Tag Archives: Германија

Во 2016 година Германците поседувале рекордни 431 милион полиси

Според извештајот објавен од страна на Германската асоцијација на осигурувачи, 2016 година била рекордна според бројот на активни полиси за осигурување. Германците поседувале вкупно 431 илион, што е за 2 милиони повеќе од 2015 година и за прва пат е надмината бројката од 430 милиони. 307,9 милиони полиси се полиси за осигурување на имот и незгоди (2015: 304,3 милиони), 33,9 милиони полиси за доброволно здраствено осигурување (2015:33,6 милиони), 89,3 милиони полиси за животно осигурување (2015: 91,0 милиони). Намалувањето на бројот на полиси за животно осигурување се лоцира во тоа што повеќето од полисие се склучени пред промената на законот за даноци донесен во 2004 година, а според кој приходот од мешовита полиса за животно осигурување со штедна компонента, по 12 години траење се ослободува од данок. Приходот од премии на 534-те компании активни на овој пазар (2015:539) изнесува €194 милијарди, што исто така е рекордна сума.

Во 2016 година на полиси за животно осигурување исплатена  е отштета од  €87,7, додека кај осигурувањето на имот и незгоди отптетата која е исплатена изнесувала €49,3 милијарди. Во извештајот не се наведуваат висините на отштета во третиот сегме, на доброволно здраствено осигурување.

Алианц започна со подготовка на тарифи за АО за автономни возила

Алианц започнува да се подготввуа за иднината. Тие објавија дека подготвуваат тарифи за осигурување од АО поврзани со несреќи на автономните возила. Иако од германскиот осигурувач не очекуваат дека автономните возила ќе донесат драстични промени на пазарот за АО, сепак започнуваат со анализа на статистиката на штети за таквиот тип на возила и вклучување на резултатите во процесот на одредување на тарифите.

Јоаким Муелер, член на Управата на Алианц, за германскиот весник Ди Велт, изјавува дека автономните возила ќе причинуваат помала штета поради тоа што луѓето прават повеќе грешки отколку системи на вештачка интелегенција.

Алианц и конкурентскиот Хук Колбург веќе имаат тарифи во кои им се овозможува на возачите одредени поволности доколку докажат дека возеле примерно и внимателно. Тоа ќе биде принципот кој ќе се примени и кај тарифите за автономните возила. Муелер додава дека тие кои почесто ќе дозволат возилото да го управува ИТ – системот може да добијат пониски тарифи.

 

Осигурителните компании бараат од автопроизводителите поголем пристап до информациите од автомобилите

Осигурителните друштва и автомобилската индустрија се конфорнтираат околу телеметријата во автомобилите. ХУК Кобург, лидер на пазарот за осигурување на возила во Германија со 11 милиони осигурани возила во 2016 година, ги повикува властите да обезбедат компетитивност и да обезбедат стандарди во размена на податоците за возилата.

„Не може да постои монопол на производителите на авотмобилите, монополите се скогаш лоши и скапи“, истакнува Клаус-Јирген Хајтман, член во Управата на ХУК Кобург. Според Хајтман откако возилото ќе биде купено, тоа припаѓа на купувачот, а не на производителот.

Денешните автомобили стануваат подвижни компјутери и податоците во нив се многу значајни и за производителите на автомобили и за осигурувачите, кои настојуваат да им пружат на своите клиенти дигитални услуги и да отворат нови можности.

„Доколку имате дефект во мрежно поврзан автомобил, во иднина повеќе нема да треба да барате асистенција на патот, туку вие ќе бидете контактирани за потребна помош“, наведува Хајтман како пример. Тој додава дека благодарение на тоа, услужен центар ќе знае каде се наоѓа возачот, каков тип на дефект е и дали може да се направи веднаш сервис или мора да биде повикана шлеш служба. Како дополнителен аргумент Хајтмна наведува дека автомобилот може да повика и помош кога жртвата во настаната несреќа нема да биде во можност да го стори тоа.

Регулативата за која се залагаат осигурувачите треба да осигура униформирани стандарди за размена на податоци. Според пишувањето на Зуддојче Цајтунг, како причина за лимитираниот пристап на податоци од страна на производителите на автомобили се наведува дека е опасноста од сајбер криминалци. Меѓутоа според ХУК Колбург, тоа значи дека е потребно дополнително да се работи на сигурноста на податоците, а не нивно лимитирање.

 

Две кинески осигурителни компании сакале да откупат дел од Алианц

Дневниот весник Süddeutsche Zeitung објави дека пред неколку седмици кинеската компанијата HNA стапила во контакт со раководните лица на Алианц, со цел да ја известат за нивната намера да преземат дел од акциите на оваа германската осигурителна куќа. Кинеската компанија, која е најголем поединечен акционер во Deutsche Bank, наводно имала намера да стане и мнозински акционер на четвртиот по големина осигурувач во светот. Сепак од Алианц не добиле позитивни сигнали, откако се консултирале со кинескиот државен инвестициски фонд CIC, кој има три постотен удел во Алианц.

Од друга страна Ројтерс објави дека покрај HNA за купување акции во Алианц била заинтересирана и Anbang Insurance Group, дел од конгломератот Anbang. Оваа компанија ги контактирала одговорните од Алианц на почетокот од годината. И овие преговори се завршени многу брзо, без конкретна понуда. Еден од изворите на Ројтерс наведува дека овие преговори ќе бидат обновени во блиска иднина.

Интересот на кинеските компании не е изненадувачки, знаејќи го фактот дека во последната година инвестирале €183 милијарди во акции на странски осигурителни компании.

 

Generali: Зголемена профитабилност во првите два квартала

Третиот по големина европски осигурувач, италијанскиот Generali, објави дека полугодишните резултати се над очекувањата на аналитичарите. Нето добивката е зголемена за 3,7% на €1,22 милијарда, додека оперативната добивка достигнува €2,6 милијарди што е повеќе од 4% зголемување во однос на првата половина од 2016 година. Подобрените резултати претежно се должат на растот во сегментот на неживотно осигурување.

Високата профитабилност на компанијата се огледува и во повратот на капитал, кој е останат стабилен на 13,6%. Тоа е во согласност со целите на управата на Generali, која очекува поврат на капитал од над 13%. „ Ова се цврсти и добри резултати. Остварени се во потоплност поради подобрувањето во нашето работење“, изјави за медиумите директорот на Generali, Philippe Donnet.

Вкупната БПП е намалена за помалку од 1% на €36,6 милијарди. Избегнат е поголем пад поради растот на БПП во неживотното осигурување за 1,5%, најмногу по заслуга на осигурувањето од АО каде премијата е порасната за нешто помалку од 4%.

Во секторот на животно осигурување, БПП е во пад од 1,8%. Пад се бележи и на домашниот пазар (-4,3%), но и на пазарите во Германија, Централна и Источна Европа (-3,4%).

Generali Leben, подружницата која нуди животно осигурување во Германија, минатиот месец според извори на Ројтерс се наоѓа на продажба. Donnet, за овие наводи, изјави дека „се разгледуваат различни опции“ и дека за нејзината судбина „ќе одлучиме до крајот на годината“.

 

Германија: Пробиена бариерата од €1 трилион инвестиции од полиси за животно осигурување

Во 2016 година, секторот за животно осигурување во Германија ја проби бариерата од €1 трилион (1.000 милијарди) инвестиции во интерес на клиентите. Според публикацијата „Германското животно осигурување во бројки 2017“ објавено од страна на Асоцијацијата на германските осигурувачи (GDV)  инвестициското портфолио на традиционалните полиси за животно осигурување е во пораст од 4,3% на €923 милијарди. Дополнително беа остварени инвестиции од €102 милијарди на unit-linked полиси.

„Успешниот и континуиран развој на овој капитал, формира база за адекватна залиха за следната генерација“., изјавува Peter Schwark, член на Бордот на менаџери на GDV, одговорен за финансиските залихи за пензии. „Резервите на капитал се единствениот извор за финансирање на потребите на идните пензионери“, надополнува Schwark.

На крајот од 2016, постоеа 89,3 милиони договори за животно осигурување, пензиски шеми и пензиски фондови. Пензиското осигурување сочинува голем дел од овој колач, со приближно 40 милиони договори. „Ова покажува дека осигурителната индустрија значително придонесува за зголемување на дополнителните пензиски залихи“, додава Schwark.

Приливот од премии генерирани од полиси за животно осигурување, пензиски шеми и пензиски фондови остануваат на многу високо ниво. Во 2016 година достигнати се €90,8 милијарди, од кои €26,4 милијарди се преку полиси со еднократна уплата, додека полисите со тековна уплата се во минимален пад од 0,3%.

Исплатените штети се зголемени за 7,1% и достигнуваат вкупно €88,9 милијарди. Тоа во превод би значело дека во 2016 година, просечно дневно се исплаќани €244 милиони штета од полиси за животно осигурување.

 

Generali излегува од пазарите во Колумбија и Гватемала

Philippe Donnet, извршниот директор на Generali, издаде соопштение во кое се наведува дека компанијата планира да ги зајакне своите активноси во Франција, а во исто време се разгледуваат и опции за такви активности во Германија, каде сака поактивно да управува со своите испостави за животно осигурување.

Donnet исто така изјавува дека италијанскиот осигурувач ги продал своите испостави во Колумбија и дека го напуштаат Гватемалскиот осигурителен пазар. Ова се дел од активностите кои беа најавени од страна на ова осигурително друштво со цел да се направи географска оптимизација, зголемена оперативна ефикасност и подобрена капитална алокација, стои во соопштението.

 

Хамбург: Протестите за време на самитот на Г20 направија штета од €12 милиони

Насилството во трите ноќи за време на самитот на Г20 во Хамбург предизвика штета што осигурителните компании може да ги чини €12 милиони. Асоцијацијата на германски осигурувачи изјави дека првичните проценки една третина од оваа сума ќе биде исплатена на сопствениците на возилата кои беа опожарени. Дел од отштетата ќе биде наменета и за сопствениците на домовите и фирмите кои беа на удар на демонстрантите.

 

Прв пат по 15 години домаќинското осигурување во Германија е во плус

За прв пат по 2001 година германскиот осигурителен пазар за домаќинства ја заврши годината со профит. Според извештајот на Асоцијацијата на германските осигурувачи (GDV) oдносот на загубите и премиите во 2016 година изнесувал 97% (во 2015 година беше 101,4%). БПП за осигурување на домаќинства во минатата година достигнала вредност од €6,8 милијарди, додека исплатени биле штети во висина од €4,7 милијарди. Главната причина за позитивниот комбинираната стапка е тоа што во втората половина од годината во Германија не се случија негои големи природни катастрофи со високи осигурителни покритија.

Осигурувањето на имот достигнало €18,6 милијарди. Тоа е 3,5% повеќе во однос на 2015 година. Профитот на овој сектор се очекува да биде околу €300 милиони.

Генерално осигурителните компании во секторот на осигурување на домаќинства и незгоди оствариле 2,8% удел од вкупните €66,2 милијарди во 2016 година. Минатата година сите сектори оствариле добивка. Комбинираната стапка на целокупниот осигурителен пазар во Германија се очекува да биде 96%.

Осигурувањето на возила во минатата година остварило раст од речиси 3% и изнесува €25,9 милијарди. Но, исто така во пораст се и услугите за 4% и нивната вкупна вредност е €22,7 милијарди. Овој сектор годината ја завршувило со профит од околу €300 милиони.

 

Германските осигурувачи просечно исплаќале 5.200 евра секоја секунда

Германските осигурителни компании на своите клиенти за животно и осигурување на имот и незгоди исплатиле  вкупен износ од €163,7 милијарди. Според годишниот извештај од 2016 кој се однесува на работтењето на челнките на Германската асоцијација на осигурувачи (GDV) во 2015, тоа значи дека секоја секунда се исплатувале €5.200 отштета.

Поделено по сектори, во делот на домаќинство и незгоди отштетата е во пораст од 5,9% во однос на 2014 и изнесувала 48,1 милијарда. Оваа сума во последните година била надмината само во 2013, кога отштетата изнесувала €49,7 милијарди.

Исплатите во животното осигрување изнесуваче €115,5 милијарди, што исто така е второ највисоко нови во последните 15 години. Споредено со рекордната 2014-та по исплатена штета, овој сектор исплатил 5,0% помалку средства. Животното осигурување се однесува на исплата на ануитети и капитални суми на клиентите, како и пораст на обврските на корисниците на полисите.