Tag Archives: Швајцарија

Алианц купува три компании на ЕРГО, дел од Минхен Ре

ЕРГО Груп, дел од германски Минхен Ре, се договори да ги продаде своите подружници ДАС Швајцарија, ДАС Лукембург и ДАС Словечка на Алианц Груп. Вкупниот приход од премии на трите компании кои се предмет на продажба, во 2016 година, изнесувал €38 милиони. ДАС Швајцарија е најголемата од овие три компании и со приходи од премија во висина од околу €30 милиони е рангирана на седмото место според удел на швајцарскиот осигурителен пазар. Во 2016 година, ДАС Словачка, со удел од 85,1% беше водечка компанија на тамошниот осигурителен пазар во сегментот на правно осигурување, додека ДАС Луксембруг со удел од 18,2% бил на втората позиција истата година.

Транскацијата сѐ уште не е одобрена од регулаторното тело. Интересот на Минхен Ре да ја зајакне својата позиција во сегментот на осигурување на правна заштита во Швајцарија се должи на атрактивноста на овој пазар кој во 2016 година донесе раст од 5,3% премија од 550 милиони швајцарски франци.

Двете страни се договорени да не ги откриваат финансиските детали од трансакцијата.

Свис Ре: Циклонот Деби го намали профитот за повеќе од третина

Циклонот Деби, кој пустошеше на источниот брег на Австралија во март, остави трага и врз профитот во првата половина од 2017 година  на швајцарскиот реосигурувач Свис Ре. Реосигурувачот соопшти дека бил изложен на €306 милиони побарувања за штети. Тоа, во комбинација со помалите премии и послабиот поврат од инвестициите, го намалија профитот на компанијата за повеќе од третина на вкупни €1 милијарда. Повратот на Свис Ре од акцискиот капитал за првата половина се лизна од 10,9% на крајот од јуни 2016 година, на 7% во првата половина од оваа година. Сепак, од компанијата велат дека добро се избориле со „предизвикувачкото“ пазарно опкружување и дека неговата разноврсност во животно и здраствено реосигурување помогнало да се пребродат повеќе тешки ситуации во реосигурувањето од имот и несречи. Извршниот директор, Кристијан Мементхалтер изјавува дека „во првата половина од 2017 година, објавивме солидни резултати, и покрај предизвикувачките пазарни пкружувања и значајните исплати на штети од природни катастрофи. Додека на кратки стази овие податоци, посебно притисокот врз цените, се загрижувачки, ние ја насочуваме компанијата на долгорочни вредности“.

Швајцарија: Осигурувањето го презема приматот на банките?

За прв пат по 1993 за очекување е осигурителниот сектор да донесе повеќе придонеси во швајцарската економија споредено со банкарскиот сектор.

Според калкулациите на Ројтерс, осигурувањето во 2018 година ќе го претекне банкарството како пропорционален удел од швајцарската економија која се очекува да достигне €594 милијарди. Пресметките се направени врз основа на степенот на пораст во последната декада.

Ова ќе го нагласи намалувањето на моќта на банките како последица на финансиската криза и штетното влијание на глобалните акции за избегнување на данокот, што ги разјаде значајните законите за таинственост на швајцарските банки.

Според Мартин Елинг, професор по осигурителен менаџмент на Универзитетот во Сент Гален, преземањето на приматот може да биде само привремено.

„Генерално гледано, бизнис моделите на банките се поранливи од тие на осигурителните компании. Во зависност од нивниот развој, може банките повторно да се повратат на сегашната позиција во следните три до четири години“, вели Елинг.

Швајцарија е земја од која потекнуваат UBS и Credit Suisse, како и Zurich Insurance и Swiss Re, едни од водечките банки и осигурителни компании во Европа.

Бројот на банки и осигурувачи во Пвајцарија се намали за околу 20% во периодот од 2005 до 2015 година, но според бројот на вработени, банките се далеку на врвот.

Најголемиот швајцарски осигурувач планира да скрати $1,5 милијарди трошоци до 2019

Според најавите на извршниот директор на Zurich Insurance Group AG,  Mario Greco, групацијата е моментално во реализација петгодишен план 2015-2019, со кој треба да се направи кратење на трошоците за $1,5 милијарди.

Планот во 2016 доби одредени измени и сега новата цел на најголемата швајцарска осигурителна куќа е најмалку $1 милијарда да бидат заштедени до 2018. Во ажурираната програма исто така се предвидува висината на исплата да е 75% во однос на приходите по оданочување. Овие бројки ќе влијаат и на висината на дивидендата, која се предвидува да биде $17 по акција.

Zurich, заедно со неговите европски ривали, се бореше да ја подобри својата профитабилност во период на матен економски раст и рекордно ниските камати, кои влијаеа на инвестициските приходи и урнатите цени во одредени осигурителни пазари. За да ги појача повратот, Greco продава недвижнини и форсира промени во организацијата и менаџментот на групацијата.

„Клучот е во едноставноста. Бизнисот стана многу, многу комлициран во последните неколку години и јас се обидувам да го стабилизирам и да го направам едноставен повторно“, изјавува Greco.

Според Thomas Seidl, аналитичар во истражувачката компанија Sanford C. Bernstein, „кратењата на трошоците треба да го зајакнат оперативниот поврат на акцискиот капитал најмногу до три процентни поени до крајот на планот во 2019. Исто така тоа ќе овозможи многу мала капитална флексибилност за развој на групацијата“.

Според објавата од групацијата тие очекуваат да потрошат $500 милиони во просек во 2017 и 2018 во реструктуирање, каде на удар ќе бидат тахнилошката поддрша и секторот за набавки за споделени услуги. Нивните очекувања се дека повратот по оданочување на акцискиот капитал ќе биде поголем од 12% во оваа година.