Tag Archives: акции

Државата го зголемува уделот во Сава Ре

Сава Ре објави дека на предлог на Владата на Република Словенија, Словенечкиот државен холдинг (СДХ) без надокнада пренел во државна сопственост 1.261.034 акции од оваа компанија. Бројот на акции кои се во сопственост на СДХ пред преносот изнесуваше 4.304.917 и претставуваше 25% (+1 акција) од вкупниот број на акции, т.е. 27,78% од акциите со право на глас. По преносот СДХ располага со 17,68% од сите акции, т.е. 19,64% од акциите со право на глас.

Од друга страна Република Словенија сега поседува 10,09% од сите акции на Сава Ре, т.е. 11,21% од акциите кои се со право на глас.

Еуроинс го зголеми својот удел во Синтетика

Од Синтетика, холдинг компанија со седиште во Софија, соопштија дека Еуроинс го зголемил учеството во компанијата на 13,63%. Основна дејност на Синтетика е уптевување со индустриски компании, но исто така се занимава и со консултантски услуги, посредување, тргување и т.н. По последната извршена трансакција, Еуроинс располага со 215,038 акции. Ова е втор пат во последните четири месеци Еуроинс да купува акции од Синтетика, откако во октомври минатата година го покачи својот удел на 7,01%.

На крајот од 2017 година, вредноста на акциите на Синтетика изнесуваше 21,5.

Еуронс издаде 16 милиони акции

Бугарската осигурителна компанија Еуроинс издаде соопштение во кое се наведува дека капиталот на компанијата е речиси удвоен. Растот на капиталот од €8,42 милиони на €16,6 милиони е постигнат преку издавање на 16 милиони нови акции по цена од €0,51, колку што е и нивната пазарна вредност. Ова следи откако неодамна Бугарската комисија за финансиски надзор соопшти дека поради неисполнување на минималните капитални побарувања, одбила да испрати информација на полската регулаторно тело за надзор на финансиското работење, кое е поврзано со намерите на Еуроинс да започне со работа на полскиот осигурителен пазар.

Првиот кинески онлајн осигурувач продава акции во вредност од 1,4 милијарди

ZhongAn Online P&C Insurance, првата кинеска онлајн осигурителна компанија, објави јавна понуда за акции преку која планира да собере $1,41 милијарди. Оваа шангајска компанија понудува 199,3 милиони нови акции. Вредноста на акциите се движи од $6,88 до $7,65. На понудата веќе се пријавила јапонската Софтбанк Групација, која договорила откуп на 71,9 милиони акции, со вредност од $550 милиони.

Најголеми акционери во оваа кинеска компанија се Ант Фајненшал со $16%, додека компаниите Пинг Уншуранс Груп и Тенцент Холдингс имаат по 12% секоја.

Во 2015 годинапродавајќи акции на група на инвеститори, вклучувајќи ги и Морган Стенли и Чајна Интернешенал Капитал Корп., успеа да собере 886 милиони. Со тоа ја зголеми вредноста на компанијата на $7,5 милијарди.

 

Минхен Ре и Пик Ре заинтересирани да купат дел од Сава Ре?

Словенечки Дело објави текст кој се однесува на намерите на хрватската групација Адрис да откупи власнички дел од акциите на Сава Ре. Според тезите објавени во овој текст, во позадина на одбиеното барање од страна на словенечките инсититуции стои политичка одлука, а не економска или правна.

Авторот на текстот обелоденува дека интерес за откупување на Сава Ре пројавиле и германската Минхен Ре, како и Пик Ре од Хонг Конг. Имајќи предвид дека словенечко-хрватските односи не се на завидно ниво, полесно е да се каже „не“ на Поленкович, отколу на Ангела Меркел.

Во одлуката да не се прифати барањето на Адрис за зголемување на својот удел од 20 на 33%  учествуваа Агенцијата за надзор на пазарот за осигурување и Словенечкиот државен холдинг, кој управува со портфолиото на држацниот имот.

Адрис веќе два пати поднесе барање за откуп на 13% акции во Сава Ре. Првиот пат беше преку својата ќерка фирма, Кроација осигурување, а вториот пат настапи како групација.

 

Две кинески осигурителни компании сакале да откупат дел од Алианц

Дневниот весник Süddeutsche Zeitung објави дека пред неколку седмици кинеската компанијата HNA стапила во контакт со раководните лица на Алианц, со цел да ја известат за нивната намера да преземат дел од акциите на оваа германската осигурителна куќа. Кинеската компанија, која е најголем поединечен акционер во Deutsche Bank, наводно имала намера да стане и мнозински акционер на четвртиот по големина осигурувач во светот. Сепак од Алианц не добиле позитивни сигнали, откако се консултирале со кинескиот државен инвестициски фонд CIC, кој има три постотен удел во Алианц.

Од друга страна Ројтерс објави дека покрај HNA за купување акции во Алианц била заинтересирана и Anbang Insurance Group, дел од конгломератот Anbang. Оваа компанија ги контактирала одговорните од Алианц на почетокот од годината. И овие преговори се завршени многу брзо, без конкретна понуда. Еден од изворите на Ројтерс наведува дека овие преговори ќе бидат обновени во блиска иднина.

Интересот на кинеските компании не е изненадувачки, знаејќи го фактот дека во последната година инвестирале €183 милијарди во акции на странски осигурителни компании.

 

Еуроинс не планира тргување со нејзините акции во иднина

Еуроинс, ќерка фирма на финансиската групација Еурохолд, издаде соопштение во кои се објавува дека компанијата планира да излезе од листата компании со чии акции може да се тргува на Бугарската берза. Компанијата на вонредното Собрание, кое е закажано за втори октомври, ќе ги замоли акционерите да гласаат потврдно за предлогот нивните акции да не се тргуваат.

Еуроинс има регистриран капитал во вредност од €8,4 милиони, распределен на 16,5 милиони акции, што прави нивната номинална вредност да биде 1 лев.

 

Официјална понуда за преземање акции од Триглав Осигурување АД Скопје

НЛБ Банка АД Скопје, во име и за сметка на друштвото Триглав ИНТ, холдиншка дружба д.д., објави Понуда за преземање на 16.020 обични акции со право на глас издадени од Триглав Осигурување АД Скопје.  Според понудата на понудувачот, кој веќе поседува 44.164 вакви акции (73,38% од вкупниот број на акции издадени со право на глас), цената по која сака да ги преземе акциите изнесува 14.640,00 денари по акција. Тоа е шест пати повисока од просечната цена на овој тип на акции, која во последните 12 месеци на Македонската берза достигна 2.280 денари.

Рокот за прифаќање на понудата завршува на 03.08.2017. Според Понудата, не се определува најмалата количина на обични акции со право на глас за истата да се смета за успешна. Преземањето е одобрено и од Агенцијата за супервизија на осигурување, која претходно издаде согласност.

ВГТ осигурање во целост ќе стане сопственост на Граве осигурање

ВГТ Осигурање објави дека ја прифаќаат понудата од Граве осигурање за откуп на преостанатие 12,4% од акциите кои не се во сопственост на австриската подружница во Сараево. Понудената цена од €337,3 е прифатлива и е во согласност со пазарната вредност. Станува збор за 3.823 акции на компанијата која нема свои експозитури во Република Српска.

ВГТ Осигурање во првите четири месеци од 2017 година имаше удел од 8,6% на пазарот на Федерацијата.

 

Еурохолд: Предложена дивиденда од €0,005 по акција

Еурохолд Бугарија, групацијата во чија сопственост е Евроинс, планира да исплати дивиденда во висина од €0,005 по акција. Тоа е речиси двојно повеќе од дивидендата исплатена за добивката во 2015, која изнесуваше €0,00287. Вкупната дивиденда која се очекува да биде исплатена изнесува €820.000. Тоа преставува 69,9% од вкупната нето остварена добивка минатата година. Останатиот дел од добивката ќе биде задржана како нераспределена добивка.

Еурохолд минатата година ја заврши со нето добивка од €1,18 милиони, што е повеќе од пет пати поголема добивката во однос на таа од 2015 година, која изнесуваше €210.000.