Tag Archives: Axa

Животното осигурување во Турција со раст од 34%

Според првичните податоци на Турската асоцијација на осигурувачи (ТЅВ), вкупната БПП во 2016 на турскиот осигурителен пазар ја надмина вредноста од €11 милијарди. Овој осигурителен пазар доживеа бум со раст поголем од 30% во однос на претходната година. Бројките од извештајот на ТЅВ покажуваат дека осигурителниот сектор е во пораст од 20,2%, додека годишната стапка на инфлација изнесуваше 8,5%.

Неживотното осигурување во вкупната БПП учествувало со 87,6% со вкупно близу €9,8 милијарди. Споредено со 2015 во овој сектор има раст од 30%.

Животното осигурување со нешто повеќе од €1,25 милијарди исто така е во значителен раст од 34% спроедено.

Од шеесетте компании кои се дел од асицијацијата, најголема премија полисирала ALLIANZ Sigorta со вредност од €1,6 милијарди, што е 14,3% удел на пазарот. Втора компанија спроед удел ANADOLU Sigorta исто така има двоцифрен удел (11,1%), а на третото место е AXA Sigorta (8,8%).

Vienna Insurance Group ги откупи двете компании на француска АХА во Србија

Vienna Insurance Group (VIG)  објавија дека го комплетирале превземањето на српските ќерки фирми на француската осигурителна компанија АХА.

Почетокот на оваа зделка е на 26.7 кога VIG потпишаа договор за побарување на акции за аквизација на компанијата за неживотно осигурување AXA Nezivotno Osiguranje a.d.o. Beograd и компанијата за животно осигурување AXA Zivotno Osiguranje a.d.o. Beograd. Откако ругулаторното тело го одобри договорот, транскацијата беше завршена на 30.11. Двете страни се договорени да не ги објавуваат условите под кои е склучена зделката.

Од VIG изјавуваат дека со аквизацијата, нивниот удел на пазарот во Србија ќе се зголеми на 12%. „На основ на пизитивни економски прогнози, за VIG Србија претставува осигурителен пазар за развој и инвестиции. Сакавме да го подигнеме уделот на пазарот за најмалку 10% на среден рок и сме многу задоволни, што веќе ја остваривме таа цел“ изјави Peter Höfinger, член на менаџерскиот борд на VIG, одговорен за српскиот осигурителен пазар.

Двете компании на АХА полисираа нешто повеќе од 12 милиони премија во фискалната 2015, со продукти кои опфаќаат покритие на незгоди, автомовили, домаќинства и живот.

Осигурителни компании се здружуваат да ги испитаат потенцијалите на blockchain

Пет од групата најголеми европски осигурителни компании се договија со заеднички сили да се спроведе анализа на потенцијалите кои ги носи технологијата на blockchain. Групата составено од Aegon, Zurich, Allianz, Munich Re и Swiss Re ќе истражуваат дали оваа технологија може да помогне осигурителната индустрија да биде поефективна. Според нивната стратегија, првично евалуацијата ќе ја насочат во испитување на можностите во секторот на осигурување.

Blockchain  е технологијата која стои позади, во моментов, најмногу користената криптовалута bitcoin. Тоа е споделена и енкриптирана база на податоци која дозволува на корисниците безбедно да зачувуваат податоци од трансакции и договори на повеќе места одеднаш.  Осигурителната индустрија е изградена врз основа на централизирана база на податоци, која е гломазна. Овој начин на работење многупати е оценуван како скап и неефикасен, посебно во споредва со можностите кои ги нуди новата технилогија.

„Имаме голем број на потенцијални имплементации“ -за Financial times изјави Alessandro Spadoni, кој го води проектот од страна на Zurich. „На прво место е реосигурањето. Ние го проверуваме користењето на паметните договори за да се направи поефективна продажбата на реосигурањето и на процесот на побарувањата за штети“. Првите резултати од ова истражување од групата најавуваат дека ќе го објават на средината од следната година.

Паметните договори условите ги сместуваат во код, така што отвора можност автоматски да се активираат ако  кодот препознае случај на активација. Пример, паметниот договор може во одредени случаи автоматски да исплати отштета без да има побарување за неа, така што ќе препознае настанување на осигуран случај, и ќе провери дали условите од договорот дозволуваат исплата. Од друга страна паметниот договор ќе препознае и ќе може да одбие повеќекратни побарувања за ист осигуран случај. За осигурениците ова би значело заштеда на време, затоа што нема да има потреба да се внесуваат одново сите детали кои се потребни за полисите, а се разликуваат од осигурувач до осигурувач. Покрај оперативните придобивки, осигурителните компании би имале поточни пресметки за ризиците кои ги покриваат, затоа што актуарите ќе имаат огромен број на податоци за сѐ што е поврзано со ризикот кој треба да го обезбедат.

Од анализите на француската консултантска куќа Capgemini, кои беа неодамна објавени, се вели дека компаниите кои даваат финансиски услуги, можат да генерираат големи заштеди доколку ја користат технологијата на blockchain. Според нивните предвудувања, во секторот за осигурување од автоодговорност може да се заштедат 13% од оперативните трошоци за издавање полиси и обработка на поварувања за исплата на штета. Според друг независен извештај од страна на консултантската куќа Z/Yen и сметководствениот гигант PwC, имаплементацијата на blockchain на секторот за реосигурување може да му донесе заштеди од $5-10 милијарди. Заштедените пари копманиите може да ги пренасочат кај клиентите. Тоа би ја зголемила нивната репутација на пазарот и бројот на нивните клиенти.

Според Spadoni, европските осигурителни компании и покрај оваа иницијатива не брзаат за имплментација на оваа технилогија. „Ние не сме во целост убедени за бенефитите што blockchain технологијата може да ги донесе. Затоа испитувањата ќе бидат многу внимателно евалуирани“. Затоа и според него сеуште не постои компанија која во целост ја прифатила употребата на blockchain.

Од групата истакнуваат дека за да се искористи потенцијалот на blockchain технологијата потребно е и други компании да се вклучат во проектот. „Ако сакаме blockchain технологијата да биде масовно имплементирана во осигурителната индустрија, тогаш потребен ни е секој во неа. Потребен е мрежен ефект“.

Ова не е прва група на компании која се здружува за истражување на потенцијалот на blockchain технилогијата. Во 2014 AXA, Generali, Allianz, Lloyds of London, Mutual Insurance и MetLife започнаа со милионски инвестиции во тестирање на потенцијалот кој новата технологија да помогне да се елеминираат оперативните грешки што ќе допринесе во зајакнувањето на нивните врски со клиентите, регулаторите и нивните меѓусебни односи.

Иако blockchain е сеуште во рана фаза на имплементација во осигурителната индустрија, сепак одредени компании веќе го имплементираат во своите продукти. Allianz во соработка со Nephia Capital понудија пилот паметен договор за осигурување од природни катастрофи. Blem, IT компанија, понуди на пазарот  договори за реосигурување базирани на blockchain. Safeshare, британска старт-ап компанија, ја користи оваа технологија за осигурување на лица кои ги изнајмуваат своите слободни соби како канцеларии.

 

Големите осигурителни компании во обид да фатат чекор со технилогијата

Телематиката станува практична популарна алатка и за осигурителната индустрија. Тоа што започна со црната кутија во автомобилите, за да се следи возењето на тазе положените возачи, набрзо се прошири на голема палета од слични идеи и производи. Здраственото осигурување се поврза со уреди за следење фитнес активности.  Осигурувањето на домаќинства или на комерцијални објекти најде придобивки во користење на разни видови на сензори.

Анализата на податоци е доста актуелна тема. Почетокот на есента ја одбележаа активностите на голем број на осигурителни копмании кои објавија инвестиции во старт ап бизниси. Allianz вложи пари во MoneyFarm, менаџер на дигитално богатство. Munich RE партнерува со Trov, кој развива разни видови продукти за осигрурување, на побарување од клиентите. AXA ги поддржа Gasolead, кои креираат виртуелна асистенција која помага на осигурителните агенти.

За осигурителните компании може да се каже дека се аматери во користењето на технилогијата, но склучувањето на есенските договори покажува дека се свесни за нивната потреба, сѐ во насока за подобро менаџерирање на ризиците.

Иако се почетници, сепак се чекор понапред во споредба со банките кога е во прашање користењето на технологијата. Развојот на електронското општество ја разбуди идејата  преку анализа на податоците собрани од уредите да се добива поточна слика за ризиците. Сепак, до целосна имплементација има уште многу чекори да се поминат затоа што оваа идеја не наидува на одобрување од сите. Неодамна во Велика Британија беше покрената истрага дали осигурителните компании со користењето на овие податоци им наштетуваат на осигурениците. Правните системи се тие кои во најголема мера ги попречуваат осигурувачите да ги вметнат развојните иновации во нивната работа. Затоа големите комапнии покренуваат нови платформи за да го модернизираат своето портфоилио. Тој додава дека старите технологии ги хендикепираат осигурувачите брзо да создаваат нови производи.

Во меѓувреме, технологијата на која се базира најпознатата криптовалута, blockchain, е сѐ поблиску до употреба и во осигурителната индустрија. Одредени експерти предвидуваат и дека blockchain има можност во целост да ја промени нашата интеракција со осигурителната индустрија. Дел од нив предвицуваат креирање на т.н. паметни договори – кои исплаќаат по автоматизам доколку настане осигуран случај, без осигуреникот да има потреба да поднесе барање за исплата, се еден вид на технолошки иновации кои може да ја променат индустријата.

Инвестицијата во новите бизниси треба да биде од помош да се реализира осовременувањето и на компаниите и на продуктите. Со имплементацијата на дигитализацијата, ќе може да се прават модификации на постоечките традиционални полиси. Пример, може полисите за автоодговорност да биде плаќана врз основа на помината километража. Тоа би значело поевтина полиса за возилата што проаѓаат помала километража од тие што се почесто на патиштата.

Сајбер ризиците се посебен исклучок. Неколку големи светски осигурувачи како including AIG, Munich Re, Allianz и Beazley го надополнија своето портфоилио со сајбер осигурување. Аналитичарите овој сектор на осигурување го гледаат како поле со простор за најголем раст. Во моментов побарувањата се многу поголеми во САД, споредено со Европа, но новите регулативи на ЕУ кои ќе стапат на сила во 2018 се очекува да го променат тоа.

Моменталните сајбер полиси покриваат финансиски загуби на компаниите чии податоци се изгубени. Но побарувањата од пазарот постојано се обнувуваат и се менуваат. Сѐ повеќе станува прашање како може да се осигураат во случај на хардверски оштетувања по хакерски напад  или последиците од него. Осигурителните компании кои ќе можат најбрзо и најточно да го пресметаат ризикот ќе бидат најконкурентни на пазарот, затоа што ќе понудат полиса со најдобро покритие и цена. Во тоа најдобро ќе им помогнат бизнисите во кои инвестираат денес и модернизацијата во полисирањето која им претстои.

 

Француска AXA и италијанскиот Generali ги негираат шпекулациите за соединување

Францускиот осигурувач AXA нема планови да се здружува со други конкурентски големи осигурителни куќи. Ова за германскиот дневен весник Sueddeutsche Zeitung го изјави извршниот директор на компанијата Thomas Buberl. Изјавата следи по шпекулациите дека италијанскиот Generali планира да ја превземе француската компанија.

Assicurazioni Generali на почетокот од месец септември со продажбата на своите 11% учество назад на француската компанија, конечно го стопи мразот во односите помѓу двете компании кој датира од 1990 година кога настана „војна“ околу превземање помеѓу АXA и францускиот огранок на Generali.

Во својата изјава Buberl оревземањето го нарекува бесмислено, затоа што за тоа треба да се извојат голем капитал и ресурси, што АXA би ги одалечиле од целите на компанијата, во иднина да бидат конкуренти како Google, Apple и  Facebook.

Демант стаса и преку Philippe Donnet, извршен директор на Assicurazioni Generali. Во изјава за Ројтерс тој нагласува дека „ не постои намера да се соединува со никого, па така немаме планови да се соединиме ни со АХА.“

Француска Axa планира намалување на трошоци и инвестирање во информатика

650 работни места во Белгија се на удар на политиката на новиот менаџмент на француската осигурителна компанија, Axa. Во следните две години ќе бидат отпуштени 15% од вработените како дел од плановите за реструктуирање на компанијата. Исто така Аха планира да престане со продажба на полиси за индивидуално животно осигурување и во иднина да се фокусира само на полиси од пензиско осигурување, домаќинско и осигурување од незгода.

За да се одржи рејтонгот на компанијата, во иднина се планирани 5 мил. евра инвестиции во нови технологии кои ќе го подигнат нивото на услуги за клиентите и посредниците.

Ова се дел од плановите за зголемување на профитот до 2020 на Thomas Buberl, кој и официјално го превзема раководењето на компанијата, откако по 16 години на чело, Henri de Castries отиде во пензија.

VIG се шири на пазарот во Романија

Vienna Insurance Group (VIG) издаде соопштение во кое се наведува дека во Романија го откупила Axа Life Insurance.  Договорот е постигнат на 03.08.2016, а како купувачи се јавуваат две компании од групацијата, BCR Life и Omniasig.

Axа Life Insurance на крајот од 2015 заврши со повеќе од 4.5 милиони евра бруто премија, во која со најголем процент се застапени традиционалните животно осигурувања.

Во 2015 година пазарот на животно осигурување во Романија забележа раст од 11%. Според Elisabeth Stadler, претседател на управата на VIG, прогнозата за растот на бруто премијата во Романија е повеќе од 4% за 2016 и 3,5% во 2017 и 2018 година.

Аха се ослободува од портфолиото во тутунската индустрија

„Аха“, најголемиот светски осигурувач за здраствено осигурување, ги запира сите инвестиции во тутунската индустрија, кои до сега изнесуваат приближно 1,7 милијарди евра. Причината за овој потег е бројката од 6 милиони луѓе кои починуваат огдишно како последица од пушење.

Не само што ќе ги сопре инвестициите, туку „Аха“ планира и да ги продаде своите 184 милиони акции во компаниите од оваа индустрија. Заедно со обврзниците, кои исто така ќе се најдат на продажба, проценети се на близу 1,6 милијарди евра.

Краткорочно сето ова може да донесе загуба за компанијата, но на долгорочен план треба да донесе добивка како резулат на помалиот број на барања за отштета за болести поврзани си пушењето.

Извршниот директор на „Аха“, Томас Буберл, се надева дека ова ќе биде сигнал и за другите инвестициски компании да го следат нивниот чекор.