Tag Archives: АСО

АСО: Уника Лајф единствена компанија без судски спор во првите три квартали

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Осигурителните компании во Македонија во првите три квартала полисирале бруто премија од  6.799.774.000, од кои 5.851.861.000 денари се за неживотно осигурување, а останатите 947.913.000 денари се за животно осигурување. Најголема БПП помеѓу сите компании има Триглав со 1.026.701.000, пред Осигурување Македонија со 700.596.000 денари и Еуролинк 680.547.000 денари.

Од компаниите кои нудат животно осигурување, водечка и понатаму водечка е Кроација живот со БПП од 404.306.000 денари, пред Граве 338.243.000, Винер 90.505.000 и Уника 54.406.000 денари. На традиционални полиси за осигурување на живот полисирана е бруто премија од 882.383.000 денари, додека на полиси каде инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот (unit-link) полисирана е бруто премија од 65.530.000 денари.

Бруто исплатената штета изнесува 2.438.719.000 денари. Вкупно на полиси од неживотно осигурување исплатени се 2.274.400.000 денари, а најмногу БИШ е регистрирана кај Триглав 422.925.000 денари. Во секторот живот исплатена е бруто штета од 163.921.000 денари, а најмногу исплатил Граве 75.985.000 денари. Вкупниот број на ликвидирани штети изнесува 41.433. Уника Лајф е единствената компанија која немала судски спор како резултат на нерешени штети.  Кроација живот и Граве имаат 4 судски процеси, додека Винер Лајф има два. Судските разрешници на спорови околу отштета се покарактеристични за неживтонто осигурување. Од тука и не чуди тоа што нема компанија од овој сектор со помалку од 100 судски процеси.

Сите компании располагаат со капитал кој гарантира сигурно работење и е далеку над границата на солвентност.  Кај повеќето компании капиталот е три пати поголем од маргината на солвентност, а кај некои оди и преку 10 пати (Уника Лајф 13,61, Осигурување Македонија 10,4).

АСО: Во првите три квартали НЛБ и Актива со најмногу склучени договори помеѓу застапниците

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Друштвата за застапување до крајот на септември склучиле вкупно 109.171 број на договори. Во оваа група активни се единаесет друштва за застапување во осигурување и три банки со лиценца за нудење на осигурување. Кај банките најмногу полиси, 42.200, се склучени преку НЛБ банка од кои 35.879 се за неживотно осигурување преку Сава, а 6.321 се полиси за осигурување на живот на Кроација живот. Шпаркасе банка има склучени 383 договори, сите за осигурување на живот. Како и во претходните два квартала Охридска банка нема склучено договор. БПП на полисите на НЛБ е 22.114.000 денари за неживотно осигурување и 69.226.000 за животно осигурување, додека полисите склучени преку Шпаркасе имаат БПП од 15.788.000 денари.

Кај останатите единаесет друштва за застапување најголем број на договори се направени преку Актива, 18.542, од кои само 4 се полиси за животно осигурување. Блиску до нив се Тренд МР со 17.135 договори (12 живот), а петцифрени се уште и Лајон Инс со 11.797 договори (27 живот) и Реа Иншуранс груп со 10.385 деоговори (0 живот).

Кај друштвата кои продаваат исклучиво животно осигурување водечко е Сафе Лифе со 834 склучени полиси со БПП од 57.612.000 денари. По нив следи Фемили партнер со 202 договори и БПП 40.005.000 денари, и Л.И.Ф.Е со 32 договори и БПП од 308.000 денари.

АСО: По три квартали Седа брокер со најголем број на договори, ВФП со најголема БПП

Агенцијата за супервизија на осигурување ги објави извештаите за работењето во првите три квартали на друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и осигурителните друштва.

Триесет и петте осигурително брокерски друштва во првите девет месеци склучиле вкупно 216.069  број на договор, од кои 2.429 се полиси за осигурување на живот.

Како и во претходните два квартала водечко друштво според број на договори водечка друптво е Седа брокер со вкупно 39.978 склучени полиси, сите за неживотно осигурување. Уште едно друштво има направено преку 30.000 договори, а тоа е Мобилити со вкупно 31.660 договори, од кои само еден е полиса за осигурување на живот. И треторангираните СН Осигурителен Брокер имаат само една полиса за живот од вкупните 16.862 договра. ВФП, кои се на четврто место според ова рангирање, се единственото осигурително брокерско друштво кои активно продава полиси за животно осигурување и од вкупно склучените 13.756 полиси, 2.318 се осигурување на живот. Токму ова ова ВФП ја прави водечка според БПП со вкупно 521.924.000 денари, далеку пред Ин брокер 218.222.000 денари, Седа брокер 200.387.000 денари.

Брокерите најмногу полиси за неживотно осигурување склучиле преку Кроација 24.444 и Евроинс 24.062, додека за животно осигурување Винер Живот полисирал 1.178 полиси направени преку овие друштва.

АСО: Резултати од работењето на брокерските и друштвата за застапување заклучно со вториот квартал

Заклучно со вториот квартал, единаесетте друштва за застапување и трите банки со овластени за банкоосигурување, направиле вкупно 75.672 договора за неживотно и 5.518 договори за животно осигурување. Помеѓу застапниците најмногу договори (17.380) се направени преку Актива, од кои само три се за животно осигурување. На второ место се Тренд МР со 15.928 (7 животно осигурување) и Реа Иншуранс груп со 8.145 продадени полиси. Најмногу договори за животно осигурување се склучени преку застапничката куќа Сафе Лифе (436), селдена од Фемили партнер (136) и Лајф Визион (105). Најуспешна банка според бројот на продадени полиси е НЛБ Тутунска. Зад името на Охридска банка и во вториот квартал нема регистрирано продадена полиса. Врз основа на вториот критериум за рангирање, БПП, претходното рангирање нема да претрпретрпи значителни измени. Најголема БПП носат полисите направени преку Актива и Тренд МР. Застапничките друптва и банките, најмногу договори за неживотно осигурување направиле преку Осигурување Македонија, а за животно осигурување преку Кроација Живот.

Кај брокерските друштва, најмногу полиси се направени преку Седа Брокер, вкупно 24.276, сите во неживотно осигурување. Петцифрен број на договори, 17.513, се склучени преку посредништво на само уште едно брокерско друштво, Мобилити. Најблиску до нив е СН Осигурителен Брокер со 8.755 полиси. Помеѓу брокерските друштва едиснтвено ВФП работи активно и на пазарот за животно осигурување, завршувајќи го вториот квартал со вкупно 7.639 договори, од кои 1571 се полиси за животно осигурување. Токму овие договори го прават брокерско друштво со најголема БПП, пред Седа и СН Осигурителен Брокер. Брокерите најчесто нуделе полиси за неживотно осигурување на Триглав осигурување, 21.180, пред Кроација неживот (13.485) и Евроинс 12.673. ВФП најмногу договори за животно осигурување склучиле преку Винер лајф.

Податоците се преземени од страната на АСО.

АСО: Конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето

Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување објавија конкурст за деца и млади од основното и средно образование на тема „Ајде да го прославиме светскиот ден на штедењето – 31 октомври со сликање цетежи и пишување песна“.

Како што и самиот наслов посочува, конкурсот опфаќа две категории. Прва категорија на тема:

Ш Т Е Д Е Њ Е ‒ „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“

Втора категорија на тема:

ОСИГУРУВАЊЕ ‒ „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“

Целиот конкурс можете да го погледнете на следниот линк.

Зелениот картон да поевтини преку либерализација на пазарот за автоодговорност

Зелениот картон да поевтини, предлагаат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Од оваа Агенција велат дека најмногу се продаваат осигурителните полиси за автоодговорност, а потоа имотното и животното осигурување.

Годинава трипроцентен раст забележува осигурувањето на имотите од природни катастрофи, земјотреси, поплави и пожари. Тоа придонесува за намалување на цената на осигурувањето, вели првиот човек на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Попоски. Земјава е мапирана како поднебје подложно на ризици од природни непогоди и голема е веројатноста во септември, вели тој, претставници на Светска банка и од Владата да ја промовираат идејата за „Осигурителен пул“, односно масовно осигурување на имотите од вакви ризици.

Граѓаните најмногу склучуваат полиси за автоодговорност. Се зголемува и бројката на каско осигурувања, вели Попоски. Зелениот картон за кој подолго време се смета дека е оптоварување на граѓаните и се плаќа дополнително односно како проширено осигурување од автоодговорност, Агенцијата предлага две решенија- либерализација на осигурувањето или воведување зелен картон како обврска за сите. Либерализиран пазар има во Хрватска и во Бугарија, на пример, кадешто просекот е 125 евра.

Попоски уверува дека дека во земјава се плаќа најниска цена на зелениот картон. Така што просекот во Македонија е 89 евра, во Србија 110 , во Босна и Херцеговина 145, во Црна Гора 150, а во Албанија 130 евра. Во земјава расте и бројот на полисите за животно осигурување.

Содржината е преземена од mrt.com.mk

Климе Попоски: 2016 донесе бум во unit-linked осигурувањето и прогрес на здраственото осигурување

Претседателот на Советот на експерти на АС0,О во интервју со специјализираниот портал за осигурување XPRIMM, даде коментар за осигурителниот пазар во 2016 година и очекувањата за 2017 година. Го пренесуваме во целост интервјуто: 

XPRIMM: Како ги коментирате резултатите од 2016 година? 
Климе Попоски: Осигурителната индустрија имаше релативно успешна година, и покрај влијанието од неекомска природа, регистрирајќи зголемување на БПП, зголемена актива и инвестиции, зголемено вработување, како и зголемен број на посредници во осигурувањето. БПП забележа раст од 5,34%, со зголемен број на договори за осигурување за 7,74%. Компаниите кои нудат неживотно осигурување забележаа профит од 451 милиони денари, што е намалување за 4,02% во однос на претходната година.

БПП во неживотното осигурување, која е 85,19% од вкупната БПП, достигна 7,43 трилиони денари, што е раст од 3,5% во однос на претходната година (2015: 7,18 трилиони денари).

По структури, најзначајна категорија е задолжителното осигурување од автоодговорност, со удел од 44,22% од БПП, достигнувајќи 3,86 трилиони денари, што е за 4,48% повеќе од 2015 година. (2015: 3,69 трилиони денари).

Втората категорија припаѓа на осигурувањето на имот со 17,83% удел. Оваа гранка достигна 1,55 трилиони денари, намалување од 5,26% (2015: 1,64 трилиони денари), со симултано зголемување на бројот на договори за 11,65%, што покажува зголемена конкурентност во цените помеѓу компаниите.

Трето најголемо неживотно осигурување е каско осигурувањето за возила, кое оствари 8,7% од вкупната БПП, достигнувајќи 758,47 милиони денари БПП, што е раст од 9,46% во однос на 2015 година (2015: 692,29 милиони денари).

Осигурувањето од несреќи порасна за 11,08% со БПП од 665,18 милиони денари (2015: 589,85 милиони), додека уделот на оваа класа на осигурување во вкупната БПП изнесуваше 7,63%.

Во минатата година, бевме сведоци на прогресот на здраственото осигурување. Здраственото осигурување е релативно нов продукт, со почетоци од 2013 година. Во 2016 година, беа склучени 1.300 договори со вкупна БПП од 45,22 милиони денари, споредено со 2015 ходина кога беа склучени само 368 договори со БПП од 6,37 милиони денари.

XPRIMM: Дали животното осигурување го потврди значалниот нагорен тренд виден во првата половина од годината?

Климе Попоски: БПП на животното осигурување, продуцирајќи 14,81% од вкупната БПП, достигна 1,29 трилиони денари, што е раст од 17,32% во однос на претходната година (2015: 1,1 трилион денари). Најголем удел во животното осигурување му припаѓа на комбинираните полиси за животно осигурување (73,82% со покритие за смрт и доживување, 8,27% само доживување, 5,56% само смрт), дополнително животно осигурување со 7,89% и unit-linked животно осигурување со 4,45%.

2016 донесе бум во unit-linked осигурувањето. Овој тип на животно осигурување за прв пат се појави на домашниот пазар во 2015 година кога беа склучени 325 договори со вкупна БПП од 7,71 милиони денари, но во 2016 година оваа бројка се искачи на 1.466 договори со БПП од 57,46 милиони денари.

Осигурителните компании од секторот на животно осигурување пријавија профит од 54,2 милиони денари, што е зголемување од 19,51% во однос на претходната година.

Очекуваме кај комбинираните полиси за животното осигурување треднот да остане позитивен, но со намален, и продолжување на високиот тренд на пораст на unit-linked осигурувањата.

XPRIMM: Ве молиме коментирајте го развојот на пазарот за осигурување на АО. Дали 2016 година донесе значајни промени?
Климе Попоски: Просечната премија за АО изнесуваше 5.331 денар, без значајна разлика споредено со ланската година. Од друга страна, просечната исплатена штета од 61.652 денари има опаѓачки тренд во 2016 година, споредено со 2014 година кога достигнуваше 65.756 денари. Комбинираниот сооднос е исто така подобрен во однос на анализираниот тренд.

АО(мкд) 2016 2015 2014
Просечна премија 5.331 5.397 5.393
Просечна исплатена штета 61.652 66.210 65.756
АО комбиниран сооднос 101,22% 103,6% 102,8%

XPRIMM: Во текот на 2016, дали се појавија промени во законоте?
Климе Попоски: Законот за супервизија беше изменет со цел да соодветствува со промените во уставното право.

Пропишани се 10 измени, повеќето дополнувања на претходниот, со цел да се елиминира предавањето супервизорски извештаи до ISA во хартиена форма, како и запознавање со некои дополнителни статистички податоци.

XPRIMM: Што очекувате за 2017 година? Дали се очекуваат некои регулаторни промени?
Климе Попоски: Во текот на 2017 година очекуваме раст на БПП и во двата сектора, неживотно и животно осигурување. Растот е очекуван во зголемена продажба на доброволно неживотно осигурување, како и во делот на животното осигурување, посебно кај unit-link животното осигурување.

Не се очекуваат поголеми регулаторни промени во 2017 година. Во моментов, има тековен проект со крајна цел хармонизација на регулативите со директивите од Солвентност 2.

АСО: Објавени извештатите за работењето на Друштвата за застапување и Осигурително брокерските друштва (1Q2017)

Според Извештајот за обемот и содржината на работа на Друштвата за застапување (ДЗ) и Извештајот за обемот и содржината на работа на Осигурително брокерските друштва (ОБД), во првиот квартал од актуелната година ДЗ направиле вкупно 32.322 договори за животно и неживотно осигурување, додека преку ОБД склучени се вкупно 39.795 договори.

Помеѓу ДЗ, според бројот на договори, водечко е Актива со 5.116 договори, следен од Тренд МР (4.640) и Реа Иншуренс груп (3.507). Овие друштва генерално работат во доменот на неживотно осигурување. Кај ДЗ кои се ориентирани на продажба на животно осигурување, Фемили Партнер, по преминот на нивната најдобра продажна мрежа во Уника Лајф, го препушти првото место на Сафе Лифе, кое во првиот квартал направи 186 договори. Фемили Партнер првиот квартал го заврши со скромни 64 договори, пред Лајф Визион со 44 договори.  Рангирањето не се менува многу и според вториот параметар за оцена на работењето на овие друштво, бруто полисираната премија (БПП).

Во групата на ОБД најуспешно, според бројот на договори, е Седа брокер со 8.257 склучени договори, пред Мобилити (5.097) и Супер брокер (3.428). Слично како и кај ДЗ, и кај ОБД постои строга определба на друштвата кон осигурување само на неживот и осигурување на живот. Единствено ОБ друштво кое работи поинтензивно на пазарот на животно осигурување е ВФП, кое има склучено вкупно 824 договори за животно осигурување. Тоа ги прави и водечко ОБД според БПП со вкупно 148.281.000 денари, пред ИН-брокер (129.202.000) и Седа брокер (55.215).

Од трите банки кои имаат акредитација да нудат осигурување како ДЗ, НЛБ има направено вкупно 13.792 договора, Шпаркасе 125, додека Охридска банка првиот квартал го заврши без ниту една полиса.

Од гледна точка на оисугителните компании, најмногу полиси за неживотно осигурување ДЗ направиле преку Осигурување Македонија 30.079, скоро 2,5 пати повеќе од Сава (13.384). Иако ДЗ најмногу полиси за животно осигурување склучиле преку Кроација осигурување, сепак најголема БПП од овие полиси има Граве осигурување.

ОБД речиси подеднакво ги нуделе продуктите на сите компании, па така најмногу полиси се направени преку Кроација неживот (5.282), пред Еуролинк (5.187) и Осигурителна полиса (4.845). Убедливо најголема бруто премија е полисирана во Уника А.Д. 108.928.000, пред Осигурување Македонија (62.615.000) и Триглав осигурување (60.165.000).

 

АСО: Реализирана работна посета со претставници од Регулаторот на финансиски пазар на Австрија

На 5.7.2017 година, Агенцијата за супервизија на осигурување организираше Работилница со претставници од Регулаторот на финансиски пазар на Австрија (FMA) и Асоцијацијата на осигурители на Австрија (VVO), на која учесници беа членовите на органите на управување на друштвата за осигурување.

Оваа работилница беше наменета да им овозможи учесниците да се запознаат со новите предизвици во регулативата на осигурување во Европската Унија. Поминат е период од 18 месеци од имплементацијата на директивата Солвентност 2 во земјите членки на ЕУ. Оваа работилница претставуваше добра прилика да се сподели искуството во имплементација на Столбот 2 кој се однесува за корпоративно управување. Понатаму, се дискутираше и за предизвиците од идната имплементација на Директивата за медијација во осигурување (IMD) и регулативата за продажба на Пакети на Инвестициони Продукти за Малопродажба (PRIPs) што претставува актуелна тема.

Претставниците од Асоцијацијата на осигурителина Австрија (VVO) и Регулаторот на финансиски пазар на Австрија (FMA), на 6.јули во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување, одржаа презентација за вработените во Агенцијата. Презентацијата ги опфати предизвиците на моменталната европска регулатива, проекти и трендови. Исто така, беше презентирано и за важноста на корпоративното управување како важен дел за воспоставување ефикасен систем на супервизијата на осигурувањето.

 

Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Правен Факултет „Јустинијан Први“

Агенцијата за супервизија на осигурување на 14 јули, 2017 година со Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан Први“ склучи Меморандум за соработка. Со овој Меморандум за соработка двете страни ја уредуваат соработката во врска со размена на искуства, знаења, едукација, литература, финансиска едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и интереси. Меморандумот за соработка го регулира и начинот на изведување на практична настава за студентите во Агенцијата за супервизија на осигурување.