Tag Archives: албанија

ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА ЗАШТИТА НА ПОСЕТИТЕЛИ СО АЛБАНСКОТО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Спогодбата за заштита на посетителикоја на 08.11.2017г., беше потпишана помеѓу Националнобиро за осигурување на Р.Македонија и Албанско биро за осигурувањестапува на сила на15.11.2017 г., им овозможува на возачите од двете држави побрз и поефикасен  надомест на штетаво случај на евентуални сообраќајни незгоди.

Со Спогодбата е предвидено оштетеното лицекое претрпело штета на територијата на другатадржавапо враќање во матичната државада се обрати во своето Национално биро за осигурувањекое во  соработка со Бирото на државата во која се случила незгодатаќе овозможи побрзо собирањена документи и информации потребни за  остварување на правата за надомест на штета.

КонкретноБирото за зелена карта од државата од која е оштетенотолицеќе достави до Бирото надржавата на настанување на незгодатабарање да се:

  • изврши идентификација на осигурителното друштво на    причинителот на штета;
  • изврши идентификација на возачот или сопственикот на возилото напричинителот на штетадоколку во период од 6 недели не   било можно да се утврди осигурувачот;
  • да се обезбедат документи кои се неопходни или помагаат во  остварување на правото на надомест (на прполициски записник)
  • да се достават деталји за Гарантниот фонд на земјата каде што се случила незгодата сосекогашкога е тоа можнообјаснувања и   корисни информации.

Спогодбата за заштита на посетители е така креирана да им пружи  на државите надвор од ЕУможност да обезбедат дополнителна  заштита и помош на своите граѓани кои со моторни возила патуваат на територија на други државиСпогодбата се потпира на    најдобрите одредби од 4-та и                                                          5та Директива за моторни возила на ЕУкои се впрочем познати   по тоа што сево најголема мерапосветени на заштита на трети   оштетени лицаСе смета дека овој механизам е најблизок модел којпостои за државите на ЕУ и дека потпишувањето на овој документ е добар начин државите кои сенадвор од ЕУ да се подготват за    пристап кон Унијатаво делот на прекуграничниот сообраќај намоторни возила.

Потпишаната Спогодба претставува големо олеснување за возачите од двете државибидејќи веќенема да мораат да ги нарушуваат или одлагаат своите деловни или туристички плановиза да ја наплатат штетатаВо иднинатие ќе можат правото на надомест да го  остварат и по враќањето воматичната државасо помош и  асистенција на националните бироаПокрај тоа што претставува  исчекор во заштитата на граѓаниосигурителните друштва и  возачитеСпогодбата дополнително ќеја унапреди и соработката  помеѓу двете државипреку унапредување на транзитоттуризмот ипрометот помеѓу Р.Македонија и Р.Албанија.

Спогодбата ја потпиша генералниот директор на Националното  биро за осигурување на РМакедонија,                                          Мр Трајче Латиновски и в.ддиректорот на Албанското биро за  осигурувањегн Кевин Леши.

Спогодба за заштита на посетители Националното биро за осигурување на Р.Македонија имаистотакапотпишано и со Националните бироа на РГрцијаТурцијаШвајцаријаБиХЦрна ГораЛуксембургСрбијаХрватскаБугарија и Словенија.

SEENEWS: Заваровалница Триглав е водечка осигурителна компанија во Југоисточна Европа

„Осигурителната индустрија во земјите од Југоисточна Европа (земјите од поранешна Југославија, Бугарија, Романија, Албанија и Молдавија)  остануваат еластични на притисокот кој произлегува од постојаните ниски каматни стапки, финансиската непостојаност на пазарите, строгите побарувања од регулативите и домграфските промени.“ Ова се наведува во годинешниот извештај на стоте најуспешни компании во земјите до Југоисточна Европа издаден од реномираниот портал seenews.com.

Не само што осигурителните компании одлично се справуваат со предизвиците кои ги носат пазарите и финансиското опкружување, туку стоте најголеми осигурувачи од овој регион,  2016 година ја завршиле со најголема вкупна бруто полисирана премија (БПП ) од 7,2 милијарди (2016: 6,77 милијарди) и најголема вкупна заработка. Процентот на раст на БПП е најголем во последните осум години (6,3%), додека профитот е зголемен за 56% од 365 милиони (2015: 234 милиони). Растот на профитот е проследен со податок дека 89 компании работеле со профит.

Осигурителниот пазар во Романија и Србија забележа двоцифрен раст на растот на премиите и значително подобрување на профитот, додека во Албанија беа забележани натпросечни резултати. Романија е и најголем осигурителен пазар и осигурителните компании од оваа земја се главно концентрирани на домашниот пазар за разлика од вториот по големина, словенечкиот, каде компаниите имаат свои испостави во речиси сите земји од поранешна Југославија. На третото место според годинешниот извештај е Хрватска.

Заваровалница Триглав останува на првото место и во 2016 година со премии и профит далеку пред останатите осигрувачи предводени од Заваровалница Сава. Вториот словенечки осигурувач, иако има намалување на профитот за 16%, сепак  напредуваше три позиции поради растот на БПП за 1,5%. Ова е десетта година по ред како листата е предводена од словенечки осигурувач. Третото место припаѓа на Кроација осигурување, која го изгуби второто место проади падот на БПП за 1,1%. Најголем скок оствари бугарскиот осигурувач Дал Бог Живот и Здраве, кој се искачи за 44 места на 48 позиција. Најголемиот губитник исто така доаѓа од Бугарија, ДЗИ Лајф Иншуранс, чие овогодишно рангирање е за 24 места полошо во однос на ланското.

Од македонските осигурувачи најдобро рангиран е Триглав осигурување на 71 позиција (2016:72 позиција), пред Осигурување Македонија (2017: 82, 2016: 86) и Еуролинк (2017: 88, 2016: 89).

Македонија: Уника Лајф со 17% поголема премија на крајот од вториот квартал

Уника Лајф, благодарение на зајакнатата продажна мрежа, и вториот квартал го заврши со двоцифрено зголемување на БПП. Полисираната премија изнесува €600.000, што е за 17% повеќе од првото полугодие од 2016 година. Сестринската компанија, Уника А.Д., која се занимава само со продажба на полиси за неживотно осигурување, бележи пад од 3% на БПП, завршувајќи го кварталот со €5,9 милиони. Благодарение на растот на секторот од животно осигурување, повторена е добивката од крајот на јуни 2016 година, иако вкупната премија на Уника групацијата во Македонија е намалена за 1%.

Во соседна Србија Уника групацијата има една од најдобрите десет компании во Европа, која во вториот квартал на групацијата ѝ донесе профит пред оданочување од €700.000 (2016: €800.000) и вкупна БПП од €21,9 милиони, 1% помалку во однос на првите шест месеци од 2016 година. €12,4 милиони припаѓаат на секторот неживот, кој бележи 2% раст на БПП, додека секторот на животно осигурување бележи пад на премијата од 5%, достигнувајќи €7 милиони. Одделот за доброволно здраствено осигурување полисирало бруто премија од €2,5 милиони.

Заживувањето на косовскиот пазар се препознава и во резултатиtе на Уника групацијата во оваа земја. Минатогодишната загуба од €700.000, кои двете косовски компании ја направија во првите два квартала, оваа година е корегирана во добивка пред оданочување од €600.000. Дел од заслугите се во зголемената БПП од 7% за неживотно осигурување на Сигал Уника (€3,7 милиони) и растот од 20% на БПП на Сигал Уника Лајф (€400.000). Доброволното здраствено осигурување, кое е попопуларно од животното осигурување во Косово, бележи пад од 31%, завршувајќи го вториот квартал со премија од €1,4 милиони.

Уника преку Сигал брендот, е присутна и на пазарот во соседна Албанија, каде вкупната БПП е зголемена за 16%, достигнувајќи €17,1 милиони. Двата главни сектора бележат раст на премијата. Нежвотното со полисираните €13,2 милиони има зголемување од 17%, додека животното осигурување има раст од 28%, остварувајќи БПП од €2,8 милиони. Доброволното здраствено осигурување е намалено за 14%, на €1,1 милион. Трите компании на овој пазар, кои се претставници на групацијата, оствариле добивка пред оданочување од €1,3 милиони (2016: €2,3 милиони).

Од соседните земји, Уника групацијата е присутна и на пазарот во Бугарија, каде на крајот од вториот квартал остварила двојно поголема добивка пред оданочување од €600.000, во однос на истиот период лани. Вкупната БПП е зголемена за 14% и изнесува €33,7 милиони. На полиси од животно осигурвање, во првото полугодие, полисирана е премија од €25,8 милиони (2016: €22,5 милиони), додека на полиси од неживотно осигурување вкупна БПП е €14,9 милиони, 6% повеќе од лани.

Уника групацијата е присутна во сите земји од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија. Во Црна Гора двете компании второто тромесечие иако го завршиле без добивка, е подобрување во однос на лани, кога по првите шест месеци имаа загуба од €100.000. Финансиското работење е подобрено иако вкупната БПП е намалена за 4% на €5,8 милиони. Поголемиот дел, €4,6 милиони, отпаѓа на полиси за неживотно осигурување (-5%), €900.000 се на полиси за животно осигурување (4% раст), а преостанатите €400.000 доаѓаат од полиси за доброволно здраствено осигурување (15% раст).

Подобри финансиски резултати групацијата остварила и во БиХ, каде добивката пред оданочување од €400.000 во првите два квартала од 2016 година е зголемена за €100.000 на крајот од јуни оваа година. Вкупната БПП е намалена за 1%, на €14,9 милиони. Ова е еден од ретките осигурителни пазари каде групацијата има поголема БПП во секторот на живот (€7,9 милиони), споредено со секторот неживот (€7,0 милиони).

Како земја со најразвиен пазар во регионот, со исклучок на Слобенија, и за оваа групација најмногу добивка носи Хрватска. Добивката од €2,6 милиони, иако намалена(2016: €3 милиони) е далеку најголема во регионот. Покрај добивката, и вкупната БПП е поголема од останатите земји во регионот и изнесува €38,3 милиони, од кои €21 милиони (1% раст) отпаѓаат на неживотното осигурување, €12,8 милиони (-27%) на животното осигурување и €4,5 милиони (83% повеќе) на доброволното здраствено осигурување.

Групација на сите 19 пазари остварила БПП (вклучувајќи го и делот на заштеда од unit-link и index-link полисите) од €2,8 милијарди, што е раст од 6,6%. Сите три главни сектора бележат раст на премијата. Неживотното осигурување има раст од 6,4% (€1,44 милијарда), животното 9,1% (€834,4 милиони) и доброволното здраствено 3,4% (€522,5 милиони). Висината на премиите на австрискиот пазар се минимално зголемени на €1,93 милијарди, додека меѓународните се зголемени за 23,2% на 834,4 милиони.

Подобрен е и комбинираниот однос, кој на ниво на групација сега изнесува 96,8%.

Консолидираниот нето профит, на ниво на групација, на крајот од јуни достигнува €41,3 милиони. Преполововувањето на минатогодишниот полугодишен профит Андреас Брандштетер, претседателот на Управата на Уника групацијата, го објаснува со негативнте последици од банкротирањето на една од италијанските подружници кои беа продадени со гаранција за нивно опстојување во одреден период.

„На прав пат сме: премискиот волумен, комбинираниот однос и опсегот на трошоци се развиваат позитивно. Во првата половина од 2017 година остваривме задоволувачка зараотка пред оданочување од €95,5 милиони – 10,2% повеќе во однос на претходната година.“, изјавува Брандштетер.

Потатоците се преземени од seenews. com и извештајот на Уника групацијата.

Трите компании на VIG во Македонија бележат зголемена бруто добивка и намалена премија

VIG преку трите свои компании во Македонија, Осигурување Македонија, Винер и Винер Лајф, во првите шест месеци остварила добивка пред оданочување од €1,5 милиони, што е раст од 16,6%. Добивката е зголемена иако забележан е пад на БПП од 6,4% и изнесува €14,3 милиони (2016: €15,3 милиони). €5,5 милиони отпаѓаат на осигурување од АО, што е раст од 14%, додека каско осигурувањето е намалено за 33,5% на €900.000.

Минимален раст на добивката пред оданочување има и во соседна Србија, каде таа достигнува €1,3 милиони (2016: €1,2 милиони). БПП на овој пазар е зголемена за 21,1% достигнувајќи €54,5 милиони, најмногу по заслуга на огромниот раст од 78,3% на осигурувањето од АО (€4,1 милиони). БПП на полисите за животно осигурување со тековна уплата е зголемена за 6,6% достигнувајќи €12,9 милиони, додека еднократните премии се речиси удвоено на €6,1 милиони (2016: €3,4 милиони). Приватното здраствено осигурување, заедно со патничкото осигурување, исто така бележи раст на премијата од речиси 100% раст достигнувајќи €1,5 милиони, во споредба со ланските €800.000.

Позначаен раст на добивката е остварен на пазарите на Косово и Албанија, каде од ланските €200.000 добивката е зголемена на €1 милион. Во двете држави VIG на пазарот е застапен само со полиси за неживотно осигурување чија БПП е зголемена за 6,4% на €17,8 милиони. Најголем дел од неа доаѓа од полиси за осигурување од АО, €11,4 милиони, речеиси идентично како минатата година. Каско осигурувањето е зголемено за 7,4%, додека доброволното здраствено осигурување е намалено за 2,7% на €1,4 милиони.

Позитивни резултати во земјите од нашето соседство се остварени и во Бугарија, каде минатогодишната добивка пред оданочивање од €3,8 милиони е зголемена за еден милион. Вкупната БПП е зголемена од €75 на €82 милиони благодарение на доброто работење во секторот на осигурување од АО и доброволното здраствено осигурување.

Од земјите од регионот, на просторите од поранешна Југославија, VIG во БиХ првите шест месеци ги завршило со загуба од €200.000. Вкупната БПП од €6,6 милиони на крајот од јуни минатата година е зголемена на €9,0 милиони во првите шест месеци од оваа година. Животното осигурување има раст на премиите и кај полисите со тековна уплата (21,2%, вкупно €700.000) и кај еднократните уплати (€900.000, 2016: €200.000). Неживотното осигурување има пад во премиите на осигурување од АО (1,3%), а раст кај премиите на каско осигурување (5,8%).

Како и претходно, најдобри резултати групацијата во земјите од регионот бележи во Хрватска, каде остварена е добивка пред оданочување од €4,3 милиони. БПП на двете хрватски испостави е зголемена за 2,5% и достигнува €54,3 милиони. Од нив полисите за животно осигурување со тековна уплата придонесуваат со €15,9 милиони(-1,9%), додека тие со еднократна уплата се  €16,4 милиони (-1,8%). Најдолем раст бележат премиите на каско осигурување, 14,3%.

Генерално групацијата оствари БПП од €4,97 милијарди, речиси идентично и како првото полугодие од 2016 година. Растот е ограничен поради големиот пад на полисите за животно осигурување со еднократно уплатена премија во западните земји, за разлика од земјите од ЦИЕ (-24,4%).

Бруто добивката изнесува €220,5 милиони, што е зголемување од 9,6% во однос на истиот период лани. Комбинираниот сооднос на групацијата е подобрен на 96,9% од €97,7%.

Вкупната бруто добивка на групацијата е намалена од €2,26 милијарди на €2,16. Најголема добивка е остварена на домашниот пазар €77,5 милиони и пазарот во Чешка €76,6 милиони.

 

Албанија: Во првите 6 месеци полисирана е за 12,03% поголема премија

До крајот на јуни, албанскиот осигурителен пазар полисирал бруто премија од €56 милиони, што е за 12,03% повеќе во однос на истиот период лани. Зголемувањето на БПП се должи на зголемениот број на изработени полиси (14,69%), кој за првите шест месеци од годината изнесува 551.848. Според Агенцијата за финансиска супервизија, во пораст е и БИШ (44,02%) достигнувајќи €20 милиони.

Во портфолиото на пазарот и понатаму доминантно е неживотното осигурување кое има удел од 92%, додека животното осигурување и реосигурувањето заедно сочинуваат 7,57% и 0,44%, соодветно. Соодносот на доброволното наспроти задолжителното осигурување е 41,64% наспроти 58,54%. По класи, најголем удел во вкупната БПП има задолжителното осигурување за автоодговорност, зелениот картон и граничното осигурување, со сумирана премија од 32,6 милиони.

 

Македонија: Уника Лајф со 21% поголема премија во првиот квартал

Се чини дека Уника Лајф направи одличен потег во јануари, привлекувајќи ја под своја капа најуспешната продажна гранка од мрежата на Фемили партнер, застапничката куќа на Граве осигурување. БПП од €300.000, остварена во првиот квартал од годината, е зголемување за 21% во однос на првите три месеци од 2016 година.

БПП на Уника А.Д., задолжена само за неживотното осигурување, исто така е во пораст од 2% и достигнува €3,5 милиони. Единствен сектор кој има намалување е секторот на доброволно здраствено осигурување, кое изнесува 13%.

Уника А.Д. и Уника Лајф се дел од Уника групацијата која првиот квартал, на ниво на Македонија, го завршува со добивка пред оданочување од €200.000 и 3% зголемена вкупна БПП од €3,9 милиони.

Кај нашиот северен сосед добивката пред оданочување се намали на €300.000, споредено со ланската од €400.000. Намалена е и вкупната БПП за 5%, која во 2017 достигнува €10,9 милиони. По сектори, БПП на неживот е намалена за 2%, додека €3,5-те милиони премија за животно осигурување е 7% помала. И во доброволното здраствено осигурувуање премијата е намалена на €1,2 милиони, 16% помалку од лани.

Во Косово групацијата минатогодишната загуба од €300.000, ја сврте во профит од €400.000 пред оданочување. иако БПП за првите три месеци е во пад од 13% и изнесува €2,6 милиони. Сигал Уника Груп Австрија има намалена премија за 2% од неживот и 29% намалена премија на доброволно здраствено осигурување, додека Лајф Уника Груп Австрија полисирал €200.000, т.е. 28% поголема премија за животното осигурување.

Во нашето опкружување, групацијата најдобри резултати покажува во Албанија. Како што веќе осигурајсе.нет објави, нејзините две компании се убедливо водечки според полисирана премија на овој пазар. Добивката пред оданочување, иако намалена за 7,7% изнесува €1,2 милиони. Вкупната БПП е зголемена за 19%, достигнувајќи €8 милиони. €6,4 милиони, 20% повее од лани, припаѓаат на животното осигурување, додека €1,2 милиони, 32% повеќе од 2016, се на полиси за животно осигурување. Единствено премијата има пад во доброволното здраствено осигурување за 15%.

Двете компании во Црна Гора, Уника животно и Уника неживотно осигурање, првиот квартал од годината го завршија без профит или загуба, што е подобрување во однос на 2016 кога во првите три месеци генерираа загуба од €100.000. Вкупната БПП е намалена на €2,7 милиони, 6% помалку, од кое €2 милиони (8% помалку) се на неживот, а 400.000 (1% повеќе) се на живот. Преостанатите €200.0000 отпаѓаат на доброволно здраствено осигурување, каде е забележан раст од 7%.

Од земјите од поранешна Југолсавија, Уника не е присутна само на пазарот во Словенија. Во БиХ првиот квартал е завршен со за 6% зголемена БПП од €7,7 милони, но намален профит на €200.000 од ланските €300.000. Секторот неживот бележи раст на премијата од 16%, додека премиите на полисите за животно осигурување се намалени за 3%.

Хрватска и понатаму е земјата од регионот која носи најголем профит пред оданочување на групацијата (€1,3 милиони), иако е намален за €100.000 во однос на лани. За 10% е намалена и БПП која изнесува €20,2 милиони, од кои €10,5, исто како лани, се на неживот, €6,5 милиони, 37% помалку, се на живот, а €3,2 милиони, речиси двојно повеќе, се на доброволно здраствено осигурување.

На сите осигурителни пазари, вклучувајќи ги и претходноспоменатите, групацијата во првиот квартал пријави заработка пред оданочување од €33,1 милион и зголемување на премијата од 5,1% достигнувајќи €1,51 милијарда.

Според објавата од групацијата „премиите за осигурување на имот и несреќа донеле најголем поединечен раст од 5,5%, посебно во делот на Централна и Источна Европа. Доброволното здраствено осигурувањ е во раст од 4% додека животното осигурување, посебно индексираните и unit-link полисите, се зголемени за 5%.“

„И покрај значајните идни инвестиции и постојаните тешки услови, како што се ниските камати, опаѓачките приходи од инвестициите и политичката нестабилност на одредени пазари, Уника сепак очекува мал раст и во премиите и во заработувачката во фискалната 2017 година“, додаваат од Уника групацијата.

Податоците се преземени од seenews.com

VIG со зголемен профит и намалена БПП во првиот квартал во Македонија

Vienna Insurance Group (VIG) објави дека нејзините три ќерки фирми, Осигурување Македонија, Винер осигурување и Винер Лајф, во првиот квартал оствариле зголемена добивка пред оданочување, иако е намалена БПП. Во однос на минатогодишната добивка од €500.000 во првиот квартал, овогодинешната изнесува €800.000.

БПП е намалена за 2,9% и изнесува €6,4 милиони. Премиите за осигурување од АО се во пораст за 16,8%, достигнувајќи €2,5 милиони, додека каско премиите се намалени за €100.000 во однос на ланските €700.000.

Имперсивен пораст на профитот пред оданочување, групацијата бележи во Србија. Првиот квартал од оваа година VIG го заврши со €1,4 милиони, споредено со ланските €600.000.

Ова во голема мера е резултат на зголемената БПП за 45,8%. Комбинираната нето квота е намалена за 9,1% и изнесува 99,5%.

Порастот на БПП најмногу се должи на порастот на полисираната премија за осигурување од АО, која е за 41,5% поголема во однос на првите три месеца од 2016 година. Во пораст е и БПП кај каско осигурувањето (15%) и имотното осигурување (33,3%).

Групацијата бележи пораст и кај животното осигурување. 6,5% (вкупно €6,1 милиони) повеќе БПП е остварена во првиот квартал од оваа година на полисите за животно осигурување со тековна уплата, додека кај тие со еднократна уплата БПП е четири пати поголема во однос на 2016 година (€5,6 милиони). Премиите за доброволното здраствено осигурување се удвоени и изнесуваат 1 милион.

Албанскиот и косовскиот осигурителен пазар на групацијата ѝ донесе профит пред оданочување од €600.000, што е за €100.000 повеќе од истиот период лани. БПП е зголемна за 2,4% и достигнвуа €8 милиони. И во двете земји групацијата е активна само во секторот неживот. Премиите од €5,4 милиони, за осигурување од АО се со минимален раст од 0,9%, додека каското бележи пораст 12% (€400.000). Осигурувањето на имот исто така има пораст поголем од 10% (11,3%) достигнувајќи €1,8 милиони. Групацијата потфрли во секторот на доброволно здраствено осигурување каде премијата е во пад од 15,4%, на €500.000.

Единицата на групацијата во БиХ, Винер Осигурање, ја зголеми БПП за 32,3% достигнувајќи €4,3 милиони. Животното осигурување расте и кај полисите со тековна уплата (21,7%) и кај еднократната уплата (од €100.000 на €500.000). Премиите за АО и каско се во пад од 5,3% и 4,5% соодветно, додека осигурувањето на имот е пораснато за 38,2%.

Добри резултати од групацијата објавија и во уште една земја од нашето соседство. Двете компании во Бугарија првиот квартал го завршила со 22,5% зголемена профит пред оданочување, достигнувајќи €2,4 милиони, како резултат на солидниот раст на премиите од неживотно осигурување.  Осигурувањето од АО е во пораст од 41,3%, каско премиите од 24,9% додека осигурувањето на имот е во скок од 35,8%.

Премиите во секторот на животно осигурување се исто така во пораст. Полисите со тековно плаќање достигнувајќи €9,6 милиони, 11,3% повеќе од првите три месеци минатата година, додека тие со еднократна премија се зголемени на €2,1 милиони од минатогодишните €400.000.

Групациајта е претставена исто така со две компании и на хрватскиот осигурителен пазар. Нивното работење донесе намалување на профитот пред оданпчување за 19% , за вкупни €2,2 милиони. Во пад е и вкупната БПП. €27,9-те милиони се за 2,9% помалку од истиот период лани.

Генерално групацијата има пораст на БПП од 0,5% достигнувајќи €2,72 милијарди за три месеци. Животното осигурување со тековна уплата на премијата е зголемено за 4,2%, додека еднократните премии на полисите за животно осигурување се намалени речиси за четвртина (-22,1%).

Кај осигурувањето на автомобилите, каското бележи значаен пораст на премијата (10,7%), додека премиите за имот и осигурување од одговорност растот е 6,8%. Здраственото осигурување, кое е дел од програмата „Агенда 2020“ оствари најголем раст од 12,5%.

Позитивните резултати од работењето се одразија на добивката пред оданочување, која е зголемена за 22,4% и изнесува €110 милиони, како и на комбинираната нето квота која од 96,9% е покачена на 97,8%.

 

Албанија: Sigal Uniqa и понатаму со убедливо најголем удел на пазарот

Првите четири месеци, осигурителните компании во Албанија ги завршија со зголемена БПП од 13,9% и со 20% повеќе склучени договори. Според извештајот на државната Агенција за финансиска супервизија, БПП во овој период од годината изнесува €35,3 милиони.

И понатаму портфолиото на овој пазар го карактеризира голема разлика во уделот на неживотното и животното осигурување, иако животното осигурување има раст од 27,8%. Овој сектор оствари вкупна БПП од  речиси €2,6 милиони. Водечки играч кај овој тип на осигурувања е Sigal Life Uniqa Austria со удел на пазарот од 65,3%, следен од Sicred (27%) и Insig (7,7%).

Секторот на неживтно осигурување, кое има удел од 92,7% од вкупната БПП, првите четири месеци ги заврши со €32,7 милиони БПП, што е зголемување од 13,9% во однос на истиот период лани. И во овој сектор водечка компанија е Sigal Uniqa Austria со удел од 29,1%, пред Eurosig, Sigma Interalbanien VIG, Albsig и Intersig VIG, кои имаат удел помал од 10%.

Сепак, кај одредени компании може да се јават минусни бројки во билансите, бидејќи огромен пораст, од цели 70,9%, е регистриран кај БИП.

 

По само една година Еуросиг продава 90% од животното осигурување на Инсиг

Еуросиг, албанската осигурителна куќа, реши да продаде 90% од својот бизнис со животно осигурување под името на Инсиг. Според албанскиот економски весник Монитор, како купувачи се јавуваат Samir Mane и Shefqet Kastrati. Кадри Морина, извршен директор на Еуросиг, за весникот ја потврдува информацијата дека трансакцијата е во тек.

Според државната финансиска супервизорска институција AMF, Инсиг на крајот од првиот квартал од оваа година, имаше удел на пазарот на животно осигрурување во Албанија од 7.7%.

Samir Mane е претседател и сопственик на една од најголемите албански приватни ивнестициски групации, Balfin Group. Според сознанијата на Монитор, тој ќе преземе 45% од Инсиг.

Shefqet Kastrati, кој ќе го преземе остантиот дел од 45% е претседател и сопственик на Kastrati Group, компанија која се занимава со тргување и складирање на нафта.

Еуросиг стана сопственик на двата сегмента, животно и неживотно осигурување, на Инсиг пред една година кога за €16,3 милиони го купи од Владата на Албанија. На тендерот кој беше распишан за продажбата на Инсиг, еден од учесниците беше Balfin Group, додека Kastrati Group настапи преку членката на групацијата, Албсиг.

 

VIG во Македонија има 60% намалена добивка пред оданочување за 2016

Vienna Insurance Group (VIG) соопшти дека според првичните резултати, нивното работење во Македонија во 2016 година завршило со профит пред оданочување од €1,6 милиони, што е повеќе од два пати помалку од профитот на компанијата од работењето во претходните 12 месеци. Трите компании кои се дел од VIG, Осигурување Македонија, Винер осигурување и Винер лајф, оствариле БПП од €25,8 милиони, што претставува раст од 7%. БПП во секторот на АО е во пораст од 14,6% (€10,5 милиони), доека БПП за каско осигурувањето е зголемена за 1,9% (€2,3 милиони).

Пад на профитот пред оданочување има и во Србија, од 11,5%, кој за 2016 година изнесува €2,7 милиони. Според првичните информации, вкупната БПП во Србија изнесува €96,9 милиони и е во пораст од 18,5%.  Секторот неживот бележи раст во сите дејности, АО (раст од 13%), каско осигурување (5,9%) и останатите неживотни осигурувања (10,9%). Во пад од 2,4% е БПП за животното осигурување со тековна уплата на премијата (€26,2 милиони), додека кај еднократните премијата е три пати зголемена (€15,2 милиони).

VIG минатата година ги превзема српските подружници на француска АХА и со тоа го зголеми учеството на пазарот на 12%.

Групацијата најдобри резултати во регионот минатата година остварила во Хрватска. Според прелиминарните податоци групацијата остварила раст на профитот пред оданочување од 8,1% (€7,0 милиони). Двете претставнички, Wiener Osiguranje и Erste Osiguranje, годината ја завршиле со вкупна БПП од 99,3 милиони, што е зголемување во однос на 2015 година за 9,4%.

Слично како и во Србија, животните осигурувања со тековна уплата се во пад (3,9%), додека еднократно уплатените премии на полисите за животно осигурување се во скок од 25,8%.

Осигурителниот пазар во БиХ за групацијата донесе загуба од €7,5 милиони. Вкупната БПП изнесува 12,9 милиони и е за 3,2% од 2015 година. Секторот за животното осигурување има значеан пораст во висината на БПП, па така полисите со тековна уплата носат за 27,4% поголема премијата, додека еднократните уплати за удвоени, споредено со претходните 12 месеци.

Групацијата бројките за осигурителните пазари во Албанија и Косово ги смета како за еден заеднички, кој на компанијата и донесе профит од €1,2 милиони. Вкупната БПП е во пад од 2,2%. Во двете земји групацијата е активна само во секторот неживот, каде осигурувањето од АО е во стагнација, додека каско премиите за каско осигурување бележат 6% раст.

Профитот пред оданочување во Бугарија од €2,3 милиони во 2015 година, е покачен на €5,4 милиони во минатата година. Вкупната БПП е во пораст од 4,3% и е најголема во регионот со €136,7 милиони. Со исклучок на осигурувањето од АО кое е во пад од 24,6%, сите други осигурувања се во раст, каско (12,7%), животно (20,5%) и приватното здраствено (36,3%).

„Ги остваривме сите наши главни цели за 2016. Ова испраќа јасен сеигнал за стабилноста која чувствуваме дека е важна да биде доверлив партнер во време на динамички промени“, изјаи извршниот директор на групацијата Elisabeth Stadler.