Речник на поими

  • Договарач – Правно или полнолетно физичко лице со седиште односно живеалиште во РМ со кое осигурувачот склучува договор за осигурување и кому му припаѓаат правата и обврските до настапување осигурен случај.

  • Каренца – Период на почетокот од договореното траење на осигурувањето за време на кој осигурувачот нема обврска доколку настапи осигурен случај.

  • Корисник – Лице или лица кои добиваат отштета во случај на настанување осигуран случај врз основа на правата кои ги полагаат од полисата. Ако се повеќе лица тогаш го делат надоместокот подеднакво.

  • Математичка резерва – Фонд кој осигурувачот е обврзан со закон да го надополнува со актуарски одреден процент од уплатената премија на осигурениците. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби и во делот на пресметката на процентите и во делот на вложувањето.

  • Осигуран случај – Настан дефиниран во условите за секој вид осигурување, а во секој договор за осигурување поединечно се наведени сите осигурени ризици. При настанување на осигуран случај осигурувачот ја исплаќа премијата на корисникот.

  • Осигуреник – Лице од чијашто смрт, повреда или заболување (во завусност од типот на полисата) зависи настанувањето осигурен случај.

  • Осигурувач – Правно лице, акционерско друштво, чија дејност е осигурување.

  • Очекуван капитал – Вкупната сума која осигурувачот му ја исплаќа на корисникот на полисата за животното осигурување, по истекот на траењето на осигурувањето. Очекуваниот капитал е збир од осигурената сума и остварената добивка.

  • Премија – Годнишен износ што договарачот на осигурувањето е должен да го плати на осигурувачот врз основа на склучениот договор за осигурување.

  • Полиса – Документ за склучен договор за осигурување помеѓу осигурувачот и договарачот.

  • Скаденца – Датумот кога завршува договорот за осигурување, а со тоа и обврските на исигурувачот.  Осигурувачот има свој т.н. скаденцар кој им служи за благовремено да се припремат за обнова на полисата за осигурување или да го извесат клиентот за т.н. скаденцар (доспеана) уплта на годишна пемија.

  • Услови за осигурување – Збир на клаузули со кои детално се уредуваат односите помеѓу осигурувачот и осигуреникот од договорот за осигурување. Тие се составен дел од договорот за осигурување и затоа нивното познавање е важно за разбирање на правата и обврските што произлегуваат од одреден вид осигурување. Одредбите од општите услови за осигурување по правило се регулирани со законски прописи и спогодби на осигурувачите.

  • Франшиза – Висина на износот или процентот предвиден со договорот за осигурување до кој штетата од осигурување не се надоместува од страна на осигурувачот и покрај тоа што таа  штета е покриена со осигурувањето.