Tag Archives: национално биро

ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА ЗАШТИТА НА ПОСЕТИТЕЛИ СО АЛБАНСКОТО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Спогодбата за заштита на посетителикоја на 08.11.2017г., беше потпишана помеѓу Националнобиро за осигурување на Р.Македонија и Албанско биро за осигурувањестапува на сила на15.11.2017 г., им овозможува на возачите од двете држави побрз и поефикасен  надомест на штетаво случај на евентуални сообраќајни незгоди.

Со Спогодбата е предвидено оштетеното лицекое претрпело штета на територијата на другатадржавапо враќање во матичната државада се обрати во своето Национално биро за осигурувањекое во  соработка со Бирото на државата во која се случила незгодатаќе овозможи побрзо собирањена документи и информации потребни за  остварување на правата за надомест на штета.

КонкретноБирото за зелена карта од државата од која е оштетенотолицеќе достави до Бирото надржавата на настанување на незгодатабарање да се:

  • изврши идентификација на осигурителното друштво на    причинителот на штета;
  • изврши идентификација на возачот или сопственикот на возилото напричинителот на штетадоколку во период од 6 недели не   било можно да се утврди осигурувачот;
  • да се обезбедат документи кои се неопходни или помагаат во  остварување на правото на надомест (на прполициски записник)
  • да се достават деталји за Гарантниот фонд на земјата каде што се случила незгодата сосекогашкога е тоа можнообјаснувања и   корисни информации.

Спогодбата за заштита на посетители е така креирана да им пружи  на државите надвор од ЕУможност да обезбедат дополнителна  заштита и помош на своите граѓани кои со моторни возила патуваат на територија на други државиСпогодбата се потпира на    најдобрите одредби од 4-та и                                                          5та Директива за моторни возила на ЕУкои се впрочем познати   по тоа што сево најголема мерапосветени на заштита на трети   оштетени лицаСе смета дека овој механизам е најблизок модел којпостои за државите на ЕУ и дека потпишувањето на овој документ е добар начин државите кои сенадвор од ЕУ да се подготват за    пристап кон Унијатаво делот на прекуграничниот сообраќај намоторни возила.

Потпишаната Спогодба претставува големо олеснување за возачите од двете државибидејќи веќенема да мораат да ги нарушуваат или одлагаат своите деловни или туристички плановиза да ја наплатат штетатаВо иднинатие ќе можат правото на надомест да го  остварат и по враќањето воматичната државасо помош и  асистенција на националните бироаПокрај тоа што претставува  исчекор во заштитата на граѓаниосигурителните друштва и  возачитеСпогодбата дополнително ќеја унапреди и соработката  помеѓу двете државипреку унапредување на транзитоттуризмот ипрометот помеѓу Р.Македонија и Р.Албанија.

Спогодбата ја потпиша генералниот директор на Националното  биро за осигурување на РМакедонија,                                          Мр Трајче Латиновски и в.ддиректорот на Албанското биро за  осигурувањегн Кевин Леши.

Спогодба за заштита на посетители Националното биро за осигурување на Р.Македонија имаистотакапотпишано и со Националните бироа на РГрцијаТурцијаШвајцаријаБиХЦрна ГораЛуксембургСрбијаХрватскаБугарија и Словенија.

Животното осигурување со раст од 17,32% во 2016 година

Според извештајот на Националното биро за осигурување, осигурителниот пазар во Македонија, 2016 година ја заврши со раст бруто полисираната премија (БПП) од 8,72 милијарди денари или 5,34% повеќе од 2015 година. Секторот на неживотно осигурување, со премија од 7,43 милијарди, има раст од 3,5%. Поедничната анализа покажува дека осигурувањето до АО има раст од 4,48%, додека осигурувањето на имот е во пад од 5,26%.

Животното осигурување го задржува двоцифврениот раст од последните четири години и со премија од 1,29 милијарди денари има скок на БПП од 17,32%.

Минатата година исто така носи раст и во бруто исплатените штети (БИШ), 3,6 милијарди денари, што е 13,26% повеќе од 2015 година. Во секторот неживот исплатени се 3,4 милијарди, т.е. 11,2% повеќе, додека кај животното осигурување исплатена е за 62,67% поголема штета или 200 милиони денари.

Водечка компанија во секторот на неживотно осигурување, исто како и претходната година, е Триглав осигурување, следен од Македонија осигурување и Еуролинк. Карактеристично за трите водечки компании е што се намалува нивнот удел на пазарот (од 0,3 до 1%).

И во секторот на животното осигурување водечките компании, Кроација осигурување и Граве осигурување, бележат пад во процентуалното учество на пазарот (2 до 3%), за сметка на останатите две компании Винер лајф и Уника лајф.

Скоро сите компании имаат пораст на техничките резерви. Исклучок се само Винер каде намалувањето е 38,52% и Албсиг, кое има 11,31% помали техничкир езерви на крајот од четвртиот квартал од 2016година, спроедено со истиот период во 2015 година.

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ЗАШТИТА НА ПОСЕТИТЕЛИ ПОМЕЃУ Р.МАКЕДОНИЈА И Р.БУГАРИЈА

Според Планот за работа на Националното биро за осигурување за 2017 г., на 24.01.2017 г. бешепотпишан Договор за заштита на посетители (Основен договор) помеѓу Нациоанлното биро заосигурување на Р.Македонија и Националното биро на осигурувачите на моторни возила наР.Бугарија. Договорот стапува на сила на 01.02.2017г.

Со оглед на честата фрекфенција на возила во двете држави, по иницијатива на Националното биро заосигурување на Р.Македонија, беше потпишан Договорот за заштита на посетители со Националнотобиро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија. Договорот го потпиша, во име наНационалното биро за осигурување на Р.Македонија, генералниот директор, гн Трајче Латиновски, аво име на Националното биро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија, гн Орлин Пенев, претседател на Бирото.

Потпишаниот Договор ќе претставува големо олеснување за граѓаните на Р.М. кои патуваат во Р. Бугарија. Имено, доколку им се случи сообраќајна незгода во која е виновно возилото од Р.Бугарија, по првично спроведените постапки на лице место и по враќањето во Р.Македонија, можат да се обратат во Националното биро каде ќе добијат напатствија и помош во остварување на своето право за надомест на штета.
Со овој Договор, граѓаните на Р.М. кои патуваат во Р. Бугарија, при евентуална штета заштедуваат време и средства за остварување на своите права во Р.Бугарија.

Превземено од НБО.

Хрватскиот осигурителен пазар со минимален раст

Вкупната БПП на хрватскиот осигурителен пазар во првите 11 месеци достигна €1.07 милијарди, што е за 1,01% повеќе од ланскиот период јануари-ноември.

Секторот на неживотно осигурување остварило раст од 0,98%, додека растот на животното осигурување е 1,06% со полисирана премија од близу €365 милиони.

Според извештајот на Хрватското осигурително биро, на пазарот се активни 23 компании, по фузијата на Sunce osiguranje со Agram Life во 2015 година.

 

Животното осигурување со 19,22% поголема полисирана премија во првите три квартала

Според податоците изнесени од Националното биро за осигурување, осигурителниот сектор на крајот од третиот квартал од 2016 го задржува позитивниот тренд и бележи вкупен раст од 4,86% на бруто полисираната премија (БПП), споредено со истиот период лани. Поединечно по класи, неживотното осигурување остварило скок од 3,09%, додека животното осигурување има за 19,22% поголема БПП.

Вкупната БПП изнесува 6,62 милијарди денари, од кои 5,8 милијарди денари се уплатени на неживот, додека 0,82 милијарди денари се уплатени на полиси за животно осигурување.

Третиот квартал од 2016, спореден со тој во 2015, носи раст кај БПП на неживотното осигурување од 1,1%, додека кај животното осигурување 17,39%.

Една од причините двоцифрениот раст на животното осигурување секако е и растот на исплатените штети. Тоа помага да се победи скептицизмот, а од друга страна и да се подигне свеста на граѓаните за придобивките на овој тип на осигурување. Во првите три квартали од годината исплатени се вкупно 0,14 милијарди денари (~€2,27 милиони) што е за 69,34% повеќе од истиот период лани.

Во пазарна концентрација нема промени и во двете класи. Кај неживотното најголем удел на пазарот има Триглав осигурување (17,52%), пред Осигурување Македонија (12,98%) и Винер (11,47%), додека кај животното осигурување иако со пад во уделот и кај двете компании Кроација и Граве ги држат водечките две позиции.

Симболичен раст на БПП во Хрватска за првите три квартала

Осигурителните компании во Хрватска, оствариле бруто полисирана премија (БПП) од близу €900 милиона во првите три квартала од годината, што е симболичен раст од 0,3% во однос на истиот период од 2015. Според прелиминарните статистички податоци од Хрватското биро за осигурување, БПП кај неживотните осигурување е во раст од 1%, додека животото осигурување има пад од 1,2%.

Покрај растот на БПП, во пораст е и висината на исплатената штета, која за првите девет месеци изнесува близу €450 милиона што е раст од 6,1%. Локалната компанија Кроација осигурување е водечка и во секторот на животно и на неживотно осигурување, следена од Еурохерц и Алијанц на пазарот на неживотното и Алијанц и Винер на пазарот животното осигурување.

Македонското и Хрватското биро за осигурување ќе потпишат договор

По договорот потпишан во мај со Здружението на српските осигурувачи, Националното биро за осигурување на Република Македонија ќе потпише договор и со Хрватското биро за осигурување.

Договорот ќе биде за заштита на посетители и со него ќе се овозможи на возачите од Македонија и од Хрватска, во случај на настанување на сообраќајна незгода да добијат информации, поефикасен  и побрз надомест за причинетата штета.

Потписници на договорот ќе бидат директорите на двете бироа, Трајче Латиновски од македонската страна и Хрвоје Пауковиќ од хрватска страна.

Со овој договор се проширува листата на земји со кои претходно се потпишани вакви договори: Србија, Турција, Грција, Словенија, БиХ, Швајцарија, Луксембург и Црна Гора.

Животното осигурување расте со 20%

Националното биро за осигурување на својот портал ги објави резултатите за работата на осигурителните компании во вториот квартал од 2016. Генерално бизнисот на осигурување е во пораст за 4,04% во однос на истиот период лани. Вкупната бруто полисираната премија (БПП) во овие три месеци изнесува 4,84 милијарди денари.

Осигурувањето на живот во вториот квартал донесе поголема БПП за 20,07% споредено со ланските април, мај и јуни. Карактеристичко за овој квартал е енеормно зголемениот број на исплатени штети на осигурани случаи со полиси за животно осигурување (смрт, болест, инвалидитет), вкупно 856, што споредено со ланските 224 е за 282,14% повеќе исплатени случаи. Винер лајф и Уника го зголемија процентот на учество во пазарот на сметка на водечките две компании Корација живот и Граве осигурување.

Кај неживотното осигурување нема некои драстични промени во уделот на компаниите на пазарот. И натаму водечки е Триглав осигурување со 18,03%, пред Македонија осигурување (14,29%)  и Винер (11,77%). Забележан е пад на побарувачката за домаќинско осигурување од 8,33%, а расте интересот за осигурувањето на возилата АО (6,69%) и каско (11,62%).

Сава осигурување успало речиси да ги удвои (+95,62%) техничките резерви кои ги поседувала на крајот од вториот квартал лани. Спротивно на нив Еуролинк (-46,14%) и Евроинс (-32,02%) за овој период имаат значаен пад на резервите.

Преку застапниците за осигурување склучени се 2,18% повеќе договори и е канал на дистрибуција со најголем раст. Половина од договорите и натаму компаниите ги прават преку директна продажба.

Потпишан Договор за олеснета исплата на отштета за сообраќајна незгода во странство

Душко Јовановиќ, генералниот секретар на Здружението на српските осигурувачи и директорот на Националното биро за осигурување на Македонија, Трајче Латиновски, потпишаа Договор за заштита на посетитители.

Според договорот, лицето кое претрпело штета во сообраќајна несреќа на територија на друга држава, по враќањето во сопствената држава треба да се обрати до националното Биро за зелен картон. Националното биро во соработка со бирото на државата во која се случила незгодата, ќе овозможи побрзо собирање на потребната документација за исплата на отштетата.  До сега граѓаните сами мораа да ја комплетираат целокупната документација.

Трајче Латиновски истакнува дека механизмот на заштита на возачите кој го нуди договорот е близок до моделот на заштита кој постои во ЕУ. Документот е составен на основа на најдобрите одредби на четвртата и петтата Моторна директива на ЕУ, кои ги регулираат прашањата на заштита на трети оштетени лица.

Душко Јованивиќ, нагласува дека со потпишувањето на овој деветти по ред договор, Здружението продолжува со конкретните активности чија цел е заштита и помош на граѓаните кои патуваат во други држави со моторни возила.  Претходно ваков договор е потпишан и со Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Швајцарија и Луксмебург.

Договорот е од особена важност за граѓаните на Македонија и Србија, имајќи го во предвид бројот на патници кои транзитираат низ двете земји до својата крајна дестинација.