Реизбран директорот на Националното биро за осигурување

На 19-та редовна седница на Управниот одбор на НБО, односно 11-те членки на НБО, како нивна Асоцијација, во делот на задолжителните осигурувања, преку своите претставници во Управниот одбор, му изгласаа и го реизбраа за директор на Националното биро за осигурување досегашниот директор М-р Трајче Латиновски.

Едногласни беа членовите на Управниот одбор во донесувањето на одлуката со оценка дека во досегашниот мандат со професионално, квалитетно и стручно менаџирање со Бирото, директорот заслушено го заработи реизборот за уште еден мандат од 4 години.

Оценката беше дека директорот, со своето 34 годишно работно искуство, за цел период во осигурителната индустрија и во наредниот период од 4 години, уште повеќе ќе биде од интерес на Осигурителната индустрија и на работењето на Бирото.

Со 27 годишната менаџерска кариера, започната како јуниор менаџер и наградувана чекор по чекор до сениор и топ менаџер, во дејноста Осигурување, се доволна гаранција за успешно водење на Бирото, како и успешно застапување на интересите на Осигурителната индустрија пред домашните и меѓународните институции.

Совесните возачи во Италија ќе добиваат значителен попуст на полисите за АО

Осигурителните компании од Италија ќе понудат поевтини полиси за АО на возачите кои ќе се согласат пред да го осигураат нивното возило, тоа да биде прегледано од осигурителната компанија. Попустот исто така ќе биде предвиден и за возачите кои ќе се согласат во возилото да биде инсталирана црна кутија, или да го надградат електронскиот механизам на возилото кој ќе спречи моторот да виде ставен во погон доколку возачот има поголем процент на алкохол од законски дозволениот лимит.

Овие попусти ќе значат значително намалување на цената за возила со чиста историја во четирите последни години, кои се регистрирани во провинции каде има зголемен процент на „злодела“ кои го зголемуваат нивниот ризик, а со тоа и цена. Се очекува Институтот за супервизија за осигурувањето да ги издаде даночните регулативи кои ќе ги вклучат попустите во рок од три месеци.

Крајниот ефект на оваа мерка е дополнително да ја намали разликата на цените за овој тип на полиси помеѓу Италија, каде просечно возачите плаќаат по €367, и остатокот од ЕУ кој бележи просек од €100.

 

Првиот кинески онлајн осигурувач продава акции во вредност од 1,4 милијарди

ZhongAn Online P&C Insurance, првата кинеска онлајн осигурителна компанија, објави јавна понуда за акции преку која планира да собере $1,41 милијарди. Оваа шангајска компанија понудува 199,3 милиони нови акции. Вредноста на акциите се движи од $6,88 до $7,65. На понудата веќе се пријавила јапонската Софтбанк Групација, која договорила откуп на 71,9 милиони акции, со вредност од $550 милиони.

Најголеми акционери во оваа кинеска компанија се Ант Фајненшал со $16%, додека компаниите Пинг Уншуранс Груп и Тенцент Холдингс имаат по 12% секоја.

Во 2015 годинапродавајќи акции на група на инвеститори, вклучувајќи ги и Морган Стенли и Чајна Интернешенал Капитал Корп., успеа да собере 886 милиони. Со тоа ја зголеми вредноста на компанијата на $7,5 милијарди.

 

Алианц започна со подготовка на тарифи за АО за автономни возила

Алианц започнува да се подготввуа за иднината. Тие објавија дека подготвуваат тарифи за осигурување од АО поврзани со несреќи на автономните возила. Иако од германскиот осигурувач не очекуваат дека автономните возила ќе донесат драстични промени на пазарот за АО, сепак започнуваат со анализа на статистиката на штети за таквиот тип на возила и вклучување на резултатите во процесот на одредување на тарифите.

Јоаким Муелер, член на Управата на Алианц, за германскиот весник Ди Велт, изјавува дека автономните возила ќе причинуваат помала штета поради тоа што луѓето прават повеќе грешки отколку системи на вештачка интелегенција.

Алианц и конкурентскиот Хук Колбург веќе имаат тарифи во кои им се овозможува на возачите одредени поволности доколку докажат дека возеле примерно и внимателно. Тоа ќе биде принципот кој ќе се примени и кај тарифите за автономните возила. Муелер додава дека тие кои почесто ќе дозволат возилото да го управува ИТ – системот може да добијат пониски тарифи.

 

Минхен Ре и Пик Ре заинтересирани да купат дел од Сава Ре?

Словенечки Дело објави текст кој се однесува на намерите на хрватската групација Адрис да откупи власнички дел од акциите на Сава Ре. Според тезите објавени во овој текст, во позадина на одбиеното барање од страна на словенечките инсититуции стои политичка одлука, а не економска или правна.

Авторот на текстот обелоденува дека интерес за откупување на Сава Ре пројавиле и германската Минхен Ре, како и Пик Ре од Хонг Конг. Имајќи предвид дека словенечко-хрватските односи не се на завидно ниво, полесно е да се каже „не“ на Поленкович, отколу на Ангела Меркел.

Во одлуката да не се прифати барањето на Адрис за зголемување на својот удел од 20 на 33%  учествуваа Агенцијата за надзор на пазарот за осигурување и Словенечкиот државен холдинг, кој управува со портфолиото на држацниот имот.

Адрис веќе два пати поднесе барање за откуп на 13% акции во Сава Ре. Првиот пат беше преку својата ќерка фирма, Кроација осигурување, а вториот пат настапи како групација.

 

Србија: Животното осигурување со раст од 22% во првата половина од 2017

Вкупната БПП на осигурителниот пазар во Србија, во вториот квартал од годината изнесува €410 милиони. Ова претставува раст од 8,1% во однос на истиот период во 2016 година. Според објавата на Народната банка на Србија неживотното осигурување учествува со 77,5%, а 32% се од осигурување од АО. Овој сектор бележи зголемување на БПП од 7,4%. Сите сегменти од овој сектор се во пораст, осигурувањето од АО е во плус 6,6%, осигурување на имот 2,4%, каско осигурување на возила 15,1% и осигурување од незгода 0,9%.

Животното осигурување е со двоцифрен раст од 22%, при што номиналниот раст во вториот квартал е 10,7%.

Водечко друштво според вкупната премија е Дунав, со удел од 27,4%, следен од Џенерали (21%) и ДДОР (12%).

 

Џенерали ја продаде својата ќерка фирма во Холандија

Џенерали донесе одлука да напушти уште еден осигурителен пазар, овојпат во Европа. За сума од €143 милиони, италијанскиот осигурувач продаде 98,56% од акциите на својата филијала Џенерали Недерланд Н.В. на холандскиот осигурувач АСР и со тоа се ослободи од портфолиото во оваа земја.

Холандската единица на ниво на групација години наназад придонесуваше со максимални €9 милиони во групните оперативни резултати, а 2016 ја заврши со БПП од 379 милиони.

Фредерик де Куртис, новиот извршен директор на новата единицата Global Business Lines & International на Џенерали изјави: „Со оваа трансакција ја потврдуваме нашата посветеност на ребалансирање на присуството на Џенерали Групацијата на пазарите ширум светот. По затворањето на Гватемала и скорешните договори за напуштање на пазарите во Колумбија и Панама, трансакцијата претставува значаен чекор во потерата за стратегијата објавена во текот на последниот Ден на инвеститори. Ние сме на добар пат во остварување на нашата стратегија и сме уверени дека таа ќе генерира најмалку 1 милијарда кеш“.

Јос Баетен, извршен директор на АСР вели дека аквизацијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на холандскиот пазар, и во сегментот на животно и неживотно осигурување, следејќи ја нивната стратегија за раст преку аквизација на други компании.

Според договорот со извршената трансакција престанува обврската на Џенерали да обезбедува реосигурување на својата поранешна испостава, што резултира со повлекување на холандската компанија за животно осигурување од портфолиото за реосигурување на Групацијата.

 

S & P Global Ratings го потврди кредитниот рејтинг А на Триглав Групација

S & P Global Ratings, рејтинг агенција, го потврди кредитниот рејтинг и ја оцени финансиската моќ со „А“  на Триглав групацијата, а со тоа и матичната компанија Заваровалница Триглав и нејзината ќеркинска компанија Тиглав Ре. Кредитните оцени имаат стабилна среднорочна прогноза.

Во објавениот извештај на агенцијата, се проценува дека профилот на ризикот на работење на Групацијата е солиден. При оформување рејтингот земено е предвид силната позиција на Групацијата на пазарот во Словенија, како и во регионот. Профилот на финансискиот ризик е оценет како доста силен. Според проценката на агенцијата, адекватноста на капиталот е стабилна. Извештајот потврдува дека Групацијата има реосигурителна заштита која соодветствува на изложеноста на ризик.

Групацијата ја задржува профитабилноста на работењето и е насочена на два вида работење: осигурување и управување со недвижности. Позитивно е оценета стратешката значење и развојот на активностите околу управување со недвижности. Агенцијата со извештајот дава поддршка на дигитализацијата, развојот на новите производи и продажните канали, кои веќе од страна на S & P се оценети како позитивни.

Кредитниот рејтинг е направен исклучиво врз основа на работењето на Групацијата и на него нема никакво влијание поврзаноста на Групациајта со државата. Стабилниот среднорочен кредитен рејтинг значи дека агенцијата очекува Триглав Групација да продолжи успешно да ја спроведува својата стратегија со акцент на профитабилноста, растот и одржувањето на високата адекватност на капиталот во следните две години.

 

Триглав Осигурување А.Д. со нов извршен директор

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 133-та седница, одржана на 29.08.2017 година, го назначи г. Рок Пивк за втор извршен директор на компанијата, со мандат од четири години.

Оваа одлука следеше откако Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 131 седница, одржана на 21.06.2017-та година, го назначи г-дин Пивк за извршен член на Одборот на директори. Одлуката влезе во сила на денот на донесувањето, а се применува од 08.08.2017-та година, кога Агенцијата за супервизија на осигурување даде согласност за именување на г-дин Пивк за член на орган на управување во Триглав Осигурување.

Г-динот Рок Пивк доаѓа од Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, од позицијата извршен директор за финансии. Својата професионална кариера ја гради како експерт за финансии во јавниот и во приватниот сектор во Република Словенија и тоа во Централната банка на Република Словенија и во Заваровалница Триглав д.д. Љубљана.

Функцијата главен извршен директор на компанијата и понатаму продолжува да ја врши г-дин Ѓорѓе Војновиќ, додека г-ѓа Сања Танчевска ќе ја врши функцијата прв извршен директор на компанијата.

Текстот е преземент од објавата на Македонска берза.

Осигурителните компании бараат од автопроизводителите поголем пристап до информациите од автомобилите

Осигурителните друштва и автомобилската индустрија се конфорнтираат околу телеметријата во автомобилите. ХУК Кобург, лидер на пазарот за осигурување на возила во Германија со 11 милиони осигурани возила во 2016 година, ги повикува властите да обезбедат компетитивност и да обезбедат стандарди во размена на податоците за возилата.

„Не може да постои монопол на производителите на авотмобилите, монополите се скогаш лоши и скапи“, истакнува Клаус-Јирген Хајтман, член во Управата на ХУК Кобург. Според Хајтман откако возилото ќе биде купено, тоа припаѓа на купувачот, а не на производителот.

Денешните автомобили стануваат подвижни компјутери и податоците во нив се многу значајни и за производителите на автомобили и за осигурувачите, кои настојуваат да им пружат на своите клиенти дигитални услуги и да отворат нови можности.

„Доколку имате дефект во мрежно поврзан автомобил, во иднина повеќе нема да треба да барате асистенција на патот, туку вие ќе бидете контактирани за потребна помош“, наведува Хајтман како пример. Тој додава дека благодарение на тоа, услужен центар ќе знае каде се наоѓа возачот, каков тип на дефект е и дали може да се направи веднаш сервис или мора да биде повикана шлеш служба. Како дополнителен аргумент Хајтмна наведува дека автомобилот може да повика и помош кога жртвата во настаната несреќа нема да биде во можност да го стори тоа.

Регулативата за која се залагаат осигурувачите треба да осигура униформирани стандарди за размена на податоци. Според пишувањето на Зуддојче Цајтунг, како причина за лимитираниот пристап на податоци од страна на производителите на автомобили се наведува дека е опасноста од сајбер криминалци. Меѓутоа според ХУК Колбург, тоа значи дека е потребно дополнително да се работи на сигурноста на податоците, а не нивно лимитирање.