Tag Archives: профит

Македонија: Уника Лајф со 17% поголема премија на крајот од вториот квартал

Уника Лајф, благодарение на зајакнатата продажна мрежа, и вториот квартал го заврши со двоцифрено зголемување на БПП. Полисираната премија изнесува €600.000, што е за 17% повеќе од првото полугодие од 2016 година. Сестринската компанија, Уника А.Д., која се занимава само со продажба на полиси за неживотно осигурување, бележи пад од 3% на БПП, завршувајќи го кварталот со €5,9 милиони. Благодарение на растот на секторот од животно осигурување, повторена е добивката од крајот на јуни 2016 година, иако вкупната премија на Уника групацијата во Македонија е намалена за 1%.

Во соседна Србија Уника групацијата има една од најдобрите десет компании во Европа, која во вториот квартал на групацијата ѝ донесе профит пред оданочување од €700.000 (2016: €800.000) и вкупна БПП од €21,9 милиони, 1% помалку во однос на првите шест месеци од 2016 година. €12,4 милиони припаѓаат на секторот неживот, кој бележи 2% раст на БПП, додека секторот на животно осигурување бележи пад на премијата од 5%, достигнувајќи €7 милиони. Одделот за доброволно здраствено осигурување полисирало бруто премија од €2,5 милиони.

Заживувањето на косовскиот пазар се препознава и во резултатиtе на Уника групацијата во оваа земја. Минатогодишната загуба од €700.000, кои двете косовски компании ја направија во првите два квартала, оваа година е корегирана во добивка пред оданочување од €600.000. Дел од заслугите се во зголемената БПП од 7% за неживотно осигурување на Сигал Уника (€3,7 милиони) и растот од 20% на БПП на Сигал Уника Лајф (€400.000). Доброволното здраствено осигурување, кое е попопуларно од животното осигурување во Косово, бележи пад од 31%, завршувајќи го вториот квартал со премија од €1,4 милиони.

Уника преку Сигал брендот, е присутна и на пазарот во соседна Албанија, каде вкупната БПП е зголемена за 16%, достигнувајќи €17,1 милиони. Двата главни сектора бележат раст на премијата. Нежвотното со полисираните €13,2 милиони има зголемување од 17%, додека животното осигурување има раст од 28%, остварувајќи БПП од €2,8 милиони. Доброволното здраствено осигурување е намалено за 14%, на €1,1 милион. Трите компании на овој пазар, кои се претставници на групацијата, оствариле добивка пред оданочување од €1,3 милиони (2016: €2,3 милиони).

Од соседните земји, Уника групацијата е присутна и на пазарот во Бугарија, каде на крајот од вториот квартал остварила двојно поголема добивка пред оданочување од €600.000, во однос на истиот период лани. Вкупната БПП е зголемена за 14% и изнесува €33,7 милиони. На полиси од животно осигурвање, во првото полугодие, полисирана е премија од €25,8 милиони (2016: €22,5 милиони), додека на полиси од неживотно осигурување вкупна БПП е €14,9 милиони, 6% повеќе од лани.

Уника групацијата е присутна во сите земји од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија. Во Црна Гора двете компании второто тромесечие иако го завршиле без добивка, е подобрување во однос на лани, кога по првите шест месеци имаа загуба од €100.000. Финансиското работење е подобрено иако вкупната БПП е намалена за 4% на €5,8 милиони. Поголемиот дел, €4,6 милиони, отпаѓа на полиси за неживотно осигурување (-5%), €900.000 се на полиси за животно осигурување (4% раст), а преостанатите €400.000 доаѓаат од полиси за доброволно здраствено осигурување (15% раст).

Подобри финансиски резултати групацијата остварила и во БиХ, каде добивката пред оданочување од €400.000 во првите два квартала од 2016 година е зголемена за €100.000 на крајот од јуни оваа година. Вкупната БПП е намалена за 1%, на €14,9 милиони. Ова е еден од ретките осигурителни пазари каде групацијата има поголема БПП во секторот на живот (€7,9 милиони), споредено со секторот неживот (€7,0 милиони).

Како земја со најразвиен пазар во регионот, со исклучок на Слобенија, и за оваа групација најмногу добивка носи Хрватска. Добивката од €2,6 милиони, иако намалена(2016: €3 милиони) е далеку најголема во регионот. Покрај добивката, и вкупната БПП е поголема од останатите земји во регионот и изнесува €38,3 милиони, од кои €21 милиони (1% раст) отпаѓаат на неживотното осигурување, €12,8 милиони (-27%) на животното осигурување и €4,5 милиони (83% повеќе) на доброволното здраствено осигурување.

Групација на сите 19 пазари остварила БПП (вклучувајќи го и делот на заштеда од unit-link и index-link полисите) од €2,8 милијарди, што е раст од 6,6%. Сите три главни сектора бележат раст на премијата. Неживотното осигурување има раст од 6,4% (€1,44 милијарда), животното 9,1% (€834,4 милиони) и доброволното здраствено 3,4% (€522,5 милиони). Висината на премиите на австрискиот пазар се минимално зголемени на €1,93 милијарди, додека меѓународните се зголемени за 23,2% на 834,4 милиони.

Подобрен е и комбинираниот однос, кој на ниво на групација сега изнесува 96,8%.

Консолидираниот нето профит, на ниво на групација, на крајот од јуни достигнува €41,3 милиони. Преполововувањето на минатогодишниот полугодишен профит Андреас Брандштетер, претседателот на Управата на Уника групацијата, го објаснува со негативнте последици од банкротирањето на една од италијанските подружници кои беа продадени со гаранција за нивно опстојување во одреден период.

„На прав пат сме: премискиот волумен, комбинираниот однос и опсегот на трошоци се развиваат позитивно. Во првата половина од 2017 година остваривме задоволувачка зараотка пред оданочување од €95,5 милиони – 10,2% повеќе во однос на претходната година.“, изјавува Брандштетер.

Потатоците се преземени од seenews. com и извештајот на Уника групацијата.

Сава Ре: зголемена консолидирана добивка од 19,4% во првите шест месеци

Сава Ре објавија соопштение во кое се наведува дека во првата половина од 2017 година на пазарите во Македонија, Словенија, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора, остварена е консолидирана добивка од €17,1 милиони, што е за 19,4% повеќе од првото полугодие во 2016 година.

„Подобрувањето во резултатите е главно водено од подобрениот развој на словенечкиот пазар за неживотно осигурување.“, стои во соопштението на Сава Ре. Оваа

Вкупната БПП на крајот од јуни изнесува €297,8 милиони, што претставува зголемување од 6,0%, додека нето заработената премија е зголемена за 1,9% и изнесува €230,3 милиони.

Во пораст е и сумата на исплатените штети, која достигнува €141,97 милиони, 7,7% повеќе од првото полугодие во 2016 година.

 

Трите компании на VIG во Македонија бележат зголемена бруто добивка и намалена премија

VIG преку трите свои компании во Македонија, Осигурување Македонија, Винер и Винер Лајф, во првите шест месеци остварила добивка пред оданочување од €1,5 милиони, што е раст од 16,6%. Добивката е зголемена иако забележан е пад на БПП од 6,4% и изнесува €14,3 милиони (2016: €15,3 милиони). €5,5 милиони отпаѓаат на осигурување од АО, што е раст од 14%, додека каско осигурувањето е намалено за 33,5% на €900.000.

Минимален раст на добивката пред оданочување има и во соседна Србија, каде таа достигнува €1,3 милиони (2016: €1,2 милиони). БПП на овој пазар е зголемена за 21,1% достигнувајќи €54,5 милиони, најмногу по заслуга на огромниот раст од 78,3% на осигурувањето од АО (€4,1 милиони). БПП на полисите за животно осигурување со тековна уплата е зголемена за 6,6% достигнувајќи €12,9 милиони, додека еднократните премии се речиси удвоено на €6,1 милиони (2016: €3,4 милиони). Приватното здраствено осигурување, заедно со патничкото осигурување, исто така бележи раст на премијата од речиси 100% раст достигнувајќи €1,5 милиони, во споредба со ланските €800.000.

Позначаен раст на добивката е остварен на пазарите на Косово и Албанија, каде од ланските €200.000 добивката е зголемена на €1 милион. Во двете држави VIG на пазарот е застапен само со полиси за неживотно осигурување чија БПП е зголемена за 6,4% на €17,8 милиони. Најголем дел од неа доаѓа од полиси за осигурување од АО, €11,4 милиони, речеиси идентично како минатата година. Каско осигурувањето е зголемено за 7,4%, додека доброволното здраствено осигурување е намалено за 2,7% на €1,4 милиони.

Позитивни резултати во земјите од нашето соседство се остварени и во Бугарија, каде минатогодишната добивка пред оданочивање од €3,8 милиони е зголемена за еден милион. Вкупната БПП е зголемена од €75 на €82 милиони благодарение на доброто работење во секторот на осигурување од АО и доброволното здраствено осигурување.

Од земјите од регионот, на просторите од поранешна Југославија, VIG во БиХ првите шест месеци ги завршило со загуба од €200.000. Вкупната БПП од €6,6 милиони на крајот од јуни минатата година е зголемена на €9,0 милиони во првите шест месеци од оваа година. Животното осигурување има раст на премиите и кај полисите со тековна уплата (21,2%, вкупно €700.000) и кај еднократните уплати (€900.000, 2016: €200.000). Неживотното осигурување има пад во премиите на осигурување од АО (1,3%), а раст кај премиите на каско осигурување (5,8%).

Како и претходно, најдобри резултати групацијата во земјите од регионот бележи во Хрватска, каде остварена е добивка пред оданочување од €4,3 милиони. БПП на двете хрватски испостави е зголемена за 2,5% и достигнува €54,3 милиони. Од нив полисите за животно осигурување со тековна уплата придонесуваат со €15,9 милиони(-1,9%), додека тие со еднократна уплата се  €16,4 милиони (-1,8%). Најдолем раст бележат премиите на каско осигурување, 14,3%.

Генерално групацијата оствари БПП од €4,97 милијарди, речиси идентично и како првото полугодие од 2016 година. Растот е ограничен поради големиот пад на полисите за животно осигурување со еднократно уплатена премија во западните земји, за разлика од земјите од ЦИЕ (-24,4%).

Бруто добивката изнесува €220,5 милиони, што е зголемување од 9,6% во однос на истиот период лани. Комбинираниот сооднос на групацијата е подобрен на 96,9% од €97,7%.

Вкупната бруто добивка на групацијата е намалена од €2,26 милијарди на €2,16. Најголема добивка е остварена на домашниот пазар €77,5 милиони и пазарот во Чешка €76,6 милиони.

 

Република Српска: Вкупната добивка на компаниите за првите 6 месеци е €6,84 милиони

Најголемите осигурителни куќи од Република Српска, во првата половина од 2017 година оствариле добивка од €6,84 милиони. Најдобри резултати во работењето остварило Нешкович осигурување, со речиси €2,57 милиони.

Од десетте компании кои се активни на овој осигурителен пазар, единствено Винер осигурање работел со загуба од околу €410.000.

Нешкович осигурање, покрај најголемата добивка, има и најголема БПП од €4,3 милиони, додека на второ место е Атос осигурање (€1,08 милиони) кое минатата година ја промени сопственичката структура.

Задоволство од резултатите има и во Дрина осигурање, кои првото пологодие го завршија со заработени нешто повеќе од €1 милион.

Од останатите компании, кои работат и на македонскиот пазар, Триглав има добивка од нешто повеќе од €230.000 и зголемена БПП за 4%.

Граве осигурање има пад во добивката од речиси 15%.

 

Осигурување Македонија со намалена добивка од 45% во првите шест месеци

Во текот на вчерашниот ден, преку Македонска берза беше објавен финансиксиот извештај за работењето на Осигурување Македонија во првите шест месеци од 2017 година.

Според коментарот на билансот на успех објвен од компанијата „Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп првотo полугодие од 2017 година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 41,4 милиони денари. Во истиот период 2016 година Друштвото оствари  добивка пред оданочување во износ од 74,4 милиони денари.

Во првото полугодие приходите од работењето во износ од 398,2 милиони денари бележат намалување од 6,4% или нешто повеќе од 27 милиони денари во однос на 2016 година. Бруто полисираната премија бележи намалување во однос на истиот период од минатата година од 11,2% и тоа најмногу во класите на осигурување од незгода и каско осигурување на моторни возила. Приходите од вложување бележат намалување во однос на 2016 од 9,3% најмногу заради намалените каматни стапки на депозитите, како и намалениот принос на државните хартии од вредност.

Расходите од работењето во износ од 356,8 милиони денари се за 1,6% повисоки во однос на предходната година .

Со оглед на фактот дека намалувањата на премијата се најмногу во класите на осигурување кои се со повисок однос на штети во однос на премијата, во втората половина на годината не очекуваме некои големи отстапувања во однос на планираниот резултат во однос на остварувањето на добивката.“

 

Триглав осигурување остварила добивка од 40,8 милиони денари во првите шест месеци

Триглав осигурување, преку Македонска берза, го објави неревидираниот финансиски извештај за првата полована од 2017 година. Од извештајот се гледа дека вкупната актива на компанијата е порасната за 1%, и изнесува 2.38 трилиони денари. Кај инвестициите на компанијата се забележува дека вложувањето во градежни објекти има намалување за 65%, т.е. од ланските вложени 67,5 милиони денари во првата половина од годината, за првите шест месеци од оваа година тој износ изнесува 23,8 милиони денари. Од друга страна има раст во вложувањата на депозитите на 292,2 милиони денари (2016:  280 милиони денари)  и кај останатите пласмани (исклучувајќи ги заемите и заеми со хипотека), на 118,5 милиони денари (2016: 19,9 милиони денари).

Од извештајот за пасивата вреди да се нагласи дека компанијата има раст на капиталот и резервите од ланските полугодишни 757 милиони денари, на речиси 792 милиони денари на крајот од јуни оваа година.

Вкупните приходите од работењето во првата половина од 2017 година се зголемини за 1% и достигнуваат 585,7 милиони денари.

Бруто полисираната премија за осигурување изнесува 721,7 милиони денари, што споредено со ланските полугодишни 708,7 милиони денари е раст од 1%. Приходите од вложувањата се исто така во пораст за нешто повеќе од 1%.

Добивката пред оданочување изнесува 40.811.392 денари. Компанијата не регистрирала никакви загуби во овој период.

Целиот извештај може да го погледнете на seinet.com.mk

Алианц: Раст на вкупните приходи од 2% најмногу по заслуга на сегментот за животно и здраствено осигурување

Вкупните пригходи на Алианц групациајта, на крајот од вториот квартал од 2017 година, се зголемени за 2% на вкупни €30 милијарди (2016: €29,4 милијарди).

За растот се заслужни сите сегменти, а најголем допринос има сегментот за животно и здраствено осигурување. Оперативната добивка на компанијата изнесува €2,9 милијарди, што е раст од 22,9%, благодарение на сите оперативни сегменти, посебно на секторот за осигурување на имот и незгоди. Нето пригодите кои се припишуваат на акционерите зголемени се за 83,4%, на вкупни €2 милијарди. Растот е од причина што минатата година нето добивката беше оптоварена од лошото работење на групацијата на јужнокорејскиот осигурителен пазар.

Оперативната добивка за првата половина од оваа година е зголемена за 15,7%, достигнувајќи €5,9 милијарди. Од групацијата изјавуваат дека очекуваат оваа бројка да се искачи на €10,8 милијарди до крајот на годината.

„Остваривме супер напредок во преземањето на ризикот како и во стабилизација на приходите од вложување во сегментот на неживотното осигурување. Скокот на тримесечниот раст на оперативната добивка е јасен показател дека нашите напори се исплатат.“, изјави Дитер Вемер, член на Управата за финансии на Алианц групацијата.

 

Свис Ре: Циклонот Деби го намали профитот за повеќе од третина

Циклонот Деби, кој пустошеше на источниот брег на Австралија во март, остави трага и врз профитот во првата половина од 2017 година  на швајцарскиот реосигурувач Свис Ре. Реосигурувачот соопшти дека бил изложен на €306 милиони побарувања за штети. Тоа, во комбинација со помалите премии и послабиот поврат од инвестициите, го намалија профитот на компанијата за повеќе од третина на вкупни €1 милијарда. Повратот на Свис Ре од акцискиот капитал за првата половина се лизна од 10,9% на крајот од јуни 2016 година, на 7% во првата половина од оваа година. Сепак, од компанијата велат дека добро се избориле со „предизвикувачкото“ пазарно опкружување и дека неговата разноврсност во животно и здраствено реосигурување помогнало да се пребродат повеќе тешки ситуации во реосигурувањето од имот и несречи. Извршниот директор, Кристијан Мементхалтер изјавува дека „во првата половина од 2017 година, објавивме солидни резултати, и покрај предизвикувачките пазарни пкружувања и значајните исплати на штети од природни катастрофи. Додека на кратки стази овие податоци, посебно притисокот врз цените, се загрижувачки, ние ја насочуваме компанијата на долгорочни вредности“.

Климе Попоски: 2016 донесе бум во unit-linked осигурувањето и прогрес на здраственото осигурување

Претседателот на Советот на експерти на АС0,О во интервју со специјализираниот портал за осигурување XPRIMM, даде коментар за осигурителниот пазар во 2016 година и очекувањата за 2017 година. Го пренесуваме во целост интервјуто: 

XPRIMM: Како ги коментирате резултатите од 2016 година? 
Климе Попоски: Осигурителната индустрија имаше релативно успешна година, и покрај влијанието од неекомска природа, регистрирајќи зголемување на БПП, зголемена актива и инвестиции, зголемено вработување, како и зголемен број на посредници во осигурувањето. БПП забележа раст од 5,34%, со зголемен број на договори за осигурување за 7,74%. Компаниите кои нудат неживотно осигурување забележаа профит од 451 милиони денари, што е намалување за 4,02% во однос на претходната година.

БПП во неживотното осигурување, која е 85,19% од вкупната БПП, достигна 7,43 трилиони денари, што е раст од 3,5% во однос на претходната година (2015: 7,18 трилиони денари).

По структури, најзначајна категорија е задолжителното осигурување од автоодговорност, со удел од 44,22% од БПП, достигнувајќи 3,86 трилиони денари, што е за 4,48% повеќе од 2015 година. (2015: 3,69 трилиони денари).

Втората категорија припаѓа на осигурувањето на имот со 17,83% удел. Оваа гранка достигна 1,55 трилиони денари, намалување од 5,26% (2015: 1,64 трилиони денари), со симултано зголемување на бројот на договори за 11,65%, што покажува зголемена конкурентност во цените помеѓу компаниите.

Трето најголемо неживотно осигурување е каско осигурувањето за возила, кое оствари 8,7% од вкупната БПП, достигнувајќи 758,47 милиони денари БПП, што е раст од 9,46% во однос на 2015 година (2015: 692,29 милиони денари).

Осигурувањето од несреќи порасна за 11,08% со БПП од 665,18 милиони денари (2015: 589,85 милиони), додека уделот на оваа класа на осигурување во вкупната БПП изнесуваше 7,63%.

Во минатата година, бевме сведоци на прогресот на здраственото осигурување. Здраственото осигурување е релативно нов продукт, со почетоци од 2013 година. Во 2016 година, беа склучени 1.300 договори со вкупна БПП од 45,22 милиони денари, споредено со 2015 ходина кога беа склучени само 368 договори со БПП од 6,37 милиони денари.

XPRIMM: Дали животното осигурување го потврди значалниот нагорен тренд виден во првата половина од годината?

Климе Попоски: БПП на животното осигурување, продуцирајќи 14,81% од вкупната БПП, достигна 1,29 трилиони денари, што е раст од 17,32% во однос на претходната година (2015: 1,1 трилион денари). Најголем удел во животното осигурување му припаѓа на комбинираните полиси за животно осигурување (73,82% со покритие за смрт и доживување, 8,27% само доживување, 5,56% само смрт), дополнително животно осигурување со 7,89% и unit-linked животно осигурување со 4,45%.

2016 донесе бум во unit-linked осигурувањето. Овој тип на животно осигурување за прв пат се појави на домашниот пазар во 2015 година кога беа склучени 325 договори со вкупна БПП од 7,71 милиони денари, но во 2016 година оваа бројка се искачи на 1.466 договори со БПП од 57,46 милиони денари.

Осигурителните компании од секторот на животно осигурување пријавија профит од 54,2 милиони денари, што е зголемување од 19,51% во однос на претходната година.

Очекуваме кај комбинираните полиси за животното осигурување треднот да остане позитивен, но со намален, и продолжување на високиот тренд на пораст на unit-linked осигурувањата.

XPRIMM: Ве молиме коментирајте го развојот на пазарот за осигурување на АО. Дали 2016 година донесе значајни промени?
Климе Попоски: Просечната премија за АО изнесуваше 5.331 денар, без значајна разлика споредено со ланската година. Од друга страна, просечната исплатена штета од 61.652 денари има опаѓачки тренд во 2016 година, споредено со 2014 година кога достигнуваше 65.756 денари. Комбинираниот сооднос е исто така подобрен во однос на анализираниот тренд.

АО(мкд) 2016 2015 2014
Просечна премија 5.331 5.397 5.393
Просечна исплатена штета 61.652 66.210 65.756
АО комбиниран сооднос 101,22% 103,6% 102,8%

XPRIMM: Во текот на 2016, дали се појавија промени во законоте?
Климе Попоски: Законот за супервизија беше изменет со цел да соодветствува со промените во уставното право.

Пропишани се 10 измени, повеќето дополнувања на претходниот, со цел да се елиминира предавањето супервизорски извештаи до ISA во хартиена форма, како и запознавање со некои дополнителни статистички податоци.

XPRIMM: Што очекувате за 2017 година? Дали се очекуваат некои регулаторни промени?
Климе Попоски: Во текот на 2017 година очекуваме раст на БПП и во двата сектора, неживотно и животно осигурување. Растот е очекуван во зголемена продажба на доброволно неживотно осигурување, како и во делот на животното осигурување, посебно кај unit-link животното осигурување.

Не се очекуваат поголеми регулаторни промени во 2017 година. Во моментов, има тековен проект со крајна цел хармонизација на регулативите со директивите од Солвентност 2.

Generali: Зголемена профитабилност во првите два квартала

Третиот по големина европски осигурувач, италијанскиот Generali, објави дека полугодишните резултати се над очекувањата на аналитичарите. Нето добивката е зголемена за 3,7% на €1,22 милијарда, додека оперативната добивка достигнува €2,6 милијарди што е повеќе од 4% зголемување во однос на првата половина од 2016 година. Подобрените резултати претежно се должат на растот во сегментот на неживотно осигурување.

Високата профитабилност на компанијата се огледува и во повратот на капитал, кој е останат стабилен на 13,6%. Тоа е во согласност со целите на управата на Generali, која очекува поврат на капитал од над 13%. „ Ова се цврсти и добри резултати. Остварени се во потоплност поради подобрувањето во нашето работење“, изјави за медиумите директорот на Generali, Philippe Donnet.

Вкупната БПП е намалена за помалку од 1% на €36,6 милијарди. Избегнат е поголем пад поради растот на БПП во неживотното осигурување за 1,5%, најмногу по заслуга на осигурувањето од АО каде премијата е порасната за нешто помалку од 4%.

Во секторот на животно осигурување, БПП е во пад од 1,8%. Пад се бележи и на домашниот пазар (-4,3%), но и на пазарите во Германија, Централна и Источна Европа (-3,4%).

Generali Leben, подружницата која нуди животно осигурување во Германија, минатиот месец според извори на Ројтерс се наоѓа на продажба. Donnet, за овие наводи, изјави дека „се разгледуваат различни опции“ и дека за нејзината судбина „ќе одлучиме до крајот на годината“.