Tag Archives: САД

Алианц со активности за ширење на кинескиот, францускиот и американскиот пазар

Кинеската регулаторна агенција му издаде целосна лиценца на Алианц, со што оваа компанија ќе може да продава осигурување на имот и незгоди, здраствено осигурување, осигурување на возила, поморско осигурување и осигурување на кредити. Од Алианц објавија дека планираат да ја зголемат продажбата и присутноста на овој пазар направат преку отворање на своја подружница во Пекин, откако веќе имаат свои филијали во Гуангдонг и Шангај. Кина беше втор најголем осигурителен пазар во 2016 година.

Германскиот осигурувач исто така објави дека планира да инвестира €1,85 милијарди за купување на акциите на францускиот осигурувач на кредити Ојлер Хермес. Со аквизацијата на дополнителните 11,3% акции нивниот удел во овој француски осигурувач ќе се зголеми на 74,3%. Од Алианц планираат и да објават јавна понуда за преостанатите акции, со исклучок на трезорските, по иста цена од €122, колку што беа купени и последните. „Зголемувањето на сопственичкиот удел во Ојлер Хермес е логичен чекор за Алианц со што капиталот се распределува во компании со солидни економски резултати.“, стои во соопштението на Алианц.

Ова не се единствените активности од германската осигурителна куќа. Оливер Баете истакнува дека Алианц размислува за преземање на големи осигурителни куќи во САД. „Купувањето на мали компании за нас нема смисла. Ние мора да гледаме кој би бил добар избор за нас, кој ќе има чист биланс и кој има прифатлива цена“,  истакнува Баете. Во интервјуто за германскиот весник Зуддојче Цајтунг, Баете не сакаше да ги коментира гласините дека Алианц фрлил око на еден од најголемите конкуренти, Цирих.

Аетна се продаде за $69 милијарди на компанија од фармацевтската индустрија

CVS американски ланец на апотеки постигна договор за купување на една од најголемите осигурителни компании кои нудат здраствено осигурување, Аетна. Според потпишаниот договор, вкупната згелка ќе изнесува $69 милијарди, а акционерите ќе добијат по $207 по акција, од што $145 долара во кеш и остатокот во новоиздадени акции.

Со оваа трансакција се потврдуваат мислењата на одредени експерти дека границата помеѓу фармацијата и здраственото осигурување е сѐ помалку јасна. Воедно склучувањето на договорот се поклопува со времето кога Доналд Трамп остро ги критикува зголемените трошоци за лекување и таканаречените иновативни методи на лечење.

Во доменот на шпекулации кружат гласини дека и Амазон разгледува опции за влез на пазарот за здраствено осигурување што шпекуланитите ги мотивираше да ги бараат потенцијални компании преку кои би го направиле тоа.

Како Карипските острови добија отштета многу побрзо од жртвите на ураганите во САД?

Карипските острови добија брза исплата на осигураните штети, за разлика од жртвите на ураганите од Флорида и Тексас, кои можеби ќе треба да чекаат уште неколку недели, или месеци, за да добијат обештетување. Дел од овие острови се членки на непрофитабилна организација која е оснивана со цел да им исплати на владите парите во случај на настанување природна катастрофа. Полисите на оваа организација, Карипска структура за осигурување на ризик од катастрофи (CCRIF), се параметриски, што овозможува исплата на одредена сума веднаш штом штетата ќе настапи. Брзата исплата е за сметка на реалната исплата која во класичнтие полиси се исплаќа откако ќе се утврди точната висина.

„Тоа што ние го ветуваме е дека исплатата ќе биде најкасно до 14 дена од настанувањето на катастрофата. Оваа идеја овозможува брза ликвидност на земјите“, изјавува директорот на CCRIF, Исак Ентони. „Голем дел од парите се користат за итно расчистување. Имавме случаи каде беа искористени за поправка на мостови и згради, или за да се ангажира привремен персонал кој ќе помогне во спроведување на владини одлуки.“

Оваа организација е само еден прстен од синџирот на вакви иснтитуции кои имаат за цел да го подобрат осигурителното покритие каде побарувачката за осигурување е на ниско ниво. CCRIF изјавија дека пред дваесети септември исплатиле $30 милиони на Антигва и Барбуда, Ангуила, Ст. Китс и Невис, Туркс и Каико острови, Хаити и на Бахамите.

Аетна по грешка откри ХИВ статус на свои клиенти

Аетна, осигурителна куќа од САД, при испраќање на дописот за достапни лекарства на 12.000 лица, ненамерно ги откри ХИВ статусите на некои свои клиенти. Поштенски испратениот допис бил со цел да се информираат лицата за можностите во рамките на нивните полиси. Меѓутоа покрај видливото име и адреса, низ мал провиден дел од ковертот била видлив и делот од дописот на кој се испишани рецептите за ХИВ болните.

Аетна веднаш испрати второ писмо со извинување, објаснувајќи дека поради нарушување на стандардниот шаблон со кој ги печатат известувањата, настанало поместување на содржината. „Овој тип на грешка е неприфатлив. Искрено се извинуваме на сите кои се погодени со испратената пошта која ненамерно ги објави нивните лични податоци“, стои во извинувањето од Аетна.

Правните служби кои ги контактирале поединците чии писма ги виделе нивните родители, цимери и соседи, затоа што лицата со позитивен ХИВ статис може да се соочат со дискриминација при вработување, станбено згрижување и образованието.

 

Новата онлајн платформа на Sagicor може да издаде 20 полиси за животно осигурување во минута

Американсата осигурителна компанија, Sagicor Life Insurance, промовираше онлајн платформа за дистрибуција на осигурување, која може да издаде 20 полиси во минута.

Откако потенцијалните осигуреници ќе одговорат на пет прашања, им се нуди можност за покритие за живот до $500,000 или $250,000 за целосното животно осигурување кое се нуди. Веднаш откако осигурувањето ќе се одобри, полисата може да биде испорачана онлајн, а наплатата се прави преку повлекување пари од трансакциска сметка или со кредитна картичка.

„Денес се потпираме на дигитални платформи повеќе од кога и да било и животното осигурување има потреба да го следи овој тренд“, вели Bart Catmull, претседател на компанијата. „Ние знаеме дека животното осигурување не е забавна тема за разговор и со години наназад процесот на купување бил  комплексен и збунувачки.Затоа сакавме да го промениме во целост. Сакаме да создадеме нешто што е едноставно и јасно, без притисоци и боцкање од агентите, и без чекање на денови, седмици или месеци за да се знае дали клиентот е подобен за осигуруваето и која би била цената.“, додава Catmull.

Платформата во моментов може да се користи во Флорида, Тексас и Аризона.

 

Трамп на првиот работен ден укина одредба на Обама за домаќинско осигурување

Во првиот работен ден на администрацијата на 45-тиот американски претседател беше отповикана одредбата донесена во последните денови од мандатот на Обама, која се однесуваше на домаќинското осигурување. Според одредбата од владината програма, сите кои за прв пат купуваат дом или купувачите кои се од класата на лица со ниски примања, годишно ќе заштедат $500 годишно од $20.000 преку намалување на ратата за осигурување за неисполнување на обврските стекнати со купопрадажниот договор.

Оваа одлука ја остава во неизвесност осигурителната индустрија кои ќе бидат следните потези на поранешниот магнат. Се претпоставува дека приватното здраствено осигурување ќе претрпи најголеми измени од сите сегменти на осигурителниот бизнис. Аналитичарите тоа го поткрепуваат со една од главните реформи во програмата на Трамп, укинувањето и замената на Affordable Care Act, воведен од страна на Барак Обама.

Програмата на Трамп предвидува реформи и во другите сектори на осигурителниот бизнис, како помало особено влијание на осигурителниот бизнис од страна на владата согласно на државниот регулаторен систем.  Некои од предложените реформи во програмата ќе имаат влијание врз техничката организација на осигурителниот сектор. Аналитичарите се во исчекување да видат дали тие ќе донесат флексибилност во регулативите и технологијата и иновациите на федерално ниво, а со тоа и индиректно на републичко ниво.

„Експанзивната фискална политика ќе доведе до побрз раст на каматите, што ќе им помогне на осигурителните друштва да бидат попрофитабилни. Дополнително, креирање на стратепка важна финансиска институција може да го поништи и замени Dodd-frank актот, што ќе има големо влијание на големите осигурувачи“, тврди Mitch Wein од Novarica, компанија специјализирана за анализа и консултации во осигурителниот сектор.

Исплатена штета за рекордни три секунди

Lemonade, осигурителна компанија од САД, која своите продукти ги нуди исклучиво преку интернет и мобилни апликации, го менува начинот на кој ќе бидат проценувани и исплаќани штетите. На своите сегашни и инди осгуреници од Lemonade им ветуваат дека ќе се укине бирократијата и благодарение на вештачката интелегенција исплатата на штетите ќе биде инстантна. Тие објавија и дека „постигнале светски рекорд во брзина и леснотија на испалта на штета“, откако обработката на штетата е направена во три секунди, без папирологија.

Според пишувањата на порталот propertycasualty, Brandon Pharm користејќи ја апликацијата на Lemonade, го опишал осигурениот случај (кражба на $979 вредна јакна) и поднел барање за исплата на отштета. Осигурителната куќа била во можност да ја провери штетата, полисата за осигурување. Со помош на 18 алгоритми за борба против измама да ја провери веродостојноста на осигурениот случај, по што ја одобриле отштетата и пратен е налог за исплата на трансакциската банковна сметка. За сето ова било потребно три секунди.

„Бидејќи не постојат меѓународни стандарди за исплата на штета, Гинисовта книга на рекорди не можеше да ја регистрира оваа исплата како рекорд. Но, тие што се долго во оваа индустрија знаат дека не се памети случај во три милениумската историја на осигурителниот бизнис, исплата во три секунди“, изјави Daniel Schreiber, извршниот директор и оснивач на Lemonade.

 

ЕУ и САД потпишаа спогодба за дефинирање на меѓусебните регулативи во осигурувањето

Неколку светски медиуми јавија за договорот помеѓу ЕУ и САД кој се однесува на регулативите за осигурувањето и реосигурувањето. Договорот покрива три области од оваа индустрија: реосигурување, групна супервизија и размена на информациии помеѓу регулаторите.

Договорот, кој е финале на четиригодишниот процес, се овозможи со помош на т.н. Dodd-Frank – реформите за кои Доналд Трамп најави дека ќе ги напушти. Според договорот ќе се ослободи голем капитал за европските реосигурителни компании, кој во моментов мора да биде депониран, ако сакаат да имаат свое присуство на америсканскиот осигурителен пазар. Од друга страна, на американските осигурителни друштва им е ветено дека нема да им биде потребен пост капитал за да ја извршуваат својата дејност во рамките на ЕУ.

Со овој договор, се проценува дека ќе се ослободат $40 милијарди, кои реосигурителните компании мора да ги имаат како гарантен фонд според побарувањата од американските регулативи. Заменик претседателот на Европската комисија Vladis Dambrowskis договорот го гледа како вин-вин зделка „од кој бенефит ќе имаат осигурувачите, реосигурувачите и осигурениците на двете страни од Атлантикот.“ Munich Re, Hanover Re, Scor и Lloyds повеќе нема да имаат потреба да чуваат капитал за покритие на американските полиси за реосигурување издадени на нивните локални пазари.

Америка обезбеди приоритет во контролата на работењето на нејзините осигурувачи на европски тло, лимитирајќи ги странските регулатори без оглед на солвентноста, извештаите за капиталот и управувањето. Исто така странските агенции може да добијаат информации за меѓународното работење на групациите, доколку постои сомнеж дека тоа може да е ризично за нивните локални осигурителни пазари и осигуреници. Leigh Ann Pusey, извршен директор на Американската асоцијација на осигурувачи, го поддржува договорот и го објаснува бенефитот и за членките на асоцијацијата. „Во последните неколку месеци, американските осигурителни групации, со свои испостави во ЕУ, постојано беа предмет на дискриминација со воведувањето на Солвентност 2. Со денешниот договор, супервизорите во ЕУ, дозволуваат американските осигурувачи и реосигурувачи да се натпреваруваат во своите пазари, без тоа да биде огромен трошок и контролирани од двојни регулативи според Солвентност 2“.

На оваа спогодба се чекаше две децении. Сепак, нејзината имплементација нема да биде веднаш и може ќе треба да поминат 5 години за целосно да се спроведе. Најнапред овој договор мора да биде одобрен од Парламентот на ЕУ и Конгресот во САД.

 

Ernst & Young: Уделот на осигурувачите најмногу ќе зависи од тахнологијата, податоците и анализата

Ernst & Young  објави студија во која се наведува дека американскиот сектор на неживотно осигурување се наоѓа под притисок и неговата иднина во голема мера ќе зи од стратешката употреба на технологијата. Според резултатите од студијата секторот неживот се соочува со намалени инвестициски приходи, повисоки исплати за штета во период кога напредокот на технологијата ги зголемува очекувањата на клиентот за поголеми иновации и ревизија на традиционалниот модел на осгирување.

Од извештајот може да се предвиди дека развојот на интернетот, телематиката, вештачката интелегенција, автономните автомобили и blockchain имаат потенцијал да ја трансформираат индустријата. Предвидувањата одат до таму што според извештајот може да се очекува и да се редефинираат и ризиците.

„Во иднина натпреварот за поголем удел на осигурителниот пазар најмногу ќе зависи од тахнологијата, податоците и анализата“, се заклучува во извештајот. Имајќи ја предвид големината на податоците со кои располагаат осигурителни друштва, во осигурувањето секторот на сајбер сигурност ќе биде помеѓу водечките преиоритети.

 

Како победата на Доналд Трамп ќе влијае на осурителниот бизнис?

Многумина аналитичари сметаат дека Доналд Трамп е личноста што и треба на глобалната осигурителна индустрија. Водени од просатот на акциите во неколку од најголемите компании од овој сектор, кои по одржувањето на изборите во САД, високо го надминаа нивото на пазарот, влеваат надеж за крај на долготрајниот притисок на нивниот поврат.

Повратот на финансискиот приход, години наназад, беше изеден од ултра-ниски стапки, со што им се нанесе штета на осигурениците. Беше наметната потреба кај бизнис моделите за конзервативна распределба на премиите на осигурениците, обично преку држење на корпорациски и владини обврзници.

Сега, кога финансиските пазари ги одразуваат очекувањата на САД за свртување кон фискален стимул, потенцијалот за добивка е многу поголем. Тоа се гледа во зацврстување на растот и одржување на трендот на повисоки каматни стапки.

Исходот од претседателските избори доведе до скок на обврзниците, кој заедно со можноста за полесна финансиска регулатива – предизвикаа раст на акциите од околу 18 проценти во двете најголеми американски осигурителни компании според капиталот, MetLife и Prudential Financial.

Бенефит има и кај европските осигурителни компании. Британската UK’s Prudential бележи скок во цената на акциите за 19 проценти, додека француска Axa за 14 проценти.

За Financial times, Michael Siegel, главен шеф на секторот осигурување во Goldman Sachs Asset Management, изјавува „Пазарите на капитал го добија токму она вистинското. Оваа индустрија ќе има корист од постепено зголемување на каматните стапки.”

Повикувајќи се на податоци од Меѓународниот Монетарен Фонд, осигурителните компании со $24 трилиони вредност на инвестиции играат главна улога на светските пазари. Тоа претставува околу 12 проценти од глобалните финансиски капитал. Долготраен тренд на повисоки приноси, конечно ќе ѝ овозможи на индустријата да ги реинвестира оплодените средствата од обврзниците на поатрактивни нивоа. Повеќегодишниот шпекулативен пазар на обврзници беше постојано во потешкотии, така што осигурителните компании немаа друг избор освен да ги купуваат по пониски стапки, свесно заклучувајќи ги со послаб поврат со години.

Придобивките од повисоки приноси особено ќе ги почувствуваат осигурителните компании за животно осигурување. Потребата од инвестиции на долг рок, приморува нивната одговорност да се протега со децении. Просечното времетраење на обврзниците кои ги држат е околу седум или осум години, наспроти три или четири години на обврзници за осигурување на имот и од несреќи.

Подобрен поврат од обврзниците ќе им овозможи на осигуренителните компании за живно осигурување полесно да ги исполнат ветувањата што ги направиле во минатото, а исто така, пензиите, заштедите и ануитет производите кои ги нудат да станат поатрактивни за нови потрошувачи.

Nikhil Srinivasan, шеф на одделот за инвестиции во Generali,  со изјава за Financial times оценува дека „Компаниите за животно осигурување природно работат подобро со повисоки стапки“.

Тие, исто така, ќе овозможат индустријата со поголема веројатност да му одолее на искушението да се насочи кон класи на високо-ризични средства. Mark Snyder, генерален директор во JPMorgan Asset Management, вели дека иако некои видови на високо-приносни инвестиции “се многу притиснати”, компаниите за животно осигурување досега избегнуваа крупни промени во начинот на распределбата на капиталот. “Ако приносите се зголемат, тие не ќе мора да го прават тоа”, додава тој.

Како и секаде, мислељата се поделени и не сите гледаат розева иднина за осигурителниот пазар по победата на Трамп. Многумина претпазливо гледаат на ветувањето на рефлаторни економски политики. Првичните сомнежи се во администрацијата на Трамп и ветувањето на новоизбраниот претседател дека ќе пушти $ 1 трилион економски стимулативен пакет. Еден од нив е James Shuck, Тој вели дека “Навистина не се знае по кој пат Трамп ќе оди. Потребна е поголема сигурност за превземање на следниот чекор”.

Сепак, инвестициските портфолија на компаниите ќе продолжат да ги чувствуваат последиците од депресијата на приносите во годините што следат. Аналитичарите проценуваат дека ако цените на обврзниците останат непроменети, приходите од инвестициите на осигурителните компании за живно осигурување ќе продолжат да паѓаат и во следните пет години. “Подобри стапки од реинвестирање, ќе се остварат преку метод во многу фази”, вели Shuck во коментар за Financial times.

Тргувањето само од околу 80 проценти од книговодствената вредност на компаниите MetLife и Prudential Financial е знак за песимизам на инвеститорите.

Референтната стапка на 10-годишен принос на американската државна обврзница сега е само срамежливи 2,4 проценти, што е остар пораст од најниското ниво од 1,4 отсто кое го допре во текот на летото. Сега се само малку над нивото од 2,3 проценти, нивото на кое ја почна годината. Siegel моменталната состојба ја оценува како „драматично под историското ниско ниво”, и според неговите проценки „ако ова е сето поместување (придвижување) кое ќе го добиеме, тоа не е решение.”

Моментално, падот на цените на обврзниците ја намалува вредноста на постојните средства кои се држат од страна на осигурениците. За анализата на Financial times, Kurt Karl, главен економист на Swiss Re, проценува дека за секој 1 процентен поен пораст на каматните стапки, вредноста на фиксниот приход од средствата на индустријата за осигурување на имот и од несреќи паѓа од околу $50 милијарди.

Сепак, ова и не е толку голем проблем како што би можело да звучи, бидејки за разлика од другите инвеститори, осигурителни компании имаат тенденција да ги држат обврзниците сѐ додека не доспеат, овозможувајќи им да ги издржат привремените флуктуации на нивната вредност.