Во 2015 исплатени 92 милијарди долари отштета за катастрофи

Според неодамнешниот годишен извештај Sigma на швајцарската реосигурителна компанија SWISS RE минатата година во светот се случиле 353 катастрофи. Вкупната отштета која осигурителните и реосигурителните компании ја исплатиле како надокнада се претрпената штета се 92 милијарди долари. Споредено со 2014 кога биле исплатени вкупно 113 милијарди долари има намалување на исплатената отшета.

SWISS RE во својот извештај наведува дека вкупните осигурани губитоци во светот биле 37 милијарди долари, што е далеку под просекот од последните 10 години кој изнесува 62 милијарди долари годишно.  Трета година по ред Азија е водечки континент по претрпени штети. Земјотресот во Непал е регистриран како катастрофа која предизвикала најголеми загуби од близу 6 милијарди долари.

Според извештајот на SWISS RE, во 2015 биле регистрирани 198 катастрофи за кои е „виновна“ природата, што е рекорден број на природни катастрофи забележани во една година.

Од катастрофите најголема отштета е исплатена за експлозија во кинеското пристаниште Tijanjin, која изнесувала помеѓу 2,5 и 3,5 милијарди долари.  На второ место се поплавите во Велика Бротанија, кои ги олеснија касите на осигурителните компании за 2 милијарда долари.

 

 

Започна советувањето за земјоделско осигурување

На иницијатива на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, во соработка со Министерството за земјоделие и осигурителните компании преку презентации на земјоделското осигурување во локалните школи и месни заедници се започна со советување за земјоделците околу заштитата на нивните посеви и добиток во случај на непогода.

Во акцијата ќе бидат опфатени сите населени места, повеќе од 1000 села. Во заедничкото излагање на претставници на трите институции ќе бидат изложени бенефитите од осигурувањето на посеви и добиток, како и поволностите кои ги нуди државата преку субвенционирање со 60% од премијата. Од осигурителните компании со свои застапници учсетво земааТриглав, Албсиг и Кроација.

Побарајте бесплатна понуда преку www.osigurajse.net

Повќе на следниот линк www.agencija.gov.mk

Од сега осигурување и за миленици, велосипеди и уметнички творби

Со нови услуги што вклучуваат осигурување на домашни миленици, велосипеди, уметнички творби и велосипеди, осигурителните компании во земјава се обидуваат дополнително да го раздвижат осигурителниот пазар во Македонија, кој бележи континуиран пораст во изминатиов период.

– Осигурителниот пазар во Македонија во последните 10 години бележи позитивни стапки на пораст во сите аспекти, како зголемени приходи од продажба на полиси, пораст на активата и финансиските вложувања на друштвата за осигурување, поголеми финансиски резултати и зголемен број вработувања. Исто така, се бележи значаен напредок во зголемување на бројот на субјекти и лица ангажирани во дозволените канали на продажба на полиси за осигурување како осигурителни брокерски друштва, друштва за застапување, застапници, како и вклучување на банките како канал на дистрибуција – вели Климе Поповски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Според него, иновациите во воведување нови производи, препознавање и идентификација потенцијални и идни ризици со кои се соочуваат граѓаните и економските субјекти, подигнување на квалитетот на услуги во сервисирањето штети претставуваат клучен фактор за идниот развој на пазарот на осигурување.

Од АСО информираат дека до 2010 година задолжителното осигурување за автоодговорност учествувало со 60 отсто во вкупниот пазар, додека осигурувањето на живот имало пазарно учество од само 5 отсто.

– Воведувањето нови видови продукти и јакнењето на свеста на граѓаните дека осигурувањето е најефикасен инструмент за заштита од финансиски загуби предизвикани од несакани ризици дејствуваа да се промени сликата на пазарот на осигурување. Податоците за 2015 година говорат дека учеството на осигурување на живот изнесува 13 отсто, имотното осигурување 20 отсто, незгодата 7 отсто, патничкото осигурување 2 отсто, а за сметка на тоа задолжителното осигурување од автоодговорност падна на 45 отсто – истакнува Поповски.

Целиот текст можете да го прочитате на www.novamakedonija.com.mk

Ризико осигурување – тарифа Р1 со најдобри услови

Сѐ повеќе луѓе своето станбено прашање го решаваат преку станбен кредит, притоа навлекувајќи на себе долг од десетици илјади евра, хипотека и помислата: „кој ќе го врати сето тоа ако мене ме нема?“.

Ризико осигурувањето е совршено решение за финансиска заштита на едно семејство кое е соочено со ризикот наречен станбен кредит.  За разлика од класичното животно осигурување во кое по истекот на осигурувањето договарачот има право на поврат на дел или целата уплаќана премија, кај ризико осигурувањето по завршетокот на полисата нема исплата за договарачот. За сметка на тоа, осигурувањето во случај на смрт  е многу поголемо. Пример, доколку кредитот е во висина од 30.000,00€, со класично животно осигурување би требало да се направи полиса со 1000€ годишно премија на период од триесет години за да се покрие сумата од кредитот, додека со ризико осигурувањето истото може да се постигне со само 300,00€ годишно.

www.osigurajse.net направи споредба на моменталната понуда на пазарот за ризико осигурувањата.  Во споредбата подолу е прикажано колкава отштета би се исплатила од различни осигурувачи во случај на смрт на осигуреникот доколку годишната премија за осигурување е 500€ и траењето на осигурувањето е 30 години. За осигуреник е земено да биде машко лице, на возраст од 34 години.

Осигурани суми по компании:

  • Тарифа Р1 (Граве осигурување) – 55.056,00€
  • Ризико Плус (Кроација живот) – 49.603,00€
  • Ризико (Винер лајф) – 43.290,00€
  • Ризико (Уника) – 36.16600€

Податоците се превземени од постоечките калкулатори и тарифници на осигурителните компании.

Побарајте бесплата понуда преку www.osigurajse.net

 

Пензионерите со поповолни услови до осигурување

Фондот на Пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија (ПИОМ), Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македнија и осигурителната компанија САВА Осигурување, денес потпишаа трипартитен договор со кој на пензионерите им се овозможува користење на осигурителните услуги по поволни услови, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорот на САВА Осигурување Петер Скварча изјави дека се работи за проект наменет за македонските пензионери, кој ќе им овозможи најповолни услови на користење на осигурителните услуги.

“Се работи за проект кој е наменет за пензионерите на Република Македонија, во кој што САВА по најповолни услови нуди услуги за таа категорија на луѓе. Договорот е направен благодарение на Фондот на ПИОМ и на Сојузот на пензионерите кои сакат да подготват најдобри услови за своите членови. Во овој проект стапивме врз основа на искуството коешто го имаше нашата компанија сега во Република Црна Гора”, изјави Скварча и додаде дека проектот е направен врз основа на нивното регионално искуство од проектите од ваков вид, како и поради потребата за користење на осигурителните услуги на македонските пензионери.

Директорот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Агировски по повод потпишувањето на договорот со САВА Осигурување и Фондот на ПИОМ , со кој на пензионерите, членови на здружението кои ги има преку 250 илјади, изјави дека на пензионерите им се овозможува да ги користат осигурителните услуги на поволен начин, што за нив претставува олеснување од материјален аспект, но проектот има и други бенефити.

Целиот текст прочитајте го на www.aa.com.tr/mk

Побарајте бесплатна понуда преку www.osigurajse.net

Граве со две нови програми на пазарот

Извештаите на АСО во последните три години покажуваат постојан пораст на животното осигурување со двоцифрени стапки. Тоа се јасни сигнали дека до македонскиот граѓанин полека стигнуваат сигналите од експертите и Светска банка дека ПИОМ не е гаранција за неговата егзистенција како пензионер и дека висината на неговата пензија најмногу зависи од тоа колку пари самиот ќе си одвои за тоа во текот на работен век.

Во услови на созревање на потребата за животно осигурување на пазарот се појавува полисата Граве Смарт. Една од карактеристиките на полисите за животно осигурување понудени во Македонија, е тоа што осигуреникот мора да исполнува одредени здраствени критериуми како предуслов да се добие животно осигурување. Граве Cмарт е исклучок на ова правило, што значи дека на секој граѓанин, без разлика на неговата моментална здраствена состојба, му се овозможува да склучи договор и штедејќи преку Граве Cмарт да си обезбеди дополнителен буџет за пензија.

Покрај потребата за лично животно осигурување, младите родители сѐ повеќе се ориентираат парите за студирање, свадба, автомобил…за своите деца да ги обезбедат штедејќи преку детска полиса за животно осогурување. Граве Кидс е најновата тарифа промовирана од Граве која треба да им ги задоволи потребите на родителите за сигурно штедење со солидна добивка.

Алармантно предупредување од Светска банка

Пензискиот систем на Македонија е фискално неодржлив на среден рок, ова е заклучокот на Светска банка во последниот извештај направен за земјава. При тоа се посочува дека иако Македонија направила здрави реформски мерки во последните години, од кои некои се оценети како многу успешни, како што е елиминирањето на раната стапка на пензионирање и воведување на возрасни ограничувања кај општата инвалидската пензија, сепак, македонскиот пензиски систем е малку веројатно дека ќе може да се справи со проблемот на население кое забрзано старее.

„Во отсуство на други реформи веројатно е дека ќе се случи значителен дефицит, дури и да продолжат актуелните поволни макроекономски трендови и покрај неодамнешното воведување на доброволно зголемување на возраста за пензионирање, се наведува во извештајот на Светска банка.

При тоа се појаснува дека според основното конзервативно сценарио, пензискиот дефицит би достигнал 10,5% од БДП до 2030 година. Дури и во ситуација на високи стапки на раст тој ќе се искачи до 7% во периодот до 2030 година. Имплицитниот пензиски долг се проектира да остане над 400% од бруто домашниот производ, што е висока стапка споредено со меѓународните стандарди и ќе претставува големо оптоварување за идните генерации.

Светска банка анализира и дека придонесот кон вториот столб е премал за да даде принос кој ќе овозможи компензирање на намалените бенефити од столбот на генерациска солидарност за учесниците во повеќе столбови.

„Дефицитите во столбот на генерациска солидарност на краток и среден рок ќе ги „исцрпуваат“ јавните средства и ќе го пролонгираат зголемувањето на стапката на придонес за вториот столб. Како последица од тоа, великодушните пензии само кај столбот на генерациска солидарност можат да доведат до социјално неодржливи пензии кај повеќе столбови во иднина, се вели во извештајот на Светска банка.

ТРОШОЦИТЕ ЗА ПЕНЗИИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ

„Иако пензиските реформи во Македонија беа добро планирани и успешно имплементирани, законската обврска за пензионирање на 64 годишна возраст за мажи во моментов е најниска во регионот, а возраста од 62 години за жените е втора најниска кај државите од централна и источна Европа. Стапката на доспевање од 1,6 е највисока и начините на индексирање на вреднувањето/ валоризирањето на платите и швајцарското индексирање се највеликодушни ако споредиме со државите од централна и источна Европа, се посочува во извештајот.

ДЕФИЦИОТ ВО ФОНДОТ ЗА ПИОМ РАСТЕ

Од аспект на бруто домашниот производ, овој дефицит се зголеми од 2,9% во 2007 година, на 4,5% во 2013 година. Во овој период пензиските приходи се намалија од 5,9% на 5,7% како удел во БДП, анализра Светска банка.

 

Целиот текст можете да го прочитате на

http://faktor.mk/2016/02/29/alarmantno-predupreduvane-od-svetska-banka-penziskiot-sistem-vo-makedonija-e-neodrzhliv-na-sreden-rok/

АСО ги објави термините за обука и полагање за застапник и брокер

Агенцијата за супервизија на осигурување ја инфoрмира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи. Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во перипдот 24-26.3.2016 година, а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе ви периодот 24-26.3.2016 година и 2.4.2016 година.  По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за застапник односно стручен испит за брокер. Датумите за пплагање на стручниот испит за застапник ондосно стручниот испит за брокер се:

Прв дел (теоретски дел) на 19.4.2016 година

Втор дел (практичен пример) на 04.5.2016 година.

Кандидатите кои нема да го полпжат стручниот испит за застапник односно стручнипт испит за брпкер со првото полагање имаат право на две ппвтпрни полагања на испитпт во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа ви следните термини:

Второ полагање:

Прв дел (теоретски дел) на 10.5.2016 година

Втор дел (практичен пример) на 25.5.2016 година.

Трето полагање:

Прв дел (теоретски дел) на 01.6.2016 гoдина.

Втор дел (практичен пример) на 15.6.2016 година.

Повеќе на следниов линк: http://www.aso.mk/dokumenti/Ispiti/obuki/sopstenie%20obuka%20broker%20zast%202016.pdf

Attachments

ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ РАСТЕ СО ДВОЦИФРЕНИ СТАПКИ

За 5 години животното осигурување се зголемило за три пати. Пазарот сe’ уште има голем потенцијал. 

Во првите три квартали од 2015-та, животното осигурување растело со стапка од 21,7%, и за цела 2015-та процените се дека вкупната премија ќе изнесува околу 17 милиони евра. Двоцифрени стапки на раст се карактеристични и за претходните години – во 2014 година, вкупната премија  била 14,44 милиони евра, што е за 22% повеќе во однос на 2013 година, кога пак изнесувала за 22% повеќе  во однос на претходната година.

Благодарение на поагресивниот маркетиншки пристап на компаниите за животно осигурување, како и на активноста на брокерските друштва за осигурување, свеста за потребата од животно осигурување кај македонските граѓани расте од година во година, што го потврдуваат и извештаите на регулаторот на осигурителниот пазар, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Животното осигурување расте и во релативниот однос спрема вкупниот осигурителен пазар, па ако пред 7-8 години учествуваше со едвај 2-3% во вкупното осигурување во Македонија, во 2012 година е 8,5%, во 2013-та 10,2%, лани било 11,6%, а за 2015 се очекува да биде околу 12,5%.

Постојаниот раст на премијата за животно осигурување изминативе години значи дека македонските граѓани пополека ја сфатија корисноста од полисата за животно осигурување. Сe’ повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици, велат од компаниите за животно осигурување. Пазарот за животно осигурување бележи двоцифрени стапки на раст од 2007 година па наваму. Потенцијалот кој го има ова пазарно подрачје го препознаа реномирани европски осигурители што доведе до зголемена конкуренција, зголемена понуда на пазарот, а тоа секако води кон забрзан развој на овој сегмент од пазарот.

Повеќе на следниов линк: http://kapital.mk/zhivotnoto-osiguruvane-raste-so-dvotsifreni-stapki/