Tag Archives: Generali

Џенерали ја продаде својата ќерка фирма во Холандија

Џенерали донесе одлука да напушти уште еден осигурителен пазар, овојпат во Европа. За сума од €143 милиони, италијанскиот осигурувач продаде 98,56% од акциите на својата филијала Џенерали Недерланд Н.В. на холандскиот осигурувач АСР и со тоа се ослободи од портфолиото во оваа земја.

Холандската единица на ниво на групација години наназад придонесуваше со максимални €9 милиони во групните оперативни резултати, а 2016 ја заврши со БПП од 379 милиони.

Фредерик де Куртис, новиот извршен директор на новата единицата Global Business Lines & International на Џенерали изјави: „Со оваа трансакција ја потврдуваме нашата посветеност на ребалансирање на присуството на Џенерали Групацијата на пазарите ширум светот. По затворањето на Гватемала и скорешните договори за напуштање на пазарите во Колумбија и Панама, трансакцијата претставува значаен чекор во потерата за стратегијата објавена во текот на последниот Ден на инвеститори. Ние сме на добар пат во остварување на нашата стратегија и сме уверени дека таа ќе генерира најмалку 1 милијарда кеш“.

Јос Баетен, извршен директор на АСР вели дека аквизацијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на холандскиот пазар, и во сегментот на животно и неживотно осигурување, следејќи ја нивната стратегија за раст преку аквизација на други компании.

Според договорот со извршената трансакција престанува обврската на Џенерали да обезбедува реосигурување на својата поранешна испостава, што резултира со повлекување на холандската компанија за животно осигурување од портфолиото за реосигурување на Групацијата.

 

По Колумбија и Гватемала, Џенерали ја напушта и Панама

Италијанскиот осигурувач Џенерали, го напушта пазарот во уште една прекуокеанска земја. Откако претходно се повлече од пазарите во Колумбија и Гватемала, сега се ослободува од своите единици во Панама. Како купувач се јавува шпанскиот осигурувач ASSA Compañía de Seguros, а зделката изнесува €143,5 милиони. За комплатирање на овој договор се чека само одобрението на локалното регулаторно тело.

Џенерали на пазарот во Панама е присутен уште од 1970 година нудејќи полиси за имот и несреќи.

 

Generali: Зголемена профитабилност во првите два квартала

Третиот по големина европски осигурувач, италијанскиот Generali, објави дека полугодишните резултати се над очекувањата на аналитичарите. Нето добивката е зголемена за 3,7% на €1,22 милијарда, додека оперативната добивка достигнува €2,6 милијарди што е повеќе од 4% зголемување во однос на првата половина од 2016 година. Подобрените резултати претежно се должат на растот во сегментот на неживотно осигурување.

Високата профитабилност на компанијата се огледува и во повратот на капитал, кој е останат стабилен на 13,6%. Тоа е во согласност со целите на управата на Generali, која очекува поврат на капитал од над 13%. „ Ова се цврсти и добри резултати. Остварени се во потоплност поради подобрувањето во нашето работење“, изјави за медиумите директорот на Generali, Philippe Donnet.

Вкупната БПП е намалена за помалку од 1% на €36,6 милијарди. Избегнат е поголем пад поради растот на БПП во неживотното осигурување за 1,5%, најмногу по заслуга на осигурувањето од АО каде премијата е порасната за нешто помалку од 4%.

Во секторот на животно осигурување, БПП е во пад од 1,8%. Пад се бележи и на домашниот пазар (-4,3%), но и на пазарите во Германија, Централна и Источна Европа (-3,4%).

Generali Leben, подружницата која нуди животно осигурување во Германија, минатиот месец според извори на Ројтерс се наоѓа на продажба. Donnet, за овие наводи, изјави дека „се разгледуваат различни опции“ и дека за нејзината судбина „ќе одлучиме до крајот на годината“.

 

Generali излегува од пазарите во Колумбија и Гватемала

Philippe Donnet, извршниот директор на Generali, издаде соопштение во кое се наведува дека компанијата планира да ги зајакне своите активноси во Франција, а во исто време се разгледуваат и опции за такви активности во Германија, каде сака поактивно да управува со своите испостави за животно осигурување.

Donnet исто така изјавува дека италијанскиот осигурувач ги продал своите испостави во Колумбија и дека го напуштаат Гватемалскиот осигурителен пазар. Ова се дел од активностите кои беа најавени од страна на ова осигурително друштво со цел да се направи географска оптимизација, зголемена оперативна ефикасност и подобрена капитална алокација, стои во соопштението.

 

Словенија: Кроација осигурување со најниска понуда за осигурување на државниот имотот

Кроација осигурување достави најдобра понуда за трогодишно осигурување на целиот недвижен имот на Република Словенија. Според мариборски Вечер, по јавното отворање на понудите, се испоставило дека хрватскиот осигурувач понудил најниски премии во конкуренција на  Џенерали Заваровалница, Заваровалница Сава и Заваровалница Триглав.

Во рамките на понуда 1, која се однесува на сите недвижности со исклучок само на тие во власништво на Министерството за внатрешни работи, инспекторатот за внатрешни работи и Управата за извршување на казнени санкции, Кроација осигурување понуди €1,85 милиони. Останати две компании кои дадоа понуда за овие недвижности, понудија повеќе од €2 милиони, Џенерали(€2,3 милиони), Сава (€2,9 милиони).

За недвижниот имот на МВР, Кроација достави понуда 2 во висина од €1,42 милиони додека Триглав понуди милион повеќе (€2,59).

Понуда 3 го опфати имотот на Управата за извршување на казнени санкции, за кој Кроација понуди близу €700.00, додека Триглав €1,27 милиони, а Сава €1,16 милиони.

Од министерството кое е задолжено за преглед на понудите изјавуваат дека конечната одлука не е донесена и дека истата ќе се објави откако ќе бидат детално анализирани сите понуди.

 

Generali ќе подели најголема дивиденда во последните 9 години

Италијанскиот осигурувач Generali ги соопшти резултатите за работењето од 2016 година. Според нив, нето профитот на компанијата е во пораст за 2,5% во однос на 2015 година и изнесува €2,08 милијарди. Во исто време дивидендата по акција, која е предложена за собранието на акционери е зголемена за 11,1%. Вкупната дивиденда која ќе се подели изнесува €1,24 милијарди.

„Групацијата ја заврши годината со одлични резултати кои ја потврдуваат јачината на нашата стратегија и ефективноста на нејзината имплементација. Оперативните резултати достигнаа најдобри перформансии било кога, благодарение на доброто работење и во двата сектора, живот и имот&несреќи, водени од понатамошни унапредени нехнички перформанси и поголема дисциплина на  оперативните трошоци, додека нето профитот и дивидендата се на најдобра ниво во последните 9 години“, изјавија од компанијата.

БПП е во пад од 3,9% во однос на 2015 година и изнесува €70,51 милијарда. Секторот на осигурување имот&несреќи со €21 милијарда е во пораст од 2,5%, додека на животното осигурување полисирани се €49,73 милијарди или 6,3% помалку во однос на 2015 година.

 

Generali и BNP Paribas во потрага за купувач на Generali Nederland

Најголемата италијанска осигурителна компанија Generali, ја ангажираше BNP Paribas да ја помогнат продажбата на нивното портфолио во Холандија. Излезот од овој осигурителен пазар е дел од планот на Generali за намалување на трошоците во послабите пазари. Generali преку својата подружница е присутна на холандскиот пазар повеќе од 140 години. Во ноември од компанијата најваија повлекување од 13 до 15 пазари и доколку се најде купец за холандската филијала тоа ќе биде првиот чекор од планот кој треба да донесе 1 милијарда.

Претставници на Generali и BNP Paribas одбија да ги коментираат наводите.

Акциите на италијанскиот осигурувач во последните две години забележаа пад од 27%. Мал скок имаше по најавите дека Intesa е заинтересирана да ја превземе компаниајта, но откако од банката излегоа со дефинитивен став дека се откажуваат од намерата, акциите повторно доживеаа пад.

 

Allianz и Intesa заинтересирани за аквизација на Generali?

Според пишувањата на италијанскиот весник La Stampa, најголемиот европски осигурувач Allianz SE и банката Intesa Sanpaolo SpA се заинтересирани за превземање на Assicurazioni Generali SpA. Портпаролот на Intesa за Bloomberg изјави дека банката не коментира шпекулации од пазарот. Исто така и портпаролот на  Allianz се воздража од коментари околу наводите на италијанскиот веснил.

 Слично како и пратходната шпекулација, каде како купувач се јави францускиот АХА и оваа шпекулација позитивно влијаеше на вредноста на акциите на италијанскиот осигурувач и донесе нивни раст од 5,25%.

Како и останатите европски осигурувачи, Generali се мачи да остане профитабилен во период кога повратот од инвестициите опаѓа и конкуренцијата прави притисок врз цените. Philippe Donnet, извршниот директор назначен во март миантата година, се обидува со кратење на трошоците и фокусирање на генерирање на кеш да ја подобри финансиската ситуација во

Бордот на оваа италијанска осигурителна куќа може ќе се сретне во следните неколку денови за да изгласа промена на шефот на финансискиот сектор Alberto Minali, додавајќи дека веќе се во тек преговорите за неговиот излез од компанијата. Портпаролот на Generali одби да ги коментира и овие наводи.

 

Allianz во преговори за аквизација на француските филијали на Generali

Според пишувањата на Bloomberg, германската осигурителна компанија Allianz е во преговори со италијанската конкурентска осигурителна куќа Assicurazioni Generali за превземање на нејзините француски филијали. Добро упатените извори на Bloomberg велат дека преговорите се одвиваат иако не е сигурно дали оваа аквизација ќе биде одобрена од регулаторите, што остава можност и до договор да не дојде.

Француските филијали носат околу 15% од вкупната БПП на италијанската куќа, што го прават трет нејзин најголем пазар, по Итталија и Германија.

За Allianz превземањето би значело додавање на €11 милијарди во премии, со што ќе се доближи на првите три осигурителни компании на пазарот во Франција. Извршниот директор на Allianz, Oliver Baete, изјави дека ќе ја разгледа можноста за откуп на овие филијали ако донесе соодветен профит за компанијата.

 

НБС и италијанскиот супервизор потпишаа Меморандум за разбирање

По повеќегодиншното успешно работење на италијанските осигурителни друштва во Србија, каде важат за едни од најголемите инвеститори во овој сектор, Народната банка на Србија (НБС) и Италијанската агенција за супервизија на осигурувањето (IVASS) потпишаа Меморандум за разбирање. Со овој договор се регулираат заедничките активности, како и размена на информации, што првенствено се однесува на двете осигурителни куќи Unipol и Generali, кои се две од трите најголеми осигурувачи, а воедно и две од четирите најголеми реосигурувачи на осигурителниот пазар во Србија.

Се очекува соработката помеѓу супервизорите да се прошири во повеќе контексти со цел да се усвои најдобрата практичнен модел и континуирано да се унапредува надзорниот и регулативниот облик. НБС ги исполни сите критериуми потребни за овој договор, кои произлегуваат од членството на  IVASS во европскиот сојуз на супервизии и доброволните пензиски фондови (EIOPA), а се однесуваат на доверливоста на податоците.

Претходно НБС има потпишано вакви меморандуми и со органите за супервизија од Австрија и Словенија, со што се комплетира кругот земји од каде потекнуваат поголемиот дел од осигурувачи кои работат на осигурителниот пазар во Србија.