Tag Archives: супервизија

Повторно е одбиено барањето на Адрис за зголемување на нивниот удел во Сава Ре

Словенечкото супервизор за осигурување по втор пат го одби барањето на Адрис групацијата за зголемување на нејзиниот удел во Сава Ре. Според неслужбените информации на љубљанскиот весник Дело, стручниот совет на Агенцијата за надзор на осигуриелниот пазар, на почетокот од неделата разговарало за барањето уделот на Адрис од 20 да се зголеми на речиси 33% и од од засега сѐ уште непознати причини не дало согласност.

Против зголемување на уделот во Сава Ре биле и од Словенечкиот државен холдинг, кој управува со портфолиото на државната сопственост, а против согласност гласале и членови кои се блиски до партијата на премиерот Мире Церара.

Првиот обид на Адрис беше минатата година, кога преку Кроација осигурање, која е во сопственост на групацијата, поднесоа барање за зголемување на уделот во Сарва Ре. Тогаш од Агенцијата објаснија дека Кроација осигурање е премногу изложена на хрватски државни обврзници и со тоа внесува ризик на словенечкиот осигурителен пазар.

Најголем удел во словенечката компанија има државата со околу 40%. Според стратегијата на управување со државната сопственост, уделот на државата во Сава Ре не смее да падне на помалку од 25% и при тоа ниеаден друг акционер не смее да има поголем удел од државниот.

 

НБС: Соопштение до јавноста за нејзиното работење во секторот осигурување за 2016 година

Народната банка на Србија (НБС) објави извештај за секторот осигурување за изминатата 2016 година. Податоците од извештајот се однесуваат на финансисктата состојба и стабилноста на пазарот, но и супервизорските активности и нивните ефекти.

„Во текот на ланската година, завршена е обемна и комплексна работа околу усогласувањето на работата на сите пазарни учесници со Законот за осигурување, кој е донесен во 2014 година, како и подзаконските акти од тој закон, кои се донесени во првата половина од 2015 година. Може да се оцени дека посакуваниот резултат за создавање модернизиран, стабилен и пазар на осигурување кој е наклонет на потребите на граѓаните, во целост остварен.

Постапката за усогласување со новите регулативи побаруваше од друштвата за осигурување и реосигурување да направат темелни реформи на внатрешната организација, начинот на работата и односот кон клиентите, но и задоволување на цел низ квантитативни критериуми за финансиското работење. Пазарот на осигурување денес е добро капитализиран, со изградени квалитетни механизми на управување со ризици, ликвиден, солветен и профитабилен, а ги исполнува и сите поединечни стандарди кои се утврдени со прописите следејќи ги најдобрите европски пракси.

НБС разви и нови механизми за надзор на осигурувањето, кои се ориентирани на односот со клиентите во најширок смисол на зборот. Право на преддоговрно информирање, кое го утврдуваат новите прописи, овозможува на секој потенцијален клиент пред склучување на договорот за осигурување, му овозможува да ги разгледа сите елементи кои се значајни за донесување на одлуката. Намерата на НБС е оваа обврска на друштвата за осигурување доследно да се спроведува и континуирано да се унапредува, посебно кога се во прашање колективните осигурувањеа и осигурувања од сличен карактер, кои немаат директен контакт со осигураните лица. Иако супервизијата на осигурувањето не решава поедничени приговори, тоа може да го нашрави само во функцијата на заштита на корисникот, опишаното супервизиско работење е најдобра заштита и судство кое ќе донесе поголеми квалитети на услугите во осигурувањето. Дополнително, работевме и на креирање на механизми за подигнувањена нивото на компетенцијата и континуираната едукација на лицата кои се опфатени со работата на посредување и застапување на осигурување, како и на транспарентноста на информациите, благодарение на што денес, по пат на јавниот регистар на НБС, може да се добијат сите потребни информации за учесниците на пазарот на осигурувањето.

Општествено одговорна супервизија на осигурувањето каква што изградивме, сите свои активности ги стреми кон една единствена цел – нејзините резултати да бидат видливи во различни аспекти на секојдневниот живот на граѓаните. Таквите резултати се остварени најнапред на полето на доброволно и целоисходно осигурување, кое го постигнавме со елиминирање на појавите како што е наплата на осигурување со автобуски карти или принудно додавање на ставки на осигурување во сметките за комунални услуги. Правото на изборот на клиентот останува неприкосновено, а должноста на соучесникот од страната на понудата и понатаму ќе биде да се осигураат лесно разбирливи услуги, прилагодени на потребите на граѓаните и грашанскиот субјект, т.е. полно остварување на правата по основ на осигурување од страна на осигуреникот, корисникот на осигурувањето и третите оштетени лица. НБС ќе продолжи да води надзор на објавените резултати во осигрувуањето во вака дефиниран правец и во иднида, се истакнува во соопштението.

 

Склучен меморандум за партнерство и соработка меѓу РСБСП и АСО

Агенцијата  за супервизија на осигурување (АСО) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБС) денес  потпишаа меморандум за партнерство и соработка и заедничко дејствување.

Предмет на  заедничка соработка ќе биде реализација на активности за унапредување на финансиската писменост во областа на осигурувањето, реализација на активности за подобрување  на  безбедноста на сообраќајот на патиштата, активности за намалување на бројот на загинати и настрадани лица  во сообраќајни незгоди, едуцирање и финасиско знаење на ѓраѓаните за нивните права и обврски од осигурување во сообраќајот итн.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата м-р Стојче Стаменковски изјави дека врз основа на денешниот меморандум за соработка  РСБСП  и АСО во наредниот период ќе реализираат бројни заеднички активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку намалување на бројот на нерегистрирани возила во сообраќајот, активности за подигање на јавната свест за предностите и придобивките од осигурување на возилото, финансиско знаење  на учесниците во сообраќајот за  полисата за автоодговорност, пријавување на штета во случај на настанување на штетен настан, права и обврски од зелена карта, права и обврски за пополнување на европски записник и многу други активности.

Претседателот на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето д-р Климе Попоски изјави дека и во досегашниот период АСО  и РСБСП остварувале високо ниво на соработка а потпишувањето на денешниот меморандум за соработка ќе значи чекор напред кон унапредување на соработката помеѓу двете тела,  континуирана  размена на искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои што можат да се применат, а се со единствена цел едукација и заштита на животот и здравјето на граѓаните и заштита на нивните права.

Комисијата за финансиска супервизија ги објави резултатите од спроведениот стрес тест

Комисијата за финансиска супервизија во Бугарија (FSC) во објавените резултати од спроведениот стрес тест заклучува дека пензиските фондови како и балансите на осигурителните и реосигурителните компании се стабилни.

FSC во извештајот објавен на својата веб страна нагласува дека Бугарскиот осигурителен сектор останува над 100% од потребите за минимум капитал. „Прегледот на балансите на осигурителниот сектор остануваат со среден сразмер на солвентност (SCR) од 154% и сразмер на просечно минимално капитално побарување (MCR) од 308% за поединечни институции пред влијанието на процедурите за постојаност.“, изјавуваат од FSC. „По проверката на постојаноста спроведена од проектен менаџер, средниот SCR сразмер е 157%, а просечниот MCR размер е 313% за поедини институции. SCR за неживотното осигурување е 147%, а MCR е 333%, додека кај животното осигурување SCR е 235%, а MCR изнесува 238%. SCR за групации изнесува 107%, додека MCR сразмерот е 187%. Со ова се потврдува дека сите се над потребниот минимум“, додаваат од FSC.

Според регулаторот тринаесет компании имаат недоволни сопствени фондови за да ги покријат SCR и MCR сразмерите. Тие компании имаат MCR дефицит од приближно 12,8 милиони и вкупен SCR од 25,6 милиони. „Треба да се нагласи, дека овие дефицити се релативно мали во однос на капиталните побарувања и расположливите сопствени фондови во осигурителниот сектор се според средниот сразмер на SCR се 610 милиони, а треба да бидат 970 милиони.“

Од компаниите присутни на македонскиот пазар, мајката фирма на Евроинс, Euroins Insurance Group, се јавува во две од трите категории кои се предупредени од FSC. Кај оваа компанија се забележува на недоволна покриеност на SCR и за MCR.

Сепак од FSC изјавуваат дека дел од осигурителните компании веќе спровеле одредени чекори со кои се надополнети дефицитите. Во Euroins Insurance Group спроведени се серија на активности со кои е зголемен капиталот и како резултат на тоа не се потребни дополнителни мерки за консолидирање.

 

АСО се сели на нова локација

Агенцијата за супервизија на осигурувањето на својот сајт објави известување дека на 23.01.2017 година агенцијата ќе се сели во нови деловни простории, кои се наоѓаат на адреса:

Ул, Македонија б.б. – “Палата Лазар Поп-Трајков“ – 5-ти кат, 1000 – Скопје

Овој објект е еден од новоизградените во рамките на проектот Скопје 2014 и се наоѓа во непосредна близина на хотел Бристол.

ЕУ и САД потпишаа спогодба за дефинирање на меѓусебните регулативи во осигурувањето

Неколку светски медиуми јавија за договорот помеѓу ЕУ и САД кој се однесува на регулативите за осигурувањето и реосигурувањето. Договорот покрива три области од оваа индустрија: реосигурување, групна супервизија и размена на информациии помеѓу регулаторите.

Договорот, кој е финале на четиригодишниот процес, се овозможи со помош на т.н. Dodd-Frank – реформите за кои Доналд Трамп најави дека ќе ги напушти. Според договорот ќе се ослободи голем капитал за европските реосигурителни компании, кој во моментов мора да биде депониран, ако сакаат да имаат свое присуство на америсканскиот осигурителен пазар. Од друга страна, на американските осигурителни друштва им е ветено дека нема да им биде потребен пост капитал за да ја извршуваат својата дејност во рамките на ЕУ.

Со овој договор, се проценува дека ќе се ослободат $40 милијарди, кои реосигурителните компании мора да ги имаат како гарантен фонд според побарувањата од американските регулативи. Заменик претседателот на Европската комисија Vladis Dambrowskis договорот го гледа како вин-вин зделка „од кој бенефит ќе имаат осигурувачите, реосигурувачите и осигурениците на двете страни од Атлантикот.“ Munich Re, Hanover Re, Scor и Lloyds повеќе нема да имаат потреба да чуваат капитал за покритие на американските полиси за реосигурување издадени на нивните локални пазари.

Америка обезбеди приоритет во контролата на работењето на нејзините осигурувачи на европски тло, лимитирајќи ги странските регулатори без оглед на солвентноста, извештаите за капиталот и управувањето. Исто така странските агенции може да добијаат информации за меѓународното работење на групациите, доколку постои сомнеж дека тоа може да е ризично за нивните локални осигурителни пазари и осигуреници. Leigh Ann Pusey, извршен директор на Американската асоцијација на осигурувачи, го поддржува договорот и го објаснува бенефитот и за членките на асоцијацијата. „Во последните неколку месеци, американските осигурителни групации, со свои испостави во ЕУ, постојано беа предмет на дискриминација со воведувањето на Солвентност 2. Со денешниот договор, супервизорите во ЕУ, дозволуваат американските осигурувачи и реосигурувачи да се натпреваруваат во своите пазари, без тоа да биде огромен трошок и контролирани од двојни регулативи според Солвентност 2“.

На оваа спогодба се чекаше две децении. Сепак, нејзината имплементација нема да биде веднаш и може ќе треба да поминат 5 години за целосно да се спроведе. Најнапред овој договор мора да биде одобрен од Парламентот на ЕУ и Конгресот во САД.

 

Албанскиот осигурителен пазар продолжува со растот

Албанските осигурителни компании во првите 11 месеци полисирале вкупно 99,3 милиони бруто премија. Ова го соопшти националната агенција за финансиска супервизија (AMF). Оваа бројка претставува раст од 7,85% во однос на истиот период лани.

Како и во претходните извештаи, од вкпуната БПП, поголемиот дел отпаѓа за неживотно осигурување изнесува, 93%. Овој процент дополнително се зголеми, затоа што неживотното осигурување во овие единаесет месеци забележало раст од 8,7%, додека неживотното е во пад од 6,9%.

Регулаторното тело во извештајот соошти дека до ноември се направени вкупно 996.556 договори, што е за 1,7% повеќе од лани. Во пораст се и исплатените штети, за 21%.

Повикувајќи се на извештајот на AMF, водечка компанија во секотрот живот е Signal Life Uniqa Group Austria, која држи 66,4% од пазарот, следен од Sicred (23,1%) и Insig (10,5%). Кај неживотното осигурување Signal Life Uniqa Group Austria со 27,8% е водечка, додека од останатите компании кои имаат значаен удел присутни се Eurosig, Sigma Interalbanien Vienna Insurance Group, Intersig Vienna Insurance Group и Albsig.

НБС и италијанскиот супервизор потпишаа Меморандум за разбирање

По повеќегодиншното успешно работење на италијанските осигурителни друштва во Србија, каде важат за едни од најголемите инвеститори во овој сектор, Народната банка на Србија (НБС) и Италијанската агенција за супервизија на осигурувањето (IVASS) потпишаа Меморандум за разбирање. Со овој договор се регулираат заедничките активности, како и размена на информации, што првенствено се однесува на двете осигурителни куќи Unipol и Generali, кои се две од трите најголеми осигурувачи, а воедно и две од четирите најголеми реосигурувачи на осигурителниот пазар во Србија.

Се очекува соработката помеѓу супервизорите да се прошири во повеќе контексти со цел да се усвои најдобрата практичнен модел и континуирано да се унапредува надзорниот и регулативниот облик. НБС ги исполни сите критериуми потребни за овој договор, кои произлегуваат од членството на  IVASS во европскиот сојуз на супервизии и доброволните пензиски фондови (EIOPA), а се однесуваат на доверливоста на податоците.

Претходно НБС има потпишано вакви меморандуми и со органите за супервизија од Австрија и Словенија, со што се комплетира кругот земји од каде потекнуваат поголемиот дел од осигурувачи кои работат на осигурителниот пазар во Србија.

Бугарската комисија за финансиски надзор ќе спроведе стрес тест на (ре)осигурителниот сектор

Бугарската комисија за финансиски надзор (БКФН) изјавија дека ја најмиле консултантската куќа ЕY за да советува при спроведувањето на стрес тестот на осигурителниот и реосигурителниот сектор во земјата. Според побарувањата од БКФН, консултанстката треба да ја развијат и организираат методологијата по која ќе се спроведе стрес тестот. Се предвидува симулацијата да заврши до крајот на годината.

„Откако ќе ги добиеме влезните податоци и информациите, консултантите ќе ја разгледаат комплетноста на податоците и нивната точност, користејќи соодветен тест и преглед на пресметктие од осигурувањето и реосигурувањето“, се истакнува во соопштението на комисијата.

Консултантите покрај сите активности кои се потребни за припрема и спроведување на стрес тестот, се обврзуваат да изготват и поединечни извештаи за секое осигурување и реосигурување и завршен извештај за поединечни и заеднички резултати од тестот. Во финалните поединечни извештаи мора да се содржат следните податоци: статистика од осигурувањето, солвентност, сопствени фондови, анализа на профилот на ризик, ниво на солвентност во различни сценарија, коментари и заклучоци на консултантите.

Стрес тестот ќе симулира четири екстремни сценарија – земјотрес, поплави, недостаток на залихи и животен ризик. Референтен датум ќе се земе 30.6.2016.

Препораката за спроведување на овој тестот дојде од Европската комисија во мај 2015, со цел да се направи супервизија и јакнење на банкарскиот и небанкарскиот финансиски сектор.

Дали Крајина осигурување е пред колапс?

ЕФ Ревизор од Бања лука го објави извештајот за ревизијата спроведена во Крајина осигурување. Бројките во него се загружувачки, затоа што за првото полугодие од 2016 компанијата направила нето загуба од КМ7.78 милиони.

Краткорочните обврски на компанијата го надминале тековниот капитал од КМ3,51 милиони, а коефициентот на ликвидност од 0,67% покажува дека оваа осигурителна компанија може да се најде во сериозни проблеми со измирувањето на обврските кон добавувачите и кредиторите на денот на нивното доспевање.

„Загубите на Крајина осигурување од разни години од 3.13 милиони, заедно со нето загубата од првото полугодие на оваа година достигнува КМ11,09 милиони, односно 81,16% од основниот капитал регистриран во судските и другите законски регистри, што директно ги загрозува принципите на работа“-се истакнува во ревизорскиот извештај

Техничките резерви на Крајина осигурување, на крајот од јуни изнесувале КМ8,25 милиони, со што се покриени само 55,61%, додека за нивно целосно покритие недостасуваат уште КМ3,66 милиони.

На крајот од 2015, преку процес на докапитализација, друштвото ги промени сопствениците. Откако новите акционери Navena Agarvala и Gupte Nete го превземаа работењето, Крајина осигурување западна во криза поради голем број на сомнителни финансиски трансакции и одлуки.

Турбулентниот период во работењето се одрази и на персоналот. Директорите беа менувани постојано, голем број работници беа отпуштени. Сето ова доведе да Агенцијата за осигурување на Република Српска во јули да воведе принудна управа, со што престана надлежноста на директорите, управниот и надзорниот одбор, како и собранието на акционери.