Tag Archives: штета

Свис Ре: Природните катастрофи во 2017 предизвикаа штета од $306 милијарди

Според проценките изнесени во својот извештај, Свис Ре предвидува дека штетите предизвикани од природните катастрофи во 2017 година, ќе достигна $306 милијарди. Ова е за 63% повеќе во однос на миантата година и многу над просекот од последната декада.

Најголеми се штетите предизвикани на ураганите кои ја погодија Средна и Северна Америка, каде ситуацијата ја влошија пожарите во Калифорнија.

Според анализите, осигурани се загуби во износ од $136 милијарди, што е повеќе од двојно зголемување во однос на ланската осигурана штета. $136-те милијарди се третата најголема штета во историјата.

„Акумулацијата на економските и осигураните загуби порасна во втората половина од годината, првенствено поради трите урагани – Харви, Ирма и Марија- кои ги погодија САД и Карибите, како и пожарите во Калифорнија“, се наведува во извештајот на Свис Ре.

Поголем удел во вкупните осигурани загуби имаат трите урагани со вкупна сума од околу $93 милијарди.

Според извештајот на швајцарската осигурителна компанија, иако штетите се двојно поголеми, охрабрувачки податок е дека во природните катастрофи загинале или исчезнале нешто над 11.000 луѓе, слична бројка како и минатата година.

Осигурителни компании и менаџерите на Канје Вест се тужат поради откажани концерти

Во 2016 година раперот Кенје Вест  откажа 21 настап на својата турнеја Сан Пабло, откако итно беше хоспитализиран поради влошена здраствена состојба. Тоа доведе до меѓусебни обвинувања и тужби од страна на компанијата задолжена да ја менаџира турнејата и осигурителниот сектор кој ја осигура истата.

Конзорциум на Лојдс составен од 4 синдикати и Алианц Глобал Корпорејт & Спесијалити ја обвинија компанијата која ја менаџираше турнејата на раперот Кенје Вест, дека се обидува да ја попречи истрагата поврзана со тужбата што компанијата ја упати поради неисплатена штета за откажан настан. Ова резултирало со контра тужба во Калифорнискиот суд, која според сознанијата на Иншуранс тајмс, се однесува на опструкциите во истрагата од страна на Very Good Touring (VGT).

Осигурувачите инволвирани во оваа тужба исто така негираат дека одбиваат да исплатат штета заради наводното користење на марихуана од страна на Вест, туку дека тоа го прават поради „суштински нерегуларности“ во медицинското досие на артистот. Во нивната контра тужба се наведува дека „според истрагата на осигурувачите VGT и нејзините правни, медицински и останати агенти и претставници одложуваа, попречуваа, кочеа и одбиваа да приложат неопходни и релевантни информации со цел да се комплетира истрагата околу побарувањата за штета“.

Во тужбата на VGT се побарува отштета од $10 милиони. Тие се решиле на тужба поради тоа шти „осигурувачите нити ја исплатиле штетата нити ја негирале. Нити проложиле соодветно објаснување зошто се уште не исплатиле, или индикации дали воопшто ќе исплатат целосно или делумно осигурително покритие, што подразбира дека користењето на марихуана од страна на Вест  може да им даде основа за одбивање на побарувањето и задржување на стотиците илјади долари од премијата кои VGT ги уплати“.

НБО: Животното осигурување со раст од 16,58% во втотиот квартал

Според објавениот извештај на Националното биро за осигурување (НБО), во вториот квартал македонскиот осигурителен пазар бележи раст на бруто полисираната премија (БПП) од 3,14%, споредено со истиот период лани. На крајот од јуни полисирани се вкупно 4,63 милијарди денари (ПП2016: 4,48 милијарди денари). Раст е забележан и кај неживотното осигурување, 1,25%, и кај животното осигурување 16,58%. Неживотното осигурување со вкупните 3,98 милијарди денари (ПП2016: 3,93 милијарди денари)учестува со речиси 86% во вкупната премија. На полиси за животно осигурување полисирана е бруто премија од 0,65 милијарди денари (ПП2016: 0,55 милијарди денари)

Вкупната бруто исплатена штета (БИШ) е во пад  од 14,38% и изнесува 1,61 милијарди денари (ПП2016: 1,88 милијарди денари). Поединечно гледано исплатената штета од полиси за неживотно осигурување изнесува 1,5 милијарди денари (ПП2016: 1,78 милијарди денари) и е за 15,32% помалку, додека кај полисите за животно осигурување исплатено е за 1,28% поголема штета од 0,11 милијарди денари (ПП2016: 0,1 милијарди денари).

Според категории осигурувањето од АО и понатаму има водечка улога на пазарот со БПП од 1,91 милијарди денари (5,78% повеќе). Околу 10% раст имаат осигурување од незгоди и туристичка помош, додека исто толкав пад има осигурувањето на имот.

Редоследнот на пазарната распределба на компаниите од секторот неживот останува непромет. Водечки две компании и понатаму се Триглав со 18,14% удел (ПП2016: 18,03%)и Осигурување Македонија 12,96% (ПП2016: 14,29%). Еуролинк 11,63% (ПП2016: 11,32%) сега го презема третото место од Винер 10,62% (ПП2016: 11,77%).

Четирите компании кои нудат животно осигурување на македонскиот пазар остануваат со непроменет редослед во распределбата. Од нив единствено Граве осигурување има пад во уделот од 1,6%. Кроација живот и Винер Лајф имаат раст од 1% и 0,64% соодветно, а најмладата компанија на пазарот, Уника лајф, благодарение на зголемената БПП го задржува истиот процент на удел како и лани.

Директната продажба продолжува да биде најсилен дистрибутивен канал.  Уделот на пазарот на овој канал и понатаму расте(6,11%), за сметка на падот на уделот на застапниците (-5,89%) и застапничките друштва  (-1,65%).

 

Сарајево осигурање започна со исплата на најголемата поствоена поединечна штета во БиХ

Во текот на април, во само три часа, изгоре во целост големиот трговски центар на Бинго во Мостар. Во пожарот настрада монтажниот објект и целата роба која се наоѓала во него. Сарајево осигурање на крајот на јуни, на Бинго му исплати пола милион евра за штета по полиса за осигурување на стоката во објектот кој беше опожарен, со што започна обештетувањето на Бинго. „Иако се работи можеби за најголемата поединечна поствоена штета, Сарајево осигурање без проблеми веќе исплаќа штета на нашиот голем, угледен економски субјект како што е Бинго. До крајот на август Сарајево осигурање авансно ќе исплати дополнителни €2,57 милиони за штета на објект, а остатокот од износот ќе биде исплатен по конечниот извештај на надлежните тела со цел објектот на Бинго Мостар да биде повторно ставен во функција.“, изјави Ариф Кулиќ, директор на Сарајево осигурање.

Кулиќ додава дека во 2016 година Сарајево осигурање исплатило штета во висина од €16,1 милиони, и по тој основ останува водечка компанија на овој осигурителен пазар. „Тоа ни овозможи да вратиме некои стари значајни клинети како Електропривреде БиХ со кои потпишавме тригодишен договор во вредност од €2,83 милиони“, додава Кулиќ.

Германија: Пробиена бариерата од €1 трилион инвестиции од полиси за животно осигурување

Во 2016 година, секторот за животно осигурување во Германија ја проби бариерата од €1 трилион (1.000 милијарди) инвестиции во интерес на клиентите. Според публикацијата „Германското животно осигурување во бројки 2017“ објавено од страна на Асоцијацијата на германските осигурувачи (GDV)  инвестициското портфолио на традиционалните полиси за животно осигурување е во пораст од 4,3% на €923 милијарди. Дополнително беа остварени инвестиции од €102 милијарди на unit-linked полиси.

„Успешниот и континуиран развој на овој капитал, формира база за адекватна залиха за следната генерација“., изјавува Peter Schwark, член на Бордот на менаџери на GDV, одговорен за финансиските залихи за пензии. „Резервите на капитал се единствениот извор за финансирање на потребите на идните пензионери“, надополнува Schwark.

На крајот од 2016, постоеа 89,3 милиони договори за животно осигурување, пензиски шеми и пензиски фондови. Пензиското осигурување сочинува голем дел од овој колач, со приближно 40 милиони договори. „Ова покажува дека осигурителната индустрија значително придонесува за зголемување на дополнителните пензиски залихи“, додава Schwark.

Приливот од премии генерирани од полиси за животно осигурување, пензиски шеми и пензиски фондови остануваат на многу високо ниво. Во 2016 година достигнати се €90,8 милијарди, од кои €26,4 милијарди се преку полиси со еднократна уплата, додека полисите со тековна уплата се во минимален пад од 0,3%.

Исплатените штети се зголемени за 7,1% и достигнуваат вкупно €88,9 милијарди. Тоа во превод би значело дека во 2016 година, просечно дневно се исплаќани €244 милиони штета од полиси за животно осигурување.

 

Поплавите во Истанбул ќе ги чинат осигурителните компании €48,2 милиона

Обилните врнежи и поплавите кои го погодија Истанбул предизвикаа трошоци на турските осигурителни компании во висина од €48,2 милиона. Поплавите се едни од најчестите природни катастрофи во Турција, чија територија годишно е зафатена во просек од 24 поплави, кои предизвикуваат близу €2,2 милијарди осигурителна штета. Најскапите поплави во поблиското минато се регистрирани исто така во Истанбул, во 2008 година, кога осигурителните компании беа изложени на трошок од €850 милиона.

Скоро 95% од оштетените возила се покриени со осигурување. Исто така, експертите од областа на осигурувањето, истакнуваат и дека најголем дел од оштетените домови и канцеларии се под покритие, иако точниот процент не може да се утврди.

Минхен Ре: Исплатени €19,5 милијарди за штети од природните катастрофи во 2017

Првата половина од 2017 година беше поволна за осигурувачите во светот од аспект на исплатени штети за природни катастрофи. Вкупната бруто исплатена премија изнесува околу €19,5 милијарди, што е за речиси 40% помалку во однос на првите 6 месеци во 2016 година.

Извештајот на Минхен Ре исто така посочува дека €21,5 милијарди штета не биле осигурани, споредено со 79-те милијарди претходната година.

Најголемата штета е предизвикана од страна на бурите во САД, чијашто економска штета е проценета на €18,5 милијарди, од кои €13,5 милијарди биле осигурани.

„Невообичаените атмосферски услови во САД во првата половина на 2017 ходина создадоа идеални услови за моќни бури, кои често се проследени со торнада и невреме со град. Бројот на торната оваа година е за два пати поголем од просекот во последните 10 години.“

Најскапа поединечна штета во првите два квартала од годината се смета поплавата од февруари и март во Перу, која предизвика €3,1 милијарда економски загуби, но само €380 милиони од нив беа покриени со осигурување.

 

Хамбург: Протестите за време на самитот на Г20 направија штета од €12 милиони

Насилството во трите ноќи за време на самитот на Г20 во Хамбург предизвика штета што осигурителните компании може да ги чини €12 милиони. Асоцијацијата на германски осигурувачи изјави дека првичните проценки една третина од оваа сума ќе биде исплатена на сопствениците на возилата кои беа опожарени. Дел од отштетата ќе биде наменета и за сопствениците на домовите и фирмите кои беа на удар на демонстрантите.

 

Perils за четири пати ја зголеми првичната проценка за штетата од земјотресите во централна Италија

Агенцијата за моделирање на ризици Perils AG соопшти дека штетата предизвикана од серијата земјотреси од крајот на октомври, кои ја погодија централна Италија, ќе биде четири пати поголема од првата проценка соопштена од агенцијата. Според новата проценка штетата на домаќинствата ќе изнесува 125 милиони, а не 31 милион како што објавија на 07.12.2016.

Земјотресите се случија во периодот од 26.10 и 30.10 и ги погодија регионите на Lazio, Marche и Umbria. Неодамна овој регион беше погоден од нови земјотреси. Ќе биде многу тешко да се одреди штетата од последните земјотресибидејќи повеќето од градбите се оштетени или делумно урнати од претходната серија земјотреси.

По поплавите и земјотресите зголемен интерес за осигурување на имот

По серијата земјотреси и поплави годинава се поголем број на граѓани го осигуруваат својот имот. Бројот на продадени полиси за имот бележи пораст од 19 отсто кај физички лица, и 10 отсто кај правни. 86 отсто од полисите за осигурување на имот од поплави и земјотреси ги купиле граѓани, велат од Агенцијата за супервизија.

Штетите од поплавите ги чинеле осигурителните друштва 570 илјади евра. Додека во случајот со земјотресите за поголем број од пријавите немало никакво обештетување.
„Во сегментот на осигурување од поплава вкупниот број а продадени договори за осигурување пред две години, бил 22 683 договори за осигурување и заклучно со третиот квартал годинава имаме пораст од 46,59 проценти или продадени се во 2016 година,  33 252 договори со вклучен ризик поплава“ – вели Климе Попоски, од агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Целиот текст прочитајте го на 24vesti.mk