Tag Archives: Словенија

Државата го зголемува уделот во Сава Ре

Сава Ре објави дека на предлог на Владата на Република Словенија, Словенечкиот државен холдинг (СДХ) без надокнада пренел во државна сопственост 1.261.034 акции од оваа компанија. Бројот на акции кои се во сопственост на СДХ пред преносот изнесуваше 4.304.917 и претставуваше 25% (+1 акција) од вкупниот број на акции, т.е. 27,78% од акциите со право на глас. По преносот СДХ располага со 17,68% од сите акции, т.е. 19,64% од акциите со право на глас.

Од друга страна Република Словенија сега поседува 10,09% од сите акции на Сава Ре, т.е. 11,21% од акциите кои се со право на глас.

Словенија: Раст на пазарот од 6,6% во првите три квартала

Словенечките осигурувачи оствариле за 6,6% поголема БПП во првите три квартали од годината, споредено ос истиот период минатата година. Полисирана е вкупно €1,67 милијарди бруто премија, од кое €486 милиони отпаѓаат на животното осигурување (10,1% раст во однос на 2016 година) и €1,18 милијарди на неживтно осигурување (раст од 5,2% во однос на 2016 година).

Зголемени се и бројките на бруто исплатената штета за 9,8% и таа достигнува €1,1 милијарда.

На пазарот на животно осигурување водечки компании се Триглав, Сава и Модра, кои држат 52,5% од пазарот. И кај неживотното осигурување водечки се Триглав (29% удел) и Сава (19%), следени од Взајемна (17,8%) и Адриатик Словеница (15,7%).

Заваровалница Триглав: Во првите девет месеци зголемена БПП и намалена нето добивка

Заваровалница Триглав во првите девет месеци остварила нето добивка од €52,3 милиони, што е намалување во однос на ланскиот профит во првите три квартала од €53,6 милиони.

Вкупната БПП на ниво на групација е зголемена за 8,0% во однос на истата на крајот од септемрви минатата година и изнесува €777,1 милиони. Оваа премија е остварена преку осигурување, реосигурување и соосигурување. Андреј Слапар, претседателот на бордот на директори вели дека „во првите девет месеци од 2017 година, не само што групацијата работеше профитабилно, туку бепе и финансиски силна што е потврдено и со кредитните рејтинзи“.

БПП во сегментот на осигурување бележи раст во сите три сектора. Кај неживотното осигурување растот е 8% со кои е достигната БПП од €517,5 милиони. Животното осигурување е зголемено за 3% на €163,0 милиони, додека БПП кај доброволното здраствено осигурување е во пораст од 14% и изнесува €96,5 милиони. 76,8% од вкупната премија на ниво на групација е направена во Словенија, 17,8% надвор од домашниот осигурителен пазар, додека светската реосигурителна премија има удел од 5,4% во вкупната БПП.

На словенечкиот пазар БПП е во пораст од 7% и изнесува €596,6 милиони. На останатите пазари, 11% пораст е регистриран во Хрватска (€43,4 милиони), 29% во Србија (€33,6 милиони), 3% во Црна Гора (€23,7 милиони), 6% во БиХ (€21,0 милиони), 1% во Македонија (€16,7 милиони) и 11% на светските пазари (€42,1 милиони).

A.M. Бест ги потврди високите оцени за Сава Ре и Заваровалница Триглав

A.M. Бест, агенција за оценување на финансиска моќ и кредитен рејтинг, ја потврди својата претходна оцена А- (Одличен) за финансиската моќ и а- (Одличен) за кредитниот рејтинг за словенечката Сава Ре. Потврдената оцена се должи на добриот баланс на трошоците и приходите, како и соодветната капитализација според ризикот. Од агенцијата, инвестициското портфолио на Сава Ре го оценуваат како разноврсно и конзервативно, што исто така влијае на потврдата на оцената. Претпазливоста во пристапот на пазарите и мудрото управување со резервите се уште еден аргумент за компанијата да ги добие двете високи оцени од агенцијата. Од агенцијата очекуваат Сава Ре да има пристоен раст на премијата во 2017 година, имајќи ги предвид предизвикувачките макроекономски услови во Словенија и големата конкурентност на реосигурителните пазари надвор од Словенија.

A.M. Бест ги објави оценките и за Заваровалница Триглав. И кај оваа компанија е потврдена претходната оцена А (Одличен) за финансиската моќ и а (Одличен) за кредитниот рејтинг. Високите оцени на ова друштво се темелат на големата финансиска моќ на Триглав, одличното работење во последните пет години, како и на доброто управување со ризици. Агенцијата утврдила дека групацијата е добро капитализирана, мудро управува со резервите и дека имаат висок степен на финансиска флексибилност. Во извештајот на агенцијата позитивно се оценува подобрувањето на работењето на компанијата надвор од словенечкиот пазар, каде успева продажбата да ја оствари преку поевтини канали на дистрибуција.

КД Груп го продава осигурителното портфолио

Словенечкиот финансиски холдинг КД Груп, преку Љубљанска берза, издаде соопштение во кое се наведува дека менаџментот на групацијата ја ангажирала ЛАЗАРД како консултантска компанија со цел пронаоѓање на инвеститот кој би откупил мнозинство од акциите на осигурителното друштво Адриатик Словеника, кое е во целосна сопственост на групацијата.
Оваа осигурителна компанија е трета компанија според БПП на словенечкиот пазар. Според официјалните извештаи од Словенечката асицијација на осигурувачи, Адриатик Словеника првата половина од годината ја заврши со €161,9 милиони, што претставува пазарен удел од 13,9%. €33,9 милиони од вкупната БПП се акумулирани преку полиси за животно осигурување, додека останатите €128 милиони се полисирани во секторот неживот.
Адриатик Словеника е настаната со фузијата на осигурувачот Словеника (основан 1992 година и во сопственост на КД Холдин од 1996 година) и осигурувачот Адриатик (основан 1990 година, откупен од КД во 1999 година).
Адриатик Словеника 2016 година ја заврши со 1140 вработени, учество на пазарот од 15,1%, БПП од €303,5 милиони, БИШ €218,7 милиони, вредност на акциите €42,99 милиони и профит пред оданочување €11 милиони.

SEENEWS: Заваровалница Триглав е водечка осигурителна компанија во Југоисточна Европа

„Осигурителната индустрија во земјите од Југоисточна Европа (земјите од поранешна Југославија, Бугарија, Романија, Албанија и Молдавија)  остануваат еластични на притисокот кој произлегува од постојаните ниски каматни стапки, финансиската непостојаност на пазарите, строгите побарувања од регулативите и домграфските промени.“ Ова се наведува во годинешниот извештај на стоте најуспешни компании во земјите до Југоисточна Европа издаден од реномираниот портал seenews.com.

Не само што осигурителните компании одлично се справуваат со предизвиците кои ги носат пазарите и финансиското опкружување, туку стоте најголеми осигурувачи од овој регион,  2016 година ја завршиле со најголема вкупна бруто полисирана премија (БПП ) од 7,2 милијарди (2016: 6,77 милијарди) и најголема вкупна заработка. Процентот на раст на БПП е најголем во последните осум години (6,3%), додека профитот е зголемен за 56% од 365 милиони (2015: 234 милиони). Растот на профитот е проследен со податок дека 89 компании работеле со профит.

Осигурителниот пазар во Романија и Србија забележа двоцифрен раст на растот на премиите и значително подобрување на профитот, додека во Албанија беа забележани натпросечни резултати. Романија е и најголем осигурителен пазар и осигурителните компании од оваа земја се главно концентрирани на домашниот пазар за разлика од вториот по големина, словенечкиот, каде компаниите имаат свои испостави во речиси сите земји од поранешна Југославија. На третото место според годинешниот извештај е Хрватска.

Заваровалница Триглав останува на првото место и во 2016 година со премии и профит далеку пред останатите осигрувачи предводени од Заваровалница Сава. Вториот словенечки осигурувач, иако има намалување на профитот за 16%, сепак  напредуваше три позиции поради растот на БПП за 1,5%. Ова е десетта година по ред како листата е предводена од словенечки осигурувач. Третото место припаѓа на Кроација осигурување, која го изгуби второто место проади падот на БПП за 1,1%. Најголем скок оствари бугарскиот осигурувач Дал Бог Живот и Здраве, кој се искачи за 44 места на 48 позиција. Најголемиот губитник исто така доаѓа од Бугарија, ДЗИ Лајф Иншуранс, чие овогодишно рангирање е за 24 места полошо во однос на ланското.

Од македонските осигурувачи најдобро рангиран е Триглав осигурување на 71 позиција (2016:72 позиција), пред Осигурување Македонија (2017: 82, 2016: 86) и Еуролинк (2017: 88, 2016: 89).

Минхен Ре и Пик Ре заинтересирани да купат дел од Сава Ре?

Словенечки Дело објави текст кој се однесува на намерите на хрватската групација Адрис да откупи власнички дел од акциите на Сава Ре. Според тезите објавени во овој текст, во позадина на одбиеното барање од страна на словенечките инсититуции стои политичка одлука, а не економска или правна.

Авторот на текстот обелоденува дека интерес за откупување на Сава Ре пројавиле и германската Минхен Ре, како и Пик Ре од Хонг Конг. Имајќи предвид дека словенечко-хрватските односи не се на завидно ниво, полесно е да се каже „не“ на Поленкович, отколу на Ангела Меркел.

Во одлуката да не се прифати барањето на Адрис за зголемување на својот удел од 20 на 33%  учествуваа Агенцијата за надзор на пазарот за осигурување и Словенечкиот државен холдинг, кој управува со портфолиото на држацниот имот.

Адрис веќе два пати поднесе барање за откуп на 13% акции во Сава Ре. Првиот пат беше преку својата ќерка фирма, Кроација осигурување, а вториот пат настапи како групација.

 

S & P Global Ratings го потврди кредитниот рејтинг А на Триглав Групација

S & P Global Ratings, рејтинг агенција, го потврди кредитниот рејтинг и ја оцени финансиската моќ со „А“  на Триглав групацијата, а со тоа и матичната компанија Заваровалница Триглав и нејзината ќеркинска компанија Тиглав Ре. Кредитните оцени имаат стабилна среднорочна прогноза.

Во објавениот извештај на агенцијата, се проценува дека профилот на ризикот на работење на Групацијата е солиден. При оформување рејтингот земено е предвид силната позиција на Групацијата на пазарот во Словенија, како и во регионот. Профилот на финансискиот ризик е оценет како доста силен. Според проценката на агенцијата, адекватноста на капиталот е стабилна. Извештајот потврдува дека Групацијата има реосигурителна заштита која соодветствува на изложеноста на ризик.

Групацијата ја задржува профитабилноста на работењето и е насочена на два вида работење: осигурување и управување со недвижности. Позитивно е оценета стратешката значење и развојот на активностите околу управување со недвижности. Агенцијата со извештајот дава поддршка на дигитализацијата, развојот на новите производи и продажните канали, кои веќе од страна на S & P се оценети како позитивни.

Кредитниот рејтинг е направен исклучиво врз основа на работењето на Групацијата и на него нема никакво влијание поврзаноста на Групациајта со државата. Стабилниот среднорочен кредитен рејтинг значи дека агенцијата очекува Триглав Групација да продолжи успешно да ја спроведува својата стратегија со акцент на профитабилноста, растот и одржувањето на високата адекватност на капиталот во следните две години.

 

Сава Ре: зголемена консолидирана добивка од 19,4% во првите шест месеци

Сава Ре објавија соопштение во кое се наведува дека во првата половина од 2017 година на пазарите во Македонија, Словенија, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора, остварена е консолидирана добивка од €17,1 милиони, што е за 19,4% повеќе од првото полугодие во 2016 година.

„Подобрувањето во резултатите е главно водено од подобрениот развој на словенечкиот пазар за неживотно осигурување.“, стои во соопштението на Сава Ре. Оваа

Вкупната БПП на крајот од јуни изнесува €297,8 милиони, што претставува зголемување од 6,0%, додека нето заработената премија е зголемена за 1,9% и изнесува €230,3 милиони.

Во пораст е и сумата на исплатените штети, која достигнува €141,97 милиони, 7,7% повеќе од првото полугодие во 2016 година.

 

Повторно е одбиено барањето на Адрис за зголемување на нивниот удел во Сава Ре

Словенечкото супервизор за осигурување по втор пат го одби барањето на Адрис групацијата за зголемување на нејзиниот удел во Сава Ре. Според неслужбените информации на љубљанскиот весник Дело, стручниот совет на Агенцијата за надзор на осигуриелниот пазар, на почетокот од неделата разговарало за барањето уделот на Адрис од 20 да се зголеми на речиси 33% и од од засега сѐ уште непознати причини не дало согласност.

Против зголемување на уделот во Сава Ре биле и од Словенечкиот државен холдинг, кој управува со портфолиото на државната сопственост, а против согласност гласале и членови кои се блиски до партијата на премиерот Мире Церара.

Првиот обид на Адрис беше минатата година, кога преку Кроација осигурање, која е во сопственост на групацијата, поднесоа барање за зголемување на уделот во Сарва Ре. Тогаш од Агенцијата објаснија дека Кроација осигурање е премногу изложена на хрватски државни обврзници и со тоа внесува ризик на словенечкиот осигурителен пазар.

Најголем удел во словенечката компанија има државата со околу 40%. Според стратегијата на управување со државната сопственост, уделот на државата во Сава Ре не смее да падне на помалку од 25% и при тоа ниеаден друг акционер не смее да има поголем удел од државниот.