Tag Archives: Фемили партнер

АСО: Во првите три квартали НЛБ и Актива со најмногу склучени договори помеѓу застапниците

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Друштвата за застапување до крајот на септември склучиле вкупно 109.171 број на договори. Во оваа група активни се единаесет друштва за застапување во осигурување и три банки со лиценца за нудење на осигурување. Кај банките најмногу полиси, 42.200, се склучени преку НЛБ банка од кои 35.879 се за неживотно осигурување преку Сава, а 6.321 се полиси за осигурување на живот на Кроација живот. Шпаркасе банка има склучени 383 договори, сите за осигурување на живот. Како и во претходните два квартала Охридска банка нема склучено договор. БПП на полисите на НЛБ е 22.114.000 денари за неживотно осигурување и 69.226.000 за животно осигурување, додека полисите склучени преку Шпаркасе имаат БПП од 15.788.000 денари.

Кај останатите единаесет друштва за застапување најголем број на договори се направени преку Актива, 18.542, од кои само 4 се полиси за животно осигурување. Блиску до нив се Тренд МР со 17.135 договори (12 живот), а петцифрени се уште и Лајон Инс со 11.797 договори (27 живот) и Реа Иншуранс груп со 10.385 деоговори (0 живот).

Кај друштвата кои продаваат исклучиво животно осигурување водечко е Сафе Лифе со 834 склучени полиси со БПП од 57.612.000 денари. По нив следи Фемили партнер со 202 договори и БПП 40.005.000 денари, и Л.И.Ф.Е со 32 договори и БПП од 308.000 денари.

АСО: Резултати од работењето на брокерските и друштвата за застапување заклучно со вториот квартал

Заклучно со вториот квартал, единаесетте друштва за застапување и трите банки со овластени за банкоосигурување, направиле вкупно 75.672 договора за неживотно и 5.518 договори за животно осигурување. Помеѓу застапниците најмногу договори (17.380) се направени преку Актива, од кои само три се за животно осигурување. На второ место се Тренд МР со 15.928 (7 животно осигурување) и Реа Иншуранс груп со 8.145 продадени полиси. Најмногу договори за животно осигурување се склучени преку застапничката куќа Сафе Лифе (436), селдена од Фемили партнер (136) и Лајф Визион (105). Најуспешна банка според бројот на продадени полиси е НЛБ Тутунска. Зад името на Охридска банка и во вториот квартал нема регистрирано продадена полиса. Врз основа на вториот критериум за рангирање, БПП, претходното рангирање нема да претрпретрпи значителни измени. Најголема БПП носат полисите направени преку Актива и Тренд МР. Застапничките друптва и банките, најмногу договори за неживотно осигурување направиле преку Осигурување Македонија, а за животно осигурување преку Кроација Живот.

Кај брокерските друштва, најмногу полиси се направени преку Седа Брокер, вкупно 24.276, сите во неживотно осигурување. Петцифрен број на договори, 17.513, се склучени преку посредништво на само уште едно брокерско друштво, Мобилити. Најблиску до нив е СН Осигурителен Брокер со 8.755 полиси. Помеѓу брокерските друштва едиснтвено ВФП работи активно и на пазарот за животно осигурување, завршувајќи го вториот квартал со вкупно 7.639 договори, од кои 1571 се полиси за животно осигурување. Токму овие договори го прават брокерско друштво со најголема БПП, пред Седа и СН Осигурителен Брокер. Брокерите најчесто нуделе полиси за неживотно осигурување на Триглав осигурување, 21.180, пред Кроација неживот (13.485) и Евроинс 12.673. ВФП најмногу договори за животно осигурување склучиле преку Винер лајф.

Податоците се преземени од страната на АСО.

Фемили партнер го превзема приматот помеѓу застапниците

Фемили партнер, новиот екслузивен застапник на Граве осигурување, кој беше регистриран со почетокот на годината, е водечка компанија помеѓу застапниците по бројот на склучени договори за животното осигурување. Според неодамнешниот извештај на АСО за работата на осигурителните и брокерските друштва, Фемили партнер иако со склучување на договори започна од 01.02.2016, во два месеца работење во првиот квартал од годината (01.01.-31.03.2016) склучил вкупно 115 договора. Тоа се речиси 20 договора повеќе од второрангираната компанија Сафе лифе, исто така застапник на Граве осигурување.

Покрај агенциите чија единствена дејност е застапување, извештајот на АСО во рангот на застапници вбројува и три банки кои имаат дозвола да продаваат полиси за осигурување. Како најуспешна меѓу нив се издвојува НЛБ Тутунска, која е во партнерски однос со Сава и Кроација живот. По неа следува Шпаркасе кој партнерува со Винер лајф. Најслаб квартален резултат има Охридска банка, застапник на Граве осигурување.

Кај брокерските друштва најголем број на договори, вкупно 10.316, заклучило Седа брокер.  Со 7.729 договори, втори по успешност се Мобилити. Овие две брокерски куќи се ориентирани кон неживотното осигурување, при што во нивнтото портфолио доминантно е осигурувањето од автомобилска одговорност и осигурувањето од незгода. Во делот на животното осигурување, најуспешно  друштво на пазарот е брокерска куќа ВФП. Во портфолиото на ова друштво најмногу договори за животно осигурување се полиси на Винер лајф (331).

Најголем број на договори за животно осигурување се склучени преку Винер лајф (522), а потоа следуваат Граве осигурување (332), Кроација осигурување живот (307) и Уника осигурување (98). Од осигурителните куќи кои работат со неживотно осигурување водечка компанија е Сава осигурување со реализирани 14.704 полиси. Осигурување Македонија со 11.473 полиси е за малку поуспешна од Уника (11.007).

Според податоците од Националното биро за осигурување, во првиот квартал, Триглав осигурување имал најголема техничка премија од вкупно 231.731 денари. Ова му донело 16,89% удел од пазарот, и заедно со Еуролинк (205.931 денари) се единствените компании со премија преку 200.000 денари.

Половина од склучените полиси се преку директната продажна мрежа на осигурителните компании, како најуспешен дистрибутивен канал. Брокерските друштва се заслужни за 21,8% од полисите. Значајна улога на пазарот играат и застапниците со 16,03% и друштвата за застапување со 8,84% од бројот на вкупните договори.

Сакате и Вие да бидете дел од водечките? Пишете ни на osigurajse.net