АСО: Резултати од работењето на брокерските и друштвата за застапување заклучно со вториот квартал

Заклучно со вториот квартал, единаесетте друштва за застапување и трите банки со овластени за банкоосигурување, направиле вкупно 75.672 договора за неживотно и 5.518 договори за животно осигурување. Помеѓу застапниците најмногу договори (17.380) се направени преку Актива, од кои само три се за животно осигурување. На второ место се Тренд МР со 15.928 (7 животно осигурување) и Реа Иншуранс груп со 8.145 продадени полиси. Најмногу договори за животно осигурување се склучени преку застапничката куќа Сафе Лифе (436), селдена од Фемили партнер (136) и Лајф Визион (105). Најуспешна банка според бројот на продадени полиси е НЛБ Тутунска. Зад името на Охридска банка и во вториот квартал нема регистрирано продадена полиса. Врз основа на вториот критериум за рангирање, БПП, претходното рангирање нема да претрпретрпи значителни измени. Најголема БПП носат полисите направени преку Актива и Тренд МР. Застапничките друптва и банките, најмногу договори за неживотно осигурување направиле преку Осигурување Македонија, а за животно осигурување преку Кроација Живот.

Кај брокерските друштва, најмногу полиси се направени преку Седа Брокер, вкупно 24.276, сите во неживотно осигурување. Петцифрен број на договори, 17.513, се склучени преку посредништво на само уште едно брокерско друштво, Мобилити. Најблиску до нив е СН Осигурителен Брокер со 8.755 полиси. Помеѓу брокерските друштва едиснтвено ВФП работи активно и на пазарот за животно осигурување, завршувајќи го вториот квартал со вкупно 7.639 договори, од кои 1571 се полиси за животно осигурување. Токму овие договори го прават брокерско друштво со најголема БПП, пред Седа и СН Осигурителен Брокер. Брокерите најчесто нуделе полиси за неживотно осигурување на Триглав осигурување, 21.180, пред Кроација неживот (13.485) и Евроинс 12.673. ВФП најмногу договори за животно осигурување склучиле преку Винер лајф.

Податоците се преземени од страната на АСО.

Кроација Осигурување Живот со ISO 9001:2015 и ISO 10002:2014 сертификати

Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје е првата финансиска институција во Р. Македонија која поседува:

  • меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2015.
  • меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2014

Со работењето на Друштвото согласно барањата на наведените меѓународни стандарди се потврдува трајното определување  за:

  • Разбирање и исполнување на барањата на клиентите;
  • Подобрување на квалитетот на производите и услугите;
  • Задоволство на корисниците, вработените и деловните партнери;
  • Јакнење на лидерската позиција.

Воспоставувањето на сертифициран систем за нас претставува стратешка определба со цел да понудиме стандардизирана услуга за своите корисници. Во текот на траењето на сертификатите се спроведуваат континуирани контроли за примената на системот согласно утврдениот стандард. Сертификатите е одобрени од страна на  на Lloyd’s Register Quality Assurance.

LRQA (Lloyd’s Register Quality Assurance) е дел од Lloyd’s Register Group Limited. Оваа групација постои од далечната 1760 год. во Лондон, Велика Британија. Првенствено се занимава со контрола и проверка на бродови и издавање на класи за бродови. Од 1985 година применува своја експертиза и во областа на сертификацијата на системите за управување согласно меѓународните стандарди ISO (9001, 14001, 27001, …).

Текстот е преземен од cro.mk

SEENEWS: Заваровалница Триглав е водечка осигурителна компанија во Југоисточна Европа

„Осигурителната индустрија во земјите од Југоисточна Европа (земјите од поранешна Југославија, Бугарија, Романија, Албанија и Молдавија)  остануваат еластични на притисокот кој произлегува од постојаните ниски каматни стапки, финансиската непостојаност на пазарите, строгите побарувања од регулативите и домграфските промени.“ Ова се наведува во годинешниот извештај на стоте најуспешни компании во земјите до Југоисточна Европа издаден од реномираниот портал seenews.com.

Не само што осигурителните компании одлично се справуваат со предизвиците кои ги носат пазарите и финансиското опкружување, туку стоте најголеми осигурувачи од овој регион,  2016 година ја завршиле со најголема вкупна бруто полисирана премија (БПП ) од 7,2 милијарди (2016: 6,77 милијарди) и најголема вкупна заработка. Процентот на раст на БПП е најголем во последните осум години (6,3%), додека профитот е зголемен за 56% од 365 милиони (2015: 234 милиони). Растот на профитот е проследен со податок дека 89 компании работеле со профит.

Осигурителниот пазар во Романија и Србија забележа двоцифрен раст на растот на премиите и значително подобрување на профитот, додека во Албанија беа забележани натпросечни резултати. Романија е и најголем осигурителен пазар и осигурителните компании од оваа земја се главно концентрирани на домашниот пазар за разлика од вториот по големина, словенечкиот, каде компаниите имаат свои испостави во речиси сите земји од поранешна Југославија. На третото место според годинешниот извештај е Хрватска.

Заваровалница Триглав останува на првото место и во 2016 година со премии и профит далеку пред останатите осигрувачи предводени од Заваровалница Сава. Вториот словенечки осигурувач, иако има намалување на профитот за 16%, сепак  напредуваше три позиции поради растот на БПП за 1,5%. Ова е десетта година по ред како листата е предводена од словенечки осигурувач. Третото место припаѓа на Кроација осигурување, која го изгуби второто место проади падот на БПП за 1,1%. Најголем скок оствари бугарскиот осигурувач Дал Бог Живот и Здраве, кој се искачи за 44 места на 48 позиција. Најголемиот губитник исто така доаѓа од Бугарија, ДЗИ Лајф Иншуранс, чие овогодишно рангирање е за 24 места полошо во однос на ланското.

Од македонските осигурувачи најдобро рангиран е Триглав осигурување на 71 позиција (2016:72 позиција), пред Осигурување Македонија (2017: 82, 2016: 86) и Еуролинк (2017: 88, 2016: 89).

Животното осигурување во Русија бележи импресивен раст

Пазарот на животно осигурување во Русија во првото полугодие од 2017-та година се зголеми за 60% до 141,2 милијарди рубљи и така стана најзначајната насока во осигурителниот сектор, соопшти „ТАСС“.

Така животното осигурување го претекна долгорочниот лидер во секторот – осигурувањето за „граѓанска одговорност“, за кое беа уплатени 109,2 милијарди рубљи, според податоците на Руската централна банка.

Осигурувањето во целост се зголеми за 9,5% на 646 милијарди рубљи, со досега најзначајното учество на животното осигурување.

Средствата за осигурување на возилата намалуваат со 4% за „граѓанска одговорност“ (до 109,2 милијарди рубљи) и со 6,6% за каско (до 2,8 милијарди рубљи).

Плаќањата на осигурениците во првото полугодие се зголеми за 12% во споредба со истиот период од минатата година до 274,3 милијарди рубљи. Ова е на сметка на зголемена исплата на „граѓанска одговорност“ (од 26,1 милијарди рубљи до 103,6 милијарди рубљи). Плаќањата за животно осигурување достигнаа 17,1 милијарди рубљи (раст од 30%).

Бројот на продадени полиси се зголеми за 25,5% на 88,5 милиони рубљи.

Текстот е преземен од denar.mk

Како Карипските острови добија отштета многу побрзо од жртвите на ураганите во САД?

Карипските острови добија брза исплата на осигураните штети, за разлика од жртвите на ураганите од Флорида и Тексас, кои можеби ќе треба да чекаат уште неколку недели, или месеци, за да добијат обештетување. Дел од овие острови се членки на непрофитабилна организација која е оснивана со цел да им исплати на владите парите во случај на настанување природна катастрофа. Полисите на оваа организација, Карипска структура за осигурување на ризик од катастрофи (CCRIF), се параметриски, што овозможува исплата на одредена сума веднаш штом штетата ќе настапи. Брзата исплата е за сметка на реалната исплата која во класичнтие полиси се исплаќа откако ќе се утврди точната висина.

„Тоа што ние го ветуваме е дека исплатата ќе биде најкасно до 14 дена од настанувањето на катастрофата. Оваа идеја овозможува брза ликвидност на земјите“, изјавува директорот на CCRIF, Исак Ентони. „Голем дел од парите се користат за итно расчистување. Имавме случаи каде беа искористени за поправка на мостови и згради, или за да се ангажира привремен персонал кој ќе помогне во спроведување на владини одлуки.“

Оваа организација е само еден прстен од синџирот на вакви иснтитуции кои имаат за цел да го подобрат осигурителното покритие каде побарувачката за осигурување е на ниско ниво. CCRIF изјавија дека пред дваесети септември исплатиле $30 милиони на Антигва и Барбуда, Ангуила, Ст. Китс и Невис, Туркс и Каико острови, Хаити и на Бахамите.

Свис РЕ и Цирих ги објавија висините на осигураните штети од трите урагани во САД

Свис РЕ, вториот по големина реосигурувач во светот, објави дека осигураните штети од трите урагани во Харви, Ирма и Марија, како и двата земјотреси во Мексико достигнуваат висина од $3,6 милијарди. Тоа е само три посто од вкупната штета што овие природни катастрофи ќе ја чини целокупната осигурителна индустрија, која според проценките на Свис РЕ ќе достигне околу $95 милијарди. Од швајцарската реосигурителна компанија изјавуваат дека и покрај големите исплати дека „остануваат на цврста капитална позиција и висока финансиска флексибилност за да ги поддржат потребите на своите клиенти, да одговорат на развојот на пазарот и да ги извршат нивните капитални организациски приоритети“.

Уште една швајцарска компанија, Цирих Иншуранс Груп. излезе со проценка за штетите пред оданочување предизвикани од трите урагани на тероторијата на САД. Според нивната анализа компанијата во третиот квартал добила побарувања за осигурани штети во висина од $700 милиони. По оданочувањето тие може да изнесуваат $620 милиони. Од групациајта изјавуваат дека отштетите нема да влијаат на нивната општа финансиска стабилност и капитална флексиболност.

Овие природни катастрофи повторно го поставија за актуелно прашањето дали осигурителната индустрија треба да ги ревидира моделите за ризик од природни непогоди, имајќи предвид на климатските промени, затоплувањето и зачестената појава на урагани.

 

Измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица

Врз основа на член 45 став (1) од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен весник на РМ бр.88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на седницата одржана на 14.07.2017 година ја донесе следната Тарифа за Измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица, (објавено во Слузбен весник на РМ бр.144 на 10.10.2017 година).

Измените во Службениот весник може да ги погледнете на следниот линк.

Текстот е преземен од www.nibm.com.mk.