Tag Archives: ураган

Минхен Ре: Природните катастрофи во 2017 донеле штета од $135 милијарди

Минхен Ре објави проценка според која трите урагани, земјотресите во Мексико, поплавите во Азија и останатите природни катастрофи во 2017 година ја чинеле осигурителната индустрија рекордни $135 милијарди. Во однос на претходно регистрираните „најскапи“ години, 2005 и 2011, во 2017 година е забележана 8% поголема штета од природни катастрофи. Оваа бројка е речиси три пати поголема од просекот бележен во последните 10 години, кој изнесува $49 милијарди.

Германската реосигурителна компанија проценува дека околу 10.000 луѓе загинале во природните кататрсофи. Околу четвртина од нив се жртви на монсуните во јужниот дел од Азија. „Иако поединечните настани не може да се окфалификуваат како резултат на климатските промени, нашите експерти очекуваат вакво екстремно време да се појавува уште почесто во иднина“, вели Торстен Јеворек, член на бордот директори во Минхен Ре, одговорен за светскиот реосигурителен бизнис на компанијата. „Некои од катастрофалните настани, како серијата од три екстремно деструктивни урагани, или многу честите поплави по невообичаено силните монсунски дождови во јужна Азија, ни даваат предзнак на тоа што се очекува во иднина“, додава Јеровек.

Вкупната штета од $310 милијарди, вклучително и неосигураната штета, ја става на втора позиција во ранг листата на години со најголема штета гледајќи десет години наназад. „Продолжува да има голема разлика во осигураните и неосигураните штети, дури и на високо развиените пазари, како што е САД, каде на пример, поголемиот број домаќинства и мали бизниси не поседуваат осигурување од поплави“, вели Тони Кучински, претседател и извршен директор на Минхен Ре во САД.

Како Карипските острови добија отштета многу побрзо од жртвите на ураганите во САД?

Карипските острови добија брза исплата на осигураните штети, за разлика од жртвите на ураганите од Флорида и Тексас, кои можеби ќе треба да чекаат уште неколку недели, или месеци, за да добијат обештетување. Дел од овие острови се членки на непрофитабилна организација која е оснивана со цел да им исплати на владите парите во случај на настанување природна катастрофа. Полисите на оваа организација, Карипска структура за осигурување на ризик од катастрофи (CCRIF), се параметриски, што овозможува исплата на одредена сума веднаш штом штетата ќе настапи. Брзата исплата е за сметка на реалната исплата која во класичнтие полиси се исплаќа откако ќе се утврди точната висина.

„Тоа што ние го ветуваме е дека исплатата ќе биде најкасно до 14 дена од настанувањето на катастрофата. Оваа идеја овозможува брза ликвидност на земјите“, изјавува директорот на CCRIF, Исак Ентони. „Голем дел од парите се користат за итно расчистување. Имавме случаи каде беа искористени за поправка на мостови и згради, или за да се ангажира привремен персонал кој ќе помогне во спроведување на владини одлуки.“

Оваа организација е само еден прстен од синџирот на вакви иснтитуции кои имаат за цел да го подобрат осигурителното покритие каде побарувачката за осигурување е на ниско ниво. CCRIF изјавија дека пред дваесети септември исплатиле $30 милиони на Антигва и Барбуда, Ангуила, Ст. Китс и Невис, Туркс и Каико острови, Хаити и на Бахамите.

Свис РЕ и Цирих ги објавија висините на осигураните штети од трите урагани во САД

Свис РЕ, вториот по големина реосигурувач во светот, објави дека осигураните штети од трите урагани во Харви, Ирма и Марија, како и двата земјотреси во Мексико достигнуваат висина од $3,6 милијарди. Тоа е само три посто од вкупната штета што овие природни катастрофи ќе ја чини целокупната осигурителна индустрија, која според проценките на Свис РЕ ќе достигне околу $95 милијарди. Од швајцарската реосигурителна компанија изјавуваат дека и покрај големите исплати дека „остануваат на цврста капитална позиција и висока финансиска флексибилност за да ги поддржат потребите на своите клиенти, да одговорат на развојот на пазарот и да ги извршат нивните капитални организациски приоритети“.

Уште една швајцарска компанија, Цирих Иншуранс Груп. излезе со проценка за штетите пред оданочување предизвикани од трите урагани на тероторијата на САД. Според нивната анализа компанијата во третиот квартал добила побарувања за осигурани штети во висина од $700 милиони. По оданочувањето тие може да изнесуваат $620 милиони. Од групациајта изјавуваат дека отштетите нема да влијаат на нивната општа финансиска стабилност и капитална флексиболност.

Овие природни катастрофи повторно го поставија за актуелно прашањето дали осигурителната индустрија треба да ги ревидира моделите за ризик од природни непогоди, имајќи предвид на климатските промени, затоплувањето и зачестената појава на урагани.

 

Минхен Ре: Исплатени €19,5 милијарди за штети од природните катастрофи во 2017

Првата половина од 2017 година беше поволна за осигурувачите во светот од аспект на исплатени штети за природни катастрофи. Вкупната бруто исплатена премија изнесува околу €19,5 милијарди, што е за речиси 40% помалку во однос на првите 6 месеци во 2016 година.

Извештајот на Минхен Ре исто така посочува дека €21,5 милијарди штета не биле осигурани, споредено со 79-те милијарди претходната година.

Најголемата штета е предизвикана од страна на бурите во САД, чијашто економска штета е проценета на €18,5 милијарди, од кои €13,5 милијарди биле осигурани.

„Невообичаените атмосферски услови во САД во првата половина на 2017 ходина создадоа идеални услови за моќни бури, кои често се проследени со торнада и невреме со град. Бројот на торната оваа година е за два пати поголем од просекот во последните 10 години.“

Најскапа поединечна штета во првите два квартала од годината се смета поплавата од февруари и март во Перу, која предизвика €3,1 милијарда економски загуби, но само €380 милиони од нив беа покриени со осигурување.

 

Штетите од ураганот Метју се проценети на $4-6 милијарди

Компанијата за моделирање на ризици, CoreLogic, е првата која даде проценка на сумата која (ре)осигурителниот сектор ќе треба да ја исплати по налетот на ураганот Метју. Според нивниот модел сумата ќе се движи помеѓу $4 и $6 милијарди. Проценките на CoreLogic ги вклучива штетите нанесени на станбените и комерцијалните објекти, првенствено од силниот ветар и ударот на бурата. Во оваа проценка не се опфатени поплавувањата ниту штетите на бизнисот кој е во прекин. Според нив 90% од штетите се причинети од ветарот кој на одредени места дувал и со 240 киломентри на час.

Иако ураганот однесе огромен број на човечки животи, во однос на причинетата материјална штета, осигурителните компании ќе поминат многу полесно по Метју. Спореденот со $6-те милијарди штета од Метју, најкатастрофалниот ураган Катрина, во 2005 причина штети од близу $40 милијарди, додека штетите од Сенди во 2012 се проценети на $20тина милијарди.

Секој поголем ураган претставува тестирање за можностите на осигурителните компании во САД. Според рејтинг агенцијата S&P Global ratings осигурителниот сектор е добро капитализиран, но „ако магнитудата на штети од Метју достигне ниво кое се случува еднаш во сто години, тогаш одредени осигурувачи. па и реосигурувачи, може да се најдат под сериозен удар.“ Во нивните проценки се вели дека 5 од 21-ната компанија за чии рејтинзи се задолжени, ќе пријават загуба и ослабување на капиталот, во зависност од силината на Метју.

Бројките кои ги објави CoreLogic беа охрабрувачки и знак за брокерите да ги стабилизираат цените на акциите на осигурутелните компании, кои започнаа да опаѓаат стравувајќи од последиците кои ураганот ќе ги остави на осигурителниот сектор.