Tag Archives: авто-одговорност

Совесните возачи во Италија ќе добиваат значителен попуст на полисите за АО

Осигурителните компании од Италија ќе понудат поевтини полиси за АО на возачите кои ќе се согласат пред да го осигураат нивното возило, тоа да биде прегледано од осигурителната компанија. Попустот исто така ќе биде предвиден и за возачите кои ќе се согласат во возилото да биде инсталирана црна кутија, или да го надградат електронскиот механизам на возилото кој ќе спречи моторот да виде ставен во погон доколку возачот има поголем процент на алкохол од законски дозволениот лимит.

Овие попусти ќе значат значително намалување на цената за возила со чиста историја во четирите последни години, кои се регистрирани во провинции каде има зголемен процент на „злодела“ кои го зголемуваат нивниот ризик, а со тоа и цена. Се очекува Институтот за супервизија за осигурувањето да ги издаде даночните регулативи кои ќе ги вклучат попустите во рок од три месеци.

Крајниот ефект на оваа мерка е дополнително да ја намали разликата на цените за овој тип на полиси помеѓу Италија, каде просечно возачите плаќаат по €367, и остатокот од ЕУ кој бележи просек од €100.

 

Алианц започна со подготовка на тарифи за АО за автономни возила

Алианц започнува да се подготввуа за иднината. Тие објавија дека подготвуваат тарифи за осигурување од АО поврзани со несреќи на автономните возила. Иако од германскиот осигурувач не очекуваат дека автономните возила ќе донесат драстични промени на пазарот за АО, сепак започнуваат со анализа на статистиката на штети за таквиот тип на возила и вклучување на резултатите во процесот на одредување на тарифите.

Јоаким Муелер, член на Управата на Алианц, за германскиот весник Ди Велт, изјавува дека автономните возила ќе причинуваат помала штета поради тоа што луѓето прават повеќе грешки отколку системи на вештачка интелегенција.

Алианц и конкурентскиот Хук Колбург веќе имаат тарифи во кои им се овозможува на возачите одредени поволности доколку докажат дека возеле примерно и внимателно. Тоа ќе биде принципот кој ќе се примени и кај тарифите за автономните возила. Муелер додава дека тие кои почесто ќе дозволат возилото да го управува ИТ – системот може да добијат пониски тарифи.

 

Зелениот картон да поевтини преку либерализација на пазарот за автоодговорност

Зелениот картон да поевтини, предлагаат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Од оваа Агенција велат дека најмногу се продаваат осигурителните полиси за автоодговорност, а потоа имотното и животното осигурување.

Годинава трипроцентен раст забележува осигурувањето на имотите од природни катастрофи, земјотреси, поплави и пожари. Тоа придонесува за намалување на цената на осигурувањето, вели првиот човек на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Попоски. Земјава е мапирана како поднебје подложно на ризици од природни непогоди и голема е веројатноста во септември, вели тој, претставници на Светска банка и од Владата да ја промовираат идејата за „Осигурителен пул“, односно масовно осигурување на имотите од вакви ризици.

Граѓаните најмногу склучуваат полиси за автоодговорност. Се зголемува и бројката на каско осигурувања, вели Попоски. Зелениот картон за кој подолго време се смета дека е оптоварување на граѓаните и се плаќа дополнително односно како проширено осигурување од автоодговорност, Агенцијата предлага две решенија- либерализација на осигурувањето или воведување зелен картон како обврска за сите. Либерализиран пазар има во Хрватска и во Бугарија, на пример, кадешто просекот е 125 евра.

Попоски уверува дека дека во земјава се плаќа најниска цена на зелениот картон. Така што просекот во Македонија е 89 евра, во Србија 110 , во Босна и Херцеговина 145, во Црна Гора 150, а во Албанија 130 евра. Во земјава расте и бројот на полисите за животно осигурување.

Содржината е преземена од mrt.com.mk

Полисите за автоодговорност и зелениот картон не ги покриваат штетите од поплавите во Халкидики

Во поплавите на Халкидики, неколку возила регистрирани во Македонија беа поплавени и оштетени од нанос на земја. Основната полиса за автоодговорност, исто како и зелениот картон, не покриваат штети на возила настанати поради поплава. Слично како и за случаите по поплавите во Стајковци, единствено сопствениците на возилата осигурани со каско полиса во која се опфатени и штетите од полава имаат право на надомест.

Важно е да се знае дека за да се пријави штетата, туристите би требало додека се сѐ уште Грција, да побараат потврда за настанатата штета од тамошната полициска станица. Полициската станица која ги издава овој вид на потврди се наоѓа во местото Агиос Николас. Покрај потврдата неопходно е да се направи и фотографија на возилото со направената штета врз него.

 

UNIQA: Заштеда и до 50% на премијата за АО ако не се зборува на мобилен додека се вози

UNIQA на домашниот осигурителен пазар понуди надоградба на тарифата за автоодговорност, SafeLine, која на клиентите им дава можност да заштедат и до 50% од тарифата доколку се воздржат од користење на мобилен телефон додека возат. Оваа австриска компанија се смета за пионер во имплементација на телематиката во осигурителниот сектор и е водечка на германското говорно подрачје во понудата на телематиката.

Овој тип на полиса е прва од овој вид во светот, каде за прв пат клиентите директно ќе влијаат на цената на осигурителната премија што ќе ја платат. Позадината на овој продукт лежи во статискичкиот податок кој укажува дека 30% од сообраќајните несреќи настануваат како последица на недоволно внимание поради употреба на паметни телефони во возење. Andreas Kößl, еден од членовите на бордот на директори изјавува дека „Луѓето кои нема да користат мобилни телефони додека возат можат да направат сериозни заштеди на премиите. Наградата е флексибилна, колку помалку зборуваш, толку повеќе заштедуваш. Опсегот е од 1 до 50 проценти“.

Оваа тарифа, која беше претставена пред 10 години, покрај осигурувањето кон трети лица вклучува и автоматско пријавување на несреќа преку тастер поставен во возилото или преку апликацијата SafeLine, како и опција за лоцирање на возилото кое е украдено. Сето ова е возможно благодарение на еден мал електронски уред, т.н. телематска кутија, која брзо и лесно се инсталира во возилото. Токму телематската кутија, по секое возење, собира податоци и во соработка со апликацијата, испраќаат до серверот споредба на ефективното време на патувањето и времето кога е користен мобилниот телефон. Секој корисник овие податоци исто така ги добива како објава преку самата апликација.

Попустот не е единствената придобивка од апстиненцијата од користење на мобилниот телефон позади волан. Со примерното однесување, корисниците собираат поени, кои потоа можат да ги искористат за бесплатни услуги во ланец на кооперативни партнери на UNIQA, како што се на пример кафе или одреден пијалок на OMV бензиските станици.

UNIQA, преку своите 6.000 вработени, во 9 регионални центри и повеќе од 400 услужни единици, опслужува повеќе од 3,5 милиони нејзини клиенти кои имаат направено речиси 10 милиони полиси. Во 2016 година компанијата ја заврши со 21% учество на австрискиот пазар, што ја прави најголема во однос на останатите повеќе од 50 компании. Според некои независни студии, UNIQA е најпознатиот бренд и компанија со најголема доверба во последните неколку години во Австрија.

 

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ЗАШТИТА НА ПОСЕТИТЕЛИ ПОМЕЃУ Р.МАКЕДОНИЈА И Р.БУГАРИЈА

Според Планот за работа на Националното биро за осигурување за 2017 г., на 24.01.2017 г. бешепотпишан Договор за заштита на посетители (Основен договор) помеѓу Нациоанлното биро заосигурување на Р.Македонија и Националното биро на осигурувачите на моторни возила наР.Бугарија. Договорот стапува на сила на 01.02.2017г.

Со оглед на честата фрекфенција на возила во двете држави, по иницијатива на Националното биро заосигурување на Р.Македонија, беше потпишан Договорот за заштита на посетители со Националнотобиро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија. Договорот го потпиша, во име наНационалното биро за осигурување на Р.Македонија, генералниот директор, гн Трајче Латиновски, аво име на Националното биро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија, гн Орлин Пенев, претседател на Бирото.

Потпишаниот Договор ќе претставува големо олеснување за граѓаните на Р.М. кои патуваат во Р. Бугарија. Имено, доколку им се случи сообраќајна незгода во која е виновно возилото од Р.Бугарија, по првично спроведените постапки на лице место и по враќањето во Р.Македонија, можат да се обратат во Националното биро каде ќе добијат напатствија и помош во остварување на своето право за надомест на штета.
Со овој Договор, граѓаните на Р.М. кои патуваат во Р. Бугарија, при евентуална штета заштедуваат време и средства за остварување на своите права во Р.Бугарија.

Превземено од НБО.

Македонското и Хрватското биро за осигурување ќе потпишат договор

По договорот потпишан во мај со Здружението на српските осигурувачи, Националното биро за осигурување на Република Македонија ќе потпише договор и со Хрватското биро за осигурување.

Договорот ќе биде за заштита на посетители и со него ќе се овозможи на возачите од Македонија и од Хрватска, во случај на настанување на сообраќајна незгода да добијат информации, поефикасен  и побрз надомест за причинетата штета.

Потписници на договорот ќе бидат директорите на двете бироа, Трајче Латиновски од македонската страна и Хрвоје Пауковиќ од хрватска страна.

Со овој договор се проширува листата на земји со кои претходно се потпишани вакви договори: Србија, Турција, Грција, Словенија, БиХ, Швајцарија, Луксембург и Црна Гора.

CARPATICA Asig ја изгуби лиценцата за работа

Со одлуката на романското супервизиско тело од крајот на јули, се одзема лиценцата на CARPATICA Asig. За неполна година, по ASTRA Asigurari, ова е втора осигурителна компанија која ја изгуби лиценцата и по која е покрената постапка за прогласување банкрот.

CARPATICA Asig до 30.06.2016 имаше портфолио од 1,310,852 склучени полиси и завземаше 19%  од пазарот. Важеше за една од водечките компании за АО во Романија со осигурани 936.089 возила. Во првите три месеци полисираната бруто премија изнесуваше близу 50 милиони евра.

Телото за финансиска супервизија (ASF) ја обврзува компанијата да ги превземе сите неопходни чекори за да ги информира своите осигуреници за нивната можност да ги поништат осигурувањата и да си ги повратат премиите од полисите кои им следуваат, пропорционално на изминатиот период на осигурувањето и остатокот од важноста на полисата.

Според важечкото законодавство осигурениците преку Гарантниот фонд се ограничени на максимум 100.000 евра. Првите проценки се дека  издатоците на фондот ќе бидат близу 140 милиони евра.

ASF сега е главно насочен кон одржување на стабилноста на осигурителниот пазар во Романија. Според нив, осигурителниот пазар во Романија може да го апсорбира банкротот на  CARPATICA Asig и да го продожи растот на бруто премии и профити на компаниите.

КОИ ПОЛИСИ ПОКРИВААТ ШТЕТИ ОД ПОПЛАВА?

Секојдневно во осигурителните компании се пријавуваат штети кои се последица на невремето кое се случи на 6-ти август во Скопје. Четири дена по катастрофалното невреме пријавени се повеќе од 500 осигурани случаи.

Полисите за животното осигурување смртта настаната како последица на временска неприлика, ја категоризираат како насилна смрт. Обештетувањето на семејствата во кои има загуба на човечки живот, носител на животно осигурување, се прави со исплата на една или две осигурани суми (еднократна или двократна исплата на висината на осигурувањето) во зависност од типот на склучениот договор. Кај одредени полиси на Граве, покритието за насилна смрт е дури три осигурани суми. Досега до осигурителните компании не е пристигнато барање за исплата на штета на основ на животно осигурување како последица од невремето кое го зафати Скопје.

Штетите од поплава се најчесто дополнително осигурување, кое во поголем дел од полисите од неживотниот тип на осигурување не е покриено како осигуран случај.

  1. Домаќинско осигурување

Не сите полиси за домаќинско осигурување ризикот од временска непогода го вклучуваат во основни ризици. Тоа значи дека доколку клиентот сака полисата да има покритие за поплава, мора да го вклучи како дополнително осигурување. За секое дополнително осигурување се доплаќа. Доплатата не е фиксна и зависи од категоријата на ризик во кое спаѓа домаќинството, типот и големината на истото. Во Македонија помалку од 10% од домаќинските осигурување се надополнети со осигурување од ризици од временска непогода.

2. Осигурување од незгода

Лицата кои склучиле полиса за осигурување од незгода се носители на покритие за два настанати осигурани случаи: повреда и смрт. Доколку како последица на невремето е нанесена телесна повреда на лицето кое е носител на осигурувањето, истото има право на обештетување.  Семејствата во кои се загубени човечки животи на лица кои се носители на осигурување од незгода, имаат основ за наплата на штета преку овој тип на осигурување

3. Осигурувањето од автомобилска одговорност (АО)

АО е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај. Овој тип на осигурување покрива штети на трети лица кои се настанати како последица на сообраќајна незгода причинета од страна на лицето кое управува со возилото кое е осигурано со АО. Тоа значи дека возилата оштетени при поплава можат да се обештетат само доколку се осигурани каско и имаат покритие за поплава.

4. Земјоделското осигурување

Ова осигурување во основните ризици вклучува покритие на штета по основ на град, пожар и гром. Поплавата може да се вклучи во полисата како дополнително осигурување. Помалку од 1% од полисите за земјоделско осигурување во Македонија се надополнети со осигурување од поплави. Земјоделското осигурување за добиток исто така носи основа за исплата на обештетување при угинување на животни како последица од временските неприлики.

 

Потпишан Договор за олеснета исплата на отштета за сообраќајна незгода во странство

Душко Јовановиќ, генералниот секретар на Здружението на српските осигурувачи и директорот на Националното биро за осигурување на Македонија, Трајче Латиновски, потпишаа Договор за заштита на посетитители.

Според договорот, лицето кое претрпело штета во сообраќајна несреќа на територија на друга држава, по враќањето во сопствената држава треба да се обрати до националното Биро за зелен картон. Националното биро во соработка со бирото на државата во која се случила незгодата, ќе овозможи побрзо собирање на потребната документација за исплата на отштетата.  До сега граѓаните сами мораа да ја комплетираат целокупната документација.

Трајче Латиновски истакнува дека механизмот на заштита на возачите кој го нуди договорот е близок до моделот на заштита кој постои во ЕУ. Документот е составен на основа на најдобрите одредби на четвртата и петтата Моторна директива на ЕУ, кои ги регулираат прашањата на заштита на трети оштетени лица.

Душко Јованивиќ, нагласува дека со потпишувањето на овој деветти по ред договор, Здружението продолжува со конкретните активности чија цел е заштита и помош на граѓаните кои патуваат во други држави со моторни возила.  Претходно ваков договор е потпишан и со Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Швајцарија и Луксмебург.

Договорот е од особена важност за граѓаните на Македонија и Србија, имајќи го во предвид бројот на патници кои транзитираат низ двете земји до својата крајна дестинација.