Tag Archives: Луксембург

Алианц купува три компании на ЕРГО, дел од Минхен Ре

ЕРГО Груп, дел од германски Минхен Ре, се договори да ги продаде своите подружници ДАС Швајцарија, ДАС Лукембург и ДАС Словечка на Алианц Груп. Вкупниот приход од премии на трите компании кои се предмет на продажба, во 2016 година, изнесувал €38 милиони. ДАС Швајцарија е најголемата од овие три компании и со приходи од премија во висина од околу €30 милиони е рангирана на седмото место според удел на швајцарскиот осигурителен пазар. Во 2016 година, ДАС Словачка, со удел од 85,1% беше водечка компанија на тамошниот осигурителен пазар во сегментот на правно осигурување, додека ДАС Луксембруг со удел од 18,2% бил на втората позиција истата година.

Транскацијата сѐ уште не е одобрена од регулаторното тело. Интересот на Минхен Ре да ја зајакне својата позиција во сегментот на осигурување на правна заштита во Швајцарија се должи на атрактивноста на овој пазар кој во 2016 година донесе раст од 5,3% премија од 550 милиони швајцарски франци.

Двете страни се договорени да не ги откриваат финансиските детали од трансакцијата.

Алианц со намален оперативен профит во третиот квартал

Групацијата Алианц преку соопштение до јавноста ги пренесе резултаттие од своето работење во третиот квартал од годината. Споредено со минатогодишниот трет квартал, и покрај тоа што приходите на групацијата од €28,3 милијарди бележат раст од 2,1%, сепак оперативниот профит на групацијата е намален за половина милијарда и изнесува €2,5 милијарди. Како и кај повеќето други компании, причината се лоцира кај природните катастрофи на американскиот континент. Сепак оперативниот профит на Алианц во трите квартала заедно е зголемен за 3,5% и изнесува €8,3 милијарди и се движи во насока на планот за 2017 година.

Според Диетер Вемер, главен финансиски директор на Алианц, секторот на осигурување имот и незгоди добро го поминал овој дел од годината иако штетите од природните катастрофи донеле загуба од €529 милиони,

Секторот на неживотно осигурување полисирало бруто премија од €40,9 милијарди, што е половина милијарда повеќе во однос на истиот период лани. Оперативниот профит во овој сектор е намален за 6,8% на €3,7 милијарди, а комбинираниот сразмер е зголемен за 1% на 95,4%.

Кај животните и здраствени осигурувања остварен е 10% повеќе оперативен профит кој на крајот од септември изнесува 3,4 милијарди. Статутарните премии (параметар преку кој се мери способноста на компаниајта да исплати доколку сите осигуреници поднесат во ист момент барање за исплата) се зголемени за 2,6% и изнесуваат 48,7 милијарди. Зголемувањето најмногу се должи на добрата продажба на unit link продукти во Италија, Тајван, Белгија и Луксембург.