Tag Archives: Охридска банка

АСО: Во првите три квартали НЛБ и Актива со најмногу склучени договори помеѓу застапниците

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Друштвата за застапување до крајот на септември склучиле вкупно 109.171 број на договори. Во оваа група активни се единаесет друштва за застапување во осигурување и три банки со лиценца за нудење на осигурување. Кај банките најмногу полиси, 42.200, се склучени преку НЛБ банка од кои 35.879 се за неживотно осигурување преку Сава, а 6.321 се полиси за осигурување на живот на Кроација живот. Шпаркасе банка има склучени 383 договори, сите за осигурување на живот. Како и во претходните два квартала Охридска банка нема склучено договор. БПП на полисите на НЛБ е 22.114.000 денари за неживотно осигурување и 69.226.000 за животно осигурување, додека полисите склучени преку Шпаркасе имаат БПП од 15.788.000 денари.

Кај останатите единаесет друштва за застапување најголем број на договори се направени преку Актива, 18.542, од кои само 4 се полиси за животно осигурување. Блиску до нив се Тренд МР со 17.135 договори (12 живот), а петцифрени се уште и Лајон Инс со 11.797 договори (27 живот) и Реа Иншуранс груп со 10.385 деоговори (0 живот).

Кај друштвата кои продаваат исклучиво животно осигурување водечко е Сафе Лифе со 834 склучени полиси со БПП од 57.612.000 денари. По нив следи Фемили партнер со 202 договори и БПП 40.005.000 денари, и Л.И.Ф.Е со 32 договори и БПП од 308.000 денари.