Свис Ре: Природните катастрофи во 2017 предизвикаа штета од $306 милијарди

Според проценките изнесени во својот извештај, Свис Ре предвидува дека штетите предизвикани од природните катастрофи во 2017 година, ќе достигна $306 милијарди. Ова е за 63% повеќе во однос на миантата година и многу над просекот од последната декада.

Најголеми се штетите предизвикани на ураганите кои ја погодија Средна и Северна Америка, каде ситуацијата ја влошија пожарите во Калифорнија.

Според анализите, осигурани се загуби во износ од $136 милијарди, што е повеќе од двојно зголемување во однос на ланската осигурана штета. $136-те милијарди се третата најголема штета во историјата.

„Акумулацијата на економските и осигураните загуби порасна во втората половина од годината, првенствено поради трите урагани – Харви, Ирма и Марија- кои ги погодија САД и Карибите, како и пожарите во Калифорнија“, се наведува во извештајот на Свис Ре.

Поголем удел во вкупните осигурани загуби имаат трите урагани со вкупна сума од околу $93 милијарди.

Според извештајот на швајцарската осигурителна компанија, иако штетите се двојно поголеми, охрабрувачки податок е дека во природните катастрофи загинале или исчезнале нешто над 11.000 луѓе, слична бројка како и минатата година.

Хрватска: ВИГ ги спојува двете друштва

Виена Иншуранс Груп (ВИГ) се одлучи за спојување на друштвото Винер Осигурање ВИГ да го припои Ерсте осигурање ВИГ. Фузијата на двете друштва треба да се случи на крајот од април следната година, откако ќе биде одобрена од страна на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги. Проширувањето на банкоосигурувањето е една од стратешките цели на ВИГ во рамките на програмот Агенда 2020, кој е насочен кон оптимизација на производите и продажбата. Во согласност со тоа, донесена е одлука максимално да се искористат поволностите за клиентите, Ерсте банка и осигурувачот, со поврзување на ресурсите и надлежностите на двете компании.

„Спојувањето на ресурсите и стручноста на двете друштва ќе донесе големи поволности за клиентите, банката и осигурувањето.“, стои во изјавата на претседателот на управата на ВИГ, Елизабет Стадлер.

Еуронс издаде 16 милиони акции

Бугарската осигурителна компанија Еуроинс издаде соопштение во кое се наведува дека капиталот на компанијата е речиси удвоен. Растот на капиталот од €8,42 милиони на €16,6 милиони е постигнат преку издавање на 16 милиони нови акции по цена од €0,51, колку што е и нивната пазарна вредност. Ова следи откако неодамна Бугарската комисија за финансиски надзор соопшти дека поради неисполнување на минималните капитални побарувања, одбила да испрати информација на полската регулаторно тело за надзор на финансиското работење, кое е поврзано со намерите на Еуроинс да започне со работа на полскиот осигурителен пазар.

Директорот на Уника е назначен за министер за финансии на Австрија

Хартвиг Лоегер, генералниот директор на Уника Австрија, е новиотза министер за финансии во Владата на Австрија. Ова беше изненадување за многумина, бидејќи Лоегер е малку познат надвор од осигурителниот бизнис. Премиерот, Себастијат Курц, за новоназначениот министер вели дека го познава десет години и исклучително многу го цени.

Лоегер во Уника групацијата е веќе 15 години. Неговата кариера во оваа групација започнува како директор на Уника интернешенел холдинг, делот од групацијата која ги обединува компаниите кои работат надвор од територијата на Австрија. Според пишувањата на австрискиот печат, неговата желба била да стане пилот, но поради тешка повреда бил приморан да се откаже од својот сон и судбината го натерала да започне да работи како советник за осигурување во АОН во Виена. По четири години преминува во Алианц во Грац, каде е назначен за менаџер на продажба за Штаерска и тука се задржува седум години. Кратко време поминува и во Грацер Векселзајтиге (Граве) во Грац, на позицијата советник на директор, за потоа да премине во Донау Ферзигерунг од каде доаѓа во Уника интернешенел холдинг.

Сава Ре го купи НЛБ Нов пензиски фонд

Сава Ре е купувач на 100% од сопственоста на акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Пензиското друштво, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, кое има дозвола за управување со средствата на два пензиски фонда во Македонија (Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус). Продажбата на Друштвото е високо регулиран процес кој подлежи на претходна согласност од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), што значи дека купопродажбата ќе се реализира откако новиот инвеститор ќе добие согласност од Агенцијата.

Процесот за продажба на Друштвото беше организиран и раководен од НЛБ д.д. Љубљана, во рамките на Одделот за корпоративни финансии. Тој беше спроведен отворено, а НЛБ Групацијата посвети големо внимание потенцијалните инвеститори да ги исполнуваат пропишаните законски услови за основање на Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

 

ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА ЗАШТИТА НА ПОСЕТИТЕЛИ СО АЛБАНСКОТО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Спогодбата за заштита на посетителикоја на 08.11.2017г., беше потпишана помеѓу Националнобиро за осигурување на Р.Македонија и Албанско биро за осигурувањестапува на сила на15.11.2017 г., им овозможува на возачите од двете држави побрз и поефикасен  надомест на штетаво случај на евентуални сообраќајни незгоди.

Со Спогодбата е предвидено оштетеното лицекое претрпело штета на територијата на другатадржавапо враќање во матичната државада се обрати во своето Национално биро за осигурувањекое во  соработка со Бирото на државата во која се случила незгодатаќе овозможи побрзо собирањена документи и информации потребни за  остварување на правата за надомест на штета.

КонкретноБирото за зелена карта од државата од која е оштетенотолицеќе достави до Бирото надржавата на настанување на незгодатабарање да се:

  • изврши идентификација на осигурителното друштво на    причинителот на штета;
  • изврши идентификација на возачот или сопственикот на возилото напричинителот на штетадоколку во период од 6 недели не   било можно да се утврди осигурувачот;
  • да се обезбедат документи кои се неопходни или помагаат во  остварување на правото на надомест (на прполициски записник)
  • да се достават деталји за Гарантниот фонд на земјата каде што се случила незгодата сосекогашкога е тоа можнообјаснувања и   корисни информации.

Спогодбата за заштита на посетители е така креирана да им пружи  на државите надвор од ЕУможност да обезбедат дополнителна  заштита и помош на своите граѓани кои со моторни возила патуваат на територија на други државиСпогодбата се потпира на    најдобрите одредби од 4-та и                                                          5та Директива за моторни возила на ЕУкои се впрочем познати   по тоа што сево најголема мерапосветени на заштита на трети   оштетени лицаСе смета дека овој механизам е најблизок модел којпостои за државите на ЕУ и дека потпишувањето на овој документ е добар начин државите кои сенадвор од ЕУ да се подготват за    пристап кон Унијатаво делот на прекуграничниот сообраќај намоторни возила.

Потпишаната Спогодба претставува големо олеснување за возачите од двете државибидејќи веќенема да мораат да ги нарушуваат или одлагаат своите деловни или туристички плановиза да ја наплатат штетатаВо иднинатие ќе можат правото на надомест да го  остварат и по враќањето воматичната државасо помош и  асистенција на националните бироаПокрај тоа што претставува  исчекор во заштитата на граѓаниосигурителните друштва и  возачитеСпогодбата дополнително ќеја унапреди и соработката  помеѓу двете државипреку унапредување на транзитоттуризмот ипрометот помеѓу Р.Македонија и Р.Албанија.

Спогодбата ја потпиша генералниот директор на Националното  биро за осигурување на РМакедонија,                                          Мр Трајче Латиновски и в.ддиректорот на Албанското биро за  осигурувањегн Кевин Леши.

Спогодба за заштита на посетители Националното биро за осигурување на Р.Македонија имаистотакапотпишано и со Националните бироа на РГрцијаТурцијаШвајцаријаБиХЦрна ГораЛуксембургСрбијаХрватскаБугарија и Словенија.

Алианц со активности за ширење на кинескиот, францускиот и американскиот пазар

Кинеската регулаторна агенција му издаде целосна лиценца на Алианц, со што оваа компанија ќе може да продава осигурување на имот и незгоди, здраствено осигурување, осигурување на возила, поморско осигурување и осигурување на кредити. Од Алианц објавија дека планираат да ја зголемат продажбата и присутноста на овој пазар направат преку отворање на своја подружница во Пекин, откако веќе имаат свои филијали во Гуангдонг и Шангај. Кина беше втор најголем осигурителен пазар во 2016 година.

Германскиот осигурувач исто така објави дека планира да инвестира €1,85 милијарди за купување на акциите на францускиот осигурувач на кредити Ојлер Хермес. Со аквизацијата на дополнителните 11,3% акции нивниот удел во овој француски осигурувач ќе се зголеми на 74,3%. Од Алианц планираат и да објават јавна понуда за преостанатите акции, со исклучок на трезорските, по иста цена од €122, колку што беа купени и последните. „Зголемувањето на сопственичкиот удел во Ојлер Хермес е логичен чекор за Алианц со што капиталот се распределува во компании со солидни економски резултати.“, стои во соопштението на Алианц.

Ова не се единствените активности од германската осигурителна куќа. Оливер Баете истакнува дека Алианц размислува за преземање на големи осигурителни куќи во САД. „Купувањето на мали компании за нас нема смисла. Ние мора да гледаме кој би бил добар избор за нас, кој ќе има чист биланс и кој има прифатлива цена“,  истакнува Баете. Во интервјуто за германскиот весник Зуддојче Цајтунг, Баете не сакаше да ги коментира гласините дека Алианц фрлил око на еден од најголемите конкуренти, Цирих.

Бугарија: Одземена лиценцата на Тумико

Бугарската комисија за финансиски надзор ја суспендираше лиценцата на Тумико, осигурителна компанија за животно осигурување. Суспензијата се однесува на сите класи за животно осигурување со што на компанијата ѝ се забранува да склучува нови договори во следните шест месеци.

Одлуката за суспензија следува откако компанијата не успеа да го обезбеди минималниот неопходен капитал  и нема капитална гаранција за солвентност. Во исто време Комисијата забрани распродажба на имотот сѐ додека не стапи на сила постапката за ликвидација или прогласување на банкрот.

Според последните податоци објавени од Комисијата, на средината од 2017 година, Тумико беше шеста по големина осигурителна компанија во Бугарија, со БПП од 8,35 милиони, удел на пазарот од 6,9%. Нејзиното портфолио најмногу го сочинуваат полиси од ризико животно осигурување и пензиско осигурување.

По престанокот со работа на Атлас лајф, ова е втора компанија од регионот која згаснува. И во двата случаи договорувачите, осигурениците и корисниците на осигурувањето нема да претрпат загуби, затоа што портфолијата на затворените компании ги презема друга осигурителна куќа.

БиХ: Во првите три квартала забележан раст од 8,1% на БПП

Агенцијата за осигурување на Босна и Херцеговина, ги објави најновите податоци за работењето на дваесет и седумте компании не овој пазар. Вкупната БПП во трите изминати квартали е €265 милиони, со што е постигнат раст од 8,1% во однос на првите девет месеци од минатата година.

80,3% од вкупната БПП отпаѓа на полиси од неживотно осигурување (€21,8 милиони), што е зголемување за 7,6%, додека животното осигурување во однос на првите три квартали од 2016 година има раст од 9,9%.

Осигурителниот пазар во оваа земја е поделен на два ентитета. 13 компании кои се активни во Федерацијата на Босна и Херцеговина оствариле €184 милиони вкупна БПП, а осигурителниот пазар во Република Српска оствариле €81 милиони.

Пазарната распределба е доста изедначена и најголемите три осигурувачи ги делат делови од проценти во рангирањето. Според Агенцијата водечка компанија во Федерацијата е Сарајево осигурање со БПП од €21,77 милиони, следен од Еурохерц (€21,74 милиони) и Уника осигурање (€21,73 милиони). Во Република Српска водечки е Винер Осигурање со БПП од €14,44 милиони.

Словенија: Раст на пазарот од 6,6% во првите три квартала

Словенечките осигурувачи оствариле за 6,6% поголема БПП во првите три квартали од годината, споредено ос истиот период минатата година. Полисирана е вкупно €1,67 милијарди бруто премија, од кое €486 милиони отпаѓаат на животното осигурување (10,1% раст во однос на 2016 година) и €1,18 милијарди на неживтно осигурување (раст од 5,2% во однос на 2016 година).

Зголемени се и бројките на бруто исплатената штета за 9,8% и таа достигнува €1,1 милијарда.

На пазарот на животно осигурување водечки компании се Триглав, Сава и Модра, кои држат 52,5% од пазарот. И кај неживотното осигурување водечки се Триглав (29% удел) и Сава (19%), следени од Взајемна (17,8%) и Адриатик Словеница (15,7%).