Tag Archives: ВФП

АСО: По три квартали Седа брокер со најголем број на договори, ВФП со најголема БПП

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Триесет и петте осигурително брокерски друштва во првите девет месеци склучиле вкупно 216.069  број на договор, од кои 2.429 се полиси за осигурување на живот.

Како и во претходните два квартала водечко друштво според број на договори водечка друптво е Седа брокер со вкупно 39.978 склучени полиси, сите за неживотно осигурување. Уште едно друштво има направено преку 30.000 договори, а тоа е Мобилити со вкупно 31.660 договори, од кои само еден е полиса за осигурување на живот. И треторангираните СН Осигурителен Брокер имаат само една полиса за живот од вкупните 16.862 договра. ВФП, кои се на четврто место според ова рангирање, се единственото осигурително брокерско друштво кои активно продава полиси за животно осигурување и од вкупно склучените 13.756 полиси, 2.318 се осигурување на живот. Токму ова ова ВФП ја прави водечка според БПП со вкупно 521.924.000 денари, далеку пред Ин брокер 218.222.000 денари, Седа брокер 200.387.000 денари.

Брокерите најмногу полиси за неживотно осигурување склучиле преку Кроација 24.444 и Евроинс 24.062, додека за животно осигурување Винер Живот полисирал 1.178 полиси направени преку овие друштва.

АСО: Објавени извештатите за работењето на Друштвата за застапување и Осигурително брокерските друштва (1Q2017)

Според Извештајот за обемот и содржината на работа на Друштвата за застапување (ДЗ) и Извештајот за обемот и содржината на работа на Осигурително брокерските друштва (ОБД), во првиот квартал од актуелната година ДЗ направиле вкупно 32.322 договори за животно и неживотно осигурување, додека преку ОБД склучени се вкупно 39.795 договори.

Помеѓу ДЗ, според бројот на договори, водечко е Актива со 5.116 договори, следен од Тренд МР (4.640) и Реа Иншуренс груп (3.507). Овие друштва генерално работат во доменот на неживотно осигурување. Кај ДЗ кои се ориентирани на продажба на животно осигурување, Фемили Партнер, по преминот на нивната најдобра продажна мрежа во Уника Лајф, го препушти првото место на Сафе Лифе, кое во првиот квартал направи 186 договори. Фемили Партнер првиот квартал го заврши со скромни 64 договори, пред Лајф Визион со 44 договори.  Рангирањето не се менува многу и според вториот параметар за оцена на работењето на овие друштво, бруто полисираната премија (БПП).

Во групата на ОБД најуспешно, според бројот на договори, е Седа брокер со 8.257 склучени договори, пред Мобилити (5.097) и Супер брокер (3.428). Слично како и кај ДЗ, и кај ОБД постои строга определба на друштвата кон осигурување само на неживот и осигурување на живот. Единствено ОБ друштво кое работи поинтензивно на пазарот на животно осигурување е ВФП, кое има склучено вкупно 824 договори за животно осигурување. Тоа ги прави и водечко ОБД според БПП со вкупно 148.281.000 денари, пред ИН-брокер (129.202.000) и Седа брокер (55.215).

Од трите банки кои имаат акредитација да нудат осигурување како ДЗ, НЛБ има направено вкупно 13.792 договора, Шпаркасе 125, додека Охридска банка првиот квартал го заврши без ниту една полиса.

Од гледна точка на оисугителните компании, најмногу полиси за неживотно осигурување ДЗ направиле преку Осигурување Македонија 30.079, скоро 2,5 пати повеќе од Сава (13.384). Иако ДЗ најмногу полиси за животно осигурување склучиле преку Кроација осигурување, сепак најголема БПП од овие полиси има Граве осигурување.

ОБД речиси подеднакво ги нуделе продуктите на сите компании, па така најмногу полиси се направени преку Кроација неживот (5.282), пред Еуролинк (5.187) и Осигурителна полиса (4.845). Убедливо најголема бруто премија е полисирана во Уника А.Д. 108.928.000, пред Осигурување Македонија (62.615.000) и Триглав осигурување (60.165.000).