Tag Archives: Италија

Алианц со намален оперативен профит во третиот квартал

Групацијата Алианц преку соопштение до јавноста ги пренесе резултаттие од своето работење во третиот квартал од годината. Споредено со минатогодишниот трет квартал, и покрај тоа што приходите на групацијата од €28,3 милијарди бележат раст од 2,1%, сепак оперативниот профит на групацијата е намален за половина милијарда и изнесува €2,5 милијарди. Како и кај повеќето други компании, причината се лоцира кај природните катастрофи на американскиот континент. Сепак оперативниот профит на Алианц во трите квартала заедно е зголемен за 3,5% и изнесува €8,3 милијарди и се движи во насока на планот за 2017 година.

Според Диетер Вемер, главен финансиски директор на Алианц, секторот на осигурување имот и незгоди добро го поминал овој дел од годината иако штетите од природните катастрофи донеле загуба од €529 милиони,

Секторот на неживотно осигурување полисирало бруто премија од €40,9 милијарди, што е половина милијарда повеќе во однос на истиот период лани. Оперативниот профит во овој сектор е намален за 6,8% на €3,7 милијарди, а комбинираниот сразмер е зголемен за 1% на 95,4%.

Кај животните и здраствени осигурувања остварен е 10% повеќе оперативен профит кој на крајот од септември изнесува 3,4 милијарди. Статутарните премии (параметар преку кој се мери способноста на компаниајта да исплати доколку сите осигуреници поднесат во ист момент барање за исплата) се зголемени за 2,6% и изнесуваат 48,7 милијарди. Зголемувањето најмногу се должи на добрата продажба на unit link продукти во Италија, Тајван, Белгија и Луксембург.

Совесните возачи во Италија ќе добиваат значителен попуст на полисите за АО

Осигурителните компании од Италија ќе понудат поевтини полиси за АО на возачите кои ќе се согласат пред да го осигураат нивното возило, тоа да биде прегледано од осигурителната компанија. Попустот исто така ќе биде предвиден и за возачите кои ќе се согласат во возилото да биде инсталирана црна кутија, или да го надградат електронскиот механизам на возилото кој ќе спречи моторот да виде ставен во погон доколку возачот има поголем процент на алкохол од законски дозволениот лимит.

Овие попусти ќе значат значително намалување на цената за возила со чиста историја во четирите последни години, кои се регистрирани во провинции каде има зголемен процент на „злодела“ кои го зголемуваат нивниот ризик, а со тоа и цена. Се очекува Институтот за супервизија за осигурувањето да ги издаде даночните регулативи кои ќе ги вклучат попустите во рок од три месеци.

Крајниот ефект на оваа мерка е дополнително да ја намали разликата на цените за овој тип на полиси помеѓу Италија, каде просечно возачите плаќаат по €367, и остатокот од ЕУ кој бележи просек од €100.

 

Џенерали ја продаде својата ќерка фирма во Холандија

Џенерали донесе одлука да напушти уште еден осигурителен пазар, овојпат во Европа. За сума од €143 милиони, италијанскиот осигурувач продаде 98,56% од акциите на својата филијала Џенерали Недерланд Н.В. на холандскиот осигурувач АСР и со тоа се ослободи од портфолиото во оваа земја.

Холандската единица на ниво на групација години наназад придонесуваше со максимални €9 милиони во групните оперативни резултати, а 2016 ја заврши со БПП од 379 милиони.

Фредерик де Куртис, новиот извршен директор на новата единицата Global Business Lines & International на Џенерали изјави: „Со оваа трансакција ја потврдуваме нашата посветеност на ребалансирање на присуството на Џенерали Групацијата на пазарите ширум светот. По затворањето на Гватемала и скорешните договори за напуштање на пазарите во Колумбија и Панама, трансакцијата претставува значаен чекор во потерата за стратегијата објавена во текот на последниот Ден на инвеститори. Ние сме на добар пат во остварување на нашата стратегија и сме уверени дека таа ќе генерира најмалку 1 милијарда кеш“.

Јос Баетен, извршен директор на АСР вели дека аквизацијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на холандскиот пазар, и во сегментот на животно и неживотно осигурување, следејќи ја нивната стратегија за раст преку аквизација на други компании.

Според договорот со извршената трансакција престанува обврската на Џенерали да обезбедува реосигурување на својата поранешна испостава, што резултира со повлекување на холандската компанија за животно осигурување од портфолиото за реосигурување на Групацијата.

 

Generali: Зголемена профитабилност во првите два квартала

Третиот по големина европски осигурувач, италијанскиот Generali, објави дека полугодишните резултати се над очекувањата на аналитичарите. Нето добивката е зголемена за 3,7% на €1,22 милијарда, додека оперативната добивка достигнува €2,6 милијарди што е повеќе од 4% зголемување во однос на првата половина од 2016 година. Подобрените резултати претежно се должат на растот во сегментот на неживотно осигурување.

Високата профитабилност на компанијата се огледува и во повратот на капитал, кој е останат стабилен на 13,6%. Тоа е во согласност со целите на управата на Generali, која очекува поврат на капитал од над 13%. „ Ова се цврсти и добри резултати. Остварени се во потоплност поради подобрувањето во нашето работење“, изјави за медиумите директорот на Generali, Philippe Donnet.

Вкупната БПП е намалена за помалку од 1% на €36,6 милијарди. Избегнат е поголем пад поради растот на БПП во неживотното осигурување за 1,5%, најмногу по заслуга на осигурувањето од АО каде премијата е порасната за нешто помалку од 4%.

Во секторот на животно осигурување, БПП е во пад од 1,8%. Пад се бележи и на домашниот пазар (-4,3%), но и на пазарите во Германија, Централна и Источна Европа (-3,4%).

Generali Leben, подружницата која нуди животно осигурување во Германија, минатиот месец според извори на Ројтерс се наоѓа на продажба. Donnet, за овие наводи, изјави дека „се разгледуваат различни опции“ и дека за нејзината судбина „ќе одлучиме до крајот на годината“.

 

Allianz Stadium е новото име на стадионот на Јувентус

По примерот на Борусија Дортмунд, чиј стадион го носи името на осигурителната компанија Сигнал Идуна, и стадионот на Баерн Минхен, Allianz Arena, Allianz Italia потпиша договор со фудбалскиот клуб Јувентус и групацијата Lagardère Sports, која во моментов ги поседува правата за името на стадионот во Торино, чиј сопственик е Јувентус. Во текот на летната пауза ќе се изврши ребрендирањето на стадионот.

Според договорот, новото име на стадионот во следните 6 сезони ќе биде Allianz Stadium.

„Ние во Allianz посебно сме задоволни имајќи рпедвид дека на овој стедион е светски признато средиште на фудбалски збиднувања. Јувентус е тим кој досега оствари задоволителни фудбалски успеси, а на овој стадион играат најголемите италијански и странски клубови. Од друга страна, Allianz е една од најголемите светски осигурителни куќи и управител на имот, со повеќе од 86 милиони клиенти. Сосема е логично да се заклучи дека Allianz Stadium во Торино е едно од тие места на кои треба да стои бренд како што е  Allianz“, изјави Sergio Balbinot, член на управниот одбор на Allianza SE.

Покрај стадионот во Минхен, Allianz е дел од име на уште неколку стадиони ширум светот: Allianz Stadium во Сиднеј, Allianz Park во Лондон, Allianz Riviera во Ница, Allianz Parque во Сао Паоло и Allianz Stadion во Виена.

 

Generali ќе подели најголема дивиденда во последните 9 години

Италијанскиот осигурувач Generali ги соопшти резултатите за работењето од 2016 година. Според нив, нето профитот на компанијата е во пораст за 2,5% во однос на 2015 година и изнесува €2,08 милијарди. Во исто време дивидендата по акција, која е предложена за собранието на акционери е зголемена за 11,1%. Вкупната дивиденда која ќе се подели изнесува €1,24 милијарди.

„Групацијата ја заврши годината со одлични резултати кои ја потврдуваат јачината на нашата стратегија и ефективноста на нејзината имплементација. Оперативните резултати достигнаа најдобри перформансии било кога, благодарение на доброто работење и во двата сектора, живот и имот&несреќи, водени од понатамошни унапредени нехнички перформанси и поголема дисциплина на  оперативните трошоци, додека нето профитот и дивидендата се на најдобра ниво во последните 9 години“, изјавија од компанијата.

БПП е во пад од 3,9% во однос на 2015 година и изнесува €70,51 милијарда. Секторот на осигурување имот&несреќи со €21 милијарда е во пораст од 2,5%, додека на животното осигурување полисирани се €49,73 милијарди или 6,3% помалку во однос на 2015 година.

 

Generali и BNP Paribas во потрага за купувач на Generali Nederland

Најголемата италијанска осигурителна компанија Generali, ја ангажираше BNP Paribas да ја помогнат продажбата на нивното портфолио во Холандија. Излезот од овој осигурителен пазар е дел од планот на Generali за намалување на трошоците во послабите пазари. Generali преку својата подружница е присутна на холандскиот пазар повеќе од 140 години. Во ноември од компанијата најваија повлекување од 13 до 15 пазари и доколку се најде купец за холандската филијала тоа ќе биде првиот чекор од планот кој треба да донесе 1 милијарда.

Претставници на Generali и BNP Paribas одбија да ги коментираат наводите.

Акциите на италијанскиот осигурувач во последните две години забележаа пад од 27%. Мал скок имаше по најавите дека Intesa е заинтересирана да ја превземе компаниајта, но откако од банката излегоа со дефинитивен став дека се откажуваат од намерата, акциите повторно доживеаа пад.

 

Perils за четири пати ја зголеми првичната проценка за штетата од земјотресите во централна Италија

Агенцијата за моделирање на ризици Perils AG соопшти дека штетата предизвикана од серијата земјотреси од крајот на октомври, кои ја погодија централна Италија, ќе биде четири пати поголема од првата проценка соопштена од агенцијата. Според новата проценка штетата на домаќинствата ќе изнесува 125 милиони, а не 31 милион како што објавија на 07.12.2016.

Земјотресите се случија во периодот од 26.10 и 30.10 и ги погодија регионите на Lazio, Marche и Umbria. Неодамна овој регион беше погоден од нови земјотреси. Ќе биде многу тешко да се одреди штетата од последните земјотресибидејќи повеќето од градбите се оштетени или делумно урнати од претходната серија земјотреси.

НБС и италијанскиот супервизор потпишаа Меморандум за разбирање

По повеќегодиншното успешно работење на италијанските осигурителни друштва во Србија, каде важат за едни од најголемите инвеститори во овој сектор, Народната банка на Србија (НБС) и Италијанската агенција за супервизија на осигурувањето (IVASS) потпишаа Меморандум за разбирање. Со овој договор се регулираат заедничките активности, како и размена на информации, што првенствено се однесува на двете осигурителни куќи Unipol и Generali, кои се две од трите најголеми осигурувачи, а воедно и две од четирите најголеми реосигурувачи на осигурителниот пазар во Србија.

Се очекува соработката помеѓу супервизорите да се прошири во повеќе контексти со цел да се усвои најдобрата практичнен модел и континуирано да се унапредува надзорниот и регулативниот облик. НБС ги исполни сите критериуми потребни за овој договор, кои произлегуваат од членството на  IVASS во европскиот сојуз на супервизии и доброволните пензиски фондови (EIOPA), а се однесуваат на доверливоста на податоците.

Претходно НБС има потпишано вакви меморандуми и со органите за супервизија од Австрија и Словенија, со што се комплетира кругот земји од каде потекнуваат поголемиот дел од осигурувачи кои работат на осигурителниот пазар во Србија.

Објавени се првичните процени за штетите од земјотресите во Италија, Суматра и Нов Зеланд

Изминатите 2 месеца се случија три големи земјотреси на три различни дела од земјината топка. Извештаите и предвидувањата се показател за различниот степен на култура на осигурување во различни делови од светот.

Минатомесечниот земјотрес во Нов Зеланд, кој однесе два живота, според проценките на тимот за анализа на катастрофи објавени на најголемиот светски посредник во реосигурувањето, Aon Benfield, причинил штета која е под осигурително покритие во висина од $705 милиони и $3,5 милијарди. Вкупната економска штета (неосигурана) според извештајот на оваа комапнија се проценува дека изнесува од $3 до $8 милијарди. Во извештајот се наведува дека до комисијата на Нов Зеланд за проценка на штети пристигнати се 15.075 побарувања за штети.

Користејќи го својот методот на моделирање на катастрофи, AIR Worldwide проценува дека земјотресот кој се случи на северот од Суматра, Индонезија на 07.12, кој однесе речиси 100 животи, нема да донесе големи побарувања за отштета во осигурителниот сектор. Анализата покажува дека во тој регион на Инденезија повеќето од религиозните објекти и тие за домување, не се градени според сеизмичките прописи донесени во 2012 и како такви се ранливи на поголеми земјотреси. Поради тоа, а надополнето со ниското ниво на културата на осигурување, многу мал дел од оштетените објекти можат да се осигураат.

Независната организација PERILS, со седиште во Цирих, изјави даде своја проценка за штетите од серијата земјотреси кои се случија во октомври, во централна Италија. Според нив штетата изнесува $33,3 милиони. Среќна околност е што поради првиот земјотрес кој се случи на 26.10. беше предупредување и многу луѓе беа евакуирани на време, пред да настане најсилниот на 30.10 кој беѓе почувствува и во Австрија и некои земји од Балканот. Тоа го намали ризикот и затоа остави зад себе само три починати и покрај големото разрушување на објектите.