Tag Archives: Allianz

Алианц купува три компании на ЕРГО, дел од Минхен Ре

ЕРГО Груп, дел од германски Минхен Ре, се договори да ги продаде своите подружници ДАС Швајцарија, ДАС Лукембург и ДАС Словечка на Алианц Груп. Вкупниот приход од премии на трите компании кои се предмет на продажба, во 2016 година, изнесувал €38 милиони. ДАС Швајцарија е најголемата од овие три компании и со приходи од премија во висина од околу €30 милиони е рангирана на седмото место според удел на швајцарскиот осигурителен пазар. Во 2016 година, ДАС Словачка, со удел од 85,1% беше водечка компанија на тамошниот осигурителен пазар во сегментот на правно осигурување, додека ДАС Луксембруг со удел од 18,2% бил на втората позиција истата година.

Транскацијата сѐ уште не е одобрена од регулаторното тело. Интересот на Минхен Ре да ја зајакне својата позиција во сегментот на осигурување на правна заштита во Швајцарија се должи на атрактивноста на овој пазар кој во 2016 година донесе раст од 5,3% премија од 550 милиони швајцарски франци.

Двете страни се договорени да не ги откриваат финансиските детали од трансакцијата.

Алианц со активности за ширење на кинескиот, францускиот и американскиот пазар

Кинеската регулаторна агенција му издаде целосна лиценца на Алианц, со што оваа компанија ќе може да продава осигурување на имот и незгоди, здраствено осигурување, осигурување на возила, поморско осигурување и осигурување на кредити. Од Алианц објавија дека планираат да ја зголемат продажбата и присутноста на овој пазар направат преку отворање на своја подружница во Пекин, откако веќе имаат свои филијали во Гуангдонг и Шангај. Кина беше втор најголем осигурителен пазар во 2016 година.

Германскиот осигурувач исто така објави дека планира да инвестира €1,85 милијарди за купување на акциите на францускиот осигурувач на кредити Ојлер Хермес. Со аквизацијата на дополнителните 11,3% акции нивниот удел во овој француски осигурувач ќе се зголеми на 74,3%. Од Алианц планираат и да објават јавна понуда за преостанатите акции, со исклучок на трезорските, по иста цена од €122, колку што беа купени и последните. „Зголемувањето на сопственичкиот удел во Ојлер Хермес е логичен чекор за Алианц со што капиталот се распределува во компании со солидни економски резултати.“, стои во соопштението на Алианц.

Ова не се единствените активности од германската осигурителна куќа. Оливер Баете истакнува дека Алианц размислува за преземање на големи осигурителни куќи во САД. „Купувањето на мали компании за нас нема смисла. Ние мора да гледаме кој би бил добар избор за нас, кој ќе има чист биланс и кој има прифатлива цена“,  истакнува Баете. Во интервјуто за германскиот весник Зуддојче Цајтунг, Баете не сакаше да ги коментира гласините дека Алианц фрлил око на еден од најголемите конкуренти, Цирих.

Алианц со намален оперативен профит во третиот квартал

Групацијата Алианц преку соопштение до јавноста ги пренесе резултаттие од своето работење во третиот квартал од годината. Споредено со минатогодишниот трет квартал, и покрај тоа што приходите на групацијата од €28,3 милијарди бележат раст од 2,1%, сепак оперативниот профит на групацијата е намален за половина милијарда и изнесува €2,5 милијарди. Како и кај повеќето други компании, причината се лоцира кај природните катастрофи на американскиот континент. Сепак оперативниот профит на Алианц во трите квартала заедно е зголемен за 3,5% и изнесува €8,3 милијарди и се движи во насока на планот за 2017 година.

Според Диетер Вемер, главен финансиски директор на Алианц, секторот на осигурување имот и незгоди добро го поминал овој дел од годината иако штетите од природните катастрофи донеле загуба од €529 милиони,

Секторот на неживотно осигурување полисирало бруто премија од €40,9 милијарди, што е половина милијарда повеќе во однос на истиот период лани. Оперативниот профит во овој сектор е намален за 6,8% на €3,7 милијарди, а комбинираниот сразмер е зголемен за 1% на 95,4%.

Кај животните и здраствени осигурувања остварен е 10% повеќе оперативен профит кој на крајот од септември изнесува 3,4 милијарди. Статутарните премии (параметар преку кој се мери способноста на компаниајта да исплати доколку сите осигуреници поднесат во ист момент барање за исплата) се зголемени за 2,6% и изнесуваат 48,7 милијарди. Зголемувањето најмногу се должи на добрата продажба на unit link продукти во Италија, Тајван, Белгија и Луксембург.

Алианц започна со подготовка на тарифи за АО за автономни возила

Алианц започнува да се подготввуа за иднината. Тие објавија дека подготвуваат тарифи за осигурување од АО поврзани со несреќи на автономните возила. Иако од германскиот осигурувач не очекуваат дека автономните возила ќе донесат драстични промени на пазарот за АО, сепак започнуваат со анализа на статистиката на штети за таквиот тип на возила и вклучување на резултатите во процесот на одредување на тарифите.

Јоаким Муелер, член на Управата на Алианц, за германскиот весник Ди Велт, изјавува дека автономните возила ќе причинуваат помала штета поради тоа што луѓето прават повеќе грешки отколку системи на вештачка интелегенција.

Алианц и конкурентскиот Хук Колбург веќе имаат тарифи во кои им се овозможува на возачите одредени поволности доколку докажат дека возеле примерно и внимателно. Тоа ќе биде принципот кој ќе се примени и кај тарифите за автономните возила. Муелер додава дека тие кои почесто ќе дозволат возилото да го управува ИТ – системот може да добијат пониски тарифи.

 

Осудени пет лица за кражба на лични податоци од клиенти на Алианц

Тројца поранешни вработени во Алианц во Британија, Кејлејт Андерхил, Ендрју Кларк и Рис Боувен ја искористиле својата позиција во компанијата и во замена за 7.000 фунти на браќата Сајад и Шаиад Наваз им дале украдени лични податоци од клиенти на компанијата.

Иншуранс тајмс пишува дека сите петорица се најдоа на обвинителна клупа и се осудени за казнено дело подмитување.

Браќата, кои биле иницијатори на целата приказна, потоа нелегално стекнатите податоци ги проследиле до компании кои се занимаваат со обработка на штета.

Грехам Гибсон, директорот на штети на Алианц во Британија, вели дека е крајно разочаран од тројцата свои поранешни вработени иако тие соработувале во текот на истрагата. Гибсон нагласува дека сигурноста на податоците на клиентите на Алианц е приоритет за компанијата и дека наскоро ќе соработуваат со полицијата со цел да се помогне во санкционирањето на овој тип на активности.

 

Осигурителни компании и менаџерите на Канје Вест се тужат поради откажани концерти

Во 2016 година раперот Кенје Вест  откажа 21 настап на својата турнеја Сан Пабло, откако итно беше хоспитализиран поради влошена здраствена состојба. Тоа доведе до меѓусебни обвинувања и тужби од страна на компанијата задолжена да ја менаџира турнејата и осигурителниот сектор кој ја осигура истата.

Конзорциум на Лојдс составен од 4 синдикати и Алианц Глобал Корпорејт & Спесијалити ја обвинија компанијата која ја менаџираше турнејата на раперот Кенје Вест, дека се обидува да ја попречи истрагата поврзана со тужбата што компанијата ја упати поради неисплатена штета за откажан настан. Ова резултирало со контра тужба во Калифорнискиот суд, која според сознанијата на Иншуранс тајмс, се однесува на опструкциите во истрагата од страна на Very Good Touring (VGT).

Осигурувачите инволвирани во оваа тужба исто така негираат дека одбиваат да исплатат штета заради наводното користење на марихуана од страна на Вест, туку дека тоа го прават поради „суштински нерегуларности“ во медицинското досие на артистот. Во нивната контра тужба се наведува дека „според истрагата на осигурувачите VGT и нејзините правни, медицински и останати агенти и претставници одложуваа, попречуваа, кочеа и одбиваа да приложат неопходни и релевантни информации со цел да се комплетира истрагата околу побарувањата за штета“.

Во тужбата на VGT се побарува отштета од $10 милиони. Тие се решиле на тужба поради тоа шти „осигурувачите нити ја исплатиле штетата нити ја негирале. Нити проложиле соодветно објаснување зошто се уште не исплатиле, или индикации дали воопшто ќе исплатат целосно или делумно осигурително покритие, што подразбира дека користењето на марихуана од страна на Вест  може да им даде основа за одбивање на побарувањето и задржување на стотиците илјади долари од премијата кои VGT ги уплати“.

Две кинески осигурителни компании сакале да откупат дел од Алианц

Дневниот весник Süddeutsche Zeitung објави дека пред неколку седмици кинеската компанијата HNA стапила во контакт со раководните лица на Алианц, со цел да ја известат за нивната намера да преземат дел од акциите на оваа германската осигурителна куќа. Кинеската компанија, која е најголем поединечен акционер во Deutsche Bank, наводно имала намера да стане и мнозински акционер на четвртиот по големина осигурувач во светот. Сепак од Алианц не добиле позитивни сигнали, откако се консултирале со кинескиот државен инвестициски фонд CIC, кој има три постотен удел во Алианц.

Од друга страна Ројтерс објави дека покрај HNA за купување акции во Алианц била заинтересирана и Anbang Insurance Group, дел од конгломератот Anbang. Оваа компанија ги контактирала одговорните од Алианц на почетокот од годината. И овие преговори се завршени многу брзо, без конкретна понуда. Еден од изворите на Ројтерс наведува дека овие преговори ќе бидат обновени во блиска иднина.

Интересот на кинеските компании не е изненадувачки, знаејќи го фактот дека во последната година инвестирале €183 милијарди во акции на странски осигурителни компании.

 

Алианц откупи половина од Liverpool Victoria

Германската групација Алианц објави дека се согласи да платат €553 милиони за откуп на 49% од акции на осигурителниот бизнис на Liverpool Victoria Friendly Society. Според договорот Алианц се обврзува да уплати дополнителни €239 милиони за 20,9% од компанијата.

Со ова германската групација ќе стане трета по големина компанија за индивидуални осигурувања на просторите на Белика Британија.  Оваа зделка со британскиот осигурувач, чиј бизнис на осигурителниот пазар се проценува дека вреди 1 милијарда, ќе му овозможи на Алианц, кој на Во Британија е повеќе застапен во секторот на комерцијални осигурувања,  поголем пристап до пазарот на индивидуални осигурувања. Во иднина новите партнери ќе бидат препознатлниви по брендот „LV=” и се очекува да остварат €1,85 милијарди премија на повеќе од 6 милиони клиенти.

Од LV=, во април изјави дека на компанијата и е потребна капитална инекција, а Ричард Руни, извршен директор на компанијата за зделката вели дека „стратешкото партнерство со Алианц ќе ни овозможи да оствариме бенефит од растечкиот пазар на индивидуални осигурување при тоа овозможувајќи ни исто така и јакнење на нашата капитална позиција, оставајќи ни простор за понатамошна експанзија на нашето животно и пензиско осигурување и потрага по дигитални можности“.

Алианц: Раст на вкупните приходи од 2% најмногу по заслуга на сегментот за животно и здраствено осигурување

Вкупните пригходи на Алианц групациајта, на крајот од вториот квартал од 2017 година, се зголемени за 2% на вкупни €30 милијарди (2016: €29,4 милијарди).

За растот се заслужни сите сегменти, а најголем допринос има сегментот за животно и здраствено осигурување. Оперативната добивка на компанијата изнесува €2,9 милијарди, што е раст од 22,9%, благодарение на сите оперативни сегменти, посебно на секторот за осигурување на имот и незгоди. Нето пригодите кои се припишуваат на акционерите зголемени се за 83,4%, на вкупни €2 милијарди. Растот е од причина што минатата година нето добивката беше оптоварена од лошото работење на групацијата на јужнокорејскиот осигурителен пазар.

Оперативната добивка за првата половина од оваа година е зголемена за 15,7%, достигнувајќи €5,9 милијарди. Од групацијата изјавуваат дека очекуваат оваа бројка да се искачи на €10,8 милијарди до крајот на годината.

„Остваривме супер напредок во преземањето на ризикот како и во стабилизација на приходите од вложување во сегментот на неживотното осигурување. Скокот на тримесечниот раст на оперативната добивка е јасен показател дека нашите напори се исплатат.“, изјави Дитер Вемер, член на Управата за финансии на Алианц групацијата.

 

Алианц: Продажба на Oldenburgische Landesbank и укинување на 700 работни места до 2020 година

Алианц соопшти дека се согласи да продаде 90% од уделот во приватната банка Oldenburgische Landesbank (OLB) на америкаснкиот инвестициски фонд Аполо за 300 милиони. Алианц во септември овјави дека ги разгледуваат опциите за најголемата регионална банка која ја откупи во 2001 година од  Dresdner Bank. Меѓутоа оваа банка во последните години не беше од стратешка важност. Дополнително, под притисок на новата регулатива Солвентност 2, која ги обврзува осигурувачите да ги преиспитаат уделите во акции дали придонесуваат за регулаторниот капитал кој е потребен, Алианц се реши за продажба на банката.

Од друга страна Аполо бараше дополнителна инвестиција за да го консолидира банкарскиот пазар во северна Германија. Аполо ќе испрати понуда и за преостанатиот 10% акции кои не се во сопственост на Алианц.

Од Алианц не очекуваат да имаат проблем со остварување на прогнозираната добивка за оваа година, иако продажбата на банката ќе значи загуба од речиси 200 милиони. Овие оптимистички најави се поради реализацијата на проектот за намалување на трошоци. Дел од овој проект значи укинување на 700 работни места во следните 3 години, од вкупно планираните 1300 помалку работни места во иднина што ќе се редуцираат и со заминување во пензија на дел од вработените.