Tag Archives: продажба

Џенерали ја продаде својата ќерка фирма во Холандија

Џенерали донесе одлука да напушти уште еден осигурителен пазар, овојпат во Европа. За сума од €143 милиони, италијанскиот осигурувач продаде 98,56% од акциите на својата филијала Џенерали Недерланд Н.В. на холандскиот осигурувач АСР и со тоа се ослободи од портфолиото во оваа земја.

Холандската единица на ниво на групација години наназад придонесуваше со максимални €9 милиони во групните оперативни резултати, а 2016 ја заврши со БПП од 379 милиони.

Фредерик де Куртис, новиот извршен директор на новата единицата Global Business Lines & International на Џенерали изјави: „Со оваа трансакција ја потврдуваме нашата посветеност на ребалансирање на присуството на Џенерали Групацијата на пазарите ширум светот. По затворањето на Гватемала и скорешните договори за напуштање на пазарите во Колумбија и Панама, трансакцијата претставува значаен чекор во потерата за стратегијата објавена во текот на последниот Ден на инвеститори. Ние сме на добар пат во остварување на нашата стратегија и сме уверени дека таа ќе генерира најмалку 1 милијарда кеш“.

Јос Баетен, извршен директор на АСР вели дека аквизацијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на холандскиот пазар, и во сегментот на животно и неживотно осигурување, следејќи ја нивната стратегија за раст преку аквизација на други компании.

Според договорот со извршената трансакција престанува обврската на Џенерали да обезбедува реосигурување на својата поранешна испостава, што резултира со повлекување на холандската компанија за животно осигурување од портфолиото за реосигурување на Групацијата.

 

Новата онлајн платформа на Sagicor може да издаде 20 полиси за животно осигурување во минута

Американсата осигурителна компанија, Sagicor Life Insurance, промовираше онлајн платформа за дистрибуција на осигурување, која може да издаде 20 полиси во минута.

Откако потенцијалните осигуреници ќе одговорат на пет прашања, им се нуди можност за покритие за живот до $500,000 или $250,000 за целосното животно осигурување кое се нуди. Веднаш откако осигурувањето ќе се одобри, полисата може да биде испорачана онлајн, а наплатата се прави преку повлекување пари од трансакциска сметка или со кредитна картичка.

„Денес се потпираме на дигитални платформи повеќе од кога и да било и животното осигурување има потреба да го следи овој тренд“, вели Bart Catmull, претседател на компанијата. „Ние знаеме дека животното осигурување не е забавна тема за разговор и со години наназад процесот на купување бил  комплексен и збунувачки.Затоа сакавме да го промениме во целост. Сакаме да создадеме нешто што е едноставно и јасно, без притисоци и боцкање од агентите, и без чекање на денови, седмици или месеци за да се знае дали клиентот е подобен за осигуруваето и која би била цената.“, додава Catmull.

Платформата во моментов може да се користи во Флорида, Тексас и Аризона.

 

Локалниот менаџмент го откупи Aon Hrvatska

Aon Hrvatska, дел од друштвото Aon Plc, еден од поголемите светски лидери во услуги од управување со ризици, посредување во осигурување, реосигурување, премина во рацете на локалниот менаџмент и го промени своето име, Ano d.o.o. za posredovanje u osiguranju i reosiguranju. Ова беше објавено во известувањето од компанијата кое беше испратено до своите партнери.

На 31.3.2017 е потпишан купопродажниот договор во кој Aon d.o.o. za posredovanje u osiguranju и Aon poslovno savjetovanje d.o.o се во потполност откупени од локалниот менаџмент. Новата независна структура најавува дека дополнително ќе ја зајакне позицијата на хрватскиот пазар и ќе допринесе за поголемо ниво на квалитетот на услугите кои веќе 17 години компанијата ги пружа на своите клиенти.

Сите вработени ќе ги задржат своите работни места, а новото друштво ќе стане ексклузивен коресподендн на Aon за Хрватска. Оваа соработка на клиентите ќе им овозможи пристап до меѓународните пазари прек GAMS (Global Account Management System), но и понатаму ќе овозможува индивдуиализаиран пристап до своите програми за осигурување.

 

Adriatic Slovenica е првата компанија во регионот која го автоматизира продавањето животно осигурување

Пред три години, Гарбирејл Шкоф, претседателот на бродот на менаџери на словенечката Adriatic Slovenica d.d. (АЅ), воочи дека трошоците, одложувањата и високиот степен на грешки во понудите и полисите го ограничуваат привлекувањето нови клиенти и го успоруваа внатрешниот процес на компанијата. Шкоф направи неколку чекори кон автоматизација преку портал од што бенефит би требало да имаат осигурениците, продажните тимови и компанијата. ALLFINANZ life insurance, автоматизираниот софтвер за осигурување беше оизбран заради глобалната прифатеност и неговата бизнис флексибилност.
„Како прва компанија за животно осигурување во јадранскиот регион, која ќе го автоматизирасекој чекор од апликација, преку полисирање до исплата на штети, ние ќе го зголемиме учеството на пазарот преку испорака на посупериорен, побрз и појасен сервис за клиентите. Наскоро договорите за кои беа потребни три недели за да се пребараат, истражат и полисираат, ќе може да се завршат во неколку минути“, изјави Шкоф. Автоматизацијата е планирано најнапред да се спроведе на секторот животно осигурување во Словенија, а потоа да се прошири и во другите земји.
Минатата година, АЅ имаше раст до 15% во уделот, полисирајќи близу 300 милиони и остварувајќи нето профит од 14 милиони. Во нејзиното портфолио, покрај животното осигурување, застапени се и приватното здраствено осигурување, осигурување од несреќи, патничко, рентно, домаќинско и осигурување на возила.
„Продажниот тим и брокерите на АЅ се амбасадори на експанзијата. Софтверот ALLFINANZ покрај тоа што ќе ја забрза и дефинира нивната работа со клинетите, софтверот исто така ќе ги ослободи од папирологијата и ќе ја намали грешката од човечки фактор. Ова е нашата двојна предност во конкурентскиот пазар“, додава Шкоф.

Владата на БиХ се одлучи за продажба на Сараево осигурување преку директна спогодба

Владата на БиХ одлучи да се ослободи од 2.108.469 акции во домашната осигурителна компанија Сараево осигурување преку директна продажба. Оваа одлука доаѓа по пет неуспешни објави за продажба на својот удел од 45,5% во осигурувачот. Минатата година на два пати беше понудена на берза, за потоа да се распише повик за необрзувачки понуди на кој се јави само Agram, сопственикот на Euroherc  и Bosna Sunce osiguranje.

Продажбата преку непосредна спогодба се врши преку Агенцијата за приватизација, која ќе формира комисија за непосредна спогодба. Задолженијата на комисијата ќе бидат да ја подготви целата неопходна документација предвидена за продажба на компанија која претходно не усепала да биде продадена по пат на берза или повик.

Вкупниот капитал на Сараево осигурување минатата година изнесуваше речиси €30 милиони.

 

Се продава НЛБ нов пензиски фонд

Се продава НЛБ Нов пензиски фонд, кој е во сопственост на словенечката НЛБ групација.
Информацијата за продажба е објавена на Македонската берза преку писмо со кое НЛБ Љубљанска бара потенцијални инвеститори за купување на фондот. Сопственици на фондот со 51 отсто акционерски капитал е НЛБ Љубљанска банка, а останатите 49% се во сопственост на НЛБ Банка АД Скопје, која е пак фирма ќерка на НЛБ Љубљанска.
Од НЛБ Нов пензиски фонд велат дека се работи за легитимна одлука на централата, што нема влијание врз рабоатат на фондот.

Од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување МАПАС велат дека засега немаат добиено известување од банката, и посочуваат дека дека продажбата нема да влијае врз сигурноста на осигурениците во вториот и третиот пензиски фонд со коои управува НЛБ групацијата.

„Од групацијата немаме добиено барање за дозвола, но очекувам набрзо да излезат со официјално соопштение, и да испратат официјални дописи до нас. Ова нема ников ризик за членовите на фондот, оти работењето на пензиските фондови не е споено со друштвото. Друштвото може да се продава, да се спои со други друштва, ама фондот е одвоен од друштвото“, вели Булент Дервиши од МАПАС.

Според податоците од МАПАС, во вториот задолжителе и во третиот доброволен пензиски фонд на НЛБ има вкупно 207.106 членови. НЛБ Нов пензиски фонд управува со околу 370 милиони евра. НЛБ Тутунска банка важи за една од најсилните банки во земјава и се смета за еден од најпрофитабилните делови од словенечката групација.
Текстот е превземен од 24vesti.mk

Ќе се продаваат ли државните акции во Кроација осигурување?

Владата на Хрватска е близу до одлука за продажба на својот преостанат удел во Кроација осигурување. Станува збор за пакет акции кои сочинуваат 30% од уделот на компанијата. 28,65% акции поседува Центарот за реструктурирање и продажба (поранешна Агенција за управување со државен имот), додека 2,65% се во власништво на Државната агенција за осигурување на штедни влогови и санација на банки. Според наводите веќе е испратено и писмо од потенцијален ивнеститор кој е спремен да инвестира стотина милиони евра. Адрис групацијата, која е споственик на мнозинскиот пакет акции, и понатаму стои како главна заинтересирана странка за да ги откупи преостанатите државни акции.

Поради овие шпекулации Загрепската берза ги назначи акциите на Кроација осигурување во категорија „под надзор“.

Вкупниот приход на Кроација осигурување во 2016 година беше нешто помалку од €440 милиони, додека вкупните расходи достигнаа €415 милиони. Кроација осигурување минатата година ја заокружи со нето добивка од близу €35,5 милиони, што е трократно зголемување во однос на добивката од €11,1 милиони во 2015.

 

Aviva го прифати трендот во Азија за онлајн продажба на полиси

Aviva потпиша договор со кој својата подружница во Хонг Конг, која има 160 годишна традиција, да го претвори во дигитален осигурувач. Со овој договор британскиот осигурувач се согласува да го продаде својот удел од подружницата во Хонг Конг, на кинеската интернет компанија Tencent и инвестициската компанија Hillhouse. Висината на зделката не се соопштува.

Фузијата треба да креира фокус на онлајн продажбата на животнот осигурување и инвестициски продукти во рамките на Хонг Конг. За Авива ова би требало да допринесе за остварување на нејзиниот план за зголемување на профитот на среднорочен план.  Одлуката за оваа трансформација тие ја темелат на проценките дека азискиот пазар, кој носи 7% од профитот на компанијата, е пазарот во кој има најголем потенцијал за брз раст.

На осигурителниот пазар за животно осигурување во Хонг Конг доминираат Prudential и AIA, кај кои најпродуктивен канал за продажба на полиси за животно осигурување е агентската продажба. Во моментов помалку од 1% од полисите за животно осигурување во Хонг Конг се продаваат дигитално. Целта на онлајн продажбата е да се прескокнат агентите, кои може да наплатат и до 160% од уплатената премија во првите пет години на дваесет годишна полиса.

 Вложувањето во Aviva не е прва инвестиција на Tencent во осигурителниот сектор. Групацијата претходно вложи во акции на Zhong-An, брзорастечката кинеска онлајн осигурителна куќа позната по неконвенционалните полиси како покритие за труење од алкохол или прекумерно топло време. Други кинески интернет групации исто така покажуваат ентузијазам за вложување во осигурителниот сектор. Во 2015, Baidu пребарувачот потпиша договор за соработка со Hillhouse Capital и Allianz за креирање на онлајн осигурувач во Кина.

Продадени 29,1% од акциите на Триглав осигурување во БИХ

Во четвртокот од страна на Raiffeisen Bank Bosna i Hercegovina беше соопштено дека на Сараевската берза биле продадени 29,1% од акциите на локалното Триглав осигурување, кое е дел од Триглав групацијата.

Банката која беше посредник во тргувањето соопшти дека е тргувано со 7.384 обични и 4.693 повластени акции, во вредност од €565,2 по акција. Во соопштението не беше обелоденето кој е купувачот на акциите.

Пред оваа трансакција Триглав осигурување во БИХ беше 78,7% во сопственост на Триглав групацијата, а 20,3% на локалната реосигурителна куќа Босна реосигурување.

Триглав осигурување во Хрватска пак соопшти дека го проширува портфолиото со производи на дополнително и доброволно здраствено осигурување.

Uniqa ги продава своите филијали во Италија

Од новинската агенција Апа стигна известување дека Uniqa се припрема за продажба на своите работни единици во Италија. На осигурителниот пазар на Апенините Uniqa е присутен со три филијали Uniqa Assicurazioni, Uniqa Previdenza и Uniqa Life. За пронаоѓање на купец ангажирана е косултанстката куќа KPMG. Од Апа известуваат дека овие три работни единици на Uniqa најнапред се понудени на италијанските осигурувачи Cattolica и Reale Mutua како и на приватни компании како Apollo и Cinven.

Италијанскиот огранок на Uniqa во изминатата 2015 година допринел со €24,7 милиони во вкупниот бруто профит на Uniqa од €423 милиони.

Од Uniqa се држат воздржани за коментари во однос на информациите лиферирани од страна на Апа.