Tag Archives: Австрија

Директорот на Уника е назначен за министер за финансии на Австрија

Хартвиг Лоегер, генералниот директор на Уника Австрија, е новиотза министер за финансии во Владата на Австрија. Ова беше изненадување за многумина, бидејќи Лоегер е малку познат надвор од осигурителниот бизнис. Премиерот, Себастијат Курц, за новоназначениот министер вели дека го познава десет години и исклучително многу го цени.

Лоегер во Уника групацијата е веќе 15 години. Неговата кариера во оваа групација започнува како директор на Уника интернешенел холдинг, делот од групацијата која ги обединува компаниите кои работат надвор од територијата на Австрија. Според пишувањата на австрискиот печат, неговата желба била да стане пилот, но поради тешка повреда бил приморан да се откаже од својот сон и судбината го натерала да започне да работи како советник за осигурување во АОН во Виена. По четири години преминува во Алианц во Грац, каде е назначен за менаџер на продажба за Штаерска и тука се задржува седум години. Кратко време поминува и во Грацер Векселзајтиге (Граве) во Грац, на позицијата советник на директор, за потоа да премине во Донау Ферзигерунг од каде доаѓа во Уника интернешенел холдинг.

Уника Груп од нова година воведува два нови сектора, „Дигитализација“ и „Клиенти и пазари“

Уника Груп Австрија објави дека ги назначи за директори Александер Бокелман за директор на секторот за дигитализација и Сабине Усати-Зеевалд за директор на секторот на клиенти и пазари. Ова се два новоформирани сектора кои ќе започнат со активности со почетокот на новата година. Двата нови сектора се дел од реорганизацијата на групацијата, австрискиот и меѓународниот оддел, со цел „Уника Груп да го направи следниот организациски чекор во патот од понудувач на осигурување со почетокот на новата година да стане интегриран понудувач на услуги.“ Во рамките на остварување на оваа цел групацијата фузираше четири свои компании во Австрија и лансираше широка иновативна и инвестициска програма.

Александер Бокелман на новата позиција доѓа од местото на главен човек во дигиталниот оддел на групацијата каде беше задолжен за развој на новиот дигитален тим на групацијата, кои ги креираат мобилните апликации, порталите, чатови како и управувањето со big data.

Сабине Усати-Зеевалд менаџментот за клиенти и продажба сега преминува во улога на директор кој има одговорност за лансирање на нови продукти и услуги на австрискиот осигурителен пазар.

Македонија: Уника Лајф со 17% поголема премија на крајот од вториот квартал

Уника Лајф, благодарение на зајакнатата продажна мрежа, и вториот квартал го заврши со двоцифрено зголемување на БПП. Полисираната премија изнесува €600.000, што е за 17% повеќе од првото полугодие од 2016 година. Сестринската компанија, Уника А.Д., која се занимава само со продажба на полиси за неживотно осигурување, бележи пад од 3% на БПП, завршувајќи го кварталот со €5,9 милиони. Благодарение на растот на секторот од животно осигурување, повторена е добивката од крајот на јуни 2016 година, иако вкупната премија на Уника групацијата во Македонија е намалена за 1%.

Во соседна Србија Уника групацијата има една од најдобрите десет компании во Европа, која во вториот квартал на групацијата ѝ донесе профит пред оданочување од €700.000 (2016: €800.000) и вкупна БПП од €21,9 милиони, 1% помалку во однос на првите шест месеци од 2016 година. €12,4 милиони припаѓаат на секторот неживот, кој бележи 2% раст на БПП, додека секторот на животно осигурување бележи пад на премијата од 5%, достигнувајќи €7 милиони. Одделот за доброволно здраствено осигурување полисирало бруто премија од €2,5 милиони.

Заживувањето на косовскиот пазар се препознава и во резултатиtе на Уника групацијата во оваа земја. Минатогодишната загуба од €700.000, кои двете косовски компании ја направија во првите два квартала, оваа година е корегирана во добивка пред оданочување од €600.000. Дел од заслугите се во зголемената БПП од 7% за неживотно осигурување на Сигал Уника (€3,7 милиони) и растот од 20% на БПП на Сигал Уника Лајф (€400.000). Доброволното здраствено осигурување, кое е попопуларно од животното осигурување во Косово, бележи пад од 31%, завршувајќи го вториот квартал со премија од €1,4 милиони.

Уника преку Сигал брендот, е присутна и на пазарот во соседна Албанија, каде вкупната БПП е зголемена за 16%, достигнувајќи €17,1 милиони. Двата главни сектора бележат раст на премијата. Нежвотното со полисираните €13,2 милиони има зголемување од 17%, додека животното осигурување има раст од 28%, остварувајќи БПП од €2,8 милиони. Доброволното здраствено осигурување е намалено за 14%, на €1,1 милион. Трите компании на овој пазар, кои се претставници на групацијата, оствариле добивка пред оданочување од €1,3 милиони (2016: €2,3 милиони).

Од соседните земји, Уника групацијата е присутна и на пазарот во Бугарија, каде на крајот од вториот квартал остварила двојно поголема добивка пред оданочување од €600.000, во однос на истиот период лани. Вкупната БПП е зголемена за 14% и изнесува €33,7 милиони. На полиси од животно осигурвање, во првото полугодие, полисирана е премија од €25,8 милиони (2016: €22,5 милиони), додека на полиси од неживотно осигурување вкупна БПП е €14,9 милиони, 6% повеќе од лани.

Уника групацијата е присутна во сите земји од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија. Во Црна Гора двете компании второто тромесечие иако го завршиле без добивка, е подобрување во однос на лани, кога по првите шест месеци имаа загуба од €100.000. Финансиското работење е подобрено иако вкупната БПП е намалена за 4% на €5,8 милиони. Поголемиот дел, €4,6 милиони, отпаѓа на полиси за неживотно осигурување (-5%), €900.000 се на полиси за животно осигурување (4% раст), а преостанатите €400.000 доаѓаат од полиси за доброволно здраствено осигурување (15% раст).

Подобри финансиски резултати групацијата остварила и во БиХ, каде добивката пред оданочување од €400.000 во првите два квартала од 2016 година е зголемена за €100.000 на крајот од јуни оваа година. Вкупната БПП е намалена за 1%, на €14,9 милиони. Ова е еден од ретките осигурителни пазари каде групацијата има поголема БПП во секторот на живот (€7,9 милиони), споредено со секторот неживот (€7,0 милиони).

Како земја со најразвиен пазар во регионот, со исклучок на Слобенија, и за оваа групација најмногу добивка носи Хрватска. Добивката од €2,6 милиони, иако намалена(2016: €3 милиони) е далеку најголема во регионот. Покрај добивката, и вкупната БПП е поголема од останатите земји во регионот и изнесува €38,3 милиони, од кои €21 милиони (1% раст) отпаѓаат на неживотното осигурување, €12,8 милиони (-27%) на животното осигурување и €4,5 милиони (83% повеќе) на доброволното здраствено осигурување.

Групација на сите 19 пазари остварила БПП (вклучувајќи го и делот на заштеда од unit-link и index-link полисите) од €2,8 милијарди, што е раст од 6,6%. Сите три главни сектора бележат раст на премијата. Неживотното осигурување има раст од 6,4% (€1,44 милијарда), животното 9,1% (€834,4 милиони) и доброволното здраствено 3,4% (€522,5 милиони). Висината на премиите на австрискиот пазар се минимално зголемени на €1,93 милијарди, додека меѓународните се зголемени за 23,2% на 834,4 милиони.

Подобрен е и комбинираниот однос, кој на ниво на групација сега изнесува 96,8%.

Консолидираниот нето профит, на ниво на групација, на крајот од јуни достигнува €41,3 милиони. Преполововувањето на минатогодишниот полугодишен профит Андреас Брандштетер, претседателот на Управата на Уника групацијата, го објаснува со негативнте последици од банкротирањето на една од италијанските подружници кои беа продадени со гаранција за нивно опстојување во одреден период.

„На прав пат сме: премискиот волумен, комбинираниот однос и опсегот на трошоци се развиваат позитивно. Во првата половина од 2017 година остваривме задоволувачка зараотка пред оданочување од €95,5 милиони – 10,2% повеќе во однос на претходната година.“, изјавува Брандштетер.

Потатоците се преземени од seenews. com и извештајот на Уника групацијата.

Трите компании на VIG во Македонија бележат зголемена бруто добивка и намалена премија

VIG преку трите свои компании во Македонија, Осигурување Македонија, Винер и Винер Лајф, во првите шест месеци остварила добивка пред оданочување од €1,5 милиони, што е раст од 16,6%. Добивката е зголемена иако забележан е пад на БПП од 6,4% и изнесува €14,3 милиони (2016: €15,3 милиони). €5,5 милиони отпаѓаат на осигурување од АО, што е раст од 14%, додека каско осигурувањето е намалено за 33,5% на €900.000.

Минимален раст на добивката пред оданочување има и во соседна Србија, каде таа достигнува €1,3 милиони (2016: €1,2 милиони). БПП на овој пазар е зголемена за 21,1% достигнувајќи €54,5 милиони, најмногу по заслуга на огромниот раст од 78,3% на осигурувањето од АО (€4,1 милиони). БПП на полисите за животно осигурување со тековна уплата е зголемена за 6,6% достигнувајќи €12,9 милиони, додека еднократните премии се речиси удвоено на €6,1 милиони (2016: €3,4 милиони). Приватното здраствено осигурување, заедно со патничкото осигурување, исто така бележи раст на премијата од речиси 100% раст достигнувајќи €1,5 милиони, во споредба со ланските €800.000.

Позначаен раст на добивката е остварен на пазарите на Косово и Албанија, каде од ланските €200.000 добивката е зголемена на €1 милион. Во двете држави VIG на пазарот е застапен само со полиси за неживотно осигурување чија БПП е зголемена за 6,4% на €17,8 милиони. Најголем дел од неа доаѓа од полиси за осигурување од АО, €11,4 милиони, речеиси идентично како минатата година. Каско осигурувањето е зголемено за 7,4%, додека доброволното здраствено осигурување е намалено за 2,7% на €1,4 милиони.

Позитивни резултати во земјите од нашето соседство се остварени и во Бугарија, каде минатогодишната добивка пред оданочивање од €3,8 милиони е зголемена за еден милион. Вкупната БПП е зголемена од €75 на €82 милиони благодарение на доброто работење во секторот на осигурување од АО и доброволното здраствено осигурување.

Од земјите од регионот, на просторите од поранешна Југославија, VIG во БиХ првите шест месеци ги завршило со загуба од €200.000. Вкупната БПП од €6,6 милиони на крајот од јуни минатата година е зголемена на €9,0 милиони во првите шест месеци од оваа година. Животното осигурување има раст на премиите и кај полисите со тековна уплата (21,2%, вкупно €700.000) и кај еднократните уплати (€900.000, 2016: €200.000). Неживотното осигурување има пад во премиите на осигурување од АО (1,3%), а раст кај премиите на каско осигурување (5,8%).

Како и претходно, најдобри резултати групацијата во земјите од регионот бележи во Хрватска, каде остварена е добивка пред оданочување од €4,3 милиони. БПП на двете хрватски испостави е зголемена за 2,5% и достигнува €54,3 милиони. Од нив полисите за животно осигурување со тековна уплата придонесуваат со €15,9 милиони(-1,9%), додека тие со еднократна уплата се  €16,4 милиони (-1,8%). Најдолем раст бележат премиите на каско осигурување, 14,3%.

Генерално групацијата оствари БПП од €4,97 милијарди, речиси идентично и како првото полугодие од 2016 година. Растот е ограничен поради големиот пад на полисите за животно осигурување со еднократно уплатена премија во западните земји, за разлика од земјите од ЦИЕ (-24,4%).

Бруто добивката изнесува €220,5 милиони, што е зголемување од 9,6% во однос на истиот период лани. Комбинираниот сооднос на групацијата е подобрен на 96,9% од €97,7%.

Вкупната бруто добивка на групацијата е намалена од €2,26 милијарди на €2,16. Најголема добивка е остварена на домашниот пазар €77,5 милиони и пазарот во Чешка €76,6 милиони.

 

FMVÖ ги додели Recommender Award наградите за банките и осигурувачите во Австрија

Во Виена е одржана единаесеттата по ред гала свеченост Recommender Award од стрна на Здружението на финансиски маркетинг на Австрија (FMVÖ). Наградите на оваа свеченост се доделуваат на осигурителни компании и банки, кои според одговороите на 8.000 испитаници во првиот квартал од годината, оствариле наголема стапка на препорака во својата категорија. Собирањето на податоците оваа година го направи Институтот за истражување на пазарот Telemark Marketing.

Наградите кај осигурувачите ги понесоа TIROLER VERSICHERUNG V.a.G. во категоријата на регионален осигурувач, muki Versicherungsverein auf Gegenseitigkeit во категоријата на директен и специјален осигурувач, Sparkassen Versicherung AG Vienna Insurance Group во категоријата банкоосигурувачи, и Grazer Wechselseitige Versicherung AG, кој се јавува како еден од спонзорите на манифестацијата, во категоријата на државен осигурувач.

 

UNIQA: Заштеда и до 50% на премијата за АО ако не се зборува на мобилен додека се вози

UNIQA на домашниот осигурителен пазар понуди надоградба на тарифата за автоодговорност, SafeLine, која на клиентите им дава можност да заштедат и до 50% од тарифата доколку се воздржат од користење на мобилен телефон додека возат. Оваа австриска компанија се смета за пионер во имплементација на телематиката во осигурителниот сектор и е водечка на германското говорно подрачје во понудата на телематиката.

Овој тип на полиса е прва од овој вид во светот, каде за прв пат клиентите директно ќе влијаат на цената на осигурителната премија што ќе ја платат. Позадината на овој продукт лежи во статискичкиот податок кој укажува дека 30% од сообраќајните несреќи настануваат како последица на недоволно внимание поради употреба на паметни телефони во возење. Andreas Kößl, еден од членовите на бордот на директори изјавува дека „Луѓето кои нема да користат мобилни телефони додека возат можат да направат сериозни заштеди на премиите. Наградата е флексибилна, колку помалку зборуваш, толку повеќе заштедуваш. Опсегот е од 1 до 50 проценти“.

Оваа тарифа, која беше претставена пред 10 години, покрај осигурувањето кон трети лица вклучува и автоматско пријавување на несреќа преку тастер поставен во возилото или преку апликацијата SafeLine, како и опција за лоцирање на возилото кое е украдено. Сето ова е возможно благодарение на еден мал електронски уред, т.н. телематска кутија, која брзо и лесно се инсталира во возилото. Токму телематската кутија, по секое возење, собира податоци и во соработка со апликацијата, испраќаат до серверот споредба на ефективното време на патувањето и времето кога е користен мобилниот телефон. Секој корисник овие податоци исто така ги добива како објава преку самата апликација.

Попустот не е единствената придобивка од апстиненцијата од користење на мобилниот телефон позади волан. Со примерното однесување, корисниците собираат поени, кои потоа можат да ги искористат за бесплатни услуги во ланец на кооперативни партнери на UNIQA, како што се на пример кафе или одреден пијалок на OMV бензиските станици.

UNIQA, преку своите 6.000 вработени, во 9 регионални центри и повеќе од 400 услужни единици, опслужува повеќе од 3,5 милиони нејзини клиенти кои имаат направено речиси 10 милиони полиси. Во 2016 година компанијата ја заврши со 21% учество на австрискиот пазар, што ја прави најголема во однос на останатите повеќе од 50 компании. Според некои независни студии, UNIQA е најпознатиот бренд и компанија со најголема доверба во последните неколку години во Австрија.

 

Uniqa Gruoup со очекуван пад на БПП и профитот пред оданочување

Uniqa Gruoup објавија извештај за нивното работење во првите девет месеци од 2016. Вкупната бруто полисирана премија (БПП) изнесува €4,75 милијарди, што е за 2,3% помалку во однос на истиот период лани. Во делот на приватно здраствено осигурување, групацијата има раст од 4% и полисирале вкупно €778,8 милиони, додека секотрот за осигурување на домаќинство и незгоди БПП е во пораст од 2,4%. Животното осигурување е во пад од 9,2%, што од компанијата изјавуваат дека го очекувале заради намалување на еднократните уплати на овој тип на полиси.

Вкупните оперативни трошоци, се намалени за провизија за реосигурување, за 1,7% и изнесуваат речиси €1 милијарда, додека за трошоците за аквизација намалувањето е 0.8%. Во пораст се административните трошоци за 7,8%, како резултат на иновациските и инвестициските програми.

Нето инвестицискиот приход е во висина од €490,1 милиони и е во пад од 20,7%. Инвестициите на групацијата во производите како unit linked и index linked се зголемени во однос на 2015 и изнесуваат €30,58 милијарди.

Профитот пред оданочување на групацијата во Македонија е пораснат на €500.000 од ланските €400.000. Вкупната БПП изнесува €9,8 милиони и во раст од 6%, при што на животното осигурување отпаѓаат €800.000 и е во пораст од 19%.

Во Бугарија групацијата речиси го удвои профитот пред оданочување и достигна €500.000 за првите три квартала од 2016. Вкупната БПП премија е во раст од 3% и достигнува €42,2 милиони, од кои €22,2 милиони се полисирани на животно осигурување и е во пораст од 10%.

Заработката пред оданочување во Хрватска, за овој период од годината,  изнесува €5 милиони, споредено €4,2 милиони од минатата година. Вкупната БПП е намалена за 6% на €57,5 милиони. На животното осигурување отпаѓаат €23,7 милиони и е во пад од 22%.

Групацијата е една од водечките компании на албанскиот пазар каде во првите три квартала заработиле пред оданочување €3,9 милиони. На ланската БПП додадени се 6% и достагната е вкупна премија од €23,9 милиони. БПП за животното осигурување е €3,2 милиони и е во пад од 8%.

Ланскиот профит пред оданочување за првите три квартала од €500.000 во Црна Гора е намален за 20%. Вкупната БПП е исто така во пад, 3% и кај неживотното и кај животното осигурување.

Пад на БПП е забележан и во Косово, од 17%. Неживотното осигурување е во пад од 17%, животното од 14% и приватното здраствено осигурување од 21%. Иако БПП е намалена, профитот пред оданочување е удвоен и изнесува €800.000.

Солиден профит пред оданочување е остваен и во Србија, каде тој е покачен за 57% и изнесува €1,1 милиони. Вкупната БПП е во пад од 12% и изнесува €32,1 милиони, од кои €10,8 милиони се полисирани во секторот на животно осигурување.

 

Осигурителна компанија од Хрватска влегува на австрискиот осигурителен пазар

Претседателот на управата на осигурителното друштво Еурохерц, на неодамнешната конференција „Хрватски денови на осигурување“, која се одржа во Опатија, објави дека неговата компанија планира да направи исчекор и да биде првата хрватска компанија која ќе отвори подружница во Австрија.

„Доста ни беше да гледаме како пазарот ни го земаат Винер или Граве, идеме ние нив да им земеме“, порача Зорич.

Водечкиот човек на Кориација осигурување, Дамир Ванделич, ја поздрави одлуката и изрази жалење што конкурентска компанија ќе биде првата што ќе направи ширење на тој пазар. Во неговата изјава тој ги обелодени плановите на Кроација за ширење во регионот. „Кога ќе успееме во аквизицијата во соседните земји, во што не поддржува и нашиот регуларот, но не и словенечкиот, кој смета дека не сме доволно добри за нив, нашите луѓе ќе бидат основна погонска сила во управувањето на тој пазар, имаме јак менаџмент“. Тој додаде дека глобалното опкружување е многу постабилно, но и нестабилното опкружување има свои предности. „Моите луѓе се занимаваат со развивање на нови произвноди, на пример оние кои покриваат ризик тероризам, ние сме тие кои ги превземаме сите ризици и секоја нестабилност е наша можност за нови производи. Мораме да создаваме можности“.

Дигитализацијата во осигурителниот сектор, Зорич во своето излагање на конференцијата, го спореди со два калуѓера кои дискутираат дали папата ќе дозволи тие да се женат, на што едниот искоментирал „Ние тоа сигурно нема да го доживееме, но може нашите деца ќе успеат“. Според него проблемот на дигитализацијата не е само во осигурителните компании, туку и во пазарот, кои би требало да го прифати. Тој го оценува пазарот како релативно конзервативно, каде навиките тешко се менуваат, па оттука и скептицизмот дека неговата генерација ќе го прифати тоа.

 

Објавени се годинешните награди на World Finance

Прогласувањето на наградите  2016 World Finance Global Insurance Awards нудат увид на најновите развојни компоненти на осигурителната индустрија низ целиот свет. Без работата и постигнувањата на овогодинешните добитници, индустријата немаше да биде на позицијата на која е денес.

Овие награди исто така овозможуваат преглед не само на што треба да се направи за да се успее да се осптои на пазарот, туку може да се шрочитаат и како слика која укажува во која насока ќе се менува осигурителната индустрија во претстојните години. Анализирајќи поголем број на индикатори на нивната работа, телото за оцена на World Finance  ги избра победниците од групата големи имиња во овој пазар.

Извештајот за наградите нагласува дека осигурителниот пазар се дигитализира „Повеќето осигурителни друштва инвестираат во дигитални платформи кои ќе ги зајакнат нивните релации со клиентите. Нивната цел е да ги развијат бизнисот, така што ќе ги направат продуктите потраспарентни и полесни да се разберат и споредат“.

Инвестициите во дигитализацијата ќе резултира во појасен фокус на анализа на податоци, облак и моделирање техники за препознавање на ризици или стратешки приоритети. Осигурувањето речиси секогаш во важел за продукт кој е тешко разбирлив. вклучувањето на технолошките платформи ќе допринесе на приближувањето на продуктите до населението. Осигурувачите ќе мора да пристапат на клиентите на начин на кој до сега не практикувале. Доколну не се во можност да го следат темпото на промена на апетитите на корисниците, според World Finance  може да биде пресудно за успех или пропаст на бизнисот.

Наградите се објавени по неколку земји, одделно награда за најдобрата компанија за животно осигурување и генерално гледано за најдобрата компанија на пазарот во тие земји. оsigurajse.net Ви презентира дел од наградите во неколку земји од Европа:

  • Бугарија: Генерално – Armeec Insurance                                   Животно – SiVZK (TUMICO)
  • Србија: Генерално – Generali Osiguranje Srbija
    Животно – Generali Osiguranje Srbija
  • Грција: Генерално – INTERAMERICAN
    Животно – NN Hellas
  • Унгарија: Генерално – Allianz Hugaria
    Животно – Magyar Posta Életbiztosító
  • Австрија: Генерално – UNIQA Insurance Group
    Животно – Sparkassen Versicherung
  • Германија: Генерално – HDI-Gerling
    Животно – Zurich
  • Франција: Генерално – Covea
    Животно – AXA
  • Италија:Генерално – Unipol Assicurazioni
    Животно – Poste Vita S.p.A.
  • Холандија: Генерално – Achema                                                  Животно – Srlev NV
  • Данска: Генерално – Top Danmark                                               Животно – Sampension

Уника ги здружува своите друштва за осигурување

Во 2016 започна спојувањето на четирите австриски друштва во една компанија – Finance Life, Raiffeisen и Salzburger Landes ќе се спојат со матичното друштво Uniqa осигурување. Спојувањето е на 1.10.2016 службено впишано во регистарот на правни субјекти, со што австриската Uniqa станува примарно осигурување во рамките на  Uniqa Insurance Group.

Австриската Uniqa, која е една од најголемите осигурителни друштва помеѓу 50-те кои работат во Австрија,  во моментов има околу 3,5 милиони осигуреници и 22% учество на пазарот.