Футура

Програма на осигурување со штедење во корист на дете

  • Полисата ФУТУРА вклучува осигурување со штедење и учество во добивка.  Оваа полиса може да се склучи од моментот на раѓање на детето па се до навршено 13 години живот Премијата може да се уплати еднократно или тековно. Полисата има важност до календарската годината кога детето ќе има полни 18 години.
  • Договорувач на осигурувањето може да биде: родител, старател, поблиското или пошироко семејство, кум, пријатели како и сите останати заинтересирани лица.
  • Корисник на средствата од полисата по нејзиниот истек е детето. Со  навршени 18 години парите може да ги користи во три варијанти: еднократно (исплата на целата сума одеднаш), ануитетно во вид на стипендиска рента (исплата на сумата зголемена со дополнителна добивка во период од 4, 5, 6 или 7 години), еднократно во случај на брак најдоцна до 25 години (во случај детото да стапи во брак до 25 години, му се исплаќа целата сума зголемена за соодветна добивка)

  • Доколку родителите кои се договорувачи на осигурувањето на детето, и кои имаат полиса за животно осигурување на UNIQA Life , доживеат незгода во која би го загубиле животот, UNIQA Life превзема одговорност да ги доплати останатите премии на осигурувањето се до последната година, како би се обезбедила, исплата на договорената осигурена сума.
  • Најниската годишна премија изнесува 200 евра за континуирана уплата, додека за еднократна уплата таа изнесува 1.000,00 евра.
  • Можност за надополнување на полисата со еден од двата пакета за здраствено осигурување, Компакт и Оптимум:
Пакет Компакт  Годишна премија
Опфатени ризици и нивно покритие

Дневен надомест за болничко лекување     €20 Дневен надомест за породување                      €20     Фиксен надомест за фрактури од I кат.        €350    Фиксен надомест за фрактури од II кат.      €750

€25 – €129
Пакет Оптимум  Годишна премија
Опфатени ризици и нивно покритие

Дневен надомест за болничко лекување     €20 Дневен надомест за породување                      €20     Фиксен надомест за фрактури од I кат.        €350   Фиксен надомест за фрактури од II кат.       €750 Фиксен надомест за операции  од I кат.       €500 Фиксен надомест за операции  од II кат.      €750 Фиксен надомест за операции  од III кат.  €1.000

€50 – €327

Добијте бесплатна понуда преку www.osigurajse.net

Пример 1(еднократна премија):

  • Осигуреник: машко дете
  • Траење на осигурување: 17 години
  • Пристапна старост: 1 годинa
  • Еднoкратна премија: €10.000,00
  • Осигурана сума: €12.320,00

Пример 2(тековна уплата):

  • Осигуреник: женско дете
  • Пристапна старост: 3 години
  • Траење на осигурување: 15 години
  • Едникратна премија: €500,00
  • Осигурана сума: €7.680,00 евра