Tag Archives: квартал

Србија: Во третиот квартал забележан раст од 6,3%

Според извештајот на Народната банка на Србија, третиот квартал донесе раст на БПП на српскиот осигурителен пазар од 6,3% споредено со истиот период лани. Речиси половина од вкупните €594,1 милиони премија, се полисирани на полиса за АО.

Животното осигурување постигна раст од само 3% остварувајќи БПП од €133,6 милиони. Кај неживотното осигурување најголем удел, покрај осигурувањето од АО, има осигурувањето на имот.

Државниот осигурувач Дунав и понатаму е водечка компанија со удел од 27% од БПП на пазарот. Џенерали Осигурање и ДДОР ја комплетираат водечката тројка со удел од 21% и 12,14% соодветно.

АСО: Уника Лајф единствена компанија без судски спор во првите три квартали

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Осигурителните компании во Македонија во првите три квартала полисирале бруто премија од  6.799.774.000, од кои 5.851.861.000 денари се за неживотно осигурување, а останатите 947.913.000 денари се за животно осигурување. Најголема БПП помеѓу сите компании има Триглав со 1.026.701.000, пред Осигурување Македонија со 700.596.000 денари и Еуролинк 680.547.000 денари.

Од компаниите кои нудат животно осигурување, водечка и понатаму водечка е Кроација живот со БПП од 404.306.000 денари, пред Граве 338.243.000, Винер 90.505.000 и Уника 54.406.000 денари. На традиционални полиси за осигурување на живот полисирана е бруто премија од 882.383.000 денари, додека на полиси каде инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот (unit-link) полисирана е бруто премија од 65.530.000 денари.

Бруто исплатената штета изнесува 2.438.719.000 денари. Вкупно на полиси од неживотно осигурување исплатени се 2.274.400.000 денари, а најмногу БИШ е регистрирана кај Триглав 422.925.000 денари. Во секторот живот исплатена е бруто штета од 163.921.000 денари, а најмногу исплатил Граве 75.985.000 денари. Вкупниот број на ликвидирани штети изнесува 41.433. Уника Лајф е единствената компанија која немала судски спор како резултат на нерешени штети.  Кроација живот и Граве имаат 4 судски процеси, додека Винер Лајф има два. Судските разрешници на спорови околу отштета се покарактеристични за неживтонто осигурување. Од тука и не чуди тоа што нема компанија од овој сектор со помалку од 100 судски процеси.

Сите компании располагаат со капитал кој гарантира сигурно работење и е далеку над границата на солвентност.  Кај повеќето компании капиталот е три пати поголем од маргината на солвентност, а кај некои оди и преку 10 пати (Уника Лајф 13,61, Осигурување Македонија 10,4).

АСО: Во првите три квартали НЛБ и Актива со најмногу склучени договори помеѓу застапниците

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Друштвата за застапување до крајот на септември склучиле вкупно 109.171 број на договори. Во оваа група активни се единаесет друштва за застапување во осигурување и три банки со лиценца за нудење на осигурување. Кај банките најмногу полиси, 42.200, се склучени преку НЛБ банка од кои 35.879 се за неживотно осигурување преку Сава, а 6.321 се полиси за осигурување на живот на Кроација живот. Шпаркасе банка има склучени 383 договори, сите за осигурување на живот. Како и во претходните два квартала Охридска банка нема склучено договор. БПП на полисите на НЛБ е 22.114.000 денари за неживотно осигурување и 69.226.000 за животно осигурување, додека полисите склучени преку Шпаркасе имаат БПП од 15.788.000 денари.

Кај останатите единаесет друштва за застапување најголем број на договори се направени преку Актива, 18.542, од кои само 4 се полиси за животно осигурување. Блиску до нив се Тренд МР со 17.135 договори (12 живот), а петцифрени се уште и Лајон Инс со 11.797 договори (27 живот) и Реа Иншуранс груп со 10.385 деоговори (0 живот).

Кај друштвата кои продаваат исклучиво животно осигурување водечко е Сафе Лифе со 834 склучени полиси со БПП од 57.612.000 денари. По нив следи Фемили партнер со 202 договори и БПП 40.005.000 денари, и Л.И.Ф.Е со 32 договори и БПП од 308.000 денари.

АСО: По три квартали Седа брокер со најголем број на договори, ВФП со најголема БПП

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Триесет и петте осигурително брокерски друштва во првите девет месеци склучиле вкупно 216.069  број на договор, од кои 2.429 се полиси за осигурување на живот.

Како и во претходните два квартала водечко друштво според број на договори водечка друптво е Седа брокер со вкупно 39.978 склучени полиси, сите за неживотно осигурување. Уште едно друштво има направено преку 30.000 договори, а тоа е Мобилити со вкупно 31.660 договори, од кои само еден е полиса за осигурување на живот. И треторангираните СН Осигурителен Брокер имаат само една полиса за живот од вкупните 16.862 договра. ВФП, кои се на четврто место според ова рангирање, се единственото осигурително брокерско друштво кои активно продава полиси за животно осигурување и од вкупно склучените 13.756 полиси, 2.318 се осигурување на живот. Токму ова ова ВФП ја прави водечка според БПП со вкупно 521.924.000 денари, далеку пред Ин брокер 218.222.000 денари, Седа брокер 200.387.000 денари.

Брокерите најмногу полиси за неживотно осигурување склучиле преку Кроација 24.444 и Евроинс 24.062, додека за животно осигурување Винер Живот полисирал 1.178 полиси направени преку овие друштва.

БиХ: Во првите три квартала забележан раст од 8,1% на БПП

Агенцијата за осигурување на Босна и Херцеговина, ги објави најновите податоци за работењето на дваесет и седумте компании не овој пазар. Вкупната БПП во трите изминати квартали е €265 милиони, со што е постигнат раст од 8,1% во однос на првите девет месеци од минатата година.

80,3% од вкупната БПП отпаѓа на полиси од неживотно осигурување (€21,8 милиони), што е зголемување за 7,6%, додека животното осигурување во однос на првите три квартали од 2016 година има раст од 9,9%.

Осигурителниот пазар во оваа земја е поделен на два ентитета. 13 компании кои се активни во Федерацијата на Босна и Херцеговина оствариле €184 милиони вкупна БПП, а осигурителниот пазар во Република Српска оствариле €81 милиони.

Пазарната распределба е доста изедначена и најголемите три осигурувачи ги делат делови од проценти во рангирањето. Според Агенцијата водечка компанија во Федерацијата е Сарајево осигурање со БПП од €21,77 милиони, следен од Еурохерц (€21,74 милиони) и Уника осигурање (€21,73 милиони). Во Република Српска водечки е Винер Осигурање со БПП од €14,44 милиони.

Словенија: Раст на пазарот од 6,6% во првите три квартала

Словенечките осигурувачи оствариле за 6,6% поголема БПП во првите три квартали од годината, споредено ос истиот период минатата година. Полисирана е вкупно €1,67 милијарди бруто премија, од кое €486 милиони отпаѓаат на животното осигурување (10,1% раст во однос на 2016 година) и €1,18 милијарди на неживтно осигурување (раст од 5,2% во однос на 2016 година).

Зголемени се и бројките на бруто исплатената штета за 9,8% и таа достигнува €1,1 милијарда.

На пазарот на животно осигурување водечки компании се Триглав, Сава и Модра, кои држат 52,5% од пазарот. И кај неживотното осигурување водечки се Триглав (29% удел) и Сава (19%), следени од Взајемна (17,8%) и Адриатик Словеница (15,7%).

Грција: €2,8 милијарди БПП во првите три кватали

Грчаката асоцијација на осигурителни компании објави дека во првите три квартали од годината, членките на асоцијацијата полисирале вкупно €2,8 милијарди бруто премија, што е минимално зголемување од 0,26% во однос на истиот период лани.

Животното осигурување бележи пад од 1,4% споредено со ланските три квартали, најмногу поради падот од 6,28% на БПП кај традиционалните полиси. Вкупната премија изнесувала €1,37 милијарди, од кои €993 милиони се на традиционални полиси.

€1,43-те милијарди се за 1,91% повеќе БПП на полиси за неживотно осигрување, споредено со првите девет месеци од 2016година.

Овој извештај не ги опфаќа сите компании, но пазарниот удел на компаниите кои не се членки на асоцијацијата е помал од 3% кај неживотното и 0,1% кај животното осигурување.

Заваровалница Триглав: Во првите девет месеци зголемена БПП и намалена нето добивка

Заваровалница Триглав во првите девет месеци остварила нето добивка од €52,3 милиони, што е намалување во однос на ланскиот профит во првите три квартала од €53,6 милиони.

Вкупната БПП на ниво на групација е зголемена за 8,0% во однос на истата на крајот од септемрви минатата година и изнесува €777,1 милиони. Оваа премија е остварена преку осигурување, реосигурување и соосигурување. Андреј Слапар, претседателот на бордот на директори вели дека „во првите девет месеци од 2017 година, не само што групацијата работеше профитабилно, туку бепе и финансиски силна што е потврдено и со кредитните рејтинзи“.

БПП во сегментот на осигурување бележи раст во сите три сектора. Кај неживотното осигурување растот е 8% со кои е достигната БПП од €517,5 милиони. Животното осигурување е зголемено за 3% на €163,0 милиони, додека БПП кај доброволното здраствено осигурување е во пораст од 14% и изнесува €96,5 милиони. 76,8% од вкупната премија на ниво на групација е направена во Словенија, 17,8% надвор од домашниот осигурителен пазар, додека светската реосигурителна премија има удел од 5,4% во вкупната БПП.

На словенечкиот пазар БПП е во пораст од 7% и изнесува €596,6 милиони. На останатите пазари, 11% пораст е регистриран во Хрватска (€43,4 милиони), 29% во Србија (€33,6 милиони), 3% во Црна Гора (€23,7 милиони), 6% во БиХ (€21,0 милиони), 1% во Македонија (€16,7 милиони) и 11% на светските пазари (€42,1 милиони).

Алианц со намален оперативен профит во третиот квартал

Групацијата Алианц преку соопштение до јавноста ги пренесе резултаттие од своето работење во третиот квартал од годината. Споредено со минатогодишниот трет квартал, и покрај тоа што приходите на групацијата од €28,3 милијарди бележат раст од 2,1%, сепак оперативниот профит на групацијата е намален за половина милијарда и изнесува €2,5 милијарди. Како и кај повеќето други компании, причината се лоцира кај природните катастрофи на американскиот континент. Сепак оперативниот профит на Алианц во трите квартала заедно е зголемен за 3,5% и изнесува €8,3 милијарди и се движи во насока на планот за 2017 година.

Според Диетер Вемер, главен финансиски директор на Алианц, секторот на осигурување имот и незгоди добро го поминал овој дел од годината иако штетите од природните катастрофи донеле загуба од €529 милиони,

Секторот на неживотно осигурување полисирало бруто премија од €40,9 милијарди, што е половина милијарда повеќе во однос на истиот период лани. Оперативниот профит во овој сектор е намален за 6,8% на €3,7 милијарди, а комбинираниот сразмер е зголемен за 1% на 95,4%.

Кај животните и здраствени осигурувања остварен е 10% повеќе оперативен профит кој на крајот од септември изнесува 3,4 милијарди. Статутарните премии (параметар преку кој се мери способноста на компаниајта да исплати доколку сите осигуреници поднесат во ист момент барање за исплата) се зголемени за 2,6% и изнесуваат 48,7 милијарди. Зголемувањето најмногу се должи на добрата продажба на unit link продукти во Италија, Тајван, Белгија и Луксембург.

Саве Ре со зголена БПП и намалено нето добивка на крајот од третиот квартал

Сава Ре во првите три квартала од годината остварила нето добивка од €20,3 милиони, што е намалување од 7,5% во однос на истиот период лани. Според соопштението издадено од компанијата, намалувањето на добивката се должи на  натпросечниот број на пријавени штети во третиот квартал, како во сегментот на реосигурување, најмногу од ураганите во Америка и поголеми материјални штети во Русија, така и во сегментот на неживотните осигурувања во Словенија настанати од град и останати временски непогоди.

Компанијата може да се пофали со зголемена БПП за 4,8% во однос на ланските први девет месеци. Сите осигурителни пазари полисирале премија над просекот на компанијата. На крајот од септември вкупната БПП изнесува €409,2 милиони. На растот на неживотното осигурување најмногу влијае ло осигурувањето од АО чија премија е зголемената за 5,3%. Релативен пораст на премијата од 10,2% е остварена на пазарите надвор од Словенија. Најголем раст Сава Ре бележи во Хрватска и Црна Гора, додека на српскиот осигурителен пазар растот во соопштението се оценува како поволен. Најголема бруто премија полисирала домашната Заваровалница Сава (218,3 милиони), пред српската единица Сава осигурање (12,5 милиони) и македонската подружница Сава осигурување (9,7 милиони). И секторот на животно осигурување бележи раст. Во Словенија релативниот раст изнесува 4,8%, додека вкупната премија од сите пазари надвор од домашниот има релативен раст од 11,6%.

Реосигурувањето не остварило зголемување на премијата поради ниските стапки на премии на меѓународните пазари на реосигурување.