Tag Archives: поплава

Минхен Ре: Природните катастрофи во 2017 донеле штета од $135 милијарди

Минхен Ре објави проценка според која трите урагани, земјотресите во Мексико, поплавите во Азија и останатите природни катастрофи во 2017 година ја чинеле осигурителната индустрија рекордни $135 милијарди. Во однос на претходно регистрираните „најскапи“ години, 2005 и 2011, во 2017 година е забележана 8% поголема штета од природни катастрофи. Оваа бројка е речиси три пати поголема од просекот бележен во последните 10 години, кој изнесува $49 милијарди.

Германската реосигурителна компанија проценува дека околу 10.000 луѓе загинале во природните кататрсофи. Околу четвртина од нив се жртви на монсуните во јужниот дел од Азија. „Иако поединечните настани не може да се окфалификуваат како резултат на климатските промени, нашите експерти очекуваат вакво екстремно време да се појавува уште почесто во иднина“, вели Торстен Јеворек, член на бордот директори во Минхен Ре, одговорен за светскиот реосигурителен бизнис на компанијата. „Некои од катастрофалните настани, како серијата од три екстремно деструктивни урагани, или многу честите поплави по невообичаено силните монсунски дождови во јужна Азија, ни даваат предзнак на тоа што се очекува во иднина“, додава Јеровек.

Вкупната штета од $310 милијарди, вклучително и неосигураната штета, ја става на втора позиција во ранг листата на години со најголема штета гледајќи десет години наназад. „Продолжува да има голема разлика во осигураните и неосигураните штети, дури и на високо развиените пазари, како што е САД, каде на пример, поголемиот број домаќинства и мали бизниси не поседуваат осигурување од поплави“, вели Тони Кучински, претседател и извршен директор на Минхен Ре во САД.

Минхен Ре: Исплатени €19,5 милијарди за штети од природните катастрофи во 2017

Првата половина од 2017 година беше поволна за осигурувачите во светот од аспект на исплатени штети за природни катастрофи. Вкупната бруто исплатена премија изнесува околу €19,5 милијарди, што е за речиси 40% помалку во однос на првите 6 месеци во 2016 година.

Извештајот на Минхен Ре исто така посочува дека €21,5 милијарди штета не биле осигурани, споредено со 79-те милијарди претходната година.

Најголемата штета е предизвикана од страна на бурите во САД, чијашто економска штета е проценета на €18,5 милијарди, од кои €13,5 милијарди биле осигурани.

„Невообичаените атмосферски услови во САД во првата половина на 2017 ходина создадоа идеални услови за моќни бури, кои често се проследени со торнада и невреме со град. Бројот на торната оваа година е за два пати поголем од просекот во последните 10 години.“

Најскапа поединечна штета во првите два квартала од годината се смета поплавата од февруари и март во Перу, која предизвика €3,1 милијарда економски загуби, но само €380 милиони од нив беа покриени со осигурување.

 

Полисите за автоодговорност и зелениот картон не ги покриваат штетите од поплавите во Халкидики

Во поплавите на Халкидики, неколку возила регистрирани во Македонија беа поплавени и оштетени од нанос на земја. Основната полиса за автоодговорност, исто како и зелениот картон, не покриваат штети на возила настанати поради поплава. Слично како и за случаите по поплавите во Стајковци, единствено сопствениците на возилата осигурани со каско полиса во која се опфатени и штетите од полава имаат право на надомест.

Важно е да се знае дека за да се пријави штетата, туристите би требало додека се сѐ уште Грција, да побараат потврда за настанатата штета од тамошната полициска станица. Полициската станица која ги издава овој вид на потврди се наоѓа во местото Агиос Николас. Покрај потврдата неопходно е да се направи и фотографија на возилото со направената штета врз него.

 

По поплавите и земјотресите зголемен интерес за осигурување на имот

По серијата земјотреси и поплави годинава се поголем број на граѓани го осигуруваат својот имот. Бројот на продадени полиси за имот бележи пораст од 19 отсто кај физички лица, и 10 отсто кај правни. 86 отсто од полисите за осигурување на имот од поплави и земјотреси ги купиле граѓани, велат од Агенцијата за супервизија.

Штетите од поплавите ги чинеле осигурителните друштва 570 илјади евра. Додека во случајот со земјотресите за поголем број од пријавите немало никакво обештетување.
„Во сегментот на осигурување од поплава вкупниот број а продадени договори за осигурување пред две години, бил 22 683 договори за осигурување и заклучно со третиот квартал годинава имаме пораст од 46,59 проценти или продадени се во 2016 година,  33 252 договори со вклучен ризик поплава“ – вели Климе Попоски, од агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Целиот текст прочитајте го на 24vesti.mk

КОИ ПОЛИСИ ПОКРИВААТ ШТЕТИ ОД ПОПЛАВА?

Секојдневно во осигурителните компании се пријавуваат штети кои се последица на невремето кое се случи на 6-ти август во Скопје. Четири дена по катастрофалното невреме пријавени се повеќе од 500 осигурани случаи.

Полисите за животното осигурување смртта настаната како последица на временска неприлика, ја категоризираат како насилна смрт. Обештетувањето на семејствата во кои има загуба на човечки живот, носител на животно осигурување, се прави со исплата на една или две осигурани суми (еднократна или двократна исплата на висината на осигурувањето) во зависност од типот на склучениот договор. Кај одредени полиси на Граве, покритието за насилна смрт е дури три осигурани суми. Досега до осигурителните компании не е пристигнато барање за исплата на штета на основ на животно осигурување како последица од невремето кое го зафати Скопје.

Штетите од поплава се најчесто дополнително осигурување, кое во поголем дел од полисите од неживотниот тип на осигурување не е покриено како осигуран случај.

  1. Домаќинско осигурување

Не сите полиси за домаќинско осигурување ризикот од временска непогода го вклучуваат во основни ризици. Тоа значи дека доколку клиентот сака полисата да има покритие за поплава, мора да го вклучи како дополнително осигурување. За секое дополнително осигурување се доплаќа. Доплатата не е фиксна и зависи од категоријата на ризик во кое спаѓа домаќинството, типот и големината на истото. Во Македонија помалку од 10% од домаќинските осигурување се надополнети со осигурување од ризици од временска непогода.

2. Осигурување од незгода

Лицата кои склучиле полиса за осигурување од незгода се носители на покритие за два настанати осигурани случаи: повреда и смрт. Доколку како последица на невремето е нанесена телесна повреда на лицето кое е носител на осигурувањето, истото има право на обештетување.  Семејствата во кои се загубени човечки животи на лица кои се носители на осигурување од незгода, имаат основ за наплата на штета преку овој тип на осигурување

3. Осигурувањето од автомобилска одговорност (АО)

АО е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај. Овој тип на осигурување покрива штети на трети лица кои се настанати како последица на сообраќајна незгода причинета од страна на лицето кое управува со возилото кое е осигурано со АО. Тоа значи дека возилата оштетени при поплава можат да се обештетат само доколку се осигурани каско и имаат покритие за поплава.

4. Земјоделското осигурување

Ова осигурување во основните ризици вклучува покритие на штета по основ на град, пожар и гром. Поплавата може да се вклучи во полисата како дополнително осигурување. Помалку од 1% од полисите за земјоделско осигурување во Македонија се надополнети со осигурување од поплави. Земјоделското осигурување за добиток исто така носи основа за исплата на обештетување при угинување на животни како последица од временските неприлики.