Исплаќањето пензија ќе биде проблем и за богатите земји

Послните неколку години сѐ поактуелно станува прашањето околу пензиите на идните пензиоенери. Од информациите кои стигнуваат до јавноста преку извештаите од ревизорските куќи за работата на ПИОМ, изјави на аналитичари, министри, а во последно време и предупредувања од Светска банка, не е тешко да се заклучи дека идните пензионери ќе бидат сериозни во финансиски проблеми доколку се потпрат само на државните пензии.

Аналитичари на Citibank предупредуваат дека пари недостасуваат не само во земјите од ек-Ју, туку според пензиските фондови во најбогатите земји ќе бидат пократки за 78 мијиларди долари доколку и на идните пензионери им се исплаќаат пензии во висина како денешните.

Според Ageing report 2015, документи со најпрецизни податоци за Европската комисија за движење во Европа, германските работници кои ќе отидат во пензија во 2050, а тоа се денешните триесетгодишници, ќе имаат пензија во висина од 37% од својата сегашна плата. Од ЕУ најдобро се очекува да поминат идните пензионери на Италија и Грција кои би земале близу 50% од сегашната плата.

Аналитичарите од оваа група ги дигнаа на нозе водечките луѓе на дваесетте најбогати земји изнесувајќи им го проблемот на виделина и препорачувајќи најитно реформирање на пензиските фондови. Оваа анализа е само уште една потврда дека реформата во пензискиот систем во Македонија е неминовна и истата ќе значи помали пензии за сите идни пензионери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *