Tag Archives: аквизација

Алианц купува три компании на ЕРГО, дел од Минхен Ре

ЕРГО Груп, дел од германски Минхен Ре, се договори да ги продаде своите подружници ДАС Швајцарија, ДАС Лукембург и ДАС Словечка на Алианц Груп. Вкупниот приход од премии на трите компании кои се предмет на продажба, во 2016 година, изнесувал €38 милиони. ДАС Швајцарија е најголемата од овие три компании и со приходи од премија во висина од околу €30 милиони е рангирана на седмото место според удел на швајцарскиот осигурителен пазар. Во 2016 година, ДАС Словачка, со удел од 85,1% беше водечка компанија на тамошниот осигурителен пазар во сегментот на правно осигурување, додека ДАС Луксембруг со удел од 18,2% бил на втората позиција истата година.

Транскацијата сѐ уште не е одобрена од регулаторното тело. Интересот на Минхен Ре да ја зајакне својата позиција во сегментот на осигурување на правна заштита во Швајцарија се должи на атрактивноста на овој пазар кој во 2016 година донесе раст од 5,3% премија од 550 милиони швајцарски франци.

Двете страни се договорени да не ги откриваат финансиските детали од трансакцијата.

Државата го зголемува уделот во Сава Ре

Сава Ре објави дека на предлог на Владата на Република Словенија, Словенечкиот државен холдинг (СДХ) без надокнада пренел во државна сопственост 1.261.034 акции од оваа компанија. Бројот на акции кои се во сопственост на СДХ пред преносот изнесуваше 4.304.917 и претставуваше 25% (+1 акција) од вкупниот број на акции, т.е. 27,78% од акциите со право на глас. По преносот СДХ располага со 17,68% од сите акции, т.е. 19,64% од акциите со право на глас.

Од друга страна Република Словенија сега поседува 10,09% од сите акции на Сава Ре, т.е. 11,21% од акциите кои се со право на глас.

Сава Ре го купи НЛБ Нов пензиски фонд

Сава Ре е купувач на 100% од сопственоста на акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Пензиското друштво, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, кое има дозвола за управување со средствата на два пензиски фонда во Македонија (Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус). Продажбата на Друштвото е високо регулиран процес кој подлежи на претходна согласност од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), што значи дека купопродажбата ќе се реализира откако новиот инвеститор ќе добие согласност од Агенцијата.

Процесот за продажба на Друштвото беше организиран и раководен од НЛБ д.д. Љубљана, во рамките на Одделот за корпоративни финансии. Тој беше спроведен отворено, а НЛБ Групацијата посвети големо внимание потенцијалните инвеститори да ги исполнуваат пропишаните законски услови за основање на Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

 

Алианц со активности за ширење на кинескиот, францускиот и американскиот пазар

Кинеската регулаторна агенција му издаде целосна лиценца на Алианц, со што оваа компанија ќе може да продава осигурување на имот и незгоди, здраствено осигурување, осигурување на возила, поморско осигурување и осигурување на кредити. Од Алианц објавија дека планираат да ја зголемат продажбата и присутноста на овој пазар направат преку отворање на своја подружница во Пекин, откако веќе имаат свои филијали во Гуангдонг и Шангај. Кина беше втор најголем осигурителен пазар во 2016 година.

Германскиот осигурувач исто така објави дека планира да инвестира €1,85 милијарди за купување на акциите на францускиот осигурувач на кредити Ојлер Хермес. Со аквизацијата на дополнителните 11,3% акции нивниот удел во овој француски осигурувач ќе се зголеми на 74,3%. Од Алианц планираат и да објават јавна понуда за преостанатите акции, со исклучок на трезорските, по иста цена од €122, колку што беа купени и последните. „Зголемувањето на сопственичкиот удел во Ојлер Хермес е логичен чекор за Алианц со што капиталот се распределува во компании со солидни економски резултати.“, стои во соопштението на Алианц.

Ова не се единствените активности од германската осигурителна куќа. Оливер Баете истакнува дека Алианц размислува за преземање на големи осигурителни куќи во САД. „Купувањето на мали компании за нас нема смисла. Ние мора да гледаме кој би бил добар избор за нас, кој ќе има чист биланс и кој има прифатлива цена“,  истакнува Баете. Во интервјуто за германскиот весник Зуддојче Цајтунг, Баете не сакаше да ги коментира гласините дека Алианц фрлил око на еден од најголемите конкуренти, Цирих.

Црна Гора: Атлас лајф згаснува, а портфолиото го презема Граве осигурање

Атлас Лајф, осигурителна куќа во сопствеништво на бизнисменот Душко Кнежевиќ, наскоро ќе престане со работа. Во инднина со нејзиното портфолио и клиенти ќе управува Граве осигурање.
Агенцијата за надзор на осигурување во 2105 година направи сеопфатна контрола на Атлас лајф и изрече мерки за надзор со цел отстранување на незаконитостите и неправилнсотите, првенствено поради капиталната нееднаквост на друштвото. Агенцијата, која работи во интерес на сигурноста на клиентите, во меѓувреме изрече и мерка за привремена забрана за управување со имотот кој служи покритие на нето техничките резерви. Оваа мерка е сѐ уште на важност.
„Парите кои служат како покритие за обврските на Атлас лајф се зачувани, не се заложени, нити служат како гаранција за обврски кон други правни лица. Со тоа, депонирани и вложени се во согласност со Законот за осигурување и Правилникот за депонирање и вложување средства од технички резерви и средства на капитал“, објавуваат од Агенцијата.
Регулаторот во моментов врши пренос на портфолиото од Атлас лајф на Граве осигурање, согласно на барањето кое е поднесено.
„Преносот на портфолиото од Атлас лајф на Граве осигурање, кое е едно од водечките осигурувања во Црна Гора, правата и обврските ќе преминат на Граве осигурање. За ова договорувачите на осигурувањето ќе бидат благовремено известени, а правата на договорувачите, осигурениците и корисниците на осигурувањето во полна мера ќе бидат заштитетни.“, дополнуваат од Агенцјата.

Со згаснувањето на Атлас лајф и преземањето на Меркур, кое на почетокот од годината го направи Граве осигурање, на овој осигурителен пазар за животно осигурување ќе продолжат да работат 9 компании.

Аетна се продаде за $69 милијарди на компанија од фармацевтската индустрија

CVS американски ланец на апотеки постигна договор за купување на една од најголемите осигурителни компании кои нудат здраствено осигурување, Аетна. Според потпишаниот договор, вкупната згелка ќе изнесува $69 милијарди, а акционерите ќе добијат по $207 по акција, од што $145 долара во кеш и остатокот во новоиздадени акции.

Со оваа трансакција се потврдуваат мислењата на одредени експерти дека границата помеѓу фармацијата и здраственото осигурување е сѐ помалку јасна. Воедно склучувањето на договорот се поклопува со времето кога Доналд Трамп остро ги критикува зголемените трошоци за лекување и таканаречените иновативни методи на лечење.

Во доменот на шпекулации кружат гласини дека и Амазон разгледува опции за влез на пазарот за здраствено осигурување што шпекуланитите ги мотивираше да ги бараат потенцијални компании преку кои би го направиле тоа.

Србија: Сава осигурање го презема Гарант на Енергопројект

Според сознанијата на српски Блиц, српската холдинг компанија, Енергопројект, ќе остане без своето осигурително друштво Гарант, бидејќи сопственикот на мнозинскиот пакет акции Напред развој, одлучил тоа да го продаде на Сава осигурање.

Со ова се исполнвуа барањето на Народната банка на Србија (НБС) упатено до Напред развој, да се ослободи од осигурителната куќа, бидејќи не ја има добиено нејзината согласност при преземањето на српската градежна компанија.

Поради пропустот, НБС постави рок од три месеци или да се продаде учеството во холдингот или да се продаде Гарант од страна на холдингот. Напред развој се одлучи за втората варијанта бидејќи е посиплатлива за нејзините интереси. Сепак, од страна на другите акционери постои негодување, од причина што поради пропустот на Напред развој цената ќе ја плати Енергопројект, кој ќе остане без здрава осигурителна компанија. Со други зборови, сите акционери на холдингот, меѓу кои е и државата, го губат Гарант, поради грешка на еден од нив, Напред развој.

Извори на Блиц тврдат дека за продажбата на Гарант, Владата на Србија не е официјално известена, но сепак до кабинетот на премиерот стасале овие информации. „Премиерот побара дополнителни информации бидејќи е заинтересиран дали продажбата е направена законски, односно дали била потребна согласност од Владата. Него посебно го интересира дали Република Србија, која има 33% од капиталот во Енергопројект холдинг, ќе има штета од транскацијата.“, објаснува изворот на Блиц.

„НБС им даде две можности, а тие ја одбраа таа која на нив им одговара. Тоа од аспект на нивните интереси е сосема логично. Тоа што не е логично е што државата со закаснување се вклучува во целиот случај и почнува да се грижи за своите интереси во Енергопројект, дури откако тој отиде во рацете на Напред развој“, вели Драган Драгашинович од Колаицијата за надзор на јавните финансии.

VIG го купува Меркур осигурање во Босна и Херцеговина

Виена Иншуранс Груп (VIG) постигна договор со Меркур Ферзихерунг за аквизација на нивната испостава во Босна и Херцеговина, Меркур осигурање. Договорот потпишан на крајот од октомвир чека да помине низ ликалните регулаторни тела за да добие одобрение за реализација.

Меркур осигурање има седиште во Сараево и е основано во 2003 година. Уделот на вкупниот осигурителен пазар изнесува 4,4 % и портфолиото главно е сочинето од животно осигурување кое се нуди со посредништво на банки и брокери. Затоа уделот само на пазарот за животно осигурување е значајни поголем и изнесува 21%.

„Аквизацијата на Меркур ќе ни помогне во постигнувањето на нашите цели и ширењето на портфолиото на нашите производи во сегментот на животните осигурувања. Нашата постоечка компанија во БиХ претежно беше фокусирана на неживотно осигурување. Ние исто така ќе добиеме и вредно менаџерско искуство и значајно ќе го зголемиме присуството на пазарот. Нашиот пазарен удел речиси ќе се удвои и исто така ќе го зајакнеме и нашиот регионален профил“, изјави Петер Хојфингер, член на Управата на VIG задолжен за БиХ.

 

Минхен Ре и Пик Ре заинтересирани да купат дел од Сава Ре?

Словенечки Дело објави текст кој се однесува на намерите на хрватската групација Адрис да откупи власнички дел од акциите на Сава Ре. Според тезите објавени во овој текст, во позадина на одбиеното барање од страна на словенечките инсититуции стои политичка одлука, а не економска или правна.

Авторот на текстот обелоденува дека интерес за откупување на Сава Ре пројавиле и германската Минхен Ре, како и Пик Ре од Хонг Конг. Имајќи предвид дека словенечко-хрватските односи не се на завидно ниво, полесно е да се каже „не“ на Поленкович, отколу на Ангела Меркел.

Во одлуката да не се прифати барањето на Адрис за зголемување на својот удел од 20 на 33%  учествуваа Агенцијата за надзор на пазарот за осигурување и Словенечкиот државен холдинг, кој управува со портфолиото на држацниот имот.

Адрис веќе два пати поднесе барање за откуп на 13% акции во Сава Ре. Првиот пат беше преку својата ќерка фирма, Кроација осигурување, а вториот пат настапи како групација.

 

Џенерали ја продаде својата ќерка фирма во Холандија

Џенерали донесе одлука да напушти уште еден осигурителен пазар, овојпат во Европа. За сума од €143 милиони, италијанскиот осигурувач продаде 98,56% од акциите на својата филијала Џенерали Недерланд Н.В. на холандскиот осигурувач АСР и со тоа се ослободи од портфолиото во оваа земја.

Холандската единица на ниво на групација години наназад придонесуваше со максимални €9 милиони во групните оперативни резултати, а 2016 ја заврши со БПП од 379 милиони.

Фредерик де Куртис, новиот извршен директор на новата единицата Global Business Lines & International на Џенерали изјави: „Со оваа трансакција ја потврдуваме нашата посветеност на ребалансирање на присуството на Џенерали Групацијата на пазарите ширум светот. По затворањето на Гватемала и скорешните договори за напуштање на пазарите во Колумбија и Панама, трансакцијата претставува значаен чекор во потерата за стратегијата објавена во текот на последниот Ден на инвеститори. Ние сме на добар пат во остварување на нашата стратегија и сме уверени дека таа ќе генерира најмалку 1 милијарда кеш“.

Јос Баетен, извршен директор на АСР вели дека аквизацијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на холандскиот пазар, и во сегментот на животно и неживотно осигурување, следејќи ја нивната стратегија за раст преку аквизација на други компании.

Според договорот со извршената трансакција престанува обврската на Џенерали да обезбедува реосигурување на својата поранешна испостава, што резултира со повлекување на холандската компанија за животно осигурување од портфолиото за реосигурување на Групацијата.