ги засега податоците на европските потрошувачи“.

Анкетата исто така покажа дека 97% од врвните менаџери кои биле интервјуирани се информирани за ОРЗП но само 7% од нив рекле дека се добро информирани, 57% од рекле дека знаат „малку“ или „ништо“ поврзано со новите регулативи, и покрај сериозните финансиски и правни последици од неусогласување со новите правила.
Според анализата на Lloyd, сајбер осигурувањето може да помогне на бизнисот не само со обезбедување финансиски надоместок, туку овозможува и постојано подобрување на безбедноста, пружа поддршка во кризниот период, обезбедува стручно советување за препознавање ризици и ранливост на ИТ-секторот на компанијата, што помага во дефинирање на безбедносната стратегија на компанијата.

Во моментов 65 осигурувачи на пазарот на Lloyd нудат сајбер осигурување, со комбиниран капацитет од £300 милиони, што е една четвртина од светскиот сајбер осигурителен пазар.

Како заклучок за студијата на Lloyd стои дека „сајберот е најкомплексниот  постоечки ризик со кој се соочуваат денешните бизниси и прашањето е кога, а не дали, некој бизнис ќе биде жртва на сајбер напад“.Сите сајбер инциденти (прекин на бизнисот, финансиски пенали, регулаторен надзор и нарушување на углед) се сериозна закана за приходите на бизнисот, вредноста на акциите, а во некои случаи можат да влијаат и на преживувањето на бизнисот. Резултатите од оваа анкета покажаа дека додека многу бизниси се чивствуваат комфорни во врска со нивната подготвеност за ОРЗП, нивното разбирање за импликациите е ниско и неодамнешните примери на сајбер напади говорат дека компаниите не се доволно спремни за сајбер-напади како што тие мислат.“

Уште еден голем осигурувач, Zurich Insurance Group, објави анкета повзрана со сајбер ризиците и подготвеноста на бизнисите да се справат со него. Позитивните резултати од анкетата на групацијата се дека само 10% од малите и средни бизниси изјавиле дека се премали за да бидат во ризик од сајбер криминал, наспроти 17% кои лани се произнесле како такви. Но само 5% одговориле дека имаат соодветен важечки ИТ-противмера како заштита од сајбер напад, што е пад во однос на ланските 8%. Од останатите резултати како поинтересни се издвојува дека 27% одговориле дека кражбата на податоците на потрошувачите е најголем сајбер криминал и 20% од нив сметаат дека тоа најбрзо растечки сајбер ризик, додека 20% од испитаниците биле загрижени дека тоа може да доведе до нарушување на угледот. 15% го оцениле крадењето на пари или заштеди како најголем ризик на сајбер криминалот и исто толкав процент сметаат дека е најбрзо растечки ризик. Најсвесни за сајбер ризикот се бизнисите во САД, додека најмалку засегнати се латиноамериканските. Во анкетата биле опфатени 2.600 мали и средни компании со најмногу 250 вработени, од повеќе земји во светот вклучувајќи ги САД, Турција, Швајцарија, Шпанија, Португалија, Мексико, Италија, Ирска, Хонг Конг, Германија, Бразил, Австрија и Австралија.

Lloyd ги објави годинешните добитници на Наградите за иновација

Lloyd’s of London ги објави добитниците на овогодинешните награди, кои овој пазар ги доделува на компаниите со најдобри инвоации на пазарот на осигурување. Ова е втора година и во споредба со ланските бројот на награди. но и номинации, е удвоен.

„Додека светот се менува како никогаш до сега, многу е важно да се препознаат компаниите и луѓето кои го трасираат патот, креирајќи креирајќи вистински иновативни осигурителни продукти за дигитализиран, глобализиран и вмрежен свет на нови и растечки ризици“, изјави извршниот директор на Lloyd, Inga Beale.

Жирито кое одлучуваше за наградите беше составено од еден надворешем професор на Лондонското бизнис школо и внатрешни членови кои се водечки луѓе во секторите за иновација на Lloyd.

Добитниците на Lloyd’s Innovation Award се:

  • Најдобра иновативација во продукт– Hiscox: FloodPlus
    FloodPlus е продукт за осигурување од поплави на домаќинствата во САД
  • Најдобра иновација неповрзана со продуктBeazley: bHive app
    bHive е мобилна апликација која ги собира идеите на вработените во осигурувањето. Идејата е резултат на истражувањето кое покажало дека поголем број од идеите кај вработените доаѓаат кога не се на работните места
  • Најдобра иновација за преддоговор Cromar: Образовна алатка за сајбер ризици
    CyberInsuranceQuote.gr е првата платформа посветена на сајбер осигурувањето и се користи како образовна алатка околу сајбер ризици и ризици со приватност на податоци за мали компании во Грција
  • Најдобра иновација разработена од млад практикант до 35 години возрастTokio Marine Kiln: Oliver Tozer: Sports Analytics for A&H
    Sports Analytics for A&H е продукт кој го користи интернетот да асистира во препознавање на ризици
  • Најиновативна фирма на оперативните агенти на Lloyd, избрана од брокерите на LloydBeazley
    Brokers Брокерите го дефинираа Beazley како компанија која гледа напред, и која е фокусирана не само на моменталните потреби на клиентите туку и на тие во нивната иднина
  • Најиновативна фирма на брокерите на Lloyd, избрана од страна на оперативните брокери на Lloyd– Aon
    Оперативните агенти кои го изгласаа Aon, наградата ја доделија поради тоа што фирмата е фокусирана на иднината и ја сметаат за водечка на пазарот во неговата анализа и понудата на решенија за корисниците.