Tag Archives: Народна банка

Србија: Во третиот квартал забележан раст од 6,3%

Според извештајот на Народната банка на Србија, третиот квартал донесе раст на БПП на српскиот осигурителен пазар од 6,3% споредено со истиот период лани. Речиси половина од вкупните €594,1 милиони премија, се полисирани на полиса за АО.

Животното осигурување постигна раст од само 3% остварувајќи БПП од €133,6 милиони. Кај неживотното осигурување најголем удел, покрај осигурувањето од АО, има осигурувањето на имот.

Државниот осигурувач Дунав и понатаму е водечка компанија со удел од 27% од БПП на пазарот. Џенерали Осигурање и ДДОР ја комплетираат водечката тројка со удел од 21% и 12,14% соодветно.

Србија: Сава осигурање го презема Гарант на Енергопројект

Според сознанијата на српски Блиц, српската холдинг компанија, Енергопројект, ќе остане без своето осигурително друштво Гарант, бидејќи сопственикот на мнозинскиот пакет акции Напред развој, одлучил тоа да го продаде на Сава осигурање.

Со ова се исполнвуа барањето на Народната банка на Србија (НБС) упатено до Напред развој, да се ослободи од осигурителната куќа, бидејќи не ја има добиено нејзината согласност при преземањето на српската градежна компанија.

Поради пропустот, НБС постави рок од три месеци или да се продаде учеството во холдингот или да се продаде Гарант од страна на холдингот. Напред развој се одлучи за втората варијанта бидејќи е посиплатлива за нејзините интереси. Сепак, од страна на другите акционери постои негодување, од причина што поради пропустот на Напред развој цената ќе ја плати Енергопројект, кој ќе остане без здрава осигурителна компанија. Со други зборови, сите акционери на холдингот, меѓу кои е и државата, го губат Гарант, поради грешка на еден од нив, Напред развој.

Извори на Блиц тврдат дека за продажбата на Гарант, Владата на Србија не е официјално известена, но сепак до кабинетот на премиерот стасале овие информации. „Премиерот побара дополнителни информации бидејќи е заинтересиран дали продажбата е направена законски, односно дали била потребна согласност од Владата. Него посебно го интересира дали Република Србија, која има 33% од капиталот во Енергопројект холдинг, ќе има штета од транскацијата.“, објаснува изворот на Блиц.

„НБС им даде две можности, а тие ја одбраа таа која на нив им одговара. Тоа од аспект на нивните интереси е сосема логично. Тоа што не е логично е што државата со закаснување се вклучува во целиот случај и почнува да се грижи за своите интереси во Енергопројект, дури откако тој отиде во рацете на Напред развој“, вели Драган Драгашинович од Колаицијата за надзор на јавните финансии.

Србија: Животното осигурување со раст од 22% во првата половина од 2017

Вкупната БПП на осигурителниот пазар во Србија, во вториот квартал од годината изнесува €410 милиони. Ова претставува раст од 8,1% во однос на истиот период во 2016 година. Според објавата на Народната банка на Србија неживотното осигурување учествува со 77,5%, а 32% се од осигурување од АО. Овој сектор бележи зголемување на БПП од 7,4%. Сите сегменти од овој сектор се во пораст, осигурувањето од АО е во плус 6,6%, осигурување на имот 2,4%, каско осигурување на возила 15,1% и осигурување од незгода 0,9%.

Животното осигурување е со двоцифрен раст од 22%, при што номиналниот раст во вториот квартал е 10,7%.

Водечко друштво според вкупната премија е Дунав, со удел од 27,4%, следен од Џенерали (21%) и ДДОР (12%).

 

АСО: Конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето

Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување објавија конкурст за деца и млади од основното и средно образование на тема „Ајде да го прославиме светскиот ден на штедењето – 31 октомври со сликање цетежи и пишување песна“.

Како што и самиот наслов посочува, конкурсот опфаќа две категории. Прва категорија на тема:

Ш Т Е Д Е Њ Е ‒ „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“

Втора категорија на тема:

ОСИГУРУВАЊЕ ‒ „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“

Целиот конкурс можете да го погледнете на следниот линк.

Србија: БПП за животно осигурување со раст од 22% во првиот квартал

€195 милиони изнесува БПП остварена на српскиот осигурителен пазар за првиот квартал од 2017 година. Тоа претставвуа раст од 10% споредено со истиот период лани.

Според извештајот на Народната банка на Србија, на секторот на неживотно осигурување му припаѓаат 76,3% од уплатената премија. Генерално секторот бележи раст од 8%, додека гледано поединечно осигурувањето на автоодговорност е во раст од 5,8%, осигурувањето на имот е зголемено за 4,5%, додека каско осигурувањето на возила е поголемо за 13,8%.

Животното осигурување бележи за 22,3% поголема полисирана премија како последица на номиналниот раст за 17% на овој тип на осигурување.

 

Србија: Раст на осигурувањето од 10%

Народната банка на Србија објави дека во првиот квартал од годината постигнат е раст од 10% во секторот осигурување. Вкупната БПП изнесувала €195 милиони од кои 76,3% се преку полиси за неживотно осигурување.

Вкупната исплатена штета достигнува €66 милиони, од кои нешто помалку од половина отпаѓаат на штети исплатени на основ на полиси за осигурување на возила.

 

НБС: Соопштение до јавноста за нејзиното работење во секторот осигурување за 2016 година

Народната банка на Србија (НБС) објави извештај за секторот осигурување за изминатата 2016 година. Податоците од извештајот се однесуваат на финансисктата состојба и стабилноста на пазарот, но и супервизорските активности и нивните ефекти.

„Во текот на ланската година, завршена е обемна и комплексна работа околу усогласувањето на работата на сите пазарни учесници со Законот за осигурување, кој е донесен во 2014 година, како и подзаконските акти од тој закон, кои се донесени во првата половина од 2015 година. Може да се оцени дека посакуваниот резултат за создавање модернизиран, стабилен и пазар на осигурување кој е наклонет на потребите на граѓаните, во целост остварен.

Постапката за усогласување со новите регулативи побаруваше од друштвата за осигурување и реосигурување да направат темелни реформи на внатрешната организација, начинот на работата и односот кон клиентите, но и задоволување на цел низ квантитативни критериуми за финансиското работење. Пазарот на осигурување денес е добро капитализиран, со изградени квалитетни механизми на управување со ризици, ликвиден, солветен и профитабилен, а ги исполнува и сите поединечни стандарди кои се утврдени со прописите следејќи ги најдобрите европски пракси.

НБС разви и нови механизми за надзор на осигурувањето, кои се ориентирани на односот со клиентите во најширок смисол на зборот. Право на преддоговрно информирање, кое го утврдуваат новите прописи, овозможува на секој потенцијален клиент пред склучување на договорот за осигурување, му овозможува да ги разгледа сите елементи кои се значајни за донесување на одлуката. Намерата на НБС е оваа обврска на друштвата за осигурување доследно да се спроведува и континуирано да се унапредува, посебно кога се во прашање колективните осигурувањеа и осигурувања од сличен карактер, кои немаат директен контакт со осигураните лица. Иако супервизијата на осигурувањето не решава поедничени приговори, тоа може да го нашрави само во функцијата на заштита на корисникот, опишаното супервизиско работење е најдобра заштита и судство кое ќе донесе поголеми квалитети на услугите во осигурувањето. Дополнително, работевме и на креирање на механизми за подигнувањена нивото на компетенцијата и континуираната едукација на лицата кои се опфатени со работата на посредување и застапување на осигурување, како и на транспарентноста на информациите, благодарение на што денес, по пат на јавниот регистар на НБС, може да се добијат сите потребни информации за учесниците на пазарот на осигурувањето.

Општествено одговорна супервизија на осигурувањето каква што изградивме, сите свои активности ги стреми кон една единствена цел – нејзините резултати да бидат видливи во различни аспекти на секојдневниот живот на граѓаните. Таквите резултати се остварени најнапред на полето на доброволно и целоисходно осигурување, кое го постигнавме со елиминирање на појавите како што е наплата на осигурување со автобуски карти или принудно додавање на ставки на осигурување во сметките за комунални услуги. Правото на изборот на клиентот останува неприкосновено, а должноста на соучесникот од страната на понудата и понатаму ќе биде да се осигураат лесно разбирливи услуги, прилагодени на потребите на граѓаните и грашанскиот субјект, т.е. полно остварување на правата по основ на осигурување од страна на осигуреникот, корисникот на осигурувањето и третите оштетени лица. НБС ќе продолжи да води надзор на објавените резултати во осигрувуањето во вака дефиниран правец и во иднида, се истакнува во соопштението.

 

Србија: Животното осигурување со раст од 19,4% во 2016 година

Народната банка на Србија соопшти дека 2016 година донела раст на БПП на српскиот осигурителен пазар од 10,15%. Осигурителните компании активни на овој пазар успеале да остварат вкупна БПП од €722 милиони.

Животното осигурување годината ја заврши со 26% учество во вкупната БПП. Во однос на 2015 забележан е раст од 19,4%. И останатите сектори бележат раст. Генерално гледано БПП во неживотното осигурување е зголемена за 7,2%, додека поединечно кредитното осигурување речиси е удвоено, осигурувањето од одговорност е во пораст од 29%, додека приватното здраствено осигурување е за 41% во нагорна линија. Од вкупната БПП на задолжителното осигурување од АО отпажа повеќе од третина, 34%.

Според извештајот на НБС, водечки три компании се државната Дунав осигурување со удел на пазарот од 25,7%, Generali (22,3%) и DDOR (11,6%).

Судот ја потврди одлука на НБС за одземање на лиценцата на Таково осигурување

Народната банка на Србија (НБС), издаде соопштение во кое се известува јавноста дека е одземена дозволата за работа на Таково осигурување од Крагуевац. Дозволата е одземена на основ на Законот за осигурување кој се применувал во периодот од 2004 до 2015 година и според НБС за тоа се одговорни менџментот и сопствениците на друштвото.

На Таково осигурување, од страна на НБС, му беа посочени мерки за воспоставување на регулаторните стандарди, меѓутоа осигурителната куќа тие мерки не ги спровела во дело. За тоа е пропишана императивна норма која значи одземање на дозволата.

Од НБС дадоа коментар за написите на Блиц дека дозволата е одземена поради тоа што сопствениците не сакале да дадат донација за фондацијата „Драган Никлич“. Според објаснувањето на НБС, мерките на надзор кои се изречени на Таково осигурување пред одземањето на дозволата се однесувале на неисполнувањето на регулаторните стандарди, првенствено во поглед на економските показатели во структурите на инвестиции и капиталната основа.

На друштвото му е посочено дека може да биде високо профитабилно иако притоа не исполнува ниту еден квантитативен критериом кој е дефиниран со законот. Причината е што профитабилноста претставува интерес на сопствениците, а законот дефинира стандарди кои се во интерес на осигурениците.

„Токму таквите стандарди Таково осигурување не ги исполнуваше со години наназад пред да отиде во ликвидација, што значи многу пред формирањето на фондацијата „Драган Николич“. Така да, било какво поврзување на наводната донација и дозволата за работа не е ништо освен злонамерна инсинуација, чија цел е да го наруши угледот не само на споменатата фондација и НБС, туку и на другите државни иснтитуции и регулаторната рамка“, исјавуваат од НБС.

„Судската постапка која е водена се заврши со потврда на исправноста на нашата одлука, т.е. сопствениците на Таково осигурување го изгубија спорот, бидејќи немаа ниту еден аргумент во своја корист, освен инсинуации и невистини кои на крајно непримерен начин се пласирани во јавноста“, додаваат од НБС.

Блиц денес објави дека Таково осигурување одбило да донира €400.000, колку што барала фондацијата на сопругата на претседателот на Србија, Томислав Николч, по што во јули 2014 година на таа компанија е и одземена дозволата и 408 вработени останаа без работа.

 

Грчката народна банка го продава својот оддел за осигурување

Грчката народна банка (NBG) очекува во текот на 2017 година да ја продаде својата филијала Национално осигурување, како дел од реструктуирањето кое е во тек. Ова го потврди за Ројтерс, Leonidas Fragkiadakis, директорот на NBG.

Минатиот месец, според извори блиски до вториот најголем грчи кредитор, најмени се  Goldman Sachs и Morgan Stanley како консултанти за продажбата на осигурителната единица.

„Беше јавно познато дека од бизнис гледна точка ние би сакале да ја задржиме осигурителната компанија.“, изјави Fragkiadakis. Тој додава дека „сепак, тоа е дел од рестурктуирањето и ние ќе бидеме фокусирани на остварување на нашите обврски“. Запрашан кога очекува да се склучи зделката, одговорот е дека во текот на оваа година без прецизно да го одреди периодот.

NBG се согласи да ги продаде бугарската филијала, United Bulgarian Bank, а веќе ја продаде и турската филијала Finansbank. Fragkiadakis најави дека и во иднина ќе се продаваат некои од филијалите надвор во Македонија, Србија, Албанија, Романија и Кипар, без да наведе конкретно за кои земји се размислува и дополни дека сето тоа е во рамките на реструктуирањето и враќањето на профитабилноста на домашен терен.

„До сега сме нашите перформанси се показател дека сме на добар пат.“заклучува Fragkiadakis.