Tag Archives: реосигурување

Саве Ре со зголена БПП и намалено нето добивка на крајот од третиот квартал

Сава Ре во првите три квартала од годината остварила нето добивка од €20,3 милиони, што е намалување од 7,5% во однос на истиот период лани. Според соопштението издадено од компанијата, намалувањето на добивката се должи на  натпросечниот број на пријавени штети во третиот квартал, како во сегментот на реосигурување, најмногу од ураганите во Америка и поголеми материјални штети во Русија, така и во сегментот на неживотните осигурувања во Словенија настанати од град и останати временски непогоди.

Компанијата може да се пофали со зголемена БПП за 4,8% во однос на ланските први девет месеци. Сите осигурителни пазари полисирале премија над просекот на компанијата. На крајот од септември вкупната БПП изнесува €409,2 милиони. На растот на неживотното осигурување најмногу влијае ло осигурувањето од АО чија премија е зголемената за 5,3%. Релативен пораст на премијата од 10,2% е остварена на пазарите надвор од Словенија. Најголем раст Сава Ре бележи во Хрватска и Црна Гора, додека на српскиот осигурителен пазар растот во соопштението се оценува како поволен. Најголема бруто премија полисирала домашната Заваровалница Сава (218,3 милиони), пред српската единица Сава осигурање (12,5 милиони) и македонската подружница Сава осигурување (9,7 милиони). И секторот на животно осигурување бележи раст. Во Словенија релативниот раст изнесува 4,8%, додека вкупната премија од сите пазари надвор од домашниот има релативен раст од 11,6%.

Реосигурувањето не остварило зголемување на премијата поради ниските стапки на премии на меѓународните пазари на реосигурување.

Минхен Ре: Се очекува загуба од €1,4 милијарди на крајот од третиот квартал

По Свис Ре, уште една реосигурителна компанија објави дека на крајот од третиот квартал ќе оствари азгуба. „Според актуелните проценки, кои секогаш вклучуваат голема доза на неизвесност, Минхен Ре очекува осигурани штети од вкупно €2,7 милијарди“, се наведува во извештајот на оваа компанија кој го пренесува БиБиСи. „Ако се земат предвид и трошоците од другите природни катастрофи, посебно земјотресот во Мексико, и штетите предизвикани од човечки фактор, вкупните расходи поврзани со покритието на овие големи штети во третото тромесечие ќе изнесува €3,2 милијарди“.

Иако на крајот од третиот квартал загубата изнесува €1,4 милијарди, сепак од компанијата на крајот од годината очекуваат да бидат во „мала добивка“. Финансовиот директор на оваа германска компанија, Јорг Шнајдер изјавува „Високите загуби од неколкуте природни катастрофи се дел од нашиот бизнис, затоа и ние постоиме. Нашата капитална база останува цврста. Ние ќе продолжиме да нудиме на нашите клиенти реосигурување со целиот капацитет. Покрај тоа, Минхен Ре има доволно капитал за да ги искористи од можностите кои оваа специфична ситуација ги нуди во смисла на раст на профитот.“

 

Свис Ре: Загуба на крајот од третиот квартал поради природните катастрофи

Последиците од трите разорни урагани и катастрофалните земјотреси во Мексико ги почувствуваа и во Свис Ре. Компанијата пријави загуба од $468 милиони во првите три квартала од годината. Загубата е остварена во третиот квартал каде осигураната штета од природните непогоди изнесувала $3,6 милијарди. Споредено со минатата година, на крајот од третиот квартал компанијата имаше остварено добивка од $3 милијарди.

Директорот на Свис Ре, Кристијан Мументхалер, изјави дека е очигледно резултатите во 2017 година се последица на големите природни катастрофи. „Во исто време сме во состојба да ги апсорбираме овие загуби и да ги здружиме силите со нашите клиенти како би помогнале на погодените луѓе и компании повторно да застанат на нозе“, вели Муменхалер.

Во однос првите девет месеци, споредено со минатата година, Свис Ре бележи полошо остварување компанијата и кај вкупната БПП која е во пад од 5,1% и достигнува $26,7 милијарди. Ова од швајцарскиот реосигурувач го објаснуваат како дисциплиниран пристап во преземање на ризикот во предизвикувачки пазарни околности.

 

Standard&Poor’s: Подобрен рејтингот на Позаваровалница Сава

Рејтин агенцијата Standard&Poor’s (S&P) соопшти дека го ревидирале рејтингот на Позаваровалница Сава од „стабилен“ во „позитивен“. Позаваровалница Сава е јадрото на словенечката групација Сава Ре, чија оцена од “A-” е потврдена од страна на S&P.

„Ревизијата се основа на нашата проценка дека генералната финансиска моќ на Сава Ре најверојатно ќе биде зајакната врз основа на подобрената позиција за ризици и подобрениот фокус на оперативна ефикасност, како и подобрената макроекономска состојба на Словенија“, стои во соопштението на S&P.

Оцената „позитивен“ значи дека рејтинг агенцијата во следните 12-24 месеци може да го покачи рејтингот на Позаваровалница Сава, ако Сава Ре продолжи да бележи резултати со стабилен капитал и заработка, зголемувајќи го профитот на својот бизнис, понатамошно подобрување на оперативната ефикасност и одржување на вишокот капитал адекватен на „ААА“ нивото.

„Во последните неколку години, Сава Ре презема мерки, и во делот на осигурувањето и во инвестициите, кои водеа до помала веројатност на испарување на капиталот и заработката. Според наше гледиште, групацијата ги намали апетиттие за преземање ризик и во делот на инвестиции и осигурување, посебно на меѓународниот реосигурителен пазар. Сава Ре го подобри генерално менаџментот на ризик, и ние очекуваме осигурувачот да продолжи со конзервативно осигурување, додека реосигурителниот бизнис продолжува да продонесува за групациската долна линија и бизнис разноврсност.“, стои во дел од извештајот на S&P.

Лондон: Опожарениот облакодер бил осигуран во Protector Forsikring

Insurance Times објави дека дваесет и четири катниот облакодер кој минатиот месец изгоре во Лондон, бил осигуран од страна на норвешката осигурителна куќа, Protector Forsikring. Пожарот во кој загинаа 79 луѓе, според оваа осигурителна компанија од Осло, предизвикал материјална штета од £20 милиони.

Полисата договорена оваа година има вкупната договорена премија од £2,2 милиони и требало да се плати во пет години. Без дополнително поркитие ова би значело крах за оваа и други осигурителни компании кои би се нашле во слични настани. Сепак, според првичните проценки, се очекува голем Protector да исплати £2,5 милиони побарувања, а поголемиот дел од отштетата да ја исплатат реосигурителните компании (најмногу Минхен Ре) во кои  Protector ја реосигурала кулата.

Треба да се нагласи дека осигурителниот сектор ореку Асоцијацијата на британски осигурувачи издала предупредување еден месец пред да се случи големиот пожар. Во предупредувањето се бара од Владата да ги преиспита стандардите и регулативите за градење од последните осум години, специјално осврнувајќи се на фасадите од типот кој бил поставен при реновирањето на кулата, а кој се смета за главна причина за брзото ширење на пожарот.

 

НБС: Соопштение до јавноста за нејзиното работење во секторот осигурување за 2016 година

Народната банка на Србија (НБС) објави извештај за секторот осигурување за изминатата 2016 година. Податоците од извештајот се однесуваат на финансисктата состојба и стабилноста на пазарот, но и супервизорските активности и нивните ефекти.

„Во текот на ланската година, завршена е обемна и комплексна работа околу усогласувањето на работата на сите пазарни учесници со Законот за осигурување, кој е донесен во 2014 година, како и подзаконските акти од тој закон, кои се донесени во првата половина од 2015 година. Може да се оцени дека посакуваниот резултат за создавање модернизиран, стабилен и пазар на осигурување кој е наклонет на потребите на граѓаните, во целост остварен.

Постапката за усогласување со новите регулативи побаруваше од друштвата за осигурување и реосигурување да направат темелни реформи на внатрешната организација, начинот на работата и односот кон клиентите, но и задоволување на цел низ квантитативни критериуми за финансиското работење. Пазарот на осигурување денес е добро капитализиран, со изградени квалитетни механизми на управување со ризици, ликвиден, солветен и профитабилен, а ги исполнува и сите поединечни стандарди кои се утврдени со прописите следејќи ги најдобрите европски пракси.

НБС разви и нови механизми за надзор на осигурувањето, кои се ориентирани на односот со клиентите во најширок смисол на зборот. Право на преддоговрно информирање, кое го утврдуваат новите прописи, овозможува на секој потенцијален клиент пред склучување на договорот за осигурување, му овозможува да ги разгледа сите елементи кои се значајни за донесување на одлуката. Намерата на НБС е оваа обврска на друштвата за осигурување доследно да се спроведува и континуирано да се унапредува, посебно кога се во прашање колективните осигурувањеа и осигурувања од сличен карактер, кои немаат директен контакт со осигураните лица. Иако супервизијата на осигурувањето не решава поедничени приговори, тоа може да го нашрави само во функцијата на заштита на корисникот, опишаното супервизиско работење е најдобра заштита и судство кое ќе донесе поголеми квалитети на услугите во осигурувањето. Дополнително, работевме и на креирање на механизми за подигнувањена нивото на компетенцијата и континуираната едукација на лицата кои се опфатени со работата на посредување и застапување на осигурување, како и на транспарентноста на информациите, благодарение на што денес, по пат на јавниот регистар на НБС, може да се добијат сите потребни информации за учесниците на пазарот на осигурувањето.

Општествено одговорна супервизија на осигурувањето каква што изградивме, сите свои активности ги стреми кон една единствена цел – нејзините резултати да бидат видливи во различни аспекти на секојдневниот живот на граѓаните. Таквите резултати се остварени најнапред на полето на доброволно и целоисходно осигурување, кое го постигнавме со елиминирање на појавите како што е наплата на осигурување со автобуски карти или принудно додавање на ставки на осигурување во сметките за комунални услуги. Правото на изборот на клиентот останува неприкосновено, а должноста на соучесникот од страната на понудата и понатаму ќе биде да се осигураат лесно разбирливи услуги, прилагодени на потребите на граѓаните и грашанскиот субјект, т.е. полно остварување на правата по основ на осигурување од страна на осигуреникот, корисникот на осигурувањето и третите оштетени лица. НБС ќе продолжи да води надзор на објавените резултати во осигрувуањето во вака дефиниран правец и во иднида, се истакнува во соопштението.

 

Триглав Осигурвање објави постигнат договор за реосигурување

Одборот на директори на Триглав Осигурвање АД, Скопје, на 128-та седница одржана на ден 18.04.2017 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на ризици за осигурување на побарувања за 2017 година со Заваровалница Триглав д.д., Љубљана бр.0202-5648 од 18.04.2017 година, врз основа на која е склучен Договор за реосигурување на ризици за осигурување на побарувања за 2017 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана.

Вредноста на договорот зависи од вкупната премија што ќе биде направена за осигурување на побарувања. За лимити до 1.000.000 ЕУР во реосигурување ќе биде предадена 95% од премијата, додека за лимити до 3.000.000 ЕУР во реосигурување ќе биде предадена 98,5% од премијата

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.

Во Австралија поднесени 30.000 пријави за штета од циклонот Деби

Циклонот Деби зад себе остави големи материјални штети кои донесоа повеќе од 30.000 побарувања до осигурителните компании за исплата отштета. Според Советот на осигурувачи во Австралија, побарувањата стигнати до денешниот ден се со вкупна вредност од 386 милиони. Висината на отштетата се очекува да расте и според вториот најголем светски реосигурувач, Swiss Re, се очекува осигурителната индустрија да ја чини приближно $1,3 милијарди.

„Ние сме водечки реосигурувачи на овој пазар и нашата проценка е дека циклонот Деви предизвика повисоки комерцијални и корпоративни загуби споредено со слични непогоди во минатото“, изјави шефот на одделението за осигурување на Swiss Re, Matthias Weber.

Високите загуби се резултат на густата населеност на регионот, со стотоци поплавени комерцијални и објекти за домување, по што илјадници резиденти беа евакуирани од областа.

Голем процент од висината на штетата ќе отпадне на последиците што циклонот ги остави во пет рудници, кои пријавија лиизгања на земјиште и поплавени пруги за транспорт на јаглен.

Од вкупните $1,3 милијарди кои се очекуваат да бидат исплатени, повеќе од една четвртина ќе отпаднат на швајцарската реосигурителна куќа. Ова предизвика пад на акции за 0,9%.

 

Lloyd’s го избра Брисел за локација на својата подружница во ЕУ

Брегзит го примора специјализираниот лондонски осигурителен и реосигурителен пазар Lloyd’s, да отвори своја подружница во рамките на ЕУ. Како што претходно пренесе осигурајсе.нет, во Lloyd’s разгледуваа неколку опции за можна дестинација на својата подружница. Конечната одлука е тоа да биде Брисел. Според извршниот директор на Lloyd’s, Inga Beale, овие канцеларии ќе можат да започнат со своите бизниси од 01.1.2019 година. На овој начин лондонскиот осигурителен пазар ќе може повторно да работи во 27-те земји од ЕУ и трите Европски Економски Зони: Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Со излезот на Британија од ЕУ, им се скратува правото на британските осигурителни и реосигурителни компании да работат во границите на унијата користејќи го системот на passporting, систем кој ги ослободува од дополнителни лиценцирања и авторизации за секоја земја поединечно.

„Важно е дека по излезот на Британија од ЕУ ќе бидеме во можност да овозможиме пазар и ефективни решенија за бизнисите на нашите клиенти, кои ќе може да продолжат без прекини.“, изјави Beale. „Брисел ги исполни критичните елементи од понудените крупни регулаторни рамки во централна Европа и ќе му овозможи на Lloyd’s да продолжи да ги извршува своите дејности во специјализираното осигурување и експертиза“, додава Beale.

 

Најкасно во април Lloyd’s ќе објави каде ќе отвори подружница во ЕУ

Lloyd’s of London најкасно до средината на април објават во која европска земја ќе отвори подружница, а отворањето се очекува да биде во мај. По изјавата на претседателот John Nelson, стана јасно дека Lloyd’s ќе биде првиот голем лондонски бизнис кој ќе започне со активности во странство како последица на брегзит. Најголемиот светски пазар специјализиран за осигурување, кој е осниван во 1688 година, е во фаза на избор од листа од пет кандидати и до крајот на февруари се очекува да даде понуда на земјата која ќе биде избрана. Nelson  во изјава за Ројтерс вели „Ние ќе бидеме спремни да ја објавиме веста за нашата подружница во ЕУ во првиот квартал, сигурно пред Велигден“. Една од најчесто шпекулираните дестинации, како за Lloyd’s, така и за останатите осигурувања, е Даблин. Експертите предноста на Даблин во однос на останатите ја гледаат во јазикот, локацијата, даноците, како и регулативите.

Осигурителниот пазар ќе бара јасни насоки за нејзината подружница, која ќе се користи за водење на бизнис во рамките на ЕУ со користење на т.н. passporting систем, кој овозможува користејќи само една локација да се извршат сите финансиски услуги во бизнисот за целата ЕУ.

Околу 15% од бизнисот на овој осигурителен пазар доаѓа од Британија, 11% од ЕУ и 40% од САД. „Осигурувањето е мобилен бизнис. Сакаме вистинско присуство во ЕУ со што осигурителите би имале вистинска можност да осигуруваат. Затоа ќе бидат анагажирани луѓе од сите одделенија, регулативи, согласности, менаџирање на ризик и т.н.“, додава Nelson .

Од Lloyd’s истакнуваат дека за нив секогаш приоритетна варијанта ќе биде Лондон да остане нивниот најмоќен финансиски центар, без разлика во која насока ќе се одвива одвојувањето на Британија од ЕУ. Затоа и отворањето на подружница во рамките на ЕУ ќе се случи само доколку ЕУ и Британија не се договорат околу регулативите поврзани со осигурителниот бизнис, посебно passporting системот.

Насоката на размислување е сосема разбирливо ако се знае дека новата подружница ќе го чини овој осигурителен бизнис десетици милиони евра, а секако стои и обврската да мора да депонира средства со цел да обезбеди капитализација на евроспкиот пазар.