Tag Archives: земјотрес

Минхен Ре: Природните катастрофи во 2017 донеле штета од $135 милијарди

Минхен Ре објави проценка според која трите урагани, земјотресите во Мексико, поплавите во Азија и останатите природни катастрофи во 2017 година ја чинеле осигурителната индустрија рекордни $135 милијарди. Во однос на претходно регистрираните „најскапи“ години, 2005 и 2011, во 2017 година е забележана 8% поголема штета од природни катастрофи. Оваа бројка е речиси три пати поголема од просекот бележен во последните 10 години, кој изнесува $49 милијарди.

Германската реосигурителна компанија проценува дека околу 10.000 луѓе загинале во природните кататрсофи. Околу четвртина од нив се жртви на монсуните во јужниот дел од Азија. „Иако поединечните настани не може да се окфалификуваат како резултат на климатските промени, нашите експерти очекуваат вакво екстремно време да се појавува уште почесто во иднина“, вели Торстен Јеворек, член на бордот директори во Минхен Ре, одговорен за светскиот реосигурителен бизнис на компанијата. „Некои од катастрофалните настани, како серијата од три екстремно деструктивни урагани, или многу честите поплави по невообичаено силните монсунски дождови во јужна Азија, ни даваат предзнак на тоа што се очекува во иднина“, додава Јеровек.

Вкупната штета од $310 милијарди, вклучително и неосигураната штета, ја става на втора позиција во ранг листата на години со најголема штета гледајќи десет години наназад. „Продолжува да има голема разлика во осигураните и неосигураните штети, дури и на високо развиените пазари, како што е САД, каде на пример, поголемиот број домаќинства и мали бизниси не поседуваат осигурување од поплави“, вели Тони Кучински, претседател и извршен директор на Минхен Ре во САД.

Свис РЕ и Цирих ги објавија висините на осигураните штети од трите урагани во САД

Свис РЕ, вториот по големина реосигурувач во светот, објави дека осигураните штети од трите урагани во Харви, Ирма и Марија, како и двата земјотреси во Мексико достигнуваат висина од $3,6 милијарди. Тоа е само три посто од вкупната штета што овие природни катастрофи ќе ја чини целокупната осигурителна индустрија, која според проценките на Свис РЕ ќе достигне околу $95 милијарди. Од швајцарската реосигурителна компанија изјавуваат дека и покрај големите исплати дека „остануваат на цврста капитална позиција и висока финансиска флексибилност за да ги поддржат потребите на своите клиенти, да одговорат на развојот на пазарот и да ги извршат нивните капитални организациски приоритети“.

Уште една швајцарска компанија, Цирих Иншуранс Груп. излезе со проценка за штетите пред оданочување предизвикани од трите урагани на тероторијата на САД. Според нивната анализа компанијата во третиот квартал добила побарувања за осигурани штети во висина од $700 милиони. По оданочувањето тие може да изнесуваат $620 милиони. Од групациајта изјавуваат дека отштетите нема да влијаат на нивната општа финансиска стабилност и капитална флексиболност.

Овие природни катастрофи повторно го поставија за актуелно прашањето дали осигурителната индустрија треба да ги ревидира моделите за ризик од природни непогоди, имајќи предвид на климатските промени, затоплувањето и зачестената појава на урагани.

 

Турција: 150.000 од оштетени возила во Истанбул се со осигурително покритие за поплава и град

Поднесени се 150.000 барања за отштета на возила погодени од невремето кое го зафати Истанбул на крајот од минатиот месец. Градот предизвика штета на лимаријата и стаклата на голем број возила, поради што сега не се во можност да го поминат техничкиот преглед за регистрација. Голем број на компании останаа без залиха на ветробрански стакла и возачите на кои итно им треба се обидуваат да ги заменат со неоригинални делови. Според наводите на Хуриет, многу вработени во оваа индустрија земаа денови одмор или ги напуштија своите работни места, за да работат приватно на поправката на возилата и да ја искористат ситуацијата за подобра заработка. Голем дел од комапниите се приморани да „увезат“ работна сила од соседните земји: Бигарија, Грција, Иран, па друри и од Бразил.

Осигурителните компании одлучија да го продолжат крајниот рок за доставување на барањата за отштета, од четири дена на две години, бидејќи голем број сопственици на возила се заглавени во папирологија околу пријавувањето на штетата.

Can Akın Çağlar, претседателот на Асоцијацијата на осигурителни и реосигурителни компании во Турција, за Хуриет изјави дека осигурителните трошоци од поплавите, земјотресите и градот кои се случија изминатите две седмици достигнува €72 милиони. Поплавите од осумнаесетти јули донесоа 7.000 побарувања за отштета од €27,8 милиони, земјотресот во Егејското море дополнителни 21.800 побарувања за штета од €2,88 милиони, додека најмногу побарувања и најголема штета донесе градот од 27-ми јули, 22.000 за вкупна штета од €40,3 милиона.

„Осигурителните компании исплаќаа €840 по оштетено возило од град, 240 за ветробранско стакло и по €1440 за куќите оштетени од земјотрес“, вели Çağlar.

 

Perils за четири пати ја зголеми првичната проценка за штетата од земјотресите во централна Италија

Агенцијата за моделирање на ризици Perils AG соопшти дека штетата предизвикана од серијата земјотреси од крајот на октомври, кои ја погодија централна Италија, ќе биде четири пати поголема од првата проценка соопштена од агенцијата. Според новата проценка штетата на домаќинствата ќе изнесува 125 милиони, а не 31 милион како што објавија на 07.12.2016.

Земјотресите се случија во периодот од 26.10 и 30.10 и ги погодија регионите на Lazio, Marche и Umbria. Неодамна овој регион беше погоден од нови земјотреси. Ќе биде многу тешко да се одреди штетата од последните земјотресибидејќи повеќето од градбите се оштетени или делумно урнати од претходната серија земјотреси.

По поплавите и земјотресите зголемен интерес за осигурување на имот

По серијата земјотреси и поплави годинава се поголем број на граѓани го осигуруваат својот имот. Бројот на продадени полиси за имот бележи пораст од 19 отсто кај физички лица, и 10 отсто кај правни. 86 отсто од полисите за осигурување на имот од поплави и земјотреси ги купиле граѓани, велат од Агенцијата за супервизија.

Штетите од поплавите ги чинеле осигурителните друштва 570 илјади евра. Додека во случајот со земјотресите за поголем број од пријавите немало никакво обештетување.
„Во сегментот на осигурување од поплава вкупниот број а продадени договори за осигурување пред две години, бил 22 683 договори за осигурување и заклучно со третиот квартал годинава имаме пораст од 46,59 проценти или продадени се во 2016 година,  33 252 договори со вклучен ризик поплава“ – вели Климе Попоски, од агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Целиот текст прочитајте го на 24vesti.mk

Објавени се првичните процени за штетите од земјотресите во Италија, Суматра и Нов Зеланд

Изминатите 2 месеца се случија три големи земјотреси на три различни дела од земјината топка. Извештаите и предвидувањата се показател за различниот степен на култура на осигурување во различни делови од светот.

Минатомесечниот земјотрес во Нов Зеланд, кој однесе два живота, според проценките на тимот за анализа на катастрофи објавени на најголемиот светски посредник во реосигурувањето, Aon Benfield, причинил штета која е под осигурително покритие во висина од $705 милиони и $3,5 милијарди. Вкупната економска штета (неосигурана) според извештајот на оваа комапнија се проценува дека изнесува од $3 до $8 милијарди. Во извештајот се наведува дека до комисијата на Нов Зеланд за проценка на штети пристигнати се 15.075 побарувања за штети.

Користејќи го својот методот на моделирање на катастрофи, AIR Worldwide проценува дека земјотресот кој се случи на северот од Суматра, Индонезија на 07.12, кој однесе речиси 100 животи, нема да донесе големи побарувања за отштета во осигурителниот сектор. Анализата покажува дека во тој регион на Инденезија повеќето од религиозните објекти и тие за домување, не се градени според сеизмичките прописи донесени во 2012 и како такви се ранливи на поголеми земјотреси. Поради тоа, а надополнето со ниското ниво на културата на осигурување, многу мал дел од оштетените објекти можат да се осигураат.

Независната организација PERILS, со седиште во Цирих, изјави даде своја проценка за штетите од серијата земјотреси кои се случија во октомври, во централна Италија. Според нив штетата изнесува $33,3 милиони. Среќна околност е што поради првиот земјотрес кој се случи на 26.10. беше предупредување и многу луѓе беа евакуирани на време, пред да настане најсилниот на 30.10 кој беѓе почувствува и во Австрија и некои земји од Балканот. Тоа го намали ризикот и затоа остави зад себе само три починати и покрај големото разрушување на објектите.

Ќе стане ли осигурувањето на домаќинства задолжително во Италија?

Земјотресот од 24.08 кој се случи во Италија, според првите проценки на владата причинил метеријални штети од минимум €4 милијарди. Бидејќи ова е втор земјотрес за релативно краток период, со големи материјални штети, во централниот дел од Италија, тамошните власти размилсуваат осигурувањето на домаќинства да биде задолжително. Иако мерката не е популарна и ќе наиде на големо негодување, сепак е најбрз начин да се зголеми бројот на осигурувања. Според Carlo Coletta од Swiss Re, „што е поголем број на осигуреници, толку е подобра дистрибуцијата на ризикот и пониски ќе бидат премиите кои треба да се уплаќаат за овој тип на осигурување“.

Според податоците од PricewaterhouseCoopers за 2014, осигурувањето во Италија претставува само 1,9% од бруто домашнио производ, спроедено со останатите развиени земји од ЕУ, како Франција (3,3%), Германија (3,4%) или Холандија (8,1%).