Tag Archives: Грција

Грција: €2,8 милијарди БПП во првите три кватали

Грчаката асоцијација на осигурителни компании објави дека во првите три квартали од годината, членките на асоцијацијата полисирале вкупно €2,8 милијарди бруто премија, што е минимално зголемување од 0,26% во однос на истиот период лани.

Животното осигурување бележи пад од 1,4% споредено со ланските три квартали, најмногу поради падот од 6,28% на БПП кај традиционалните полиси. Вкупната премија изнесувала €1,37 милијарди, од кои €993 милиони се на традиционални полиси.

€1,43-те милијарди се за 1,91% повеќе БПП на полиси за неживотно осигрување, споредено со првите девет месеци од 2016година.

Овој извештај не ги опфаќа сите компании, но пазарниот удел на компаниите кои не се членки на асоцијацијата е помал од 3% кај неживотното и 0,1% кај животното осигурување.

Полисите за автоодговорност и зелениот картон не ги покриваат штетите од поплавите во Халкидики

Во поплавите на Халкидики, неколку возила регистрирани во Македонија беа поплавени и оштетени од нанос на земја. Основната полиса за автоодговорност, исто како и зелениот картон, не покриваат штети на возила настанати поради поплава. Слично како и за случаите по поплавите во Стајковци, единствено сопствениците на возилата осигурани со каско полиса во која се опфатени и штетите од полава имаат право на надомест.

Важно е да се знае дека за да се пријави штетата, туристите би требало додека се сѐ уште Грција, да побараат потврда за настанатата штета од тамошната полициска станица. Полициската станица која ги издава овој вид на потврди се наоѓа во местото Агиос Николас. Покрај потврдата неопходно е да се направи и фотографија на возилото со направената штета врз него.

 

Се продаде најголемата грчка осигурителна куќа, Ethniki Asfalistiki

EXIN Partners, групација која ја сочинуваат John Calamos и John Koudounis од Calamos Investments, осигурителниот експерт Matthew Fairfield и Pavlos Kanellopoulos, заедно со Nicholaos Adamantiades од AIG ја добија битката за аквизација на Ethniki Asfalistiki, најголемата осигурителна куќа во Грција. Конкурентската понуда беше од трите кинески групации Fosun, Gongbao и Wintime.

Оваа зделка е прва крупна инвестиција во нашиот јужен сосед, каде учесник е групација од грчи и амерички капитал.

„Го познаваме осигурителниот пазар и ја познаваме Грција. Ние сме инвеститори на долг рок и во Грција доаѓаме за да останеме“, изјави извршниот директор на Calamos, John Koudounis.

Ethniki Asfalistiki е оснивана во 1891 година. На осигурителниот пазар е застапена со продукти за животно и неживотно осигурување. Минатата година ја заврши со 16,6% удел на пазарот, а во 2015 година оствари профит од €98 милиони. 

Грција: Индексот на солвентност поголем од 100% кај сите компании

Сите грчките осигурителни компании беа изложени на тест на исполнување на новите капитални регулативи, познат како Солвентност 2. Со исклучок на некои ситни забелешки, сите осигурувачи во нашиот јужен сосед го поминаа тестот со оценка поголема од 100%, која е сертификат за солвентнста на секоја компанија  во однос на одржливоста на неопходните резерви за покритие на обврските кон клиентите.

„Општата слика за секторот, по објавувањето на индексот на солвентност, е позитивна“, коментира Димитрис Мазаракис, претседателот на Асоцијацијата на грчки осигурителни компании. „Тоа докажува дека осигурителниот пазар направил сериозни чекори во последните години да се прилагоди на новиот систем. Сепак, ќе биде потребно повеќе време да се апсорбира целиот вложен труд и да се достигнат нашите цели, што е оптимална информација за нашите клиенти“, додава Мазаракис.

Со Солвентност 2 се воспоставува унифицирани правила и индекси за солвентност во сите земји од ЕУ.

 

Во 2016 Во Грција полисирана е поголема премија за животно отколку неживотно осигурување

Според последните објави на Грчката асоцијација на осигурителни компании (HAIC), осигурителниот пазар во јужниот сосед минатата годината ја завршил со €3,78 милијарди прилив од премии, што е раст за 4,8% во однос на 2015 година. Во оваа асоцијација членуваат 56 компании кои имаат 97,1% од уделот на пазарот.

Раст бележат и двата главни сектора на осигурителниот пазар. Животното осигурување е во пораст од 6,1%, со премија од €1,91 милијарда, додека неживотното осигурување бележи двојно помал раст (3,1%) со остварена премија од €1,87 милијарди.

„Сработеното на осигурителниот пазар во Грција создава задоволство за изминатата година и оптимизам за следната. Во исто време, политичката и економската неизвесност и нестабилност во соседството, директно и индиректно продолжува да влијае на приливите во бизнис секторот, додека ниските каматни стапки и зголемените побарувања од супервизорските рамки не дозолуваат комоција, туку будност и постојано прилагодување на нови услови и предизвици. Покрај неповолните економски услови во последните години, осигурителниот пазар се приспособи одлочно и неговиот требд на раст ќе продочжи и во 2017“. изјави  Мр. Д. Мазаракис, претседателот на асоцијацијата.

 

Грчката народна банка го продава својот оддел за осигурување

Грчката народна банка (NBG) очекува во текот на 2017 година да ја продаде својата филијала Национално осигурување, како дел од реструктуирањето кое е во тек. Ова го потврди за Ројтерс, Leonidas Fragkiadakis, директорот на NBG.

Минатиот месец, според извори блиски до вториот најголем грчи кредитор, најмени се  Goldman Sachs и Morgan Stanley како консултанти за продажбата на осигурителната единица.

„Беше јавно познато дека од бизнис гледна точка ние би сакале да ја задржиме осигурителната компанија.“, изјави Fragkiadakis. Тој додава дека „сепак, тоа е дел од рестурктуирањето и ние ќе бидеме фокусирани на остварување на нашите обврски“. Запрашан кога очекува да се склучи зделката, одговорот е дека во текот на оваа година без прецизно да го одреди периодот.

NBG се согласи да ги продаде бугарската филијала, United Bulgarian Bank, а веќе ја продаде и турската филијала Finansbank. Fragkiadakis најави дека и во иднина ќе се продаваат некои од филијалите надвор во Македонија, Србија, Албанија, Романија и Кипар, без да наведе конкретно за кои земји се размислува и дополни дека сето тоа е во рамките на реструктуирањето и враќањето на профитабилноста на домашен терен.

„До сега сме нашите перформанси се показател дека сме на добар пат.“заклучува Fragkiadakis.

 

Во Грција животното осигурување остварило идентична БПП со неживотното

56-те осигурувачи кои работат на грчкиот осигурителен пазар остварил БПП од €2,79 милијарди за првите три квартали од 2016. Според извештајот на Грчката асоцијација на осигурителни компании (HAIC), ова е за 1,3% повеќе од првите девет месеци во 2015. 22 од овие компании се активни во секторот за животно осигурување, додека останатите работат во неживотното осигурување.

Учеството на животното и неживотното осигурување е речиси идентично. Животното осигурување забележа скок од 1,4% и оствари БПП од €1,39 милијарди, што е 49,7% од вкупната БПП. И неживотното осигурување е во пораст од 1,3%.

Објавени се годинешните награди на World Finance

Прогласувањето на наградите  2016 World Finance Global Insurance Awards нудат увид на најновите развојни компоненти на осигурителната индустрија низ целиот свет. Без работата и постигнувањата на овогодинешните добитници, индустријата немаше да биде на позицијата на која е денес.

Овие награди исто така овозможуваат преглед не само на што треба да се направи за да се успее да се осптои на пазарот, туку може да се шрочитаат и како слика која укажува во која насока ќе се менува осигурителната индустрија во претстојните години. Анализирајќи поголем број на индикатори на нивната работа, телото за оцена на World Finance  ги избра победниците од групата големи имиња во овој пазар.

Извештајот за наградите нагласува дека осигурителниот пазар се дигитализира „Повеќето осигурителни друштва инвестираат во дигитални платформи кои ќе ги зајакнат нивните релации со клиентите. Нивната цел е да ги развијат бизнисот, така што ќе ги направат продуктите потраспарентни и полесни да се разберат и споредат“.

Инвестициите во дигитализацијата ќе резултира во појасен фокус на анализа на податоци, облак и моделирање техники за препознавање на ризици или стратешки приоритети. Осигурувањето речиси секогаш во важел за продукт кој е тешко разбирлив. вклучувањето на технолошките платформи ќе допринесе на приближувањето на продуктите до населението. Осигурувачите ќе мора да пристапат на клиентите на начин на кој до сега не практикувале. Доколну не се во можност да го следат темпото на промена на апетитите на корисниците, според World Finance  може да биде пресудно за успех или пропаст на бизнисот.

Наградите се објавени по неколку земји, одделно награда за најдобрата компанија за животно осигурување и генерално гледано за најдобрата компанија на пазарот во тие земји. оsigurajse.net Ви презентира дел од наградите во неколку земји од Европа:

  • Бугарија: Генерално – Armeec Insurance                                   Животно – SiVZK (TUMICO)
  • Србија: Генерално – Generali Osiguranje Srbija
    Животно – Generali Osiguranje Srbija
  • Грција: Генерално – INTERAMERICAN
    Животно – NN Hellas
  • Унгарија: Генерално – Allianz Hugaria
    Животно – Magyar Posta Életbiztosító
  • Австрија: Генерално – UNIQA Insurance Group
    Животно – Sparkassen Versicherung
  • Германија: Генерално – HDI-Gerling
    Животно – Zurich
  • Франција: Генерално – Covea
    Животно – AXA
  • Италија:Генерално – Unipol Assicurazioni
    Животно – Poste Vita S.p.A.
  • Холандија: Генерално – Achema                                                  Животно – Srlev NV
  • Данска: Генерално – Top Danmark                                               Животно – Sampension