ДОМАЌИНСТВА

ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВА

Домот е нашата животна инвестиција. За да го создадеме, потребни се средства, време и енергија, а сето тоа може да исчезне во само еден миг. Со мала инвестиција обезбедете заштита и сигурност на домот.

Инвестирањето во домот е значаен чекор, којшто подразбира постојана посветеност и секако одговорност. Сепак, инвестирањето не застанува во моментот кога ги имаме клучевите во рака, туку продолжува со обезбедување спокојност и сигурност во домот.

Комбинираното осигурувањето на домаќинства претставува пакет осигурување на домот, коешто вклучува:

• осигурување на градежен објект – стан/куќа;
• ствари во домаќинство – покуќнина;

• одговорност кон трети лица.

Со осигурувањето на домот можете да се заштититите од следните основни ризици:

• Пожар;
• Удар од гром;
• Експлозија;
• Луња;
• Град;
• Одговорност;
• Манифестации и демонстрации;
• Излевање на вода од инсталации;
• Провална кражба и разбојништво;
• Трошоци за нужно сместување во случај на тотална штета.
Дополнителни ризици за коишто треба посебно осигурување се следните:
• Кршење стакло на прозори и врати;
• Земјотрес;
• Поплава и порој;
• Лизгање и одронување на земјиште;

• Снежни лавини.

6 ПРИЧИНИ ЗА КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ВАШИОТ ДОМ

1.    Одлични осигурителни покритија по поволна цена;
2.    Брзо и ефикасно решавање на штети;
3.    Осигурувањето во пакет е поисплатливо од склучувањето поединечни осигурувања;
4.    Помала можност за погрешна одлука при склучување на осигурување – целосно осигурувањена имот во пакет;
5.    Прегледност на склучените осигурувања – една осигурителна полиса и услови;
6.    Попуст при плаќање во рок.

Доби бесплатна понуда преку www.osigurajse.net

Текстот е превземен од www.triglav.mk