Граве Смарт

Животно осигурување по тарифа Граве Смарт може да склучат сите лица со навршени 15 до 65 години од животот, без лекарски преглед.

Оваа тарифа покрај најлибералните предуслови за склучување на договор се карактеризира и со најголема осигурана сума од сите останати понуди. Уште една специфика е што премијата може да се уплаќа континуирано (годишната премија се движи од 250 до 3000 евра) или еднократно (минималната уплата е 1000 евра).

Траењето на полисите од тарифа Граве смарт може да бидат од 10 до 40 години ако уплатата на премијата е тековна, или минимум три години ако уплатата на пемијата е еднократна.

Како покритие за корисниците на полисата во случај на настанување на насилна смрт предвидена е исплата од една осигурана сума доколку е истата помала од 5000 евра или 5000 евра ако осигураната сума е еднаква или поголема од 5000 евра.

Дополнително во оваа програма може да се вклучи еден од шесте пакети дополнително осигурување за повреди кои носат траен инвалидиет.

Добијте бесплатна понуда преку www.osigurajse.net

Пример1 (континуирана уплата):

  • Осигуреник: машко лице
  • Пристапна старост: 38 години
  • Годишна премија: 600,00 евра
  • Траење на осигурување: 26 години
  • Осигурана сума: 17.923,00 евра
  • Очекуван капитал по 26 години: 24.611,00 евра

Пример2 (Еднократна уплата):

  • Осигуреник: женско лице
  • Пристапна  старост: 35 години
  • Еднократна премија: 10.000,00 евра
  • Траење на осигурување: 15 години
  • Осигурана сума: 12.795,00 евра
  • Очекуван капитал по 26 години: 17.731,00 евра

Превземено од www.grawe.rs