ПИОМ тоне во милионски долгови, ќе страдаат ли пензиите?

Во само две недели од почетокот на годинава, финансиската дупка во ПИОМ веќе е над 6,5 милиони евра.

Од Министерството за труд и социјала велат дека долгот на ПИОМ кон приватните пензиски фондови и понатаму ќе се прелева. Од друга страна пак, комисија надлежна за контрола за сосојбата, била оневозможена да истражи каде завршувале парите – тврдат од министерството.

Министерката Фросина Ременски најави и кривична пријава до вработени во фондот но и други 14 за сменетите дириктори во меѓуопштинските центри и за заменикот министер Диме Спасов.

Пред само неколку дена заменикот министер возврати дека министерката работи нестручно непочитувајќи ги прописите и законите и посегна по разрешување на директори.

Инаку, Ременски имала и состанокот со МАПАС, Агенцијата за супервизија и со претставници на ММФ, на кој се зборувало за проблемот со долгот кон приватните пензиски фондови.

Од ММФ упатиле на извештај на Светска банка во кој се вели дека на среден рок ПИОМ е финансиски неодржлив.

„Претставниците на ММФ побараа, односно прашаа дали имаме мерки за реформи на Пензискиот фонд. Сериозниот дефицит на ПИОМ, не може да не се одрази на корисниците“, изјави Ременски.

Повеќе на следниов линк: http://faktor.mk/2016/02/01/piom-tone-vo-milionski-dolgovi-ke-stradaat-li-penziite/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *