Tag Archives: НЛБ

АСО: Во првите три квартали НЛБ и Актива со најмногу склучени договори помеѓу застапниците

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Друштвата за застапување до крајот на септември склучиле вкупно 109.171 број на договори. Во оваа група активни се единаесет друштва за застапување во осигурување и три банки со лиценца за нудење на осигурување. Кај банките најмногу полиси, 42.200, се склучени преку НЛБ банка од кои 35.879 се за неживотно осигурување преку Сава, а 6.321 се полиси за осигурување на живот на Кроација живот. Шпаркасе банка има склучени 383 договори, сите за осигурување на живот. Како и во претходните два квартала Охридска банка нема склучено договор. БПП на полисите на НЛБ е 22.114.000 денари за неживотно осигурување и 69.226.000 за животно осигурување, додека полисите склучени преку Шпаркасе имаат БПП од 15.788.000 денари.

Кај останатите единаесет друштва за застапување најголем број на договори се направени преку Актива, 18.542, од кои само 4 се полиси за животно осигурување. Блиску до нив се Тренд МР со 17.135 договори (12 живот), а петцифрени се уште и Лајон Инс со 11.797 договори (27 живот) и Реа Иншуранс груп со 10.385 деоговори (0 живот).

Кај друштвата кои продаваат исклучиво животно осигурување водечко е Сафе Лифе со 834 склучени полиси со БПП од 57.612.000 денари. По нив следи Фемили партнер со 202 договори и БПП 40.005.000 денари, и Л.И.Ф.Е со 32 договори и БПП од 308.000 денари.

Сава Ре го купи НЛБ Нов пензиски фонд

Сава Ре е купувач на 100% од сопственоста на акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Пензиското друштво, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, кое има дозвола за управување со средствата на два пензиски фонда во Македонија (Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус). Продажбата на Друштвото е високо регулиран процес кој подлежи на претходна согласност од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), што значи дека купопродажбата ќе се реализира откако новиот инвеститор ќе добие согласност од Агенцијата.

Процесот за продажба на Друштвото беше организиран и раководен од НЛБ д.д. Љубљана, во рамките на Одделот за корпоративни финансии. Тој беше спроведен отворено, а НЛБ Групацијата посвети големо внимание потенцијалните инвеститори да ги исполнуваат пропишаните законски услови за основање на Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

 

Се продава НЛБ нов пензиски фонд

Се продава НЛБ Нов пензиски фонд, кој е во сопственост на словенечката НЛБ групација.
Информацијата за продажба е објавена на Македонската берза преку писмо со кое НЛБ Љубљанска бара потенцијални инвеститори за купување на фондот. Сопственици на фондот со 51 отсто акционерски капитал е НЛБ Љубљанска банка, а останатите 49% се во сопственост на НЛБ Банка АД Скопје, која е пак фирма ќерка на НЛБ Љубљанска.
Од НЛБ Нов пензиски фонд велат дека се работи за легитимна одлука на централата, што нема влијание врз рабоатат на фондот.

Од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување МАПАС велат дека засега немаат добиено известување од банката, и посочуваат дека дека продажбата нема да влијае врз сигурноста на осигурениците во вториот и третиот пензиски фонд со коои управува НЛБ групацијата.

„Од групацијата немаме добиено барање за дозвола, но очекувам набрзо да излезат со официјално соопштение, и да испратат официјални дописи до нас. Ова нема ников ризик за членовите на фондот, оти работењето на пензиските фондови не е споено со друштвото. Друштвото може да се продава, да се спои со други друштва, ама фондот е одвоен од друштвото“, вели Булент Дервиши од МАПАС.

Според податоците од МАПАС, во вториот задолжителе и во третиот доброволен пензиски фонд на НЛБ има вкупно 207.106 членови. НЛБ Нов пензиски фонд управува со околу 370 милиони евра. НЛБ Тутунска банка важи за една од најсилните банки во земјава и се смета за еден од најпрофитабилните делови од словенечката групација.
Текстот е превземен од 24vesti.mk