АСО објави повик за идни застапници во осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).

Обуката за застапник во времетраење од 6 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се организира онлајн  и ќе се спроведе во периодот 14.8.2023-18.08.2023 година и 21.8.2023 година, во термин од 17-20 часот.

Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката, како и подетални информации во врска со начинот на спроведување на обуката ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.

По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за застапник.  Датумите за полагање на стручниот испит за застапник се следните:

Прв дел (теоретски дел) на 12.09.2023 година 

Втор дел (практичен пример) на 27.09.2023 година

Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за застапник со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:

Второ полагање

Прв дел (теоретски дел) на 12.10.2023 година

Втор дел (практичен пример) на 30.10.2023 година.

               Трето полагање

                Прв дел (теоретски дел) на 9.11.2023 година.

                Втор дел (практичен пример) на 16.11.2023 година.

Сите заинтересирани лица, најдоцна до 31.7.2023 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапник со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за застапник) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса: ул. Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):

  1. Пополнет образец – Пријава за учество на обука за застапник/Барање за полагање на стручен испит за застапник (достапен на интернет-страницата на Агенцијата  или во архивата на Агенцијата);
  2. Копија од лична карта;
  3. Уверение односно Диплома за завршено средно образование или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
  4. Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за застапник во осигурување.

Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, потребно е кон барањето лицето да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.

Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за застапник е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016, 16/2017 и “Службен весник на Република Северна Македонија” 23/2020) и истиот изнесува 7.000 денари.