Tag Archives: Граве

АСО: Уника Лајф единствена компанија без судски спор во првите три квартали

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Осигурителните компании во Македонија во првите три квартала полисирале бруто премија од  6.799.774.000, од кои 5.851.861.000 денари се за неживотно осигурување, а останатите 947.913.000 денари се за животно осигурување. Најголема БПП помеѓу сите компании има Триглав со 1.026.701.000, пред Осигурување Македонија со 700.596.000 денари и Еуролинк 680.547.000 денари.

Од компаниите кои нудат животно осигурување, водечка и понатаму водечка е Кроација живот со БПП од 404.306.000 денари, пред Граве 338.243.000, Винер 90.505.000 и Уника 54.406.000 денари. На традиционални полиси за осигурување на живот полисирана е бруто премија од 882.383.000 денари, додека на полиси каде инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот (unit-link) полисирана е бруто премија од 65.530.000 денари.

Бруто исплатената штета изнесува 2.438.719.000 денари. Вкупно на полиси од неживотно осигурување исплатени се 2.274.400.000 денари, а најмногу БИШ е регистрирана кај Триглав 422.925.000 денари. Во секторот живот исплатена е бруто штета од 163.921.000 денари, а најмногу исплатил Граве 75.985.000 денари. Вкупниот број на ликвидирани штети изнесува 41.433. Уника Лајф е единствената компанија која немала судски спор како резултат на нерешени штети.  Кроација живот и Граве имаат 4 судски процеси, додека Винер Лајф има два. Судските разрешници на спорови околу отштета се покарактеристични за неживтонто осигурување. Од тука и не чуди тоа што нема компанија од овој сектор со помалку од 100 судски процеси.

Сите компании располагаат со капитал кој гарантира сигурно работење и е далеку над границата на солвентност.  Кај повеќето компании капиталот е три пати поголем од маргината на солвентност, а кај некои оди и преку 10 пати (Уника Лајф 13,61, Осигурување Македонија 10,4).

Црна Гора: Атлас лајф згаснува, а портфолиото го презема Граве осигурање

Атлас Лајф, осигурителна куќа во сопствеништво на бизнисменот Душко Кнежевиќ, наскоро ќе престане со работа. Во инднина со нејзиното портфолио и клиенти ќе управува Граве осигурање.
Агенцијата за надзор на осигурување во 2105 година направи сеопфатна контрола на Атлас лајф и изрече мерки за надзор со цел отстранување на незаконитостите и неправилнсотите, првенствено поради капиталната нееднаквост на друштвото. Агенцијата, која работи во интерес на сигурноста на клиентите, во меѓувреме изрече и мерка за привремена забрана за управување со имотот кој служи покритие на нето техничките резерви. Оваа мерка е сѐ уште на важност.
„Парите кои служат како покритие за обврските на Атлас лајф се зачувани, не се заложени, нити служат како гаранција за обврски кон други правни лица. Со тоа, депонирани и вложени се во согласност со Законот за осигурување и Правилникот за депонирање и вложување средства од технички резерви и средства на капитал“, објавуваат од Агенцијата.
Регулаторот во моментов врши пренос на портфолиото од Атлас лајф на Граве осигурање, согласно на барањето кое е поднесено.
„Преносот на портфолиото од Атлас лајф на Граве осигурање, кое е едно од водечките осигурувања во Црна Гора, правата и обврските ќе преминат на Граве осигурање. За ова договорувачите на осигурувањето ќе бидат благовремено известени, а правата на договорувачите, осигурениците и корисниците на осигурувањето во полна мера ќе бидат заштитетни.“, дополнуваат од Агенцјата.

Со згаснувањето на Атлас лајф и преземањето на Меркур, кое на почетокот од годината го направи Граве осигурање, на овој осигурителен пазар за животно осигурување ќе продолжат да работат 9 компании.

НБО: Животното осигурување со раст од 16,58% во втотиот квартал

Според објавениот извештај на Националното биро за осигурување (НБО), во вториот квартал македонскиот осигурителен пазар бележи раст на бруто полисираната премија (БПП) од 3,14%, споредено со истиот период лани. На крајот од јуни полисирани се вкупно 4,63 милијарди денари (ПП2016: 4,48 милијарди денари). Раст е забележан и кај неживотното осигурување, 1,25%, и кај животното осигурување 16,58%. Неживотното осигурување со вкупните 3,98 милијарди денари (ПП2016: 3,93 милијарди денари)учестува со речиси 86% во вкупната премија. На полиси за животно осигурување полисирана е бруто премија од 0,65 милијарди денари (ПП2016: 0,55 милијарди денари)

Вкупната бруто исплатена штета (БИШ) е во пад  од 14,38% и изнесува 1,61 милијарди денари (ПП2016: 1,88 милијарди денари). Поединечно гледано исплатената штета од полиси за неживотно осигурување изнесува 1,5 милијарди денари (ПП2016: 1,78 милијарди денари) и е за 15,32% помалку, додека кај полисите за животно осигурување исплатено е за 1,28% поголема штета од 0,11 милијарди денари (ПП2016: 0,1 милијарди денари).

Според категории осигурувањето од АО и понатаму има водечка улога на пазарот со БПП од 1,91 милијарди денари (5,78% повеќе). Околу 10% раст имаат осигурување од незгоди и туристичка помош, додека исто толкав пад има осигурувањето на имот.

Редоследнот на пазарната распределба на компаниите од секторот неживот останува непромет. Водечки две компании и понатаму се Триглав со 18,14% удел (ПП2016: 18,03%)и Осигурување Македонија 12,96% (ПП2016: 14,29%). Еуролинк 11,63% (ПП2016: 11,32%) сега го презема третото место од Винер 10,62% (ПП2016: 11,77%).

Четирите компании кои нудат животно осигурување на македонскиот пазар остануваат со непроменет редослед во распределбата. Од нив единствено Граве осигурување има пад во уделот од 1,6%. Кроација живот и Винер Лајф имаат раст од 1% и 0,64% соодветно, а најмладата компанија на пазарот, Уника лајф, благодарение на зголемената БПП го задржува истиот процент на удел како и лани.

Директната продажба продолжува да биде најсилен дистрибутивен канал.  Уделот на пазарот на овој канал и понатаму расте(6,11%), за сметка на падот на уделот на застапниците (-5,89%) и застапничките друштва  (-1,65%).

 

Република Српска: Вкупната добивка на компаниите за првите 6 месеци е €6,84 милиони

Најголемите осигурителни куќи од Република Српска, во првата половина од 2017 година оствариле добивка од €6,84 милиони. Најдобри резултати во работењето остварило Нешкович осигурување, со речиси €2,57 милиони.

Од десетте компании кои се активни на овој осигурителен пазар, единствено Винер осигурање работел со загуба од околу €410.000.

Нешкович осигурање, покрај најголемата добивка, има и најголема БПП од €4,3 милиони, додека на второ место е Атос осигурање (€1,08 милиони) кое минатата година ја промени сопственичката структура.

Задоволство од резултатите има и во Дрина осигурање, кои првото пологодие го завршија со заработени нешто повеќе од €1 милион.

Од останатите компании, кои работат и на македонскиот пазар, Триглав има добивка од нешто повеќе од €230.000 и зголемена БПП за 4%.

Граве осигурање има пад во добивката од речиси 15%.

 

ХИПЕРИУМ Бизнис Центар преминува во споственост на Grawe Real Estate Group

Инвеститорот во недвижности Grawe Real Estate Group во целост ја презеде сопственоста врз Хипериум Бизнис Центарот во Скопје. FORTON, како партнер на CUSHMAN&WAKEFIELD за Македонија, го водеше процесот на продажба, претставувајќи го продавачот, Centrice Real estate GmbH.

До 14-ти јули 2017 година, Хипериум Бизнис Центарот беше во целосна сопственост на Centrice Real estate GmbH, компанија со седиште во Австрија.

Одлуката на Grawe Real Estate Group да го преземе Хипериум Бизнис Центарот се заснова на целосното подобрување на средината и нивната доверба во проектот. Со преземањето на Хипериум Бизнис Центарот, Grawe Real Estate Group ја зајакнува својата водечка позиција во недоволно снабдениот пазар на класа А канцелариски простор.

Целиот текст прочитајте го на vesti.mk

FMVÖ ги додели Recommender Award наградите за банките и осигурувачите во Австрија

Во Виена е одржана единаесеттата по ред гала свеченост Recommender Award од стрна на Здружението на финансиски маркетинг на Австрија (FMVÖ). Наградите на оваа свеченост се доделуваат на осигурителни компании и банки, кои според одговороите на 8.000 испитаници во првиот квартал од годината, оствариле наголема стапка на препорака во својата категорија. Собирањето на податоците оваа година го направи Институтот за истражување на пазарот Telemark Marketing.

Наградите кај осигурувачите ги понесоа TIROLER VERSICHERUNG V.a.G. во категоријата на регионален осигурувач, muki Versicherungsverein auf Gegenseitigkeit во категоријата на директен и специјален осигурувач, Sparkassen Versicherung AG Vienna Insurance Group во категоријата банкоосигурувачи, и Grazer Wechselseitige Versicherung AG, кој се јавува како еден од спонзорите на манифестацијата, во категоријата на државен осигурувач.

 

Македонија: Животното осигурување со раст на БПП од 14,88% во првиот квартал

Националното биро за осигурување го објави извештајот за резултатите од првиот квартал од годината на осигурителниот пазар во Македонија. Вкупната бруто полисирана премија (БПП) изнесува 2,25 милијарди денари и е зголемена за 4,68%. На растот влијаат и секторот неживот, чија БПП од 1,97 милијарди денари има зголемување од  3,39%, но и животното осигурување каде вкупната БПП од 0,28 милијарди денари е зголемување за 14,88%.

БПП има пораст кај речиси сите класи на неживотно осигурување. Единствено каско осигурувањето на моторните возила е со намалување. Осигурувањето од автоодговорност и имонтото осигурување сочинуваат 61% од вкупната БПП во секторот на неживотното осигурување.

Во пораст е и вкупната бруто исплатена штета (БИШ) која од ланските 0,75 милијарди денари во првите три месеци е порасната на 0,81 милијарда денари. На полисите за неживот исплатено е за 6,41% повеќе штета (0,76 милијарди), додека кај полисите за животно осигурување исплатени се 0,05 милијарди (28,4% повеќе).

Рангирањето на компаниите во однос на процентуалниот удел на пазарот не е променето. Во делот на неживотно осигурување водечки е Триглав со 17,75% (16,89% лани) удел на пазарот, следен од Осигурување Македонија 12,55%(12,81% лани), Еуролинк со 12,74% (13,48% лани) и Уника 11,25% (11,4% лани). Од четирите компании кои нудат полиси за животно осигурување единствено водечката Кроација има намалување на уделот, додека останатите три имаат зголемување кое е во рангот од 0,5 до 2%.

Техничките резерви кај компаниите генерално се во пораст.  Исклучок прават Винер (-34,63%), Албсиг (-16,69%) и Сава (-2,08%).

Во овие три месеци најмногу полиси биле продадени преку канал на директна продажба и тоа е каналот кој единствено бележи значителен раст во однос на лани (10%). Пад во продажбата се забележува кај друштвата за застапување (-2,4%) и застапниците (-5,26%).

 

ВГТ осигурање во целост ќе стане сопственост на Граве осигурање

ВГТ Осигурање објави дека ја прифаќаат понудата од Граве осигурање за откуп на преостанатие 12,4% од акциите кои не се во сопственост на австриската подружница во Сараево. Понудената цена од €337,3 е прифатлива и е во согласност со пазарната вредност. Станува збор за 3.823 акции на компанијата која нема свои експозитури во Република Српска.

ВГТ Осигурање во првите четири месеци од 2017 година имаше удел од 8,6% на пазарот на Федерацијата.

 

Црногорскиот пазар со раст од 3,8% во првиот квартал

Единаесетте компании активни на црногорскиот осигурителен пазар, во првиот квартал од 2017 година оствариле БПП од €17,4 милиони, што е пораст од 3,8%.

Според извештајот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, секторот на неживотно осигурување бележи раст од 3,3% на БПП, додека компаниите кои нудат животно осигурување полисирале за 6,7% поголема бруто премија во однос на истиот период лани. €14,4 милиони од вкупната премија отпаѓаат на полиси за неживотно осигурување, што 82,7% од вкупната БПП.

Ловчен осигурање, подружница на Триглав, ја зголеми својата предност во однос на останатите компании во секторот на неживот со БПП од €6,7 милиони и удел на пазарот од 46,2% (38,1% во 2016). Најмногу премија за животно осигурување полисирал Граве осигурање (€0,9 милиони), со што има удел од 31% од овој сегмент на пазарот.

Граве осигурување одбележува 10 години на македонскиот пазар

На прес-конференцијата одржана во Скопје Мериот Хотел беше даден осврт на историјата на групацијата Граве, како и на Граве осигурување во Македонија, а беа претставени и резултатите од 10-годишното работење на компанијата, почнувајќи од бројот на склучени договори, растот на премиите, па сѐ до развојот на сопствениот капитал.

“Само во изминатава година бројот на индивидуални договори порасна за речиси 10%, што е сериозен показател за успехот на Граве во Македонија. Исто така, и бруто полисираната премија во висина од 1,14 милиони евра во 2007 година се зголеми на 7,63 милиони евра во 2016 год., а успехот на претпријатието се отсликува и во развојот на сопствениот капитал, кој во период од 10 години порасна од 1,09 милиони евра на 5,45 милиони евра. Според ова, можам самоуверено да кажам дека Граве осигурување а.д. Скопје располага со солидна база за натамошен раст и во иднина“, истакна Отмар Едерер, Претседателот на GRAWE концернот.

Целиот текст можете да го прочитате на tocka.com.mk