Tag Archives: отштета

Минхен Ре: Природните катастрофи во 2017 донеле штета од $135 милијарди

Минхен Ре објави проценка според која трите урагани, земјотресите во Мексико, поплавите во Азија и останатите природни катастрофи во 2017 година ја чинеле осигурителната индустрија рекордни $135 милијарди. Во однос на претходно регистрираните „најскапи“ години, 2005 и 2011, во 2017 година е забележана 8% поголема штета од природни катастрофи. Оваа бројка е речиси три пати поголема од просекот бележен во последните 10 години, кој изнесува $49 милијарди.

Германската реосигурителна компанија проценува дека околу 10.000 луѓе загинале во природните кататрсофи. Околу четвртина од нив се жртви на монсуните во јужниот дел од Азија. „Иако поединечните настани не може да се окфалификуваат како резултат на климатските промени, нашите експерти очекуваат вакво екстремно време да се појавува уште почесто во иднина“, вели Торстен Јеворек, член на бордот директори во Минхен Ре, одговорен за светскиот реосигурителен бизнис на компанијата. „Некои од катастрофалните настани, како серијата од три екстремно деструктивни урагани, или многу честите поплави по невообичаено силните монсунски дождови во јужна Азија, ни даваат предзнак на тоа што се очекува во иднина“, додава Јеровек.

Вкупната штета од $310 милијарди, вклучително и неосигураната штета, ја става на втора позиција во ранг листата на години со најголема штета гледајќи десет години наназад. „Продолжува да има голема разлика во осигураните и неосигураните штети, дури и на високо развиените пазари, како што е САД, каде на пример, поголемиот број домаќинства и мали бизниси не поседуваат осигурување од поплави“, вели Тони Кучински, претседател и извршен директор на Минхен Ре во САД.

Како Карипските острови добија отштета многу побрзо од жртвите на ураганите во САД?

Карипските острови добија брза исплата на осигураните штети, за разлика од жртвите на ураганите од Флорида и Тексас, кои можеби ќе треба да чекаат уште неколку недели, или месеци, за да добијат обештетување. Дел од овие острови се членки на непрофитабилна организација која е оснивана со цел да им исплати на владите парите во случај на настанување природна катастрофа. Полисите на оваа организација, Карипска структура за осигурување на ризик од катастрофи (CCRIF), се параметриски, што овозможува исплата на одредена сума веднаш штом штетата ќе настапи. Брзата исплата е за сметка на реалната исплата која во класичнтие полиси се исплаќа откако ќе се утврди точната висина.

„Тоа што ние го ветуваме е дека исплатата ќе биде најкасно до 14 дена од настанувањето на катастрофата. Оваа идеја овозможува брза ликвидност на земјите“, изјавува директорот на CCRIF, Исак Ентони. „Голем дел од парите се користат за итно расчистување. Имавме случаи каде беа искористени за поправка на мостови и згради, или за да се ангажира привремен персонал кој ќе помогне во спроведување на владини одлуки.“

Оваа организација е само еден прстен од синџирот на вакви иснтитуции кои имаат за цел да го подобрат осигурителното покритие каде побарувачката за осигурување е на ниско ниво. CCRIF изјавија дека пред дваесети септември исплатиле $30 милиони на Антигва и Барбуда, Ангуила, Ст. Китс и Невис, Туркс и Каико острови, Хаити и на Бахамите.

Свис РЕ и Цирих ги објавија висините на осигураните штети од трите урагани во САД

Свис РЕ, вториот по големина реосигурувач во светот, објави дека осигураните штети од трите урагани во Харви, Ирма и Марија, како и двата земјотреси во Мексико достигнуваат висина од $3,6 милијарди. Тоа е само три посто од вкупната штета што овие природни катастрофи ќе ја чини целокупната осигурителна индустрија, која според проценките на Свис РЕ ќе достигне околу $95 милијарди. Од швајцарската реосигурителна компанија изјавуваат дека и покрај големите исплати дека „остануваат на цврста капитална позиција и висока финансиска флексибилност за да ги поддржат потребите на своите клиенти, да одговорат на развојот на пазарот и да ги извршат нивните капитални организациски приоритети“.

Уште една швајцарска компанија, Цирих Иншуранс Груп. излезе со проценка за штетите пред оданочување предизвикани од трите урагани на тероторијата на САД. Според нивната анализа компанијата во третиот квартал добила побарувања за осигурани штети во висина од $700 милиони. По оданочувањето тие може да изнесуваат $620 милиони. Од групациајта изјавуваат дека отштетите нема да влијаат на нивната општа финансиска стабилност и капитална флексиболност.

Овие природни катастрофи повторно го поставија за актуелно прашањето дали осигурителната индустрија треба да ги ревидира моделите за ризик од природни непогоди, имајќи предвид на климатските промени, затоплувањето и зачестената појава на урагани.

 

Сарајево осигурање започна со исплата на најголемата поствоена поединечна штета во БиХ

Во текот на април, во само три часа, изгоре во целост големиот трговски центар на Бинго во Мостар. Во пожарот настрада монтажниот објект и целата роба која се наоѓала во него. Сарајево осигурање на крајот на јуни, на Бинго му исплати пола милион евра за штета по полиса за осигурување на стоката во објектот кој беше опожарен, со што започна обештетувањето на Бинго. „Иако се работи можеби за најголемата поединечна поствоена штета, Сарајево осигурање без проблеми веќе исплаќа штета на нашиот голем, угледен економски субјект како што е Бинго. До крајот на август Сарајево осигурање авансно ќе исплати дополнителни €2,57 милиони за штета на објект, а остатокот од износот ќе биде исплатен по конечниот извештај на надлежните тела со цел објектот на Бинго Мостар да биде повторно ставен во функција.“, изјави Ариф Кулиќ, директор на Сарајево осигурање.

Кулиќ додава дека во 2016 година Сарајево осигурање исплатило штета во висина од €16,1 милиони, и по тој основ останува водечка компанија на овој осигурителен пазар. „Тоа ни овозможи да вратиме некои стари значајни клинети како Електропривреде БиХ со кои потпишавме тригодишен договор во вредност од €2,83 милиони“, додава Кулиќ.

Турција: 150.000 од оштетени возила во Истанбул се со осигурително покритие за поплава и град

Поднесени се 150.000 барања за отштета на возила погодени од невремето кое го зафати Истанбул на крајот од минатиот месец. Градот предизвика штета на лимаријата и стаклата на голем број возила, поради што сега не се во можност да го поминат техничкиот преглед за регистрација. Голем број на компании останаа без залиха на ветробрански стакла и возачите на кои итно им треба се обидуваат да ги заменат со неоригинални делови. Според наводите на Хуриет, многу вработени во оваа индустрија земаа денови одмор или ги напуштија своите работни места, за да работат приватно на поправката на возилата и да ја искористат ситуацијата за подобра заработка. Голем дел од комапниите се приморани да „увезат“ работна сила од соседните земји: Бигарија, Грција, Иран, па друри и од Бразил.

Осигурителните компании одлучија да го продолжат крајниот рок за доставување на барањата за отштета, од четири дена на две години, бидејќи голем број сопственици на возила се заглавени во папирологија околу пријавувањето на штетата.

Can Akın Çağlar, претседателот на Асоцијацијата на осигурителни и реосигурителни компании во Турција, за Хуриет изјави дека осигурителните трошоци од поплавите, земјотресите и градот кои се случија изминатите две седмици достигнува €72 милиони. Поплавите од осумнаесетти јули донесоа 7.000 побарувања за отштета од €27,8 милиони, земјотресот во Егејското море дополнителни 21.800 побарувања за штета од €2,88 милиони, додека најмногу побарувања и најголема штета донесе градот од 27-ми јули, 22.000 за вкупна штета од €40,3 милиона.

„Осигурителните компании исплаќаа €840 по оштетено возило од град, 240 за ветробранско стакло и по €1440 за куќите оштетени од земјотрес“, вели Çağlar.

 

AIG: Можно е дел од загинатите во пожарот во Лондон да се наши осигуреници

Од American International Group Inc. (AIG), една од водечките амерички осигурителни куќи, изјавија дека може да се соочат со побарувања за штети поврзани со опожарениот облокадер во Лондон.

„Нашата изложеност на загубата од овој настан во моментов сѐ уште не може да се пресмета“, објави осигурителната куќа со седиште во Њу Јорк. „Можно е да има и други носители на посители кои се инволвирани во овој настан, а може да се појават со развојот на ситуацијата“.

Оваа компанија е активна на пазарот на повеќе од 80 држави осигурувајќи ризици од природни катастрофи и катастрофи причинети од човечки фактор, како што беше големата експлозија на пристаништето во Тајанџин во 2015 година. Од компанијата не истакнуваат кога очекуваат да имаат подобра слика за големината на загубите од Гренфел кулата или идентитот на осигурениците поради тоа што „форензитичарите не ја имаат завршено во целост истрагата“, велат од AIG.

 

Поплавите во Истанбул ќе ги чинат осигурителните компании €48,2 милиона

Обилните врнежи и поплавите кои го погодија Истанбул предизвикаа трошоци на турските осигурителни компании во висина од €48,2 милиона. Поплавите се едни од најчестите природни катастрофи во Турција, чија територија годишно е зафатена во просек од 24 поплави, кои предизвикуваат близу €2,2 милијарди осигурителна штета. Најскапите поплави во поблиското минато се регистрирани исто така во Истанбул, во 2008 година, кога осигурителните компании беа изложени на трошок од €850 милиона.

Скоро 95% од оштетените возила се покриени со осигурување. Исто така, експертите од областа на осигурувањето, истакнуваат и дека најголем дел од оштетените домови и канцеларии се под покритие, иако точниот процент не може да се утврди.

Уника ја исплати првата полиса за пожарот кај Сплит

Пожарот кој беснееше во околината на Сплит, според министерот за внатрешни работи, предизвика штета од €5,7 милиони. Според досегашниот увид на тамошното МВР, делумно или во целост се опожарени педесетина куќи и возила, како и земјоделски површини: насади со маслинка, пластеници и стакленици.

По пожарот Уника осигурање ги повика сите свои осигуреници да ги пријават штетите на домовите и веќе е исплатена првата отштета. За да се излезе максимално во пресрет на клиентите кои претрпеле штета, Уника приоритетно ќе ги обработува побарувањата за овие осигурани случаи, со цел на клиентите да им овозможи побрза исплата и поскоро санирање на штетите. Пријавувањето на штетите се прави телефонски или по интернет, а по доставување на потребната документација следи забрзана постапка за обработка на барањето и исплата на осигурувањето.

 

Полисите за автоодговорност и зелениот картон не ги покриваат штетите од поплавите во Халкидики

Во поплавите на Халкидики, неколку возила регистрирани во Македонија беа поплавени и оштетени од нанос на земја. Основната полиса за автоодговорност, исто како и зелениот картон, не покриваат штети на возила настанати поради поплава. Слично како и за случаите по поплавите во Стајковци, единствено сопствениците на возилата осигурани со каско полиса во која се опфатени и штетите од полава имаат право на надомест.

Важно е да се знае дека за да се пријави штетата, туристите би требало додека се сѐ уште Грција, да побараат потврда за настанатата штета од тамошната полициска станица. Полициската станица која ги издава овој вид на потврди се наоѓа во местото Агиос Николас. Покрај потврдата неопходно е да се направи и фотографија на возилото со направената штета врз него.

 

Во Австралија поднесени 30.000 пријави за штета од циклонот Деби

Циклонот Деби зад себе остави големи материјални штети кои донесоа повеќе од 30.000 побарувања до осигурителните компании за исплата отштета. Според Советот на осигурувачи во Австралија, побарувањата стигнати до денешниот ден се со вкупна вредност од 386 милиони. Висината на отштетата се очекува да расте и според вториот најголем светски реосигурувач, Swiss Re, се очекува осигурителната индустрија да ја чини приближно $1,3 милијарди.

„Ние сме водечки реосигурувачи на овој пазар и нашата проценка е дека циклонот Деви предизвика повисоки комерцијални и корпоративни загуби споредено со слични непогоди во минатото“, изјави шефот на одделението за осигурување на Swiss Re, Matthias Weber.

Високите загуби се резултат на густата населеност на регионот, со стотоци поплавени комерцијални и објекти за домување, по што илјадници резиденти беа евакуирани од областа.

Голем процент од висината на штетата ќе отпадне на последиците што циклонот ги остави во пет рудници, кои пријавија лиизгања на земјиште и поплавени пруги за транспорт на јаглен.

Од вкупните $1,3 милијарди кои се очекуваат да бидат исплатени, повеќе од една четвртина ќе отпаднат на швајцарската реосигурителна куќа. Ова предизвика пад на акции за 0,9%.