Tag Archives: Евроинс

АСО: Уника Лајф единствена компанија без судски спор во првите три квартали

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Осигурителните компании во Македонија во првите три квартала полисирале бруто премија од  6.799.774.000, од кои 5.851.861.000 денари се за неживотно осигурување, а останатите 947.913.000 денари се за животно осигурување. Најголема БПП помеѓу сите компании има Триглав со 1.026.701.000, пред Осигурување Македонија со 700.596.000 денари и Еуролинк 680.547.000 денари.

Од компаниите кои нудат животно осигурување, водечка и понатаму водечка е Кроација живот со БПП од 404.306.000 денари, пред Граве 338.243.000, Винер 90.505.000 и Уника 54.406.000 денари. На традиционални полиси за осигурување на живот полисирана е бруто премија од 882.383.000 денари, додека на полиси каде инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот (unit-link) полисирана е бруто премија од 65.530.000 денари.

Бруто исплатената штета изнесува 2.438.719.000 денари. Вкупно на полиси од неживотно осигурување исплатени се 2.274.400.000 денари, а најмногу БИШ е регистрирана кај Триглав 422.925.000 денари. Во секторот живот исплатена е бруто штета од 163.921.000 денари, а најмногу исплатил Граве 75.985.000 денари. Вкупниот број на ликвидирани штети изнесува 41.433. Уника Лајф е единствената компанија која немала судски спор како резултат на нерешени штети.  Кроација живот и Граве имаат 4 судски процеси, додека Винер Лајф има два. Судските разрешници на спорови околу отштета се покарактеристични за неживтонто осигурување. Од тука и не чуди тоа што нема компанија од овој сектор со помалку од 100 судски процеси.

Сите компании располагаат со капитал кој гарантира сигурно работење и е далеку над границата на солвентност.  Кај повеќето компании капиталот е три пати поголем од маргината на солвентност, а кај некои оди и преку 10 пати (Уника Лајф 13,61, Осигурување Македонија 10,4).

АСО: По три квартали Седа брокер со најголем број на договори, ВФП со најголема БПП

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Триесет и петте осигурително брокерски друштва во првите девет месеци склучиле вкупно 216.069  број на договор, од кои 2.429 се полиси за осигурување на живот.

Како и во претходните два квартала водечко друштво според број на договори водечка друптво е Седа брокер со вкупно 39.978 склучени полиси, сите за неживотно осигурување. Уште едно друштво има направено преку 30.000 договори, а тоа е Мобилити со вкупно 31.660 договори, од кои само еден е полиса за осигурување на живот. И треторангираните СН Осигурителен Брокер имаат само една полиса за живот од вкупните 16.862 договра. ВФП, кои се на четврто место според ова рангирање, се единственото осигурително брокерско друштво кои активно продава полиси за животно осигурување и од вкупно склучените 13.756 полиси, 2.318 се осигурување на живот. Токму ова ова ВФП ја прави водечка според БПП со вкупно 521.924.000 денари, далеку пред Ин брокер 218.222.000 денари, Седа брокер 200.387.000 денари.

Брокерите најмногу полиси за неживотно осигурување склучиле преку Кроација 24.444 и Евроинс 24.062, додека за животно осигурување Винер Живот полисирал 1.178 полиси направени преку овие друштва.

АСО: Резултати од работењето на брокерските и друштвата за застапување заклучно со вториот квартал

Заклучно со вториот квартал, единаесетте друштва за застапување и трите банки со овластени за банкоосигурување, направиле вкупно 75.672 договора за неживотно и 5.518 договори за животно осигурување. Помеѓу застапниците најмногу договори (17.380) се направени преку Актива, од кои само три се за животно осигурување. На второ место се Тренд МР со 15.928 (7 животно осигурување) и Реа Иншуранс груп со 8.145 продадени полиси. Најмногу договори за животно осигурување се склучени преку застапничката куќа Сафе Лифе (436), селдена од Фемили партнер (136) и Лајф Визион (105). Најуспешна банка според бројот на продадени полиси е НЛБ Тутунска. Зад името на Охридска банка и во вториот квартал нема регистрирано продадена полиса. Врз основа на вториот критериум за рангирање, БПП, претходното рангирање нема да претрпретрпи значителни измени. Најголема БПП носат полисите направени преку Актива и Тренд МР. Застапничките друптва и банките, најмногу договори за неживотно осигурување направиле преку Осигурување Македонија, а за животно осигурување преку Кроација Живот.

Кај брокерските друштва, најмногу полиси се направени преку Седа Брокер, вкупно 24.276, сите во неживотно осигурување. Петцифрен број на договори, 17.513, се склучени преку посредништво на само уште едно брокерско друштво, Мобилити. Најблиску до нив е СН Осигурителен Брокер со 8.755 полиси. Помеѓу брокерските друштва едиснтвено ВФП работи активно и на пазарот за животно осигурување, завршувајќи го вториот квартал со вкупно 7.639 договори, од кои 1571 се полиси за животно осигурување. Токму овие договори го прават брокерско друштво со најголема БПП, пред Седа и СН Осигурителен Брокер. Брокерите најчесто нуделе полиси за неживотно осигурување на Триглав осигурување, 21.180, пред Кроација неживот (13.485) и Евроинс 12.673. ВФП најмногу договори за животно осигурување склучиле преку Винер лајф.

Податоците се преземени од страната на АСО.

Еуроинс не планира тргување со нејзините акции во иднина

Еуроинс, ќерка фирма на финансиската групација Еурохолд, издаде соопштение во кои се објавува дека компанијата планира да излезе од листата компании со чии акции може да се тргува на Бугарската берза. Компанијата на вонредното Собрание, кое е закажано за втори октомври, ќе ги замоли акционерите да гласаат потврдно за предлогот нивните акции да не се тргуваат.

Еуроинс има регистриран капитал во вредност од €8,4 милиони, распределен на 16,5 милиони акции, што прави нивната номинална вредност да биде 1 лев.

 

Бугарија: Одобрено спојувањето на Евроинс здраствено осигурување со Евроинс иншуранс груп Ре

Комисијата за финансиски надзор во Бугарија издаде привремена забрана за купувањето на 0,62% акции на Bulstrad Vienna Insurance Group, од страна на TBI Bulgaria. Од Комисијата не дадоа објаснување за ваквата одлука.

На средината од мај TBI Bulgaria понуди €15,9 за секоја од 19.559 акции кои се уште не ги поседува.

Спојувањето на Евроинс здраствено осигурување со Евроинс осигурување груп Ре доби зелено светло од страна на Комисијата. Двете компании се во сопственост на Евроинс иншуранс груп. Евроинс здраствено осигурување на пазарот нуди доброволно здраствено осигурување и според Централниот регистар има капитал во вредност од €3,6 милиона.

Евроинс осигурување груп Ре беше купено од страна на Евроинс иншуранс груп во 2015 година и е регистрирано во Централниот регистер со капитал од €5,7 милиона.

 

Намален нето профитот на Еурохолд и Евроинс за повеќе од 70%

Бугарската осигурителна компанија Евроинс, соопштија дека нето профитот на компанијата за првата половина на 2017 година изнесува само €70.600, споредено со минатогодишниот полугодишен профит од €271.000.

Иако профитот е намален, компанијата во периодот од јануари до јуни оствари приход од премија во висина од €29.5 милиони што е за два милиона повеќе од ланскиот на крајот од јуни.

Оперативниот профит на компанијата достигна €133.000, што е на минатогодишното ниво .

Минатиот месец Евроинс иншуранс груп ја зголеми цената за €0,01 на €0,66 по акција, за откупување на преостанатиот дел од 9,93% од капиталот на Евроинс кој не е во нејзина сопственост.

Мајката фирма на Евроинс, Еурохолд Бугарија, исто така соошти нето профитот за првата половина од 2017 година е опаднат за 77% на €1,99 милиони. Големиот лански полугодишен нето профит се припишува на продажбата на акции вредни €8,18 милиони.

 

Комисијата за финансиска супервизија ги објави резултатите од спроведениот стрес тест

Комисијата за финансиска супервизија во Бугарија (FSC) во објавените резултати од спроведениот стрес тест заклучува дека пензиските фондови како и балансите на осигурителните и реосигурителните компании се стабилни.

FSC во извештајот објавен на својата веб страна нагласува дека Бугарскиот осигурителен сектор останува над 100% од потребите за минимум капитал. „Прегледот на балансите на осигурителниот сектор остануваат со среден сразмер на солвентност (SCR) од 154% и сразмер на просечно минимално капитално побарување (MCR) од 308% за поединечни институции пред влијанието на процедурите за постојаност.“, изјавуваат од FSC. „По проверката на постојаноста спроведена од проектен менаџер, средниот SCR сразмер е 157%, а просечниот MCR размер е 313% за поедини институции. SCR за неживотното осигурување е 147%, а MCR е 333%, додека кај животното осигурување SCR е 235%, а MCR изнесува 238%. SCR за групации изнесува 107%, додека MCR сразмерот е 187%. Со ова се потврдува дека сите се над потребниот минимум“, додаваат од FSC.

Според регулаторот тринаесет компании имаат недоволни сопствени фондови за да ги покријат SCR и MCR сразмерите. Тие компании имаат MCR дефицит од приближно 12,8 милиони и вкупен SCR од 25,6 милиони. „Треба да се нагласи, дека овие дефицити се релативно мали во однос на капиталните побарувања и расположливите сопствени фондови во осигурителниот сектор се според средниот сразмер на SCR се 610 милиони, а треба да бидат 970 милиони.“

Од компаниите присутни на македонскиот пазар, мајката фирма на Евроинс, Euroins Insurance Group, се јавува во две од трите категории кои се предупредени од FSC. Кај оваа компанија се забележува на недоволна покриеност на SCR и за MCR.

Сепак од FSC изјавуваат дека дел од осигурителните компании веќе спровеле одредени чекори со кои се надополнети дефицитите. Во Euroins Insurance Group спроведени се серија на активности со кои е зголемен капиталот и како резултат на тоа не се потребни дополнителни мерки за консолидирање.

 

Eurohold ги спојува Euroins Health Assurance со Euroins Insurance Group

Од Eurohold Bulgaria групацијата соопштија во петокот дека прават фузија на Euroins Health Assurance со Euroins Insurance Group (EIG). Постапката на спојување е во фаза на одобрување од финансиската комисија за супервизија. „Со ова спојување, капиталот на EIG Re дополнително ќе се зголеми и спојувањето на компаниите ќе произведе значаен капитален ублажувач, вредност со која ќе се надминат во голема мера минималните законски побарувања за солвентност.“

Дополнително во соопштението се наведува дека капиталот на Eurohold Bulgaria е покачен на €117,4 милиони. Дел од капиталот беше пренасочен за зголемување на капиталот на својата ќерка фирма EIG, кој порасна од приближно €90 на речиси €240 милиони во 2016. €22,5 милиони беа искористени за зајакнување на романската филијала на Euroins, а дополнителни околу €7 милиони беа искористени за да се помогнат бугарските ќерки фирми Euroins Insurance, Euroins Life Insurance, Euroins Health Assurance и EIG Re

 

Euroins Romania го превзема портфолиото за неживот на ATE Insurance Romania

Eurohold Bulgaria издадодоа соопштение дека нивната ќерка фирма Евроинс осигурување Романија на 19.1.2017 потпишала догово за аквизација на портфолиото за неживотно осигурување на романската осигурителна куќа ATE Insurance Romania, која е ќерка фирма на грчката Piraeus Bank.

„Во портфолиото на неживотно осигурување на ATE Insurance Romania учествуваат осигурувања кои не се поврзани со осигурувања на возила, што одговара на нашите планови да имаме поразновидна палета на продукти на пазарот“, изјави извршниот директор на Euroins Romania Insurance-ReinsuranceMihnea Tobescu.

На почетокот од седмицата Euroins Romania објавија дека нивните приходи за премија се зголемени за 21,8% и изнесуваат €197,7 милиони. Оваа аквизација, која треба да биде одобрена од регулаторното тело, би требало да ја зајакне нивната позиција на пазарот.

Euroins е ќерка фирма на Eurohold групацијата и е активна на седум осигурителни пазари, меѓу кои и на македонскиот. Во Македонија остварени се приходи од премија во висина од €8,6 милиони за 2016, што е пад од 1,7% во однос на 2015.